Некој ми купил поклон за Сикрет Санта од 99 денари, и цената не ја тргнал од него.. Која мизерија човече, јас потрошив 1200 денари за поклон башка пакување.. Ако немате пари, не мора да учествувате, никој не ве тера со сила.. Во првиот контејнер го фрлив, ужас.. *Дискусија одделена од темата Сакам да кажам... Дополнет вовед од модератор: Дали кај вас на работа се практикува вакво разменување на подароци? Дали учествувате, забавно ви е, или сметате дека воопшто не треба да се практикува?
А што беше? Не очекувај друг пат не знам какви поклони од колеги па посебно. Гледаат луѓето што е можно поевтино да пројдат, не е само дека немаат пари, реално ти доста си потрошила.
Имаше убави поклони, од Зара имаше поклони, од Му тајм, од Беришка, Том Тејлор, Битсиани, не се замарале кеси да купат украсни, ама имаше убави поклони, видов кога ги отвараа..
Забораваат кај живееме, како прво тоа е како забава, второ никој не ја терал толку да се потроши, јас ако трошам толку на сите колеги ќе треба кредит да земам
А што ако немала таа личност толку финансии колку што имала членката? Ете некои други домашни трошоци излегле? Мизерно е да се гледа дека некој дал 100 денари бе. Па може не сакал повеќе. Горниот коментар ми беше циничен бај д веј, @нина122
Ауу дарежливи тие значи, тоа е, таква среќата ти била. Ај наредна година може ќе имаш среќа. Не се замарај за вакви работи.
Знам дека ти беше циничен. Ама Нина сака добри поклони како она шо е научена да дава.. Дали имале или не пари нивно си е тоа, ете купиле, кој колку можел/сакал.
Кај нас немаше минимален износ, али се претпоставува дека треба да е отприлика минимално до кај 500 денари..
Не кажаа колку е минимално, али мислам дека немаше под 600 денари поклон денес освен мојот кој што беше патем со се цена.. Не верувам дека е за пари, колку што е дека не се замарал/е, а сигурно тој некој/некоја денес земал убав подарок..
Ама глупо е бе минимален износ, ко да те присилува некој дека толку и толку треба да даваш. Секој колку сака нека си дава, негово право, не треба сериозно да се сфаќа, нели игра и забава е.
Игра и забава, се додека не ми купат нешто за 100 денари, тогаш веќе не ми е до игра и забава.. Да дознаам кој е, веќе нема никогаш да му прозборам.. Нека биде среќен да не дознаам кој е..
Треба да има минимален износ. Ти си се трудел со поклон од 20 евра, за на крај да добиеш лампион од Џамбо.
Оо да ми купеше лампион од Џамбо среќна ќе бев, тањир за супа добив од долната страна поткршен, од она се по 99 денари купен..
Не е глупо минимален износ, баш заради вакви кои се шкрти, или го мразат колегата, па ајде да го понижуваме и да се спрдаме со него. Ако некој нема пари, или му е против вера, или не сака да учествува, има уста нека каже. Ништо лично. И кај нас имаше, некои не учествуваа, јас не сум ни верник, учествував. Имаше минимална сума, колешката не можам со очи да ја видам, иако ја глеам два пати неделно, MAC кармин и земав. До принципи е.