Тандем доење, искуства, препораки, научни докази, времетраење, разлика помеѓу доените тандемчиња… како воопшто е праксата на ова толку супер теоретски што звучи, тандем доење? Јас се спремам да дојам 14 месечно срце и новороденче. Цела оваа, трета бременост го дојам моето злато и сега бројам ситно до доаѓање на третата принцеза. Искусни мами во тандем доење, исчитав се што најдов за тандем доење, супер ми изгледа, едвај чекам да влеземе во шемата. Вие како се спавивте со оваа ситуација? Имавте ли две бебиња навечер што стануваат за подои, или морам да го откажам поголемково зошто е практично невозможно да ја пребдеам ноќта? Како се чувствувате вие? Читам дека многу исцрпувачки било. Колку време сте доеле тандем? Ддвете бебиња во исто време ги доеите или едно по едно? Не се расправаат за цице? Поголемкото дали имало регрес со раѓање на малечкото? Миљон прашања имам многу сум радознала околу се ова, комплетна новост за мене