1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тажен или среќен крај?

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Lella, 25 јули 2015.

  1. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема, ако има, нека оди во канта.

    Впрочем, малку ми е глупаво прашањето, бидејќи повеќето сакаме среќен крај, но сепак...
    Мене крајот и не ми е од некое огромно знаечење, работата е филмот или серијата да ми остави впечаток додека ја гледам, односно на средината.
    Обично, ако почнам некоја серија и не ми се допадне, не ја гледам насила само затоа што ме заинтересирало како ќе заврши.

    Секогаш навивам за среќен крај, како и повеќето, бидејќи не е убаво кога ќе ми умре омилениот лик или нешто слично. :D Но ако е филм, можам да се задоволам и со тажен крај, особено не ми прави проблем ако имало добра приказна пред да заврши.
    Е со сериите е друг случај, никако не сакам да има тажен крај, бидејќи не се само два саати што ја гледам. Минале епизоди и епизоди, сум се привзала кон ликовите и навистина ќе ми е криво да ми убијат некој од нив :wasntme:

    Вие што мислите? :)
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.604
    Пол:
    Женски
    Мислам дека очигледно не си гледала Game of Thrones никогаш. :rofl::rofl:

    Мене ми е сеедно каков ќе биде крајот на филмот/серијата, додека тоа е издржано и не е вметнато колку да се заврши некако приказната.
    Повеќе ме нервираат такви каде се` се извитоперува до степен, да земеш и да се запрашаш што всушност си гледал цело време - на пример, Pretty Little Liars и TVD.

    И без разлика дали се работи за филм или серија, понекогаш е многу клише и нереално да има среќен крај, еве за пример ќе ја земам Breaking Bad.
    Би било премногу идилично криминал од толкав размер да заврши среќно, весело и неприметно, дури и нереално.
    Некаде е неопходен и таков крај, а пак ќе кажам - додека е на место, мене не ми смета. :)
     
    На zhap4e, crimson, Purelove92 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е битно дали крајот на серијата/филмот ќе биде тажен или среќен. Пореално ми е да биде тажен или трагичен, ама не ми пречи да биде и среќен, ако ми одговара со приказната.

    Всушност, најважно од се' ми е крајот да биде соодветен. Има серии/филмови кои се добри, јака приказна, се' е одлично и кога ќе дојде крајот, имам чувство како да го правеле набрзина или ради реда, колку да се каже дека ете, направиле крај. Како да им снемало буџет, па ајде било каков крај ќе ставиме. А најмногу од се' ме нервираат краеви на филмови/серии кои не личат на крај. Филмов како правен, ама недоправен. Или завршува неодредено, па не знаеш што да очекуваш, едноставно те збунува и се прашуваш зошто си потрошил толку време на гледање.Има и такви кои сакаат неодреден крај, односно крај кој им остава да одлучат сами каков би завршила приказната. Мене не ми се допаѓаат такви краеви.

    Сакам добар крај на филм, затоа што крајот и тоа како може да ми го уништи впечатокот за целиот филм/сероја, колку и да бил/а добар/добра. Сепак, не за џабе се рекло дека крајот го краси делото, нели? :)
     
    На zhap4e, perosk, sesilija и 5 други им се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Хепи енд...некогаш на поинаков крај знам да плачам;(
    тешко тебе знам ќе си речите ама така си е то8)
     
  5. perosk

    perosk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Тотално се согласувам со Mishela и Lady Phoenix. Повеќе преферирам тажни краеви (по можност да имаат некоја морална порака), поради тоа што ми се пореални. Секако, не го барам ова во романтични комедии и слично. Може звучам малку садистички, ама обожавам кога хероите умираат. :D:D
    Но, тоа што најмногу мразам се отворени креави. Често пати имам чувство дека на авторите им е мрза да напишат соодветен крај, па се вадат со изговорот „им ја препуштам имагинацијата на гледачите сами да си го сфатат крајот“. Попрво би гледал некој депресивен филм/серија со среќен крај отколку ова.
     
  6. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. И не само во филмовите и сериите, туку и во книгите. Честопати се случувало да си го расипам убавиот впечаток поради недефиниран крај. Имам чувство како фимот/серијата/книгата на пола да оставен/а.
     
  7. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    Мразам кога читам некоја книга или еве филм да речеме и цело време иде у некаков си терк каде што знаеш дека абе ке заврши топ и убаво и доаѓаш при самиот крај и сваќаш дека си заебан тотален пресврт од твоите очекувања буууу|(
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Филмовите со тажен крај најчесто се попоучни и со позначајна содржина. Крајот го краси делото нели.
     
    На sjdgo и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас сум за среќни краеви,увјек :D
    Добро не баш секогаш,бидејќи во некои случаи едноставно не одговара и се расипува цел смисол на книгата/филмот/серијата.
    Ама па ептен ме заболува кога сум посветила време и енергија,па последна епизода им текнало да го утепаат главниот лик,ти се крши цела приказна.
    А најмногу ме нервира кога ќе ја остават незавршена или направат некој сосема шокирачки крај што го руши кредибилитетот и на ликовите и на содржината.
    Се знае што како треба :D
     
    На Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Амбициозен, со повеќе толкувања.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Повеќе сум за среќни краеви.
    Голема плачка сум па да не мора и на филмови да плачам.