od mob sum zatoa moram na latinica inaku koi se ovie apcinja prv pat slusam ??od kade se nabavuvaat ,apteka ili po distributer ?
Ги пиев цело пакетче испив и не симнав ни грам а и вежбам тие се само како помош здрава исхрана од зелена алга , мислам дека повеке се за спортисти
Спирулина се користи за зајакнување на имунитет Ги има по аптеките Може да ги користат сите,не само спортисти
Спирулината не се таблети за слабеење, туку за подобрување на имунитетниот систем. Покрај тоа можат да се користат за РЕГУЛИРАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА, но тоа не значи дека ако испиеш цело пакетче Спирулина а во исто време јадеш како до тоагаш (мислам да конзумирање на секаква храна, мрсно, благо, леб и сл.) нормално дека нема да се симне ни грам. Спирулината како што кажав го јакне имунитетот и му дава енергија на организмот додека си на режим на исхрана. Јас ги пиев и сеуште ги пијам , одлично се осеќам ама не симнувам килажа(впрочем не ми е тоа намерата, слабеење), туку подобрување на имунитетот.
Јас денес ги купив овие од Еурофарм, 306 ден. 300 апчиња. Ги купив првенствено за подобрување на имунитетот, затоа што имам проблем со тоа. Пијам шумечи таблети, ама секаде читам дека не се здрави. Па ќе ги заменам со спирулина бидејќи позади прочитав дека има доста витамини. Исто така, имам проблеми со желудникот, тотално го уништив со јаки антибиотици заради ешерихиа коли бактеријата која си ја влечкам со години. Имам две другарки кои редовно пијат спирулина и се презадоволни. И тие имаат проблеми со желудникот, ама откако ги пијат апчињава многу им се подобри ситуацијата. Се пијат по 2-3 апчиња 20 минути пред јадење, денес за прв пат ги пробав, па ќе видиме како ќе оди. Не би требало да се штетни, барем пишува дека се на природна база. А и од тоа што го читав по интернетов, испаѓа дека се доста корисни заради составот.
Дали оваа спирулина на Сан Себастијан е природна и корисна? Дали навистина составот и е зелена алга? Бидејќи се произведени во Кина, а фирмата која што е наведена како матична не постои на интернет, ниту во Американскиот регистер на фирми?
По прочитани добри и лоши критики се решив да ги пробам и јас овие таблети,читав на секакви форуми,прочитав и добри и лоши критики за овие Сан Себастијан Спирулина,прашав во аптеки и ми кажаа дека ти им се најбарани и најтрошени и тие и ги купив други и немаше,почнав од вчера да пијам по 3 пред јадење(9 за цел ден) и сетив дека многу отвара апетит(незнам како би било за диета,мене ми отворија многу апетит),вчера додека вежбав осетив дека како повеќе вежам добивам повеќе енергија, што претходно немаше шанса да извежбам толку како што извежбав вчера и денес,па ќе видиме како ќе се развиваат работите понатаму,ќе пишам резултати
И јас имам прочитано негативни критики за апчињата спирулина - на сан себастијан - па ако некој може да ми преорача проверна компанија Фала ви
Спирулина Пацифика, единствената добра спирулина во земјава моментално, оваа на сан себастијан е за никаде затоа е и толку ефтина Спирулината пред се не е таблета за слабеење ама ете некој ја користи и како тоа. Кога веќе ја зимате , земете си ја во прав, повеќе се исплати Еве ја и на слика да ја видите и нешто повеќе за неа Спојлер http://trimeks.com.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=34&Itemid=27 Иначе има од повеќе фирми по аптекиве, баш јас прашував, има на Витамакс, Виталиа, Био Органик, има една спирулина само во аптеките на Виола..нема шанси да е само на сан себастијан Како и да е, само оваа спирулина е со најдобар квалитет и одгледувана во чиста средина.
Zdravo kazi mi kolku vreme ja piesh spirulinata i kazi mi kakov e efektot od nea dali moze da se pokaci telesnata masa ili da se oslabi odnapret blagodaram
Јас спирулина пијам скоро 5 месеци. Значи нивната првенствена намена е за подобрување на имунитетот иако меѓу другото пишува и регулирање на телесна тежина аманемаат врска со слабеење. Јас слабеам и се дебелеам во зависност од тоа колку јадам и спротувам, не дека нешто спирулинава има ефект околу тоа. А кутијата ја купив од Зегин, 600апчиња околу 500ден. и дневно по 4-5 наеднаш ги пијама инаку треба пред оброк 3 на ден
Ако веќе се решите да ја купувате, да знаете во Дм е на попуст, 600 апчиња за некои си 380 денари. Само што колку што сум јас информирана повеќе е штетна одколку корисна. Професорот на факултет, има докторирано на ваква тематика за алги, кога ни отвори дебата за Спирулинава и изнесе некои факти, се откажав од неа.
Повеќето спирулини на пазарот не се баш квалитетни, многу зависи и како биле обработени. Кажи некои од фактите и зашто се откажа, баш ме заинтересира .
Здраво, Пред некој ден купив од спирулинава од сан себастиан почнав да пијам но во меѓувреме дознав дека фирмата не постои а таблетите се произведени во некоја фабрика за био инжињеринг во Кина. А кинеските стандарди за органска храна не се исти како американските а американските биле поригорозни. Со што се докашува донекаде дека спирулина произведена според американски стандарди и што пишува на неа нон-гмо е подобра од оваа што ја купив јас. Па сега ќе направам еден експеримент ќе ја ставам спирулинава во саксија со цвеќе и ако ништо друго се надевам дека цвеќето ќе ми процвета или пределожете некој друг експеримент, затоа што несакам да ја пијам
Пред околу еден месец пазарив Спирулина но е Сан Себастијан туку Пацифика. Мислам дека дистрибутер на овие таблети за Македонија е компанијата Тримекс. Ги пијам две таблети дневно од препорачените 6
Јас пијам Спирулина и многу подобро се осеќам. Ги пијам эа эајакнување на имунитетот и можам да кажам дека во последно време се немам осетено да ме фати настинка. Исто така ми се среди и менструалниот циклус кој инаку ми беше нередовен и со големи болки. А эа слабеење нема ефект.