1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТВ Слагалица

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од AnaKarenina, 20 март 2013.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ТВ Слагалица е квиз кој се емитува на Радио Телевизија Србија уште од 1994 – најпрво како Музичка слагалица, а потоа како ТВ Слагалица. Непрекинато се прикажува веќе 19 години и денес е прогласен за најгледан квиз и емисија во Србија.
    [​IMG]


    Квизот се состои од неколку игри:
    - Слагалица (да се состави што е можно поголем збор од дадени букви)
    - Мој број (да се добие поставениот троцифрен број преку комбинирање на понудени броеви со помош на математички операции)
    - Корак по корак (да се погоди дадениот поим чекор по чекор, со дадени описи)
    - Скочко (да се погоди комбинацијата на знакови, игра позната како мастермајнд)
    - Ко зна, зна (да се одговори точно на дадените прашања)
    - Асоцијација (која се состои од четири колони кои водат кон еден главен поим)


    Квизот е познат по маскотата Скочко
    [​IMG]

    И секако по супервизорот Милка Цанич и нејзината позната реплика :lol:
    [​IMG]


    Секој учесник кој ќе изгуби од противникот, добива награда книга. А оној кој победил, оди понатаму во следните кругови. На крајот во финалето, се делат вредни награди на натпреварувачите кои ги освоиле првите неколку места, како на пример автомобили, парични награди, патувања во Турција, Тунис, Египет и слично.

    Го гледате ли овој квиз?
    Ние дома со моите редовно го гледаме, па меѓу себе се натпреваруваме, особено околу пресметување на броевите и асоцијациите.
    Инаку, за оние кои сакаат да го гледаат – се емитува на РТС околу 19 часот.
     
    На Wild-GirL, kate21, Buttterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Бидејки толку многу го сакаш квизот би ти предложила една игра ското иста е ја има на фб и јас ја играм исто така и си умислувам дека сум на квиз исто така играш со противник
    пиши на фб SLAGALICA и верувај нема да сакаш да се тргнеш од комп :lol:
     
    На vickyy90 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно најинтересен квиз, квиз на знаење.
    Нашиве нешто се обидуваат да ги имитраат со оној на Мтв, ама квизот ми е малку конфузен и неможе да се спореди со квискотека.
    Омилена игра ми е асоцијација и онаа со да ти погодиш местата незнам како се вика интересна игра.
    И водителката оваа младава ми е многу мила, ептен на место.
    П.С Нана дај линк, неможам да ја најдам на фб...
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова е играта на фб што ја спомна Nana19
    Линк

    Малку ми е чудна, уште ја немам проучено.
    На пример не знам за што се ова вреќичкиве што ги дава на почеток :?:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    па тоа ти дава жетони секој ден и имаш колку пати можеш да ја играш повеке победи повеке жетони !
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Мојот омилен квиз и напоменувам - квиз во вистинска смисла на зборот.
    Водителката има добра дикција и ми е многу симпатична, иако на моменти ми делува претмурно ама сепак доста солидно го води квизот.
    Омилена игра ми се асоцијациите и оние брзите прашања или како и да се вика играта - имиња на игри и слични работи не памтам - слабост ми се. :lol:
    Мислам дека има и Андроид апликација за играва, ама читав коментари демек верзијата била лоша и делувала како недовршена, со испуштени детали. :?:
    Ја најдов во Playstore ама немам доволно меморија на картичката за да ја симнам, инаку секако ќе ја прочешлав. :wasntme:
    Прегеска ја гледав, почнува во 18 часот на РТС. :)
     
    На Buttterfly и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Палец нагоре за квизов! :up:
    Би се согласила со мислењата на претходните Феминки, ова е квиз во вистинска смисла.
    Омилена игра дефинитивно ми е „Ко зна, зна“ но и асоцијациите. Обожавам да си го гледам квизов и да си погодувам.
    Навистина, ни фали и нам тука во нашава земја еден ваков квиз.
    Инаку, и онаа верзија на квизов што ја има на Фејсбук е интересна, порано ја играв речиси секој ден.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Го обожавам квизот бидејќи ми е многу интересен,поучен и концепциски одлично направен!Ми овозможува да видам до каде сум со моето знаење,како и да си го надополнам знаењето од многу области,значи навистина еден многу поучен и корисен квиз!Затоа јас ќе си продолжам да си го следам редовно и понатаму во иднина,а најверојатно и на фејсбук ќе си го инсталирам за да си го играм кога ми е здодевно!Едно големо браво за квизот од мене затоа што навистина вреди и многу е поучен и забавен,така што воопшто не е залудно потрошено времето што го издвојувам за да го следам секој ден!Браво и секоја чест за квизот и за уредниците на ТВ Слагалица! ;) 8) :* :* :inlove: :inlove: :inlove:
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Квиз кој не го пропуштаме со маж ми кога сме дома.
    Фини водителки, културна и поучна програма, нешто што кај нас го немало а и нема да го има.
    Кај нас може само некој беден квиз со Лила да направат, да отвараат кутии на среќа или оној на мтв што го даваа (трка за брзо зборење) каде што не ги ни кажуваа точните одговори, како на маратон.
    Еден обид за поучен квиз кај нас беше милионер, ама и со него го отупеа со чекање по пола саат да одговори некој.
    А кај слагалица тоа нема, се е до секунда измерено.

    Туку Милка Цаниќ да не починала? Многу одамна ја нема на квизот.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ И јас баш тоа си мислев :?:
    Многу одамна ја нема да каже Добро вечер, ама па ако починала ќе имаше некоја вест на интернет. Според википедија уште е жива. Може се навредила од зафрканциите, па сега не сака да нé
    поздрави :wasntme:
     
  11. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    [
    Туку Милка Цаниќ да не починала? Многу одамна ја нема на квизот.[/quote]
    Не е почината,проверив сега на Википедија!Најверојатно е нешто болна,или,пак,се откажала од квизот поради годините или поради некои други лични причини!Како и да е,навистина е легенда со нејзиното:Добро вече! :lol: :DТетка Милка Цаниќ ми недостига многу во ТВ Слагалица! ;( :( :worried:
     
  12. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Ми недостасува Милка Цаниќ. :(
    Квизот е одличен, игрите се многу убаво осмислени, наградите примамливи. :P