Разбирање и справување со Тантруми кај деца Тантрумите се нагли емоционални изливи на бес, пропратени со однесувања како плачење, врескање, неприфаќање за смирување, фрлање предмети, некогаш дури и клоцања и удирања, кои се најчесто краткотрајни, по што следи повторна стабилизација, пренасочување на вниманието и вклучување во други активности. Детето за време на тантрумот е преплавено од фрустрација, чувства на лутина и бес кои се рефлектираат во однесувањето, а контролата над своите реакции изостанува. Колку и да се непријатни за децата и родителите (за многу родители претставуваат едни од најголемите предизвици во родителството специфично за раниот детски развој), до извесна мера, тие се очекувани како дел од развојот на децата – и кај момчињата и кај девојчињата, на возраст од 1 до 3 години. Во овој период од развојот детето го усвојува говорот и учи да комуницира. Тоа сè уште не знае како да искомуницира за своите потреби – што сака и чувствува, така што фрустрирачките искуства може да доведуваат до вакви реакции, со цел да го добие тоа што го сака и му е потребно. Како што детето стекнува говорни и комуникациски вештини, тантрумите имаат тенденција да се намалуваат. Кога најчесто се случуваат? Во однос на фрекфенциите на тантрумите, битно влијание има темпераментот на детето – одредувајќи ја неговата емоционална реакција кога е фрустрирано. Најчето се јавуваат кога детето е уморно, гладно, чувствува неудобност, или бидејќи не може да добие нешто што сака (на пример некој предмет или внимането од родителот). Толерантноста на фрустрација е вештина која детето ја учи со текот на времето. Начини на справување Родителските реакции на ваквото детско однеување, посебно ако се случуваат на јавно место, се проследени со чувство на срам, нервоза, лутина, вина, па дури и агресивни реакции кон детето. Првото нешто што треба да го направиме за да се справиме со ваквите детски реакции е да ги разбереме… Ова не секогаш е едноставно бидејќи може да бидат предизвикани од различни причини: страв, фрустрација, глад, недостаток на внимание, сензорна преплавеност итн. Првиот чекор е откривање кој е тригерот за ваквата реакција. Тоа се прави со т.н. функционална процена – набљудување на ситуациите во секојдневниот живот кои водат до појава на тантрум. Ова значи да се разгледа што се случува непосредно пред, за време и по тантрумот, што може да биде поврзано со негово повторување. Во видеото објаснето што се случува за време на тантрумот и како родителот да се справи со ваквата ситуација зависно од видот на тантрумот. Иако појавата на вакви реакции во раниот детски развој се очекувани и нормални, доколку истите се многу зачестени и интензивни, потребно е да направи консултација со стручно лице за развојот на ментално здравје на вашето дете, заради можноста за постоење извесно нарушување. Знаци и критериуми за тантруми како индикации за нарушувања во менталното здравје (истражени и изнесени од страна на Др. Andy C. Belden и колегите, од Washington University): Агресивни напади кон негувателите или кон предмети: Доколку ова се случува повеќе од половина време во последните десет до дваесет тантруми, можно е да сигнализира некакво нарушување. Не е невообичаено за децата понекогаш да ги удрат своите родители кога нема да им купат играчка или слично, но доколку ова се случува во најголем дел од времето и потребно е да се заштитат себеси за време на тантрум, може да значи поголем проблем. Самоповреување: За децата со депресивно и/или бихевиорални нарушувања голема е веројатноста да се касаат, гребат, кинат коса, удираат во ѕид или да клоцаат предмети за да си ги повредат стапалата. Фреквентни тантруми: Децата од претшколска возраст кои имаат десет до дваесет тантруми дома, или кои имаат повеќе од пет тантруми дневно, неколку дена по ред на јавни места, имаат викок ризик од посериозни психички проблеми. Долготрајни тантруми: Пет минутен тантрум за родителите може да им се чини дека трае цела вечност, но тантрумите кои траат повеќе од дваесет и пет минути може да имаат подлога за подлабок проблем. Дете без нарушувања во развојот може да има тантрум кој трае и еден час, но затоа следниот би траел триесетина секунди (природна регресија). Децата со нарушувања во развојот често имаат тантруми кои траат дваесет и пет минути и подолго во најголем дел од случаите. Неспособност за смирување по тантрумот: Децата кои имаат некакво нарушување во менталното здравје, скоро секогаш имаат потреба од надворешен фактор за да ги смири. Морате постојано да ги отстранувате од ситуацијата или пренасочувате кон нешто друго, или во спротивно нема самите да прекинат со емоционалните изливи. Доколку забележите вакви зачестени и поинтензивни однесувања и рекации кај вашето дете, она што треба да направите е да побарате стручна помош од професионалец за ментално здравје кој ќе ви помогне да се детектира евентуален проблем, како да понуди соодветен третман за истиот. Често низ темите читам мајки кои бараат совети и искуства за промена во однесувањето на децата над две години, па поради тоа што и ние минавме низ таква фаза, ја отворив темата за споделување лични искуства и начини на справување со тантрумите (нападите на бес) кај нашите најмили. Кај нас оваа фаза почна откако наполнивме три години и истиот период се преселивме во Германија. Во тој период кога настануваат најголемите промени во психо-физичкиот развој на детето, таа смени и клима, и околина, и народ, па и три месеци бевме кај моите, после во нов стан... Од најмирното дете почна да вреска за се и сешто што не и' е по волја, понекогаш и рака да дигне да удри, па со нокти да се гребе, па изливи на бес во смисла не те сакам, оди си... за кулминацијата да ја достигне кога реши дека мора да моча и кога не и' се моча. Имаше неколку сцени кои ми го скратија животот за десет години, кога од плачење, врескање дури како да се губеше во моментот, како да стануваше друго дете. 90% од времето беше мирна, ама по десет минути во денот секако ме растресуваше да не знам дали е нормално тоа што се случува или не. Тоа траеше околу 2 месеци и секој напад го поминувавме со одвлекување на вниманието, со раскажување приказни за се' и сешто и фала Богу сега се стабилизира, па преминавме во друга фаза каде сака да се гушка и гали буквално цел ден, до толку што не можам ни домашните обврски да ги завршам , ама не се жалам, поарно тоа од врискање, плачење, хистерии . Па мајки, се надевам на некој ќе му помогне оваа тема и ќе се развие дискусија .
Мислам дека коса ми обеле од тие тантруми. Поголемиот син го имаше тој период некаде од кај две и пол години, кога почна да оди во градинка. Секој ден дома после градинка почнуваше со плачки за ситници, трескање од земја и викање. На секој можен начин се обидувавме да ги прекинеме тие испади, со игнорирање, смирено зборување, а понекогаш (срам ми е ова да го кажам) дури и ќотек, тоа мм мислеше дека ќе помогне, а всушност само полошо правеше. Имам впечаток дека детето нè казнуваше затоа што го пуштивме да оди во градинка, а дотогаш дома беше постојано со мене. Ама мораше да оди во градинка бидејќи почнав на работа, немаше кој да го чува. Можеби и само се поклопи со тоа, бидејќи, да бидам искрена, траеше долго време, некои две години. Немаше ден нешто да не го предизвика тоа, некоја ситница, во смисла зошто чашата не му била право наместена, или не сакал да јаде со лажица, сакал со вилушка, дури има плачено зошто во киндер јајце му се паднала не знам каква играчка, не сакал таква, сакал друга. На четвртиот роденден задоцнивме во игротеката поради таков испад, не сакаше да се облече и да одиме. Кога стигнавме таму, гостите веќе беа дојдени пред нас За среќа, после четвртиот роденден се намалија, но не исчезнаа сосема. И сега знае да има по некој испад ама се ретки и краткотрајни, бидејќи сепак со разговор го решаваме проблемот. Ама периодот кога не можеш со разговор да го решиш бидејќи едноставно не разбира, е тежок и мачен. Она што ми беше олеснителна околност е тоа што во јавност немаше испади, не се трескал од земја во продавница или во парк или во игротека. Само дома го правеше тоа. Уште сега коса ми се крева затоа што не знам што ме чека со второво. Ако е како брат му...
Леле @Annath ме утеши сега, мислев дека само мојата вреска ако милиметар се подмести нешто или такви слични ситници . Кај нас најголемите тантруми произлегоа од тоа што кај неа постои само црно и бело, сиво никако. Штом јас сум кажала дека сабајле или откако ќе пие нешто се мочка, значи она МОРА сабајле или после една капка вода да мочка. Тој период траеше два месеци, да траеше две години како кај вас мислам дека ќе се шекнев . И неа најчесто дома ја фаќаа тие напади, само еднаш на гости и еднаш во еден ресторан, погодете за што - за мочање (секогаш се случуваа во ВЦ) . Инаку е многу мирна и послушна, нападите доаѓаа и си одеа наеднаш. Исто кај нас траумите беа проследени и со паничен страв од знамиња, балони, а од животинки гајле нема . И она има добиено неколку шлаканици од мене, а ретко и од мм, ама откако сфативме дека не помага тоа, туку напротив, само со одвлекување на вниманието ги поминувавме тие моменти. И сега има краткотрајни испади за глупости, ама ни одблиску не се како тие што ги поминавме фала Богу, па не ги ни приметуваме многу, многу . Најбитно е трпението, само трпение, броење до десет и дишење длабоко, оти во тој момент ти се иде и низ прозор да ги фрлиш, ама мора да се тешиме дека е фаза и ќе помине со неколку нови бели влакна во нашата коса. А за некој месец ќе тргне здравје на градинка, уште сега се молам на Господ брзо да се адаптира, да ја чува и да не се повтори пак овој период .
Верувам дека се тешки тантрумите но воопшто не го одобрувам ќотекот и шамарите. Дали знаете дека кај малите деца делот од мозокот кој раководи со самоконтрола не е развиен и дека тие и да сакаат не можат да се контролираат. Има многу полезни совети преку практикување на позитивна дисциплина и многу совети ми помогнаа. Кога детето има тантруми или лошо однесување треба понекогаш да ја побараме причината во нас. Тоа што кажувате дека се поклопило со заминувањето во градинка не е само поклопување ..зар не знаете колав стрес е тоа за детето, мајката не е со него , не е во неговиот дом, нова средина , нови ликови ... Најдобро што можеме да направиме во тој момент е да се потрудиме да останеме смирени колку што можеме и да не влегуваме во нивниот хаос бидејќи додаваме масло на оганот. Да се проба да се одвече вниманието или да им се даде до знаење дека ќе раговарате или гушнете кога ќе се смират. Колу и да е тешко има многу влијание доколку ние останеме смирени.. И знајте не само вашето дете такво, не само оно и вие поминувате низ тоа сите поминуваме. Многу родители реагираат од срам од други луѓе да не кажат дека е слабак родителот не треба така со детето ние градиме личносен однос тоа учи од нас и тогашш и кога забораваме на тоа. Скоро прочитав еден полезен совет доколку детето или децата имат тантруми на јавно место само се правите дека тоа не се ваши деца дека ви се внуци роднини и им кажувате Само кога ќе и кажам на мајка ви што направивте... Така срамот во маркет е помал и посмирено ќе изреагирате а и на децата можеби ќе им стане чудно и ќе се смират..
@ZojaP, се согласувам со се' што си напишала, нормално дека никој не одобрува шамарење и ќотек и секако тоа било последна опција. Еве јас ќе си кажам за мене, мојата ќерка од бебе до три години беше од мирна, помирна. Се броеше на прсти кога таа плачела или изведувала нешто. Последните 6 месеци се случија такви нагли промени кај неа, и во психичкиот и во физичкиот развој, како друго дете да е, па почнаа и тантрумите што мислам не само неа, туку и нас не' фатија неспремни, не знаевме како да реагираме, па за жал сме пробале и со шлаканица неколку пати, ама увидовме дека само полошо правиме и преминавме на други методи, одвлекување на внимание, приказни, игнорирање... Како и да е, само трпение и многу муабет, разбирање и љубов помага за поминување на овој страшен период како за нас, така и за децата .
Мислам дека повеќе е одраз на преголемо внимание и разгалување кај децата. Најчесто се случува во ситуација каде не е дозволено се секогаш и секаде и тогаш доаѓа до такви испади. Лекот е во непопуштање од страна на двајцата родители преку цврсто завземен став, без тепање се разбира. Многу зависи и од карактерот на детето, но не ретко таквото однесување се провлекува и во понатамошниот живот.
Моментите на врескање преку ден се одразуваат и навечер про спиење. Се биди во полусон и постојано веле Не така,Не така...како што прави и во текор на денот кога има тантруми. Во јавност не ни се случило ама нема ден да помине без тантруми. Поготово десерина дена наназад, дири страв ме фаќа.
До пред 2 месеци беше секојдневие. Нешто што замислил а не му беше погодено, ау..... драма Среќа па овде никој не те погледнува накриво во таа ситуација, напротив, сами се нуделе за помош непознати луѓе, или му одвлекувале внимание. Надвор обично така правеше ако треба да одиме некаде, само ќе му спомнеме, не натаму наваму одиме, одма почнуваше со вриштење, некогаш и не удираше. Престана тоа, почна дома да прави така, надвор не. Не за секоја ситница, ама ќе се најдеше по нешто. И прекина. Периодот од 17 до 28 месеци беше таков. Наеднаш се престана. Од пред некое време знае да направи некој испад, ама не е како што беше. Многу повеќе разбира, и полесно прифаќа ако го искараме или кажеме не. Сега само плаче, нема трескање од земја, само 2-3 пати дали се случило. Плаче така драматично, со доза на глума И после ќе се смири ќе се заигра и како ништо да не било Мислам дека и градинката многу позитивно му делува во секој аспект, посебно во ова. Кога се бабите, дедовците, тетките и братучедите во близина, се размазува . Како сега на пример. Плус летово нема да оди во градинка.... ќе видиме дали ќе имаме тешко лето како лани
Кај нас зборот НЕ е пропратен со плачки и надвор и дома...исто и ако не и дадеш тоа што сака веднаш или да не и дозволиш да прави тоа што сака...некогаш и за да и посветам внимание(пр. кога пијам кафе се пика во мене и и велам мама пие кафе сега, подоцна... и одма слушам ваааа 5-6 сек...игнорирам...после си зема нешто за занимација)...акање има од кревет само еднаш скоро на секој тантрум дома....не дај боже случајно да се удриме од нешто потврдо...е тогаш има песни...брзо се смирува со насочување внимание кон нешто друго или игнорирање. Кога плаче на јавни места...јас сум смирена....не ни погледувам наоколу дали некој не гледа (така ми е мене полесно)......некогаш знае многу да ме изнервира, а некогаш ми е смешно...сепак сеуште се мали и им треба време да сватат како функционираат работите.
Мојата денес вриштеше од продавница до дома за лего коцки.Секако не ги доби па урлаше како збудалена . Дома кога дојдовме се смири и заспа од лутина.После веќе се беше заборавено Едноставно неможе секогаш се да добијат па тоа е тоа
Periodot na tantrumi kaj nas bese strasen , ocaen . Koga toj period ne zavrsiv vo ludnica nikogas nema. Sekoj den koga ja zimav od gradinka ne sakase da se kaci vo kola za da si odime doma vristese kolku ja drzi glas site ne gledaa I se cudea I morav da ja vikam vospitckata za da I kaze deka treba da se kaci vo kola I samo nea ja slusase. Izleguvanjeto od gradinka zimno vreme bez jakna na studot I ako I recam oble ci se toa bese horor se dodeka ne izleze ucitelkata I da I kaze da se oblece znaci tamu ona ne spasuvase. Se sluci mm da ja zeme od gradinka I koga videla deka ne sum jas napravila haos I zastanale na benzinska da napolnat gorivo ona izbegala od kola I trcala I vristela nemozel mm da ja pribere istoto I mene mi go pravese na benzinska nekolku pati da nemozam vo kola da ja stavam. Na gosti milion pati se slucuvalo koga ke kazeme deka treba da si odime , a ona ne saka odma pocnuvase so vikanje histericno. Kulminacijata ja dostigna koga pocna da se soblekuva I gola da trca a ne e vazno kade sme dali doma ili na gosti ili vo market ona vristi se soblaka gola I trca ko luda da nemozes da ja smiris. Pocna za inat da kaka I mocka vo gaki uzasno bese. Probavme I so arno I so loso nikako ne bivase I otidov na konsultacija kaj psihijatar za mene da me nasoci kako da se odnesuvam vo takvi situacii. Sovetot nejzin bese samo da ja ignoriram , znaci koga ke pocne toj moment vika samo kazi I deka ne e interesna I pravi si drugo nesto ako si doma raboti si nesto , ako si na gosti pravi si muabet so drugite luge nea voopsto ne ja poglednuvaj. Tesko e ama mora period da pomine za ona da svati deka ne se vrti svetot okolu nea I deka nema se da bide po nejzino. Kazavme I na babi I dedovci deka vo takvi momenti nikoj da ne ja percipira za da svati deka ne e interesna. Posle nekoe vreme odkako pocnavme site taka da se odnesuvame so nea ona svati deka pravi glupost I popoleka si se smiri I veke odamna sme nemale takvi ispadi kade sto bese vo sostojba I sama da se povreduva ili pa morase da skrsi nesto da isturi duri ednas so polna solja kafe zamavna vo televizorot samo da go isturi besot nekade.
Тaнтруми сме немaле, нo имaм гледaнo кaј децa oд блиски пoрaнo и искренo тoгaш сум гледaлa нa вaквите испaди кo дa рoдителите не знaaт дa си ги вoспитaaт децaтa или нa дететo нештo му фaли. Кoј немaл дете, кoј имaл мирнo, кoј не читнaл ништo зa децa нa тaa вoзрaст...сите сo еднa мислa -ех дa е мoе ќе се зaпрaшaм дaли вaкa ќе прaви. Пoгрешнo, aмa ете тoлку сме знaеле. Кaкo вие се спрaвувaте сo вaквите кoментaри пa и пoгледи oсудувaчки oд стрaнa? Другo, кoгa велите декa е дoстa, дoвoлнo? Oвие тaнтруми пo oдреденo време сo прaвилен пристaп требa дa престaнaт. Не мoже 6 гoдишнo вaкa дa се oднесувa и дa кaжеш декa е oк, нoрмaлен дел oд рaзвoјoт е. Нештo требa дa се прoмени вo вoспитувaњетo или дa се бaрa пoдлaбoкo, aкo сaкaме дa се реши. Вo спрoтивнo oвие "тaнтруми" ќе си ги нoси сo себе цел живoт и мoже немa дa се мaнифестирaaт сo лежење нa земјa и викaње кoлку штo гo држи глaс туку пoинaку нели, кaкo штo гo личи вoзрaсен чoвек.
Јас со големиот имав доста вакви испади. Кај него на моменти беше изразен мн овој период. Сум го оставала да се извреска да се истреска, некогаш во очај сум попуштала, некогаш ме фаќал поголем инат од него се зависи до моментот и до тоа колку сум можела да истрпам. Како се справував со коментари, главно гледав да преќутам но ми се има случено и да се искарам. И тоа еве еден пример ао сосема непознати женишта така да ги наречам. Седевме во кафиќ и само две бабки имаше освен нас. Почна премногу силно да врне баш во период кога него го фати сафра и сакаше да станеме веќе. Го фати хистерија урлаше, а неможевме од дождот да излеземе. Едната почна да му збори нешто, што него секогаш уште повеќе го терало да вреска ако непознат му се обрати во таков момент и јас најљубезно, можеби со малку нервозен тон бидејќи бев напната ја замолив да не му зборува. Другата онака гласно искоментира "остај ја ма глеаш дека сама не знае да си го среди детето" и тука пукнав и се свртев и се изназборев, пак покултурно од неа бидејќи не ми дозволува културата на возрасен поинаку да се обратам. Најмногу ме зачуди мм што и се сврте обично не се впушта во такви ситуации ама го изнервира и него. Се прибравме и трчанката на дождот во кола. Многу ме нервираат така непознати кога се вмешуваат во некоја ситуација. А за со познаѕи др приказна многу коментари се умам изнаслушано, едноставно таков ми беше периодот. Со малово засега немам мн проблеми, почнува да покажува знаци ама некако покесно се смирува, барем за сега
Мојава е 2,5 години, тантруми има повремено и тоа исклучиво кога е со мене. Ако еден ден е супер послушна и не прави никаков проблем другиот ден за се вришти и бега и збеснува. Бевме во Шведска на гости и тогаш прв пат и се случи да ми легне на земја во маркет и да вреска. Ја извадив надвор и ја носев во раце додека не се оддалечивме а она ме клоцаше со сета сила. Буквално никој од околу не ме погледна, култура е тоа. Ми бега по улици, фрла, треска ама брзо се смирува и лесно можам да и привлечам внимание со друго нешто. Се надевам брзо ќе помине
Да се приклучам во клубот. Со ќерка ми прилично се измачив со тие изливи на бес. Нешто не е по нејзино и веднаш срдење, цркање. Сега е посмирено но сепак знае да изненади и тоа најчесто за нешто да и се купи. Но како што кажа Џој не може се да се добие. Не е воопшто пријатно во маркет или на кое било друго место да вршти. Колку ли само убедување е имало, де ќе го залажеш, ќе му привлече нешто вниманието, не бре луѓе тера по свое и крај. Сега знае дека не може се да се купи, дека треба и да се заслужи, дека ќе биде наградена, дека е недолично да се вика и црка. Се надевам дека нема истата песна да биде и со помалото.
Ја читам темава и се пронаѓам во се што сте пишале. Откако се роди М, ќерка ми, која има три години тотално се смени. Од мирно, разбрано девојче, стана голема маза. За се нешто плаче, вриска, ме удира, тера инат. Не е поднослива воопшто. Најново сега и е таа сама да бира што ќе облече. Има долни пижами со мечиња, ама горниот дел го немаме, прецрка вчера, сакала ист таков и горен дел. Никако не можев да ја убедам дека го нема, се утепа од врискање. При крај бев да ја удрам, ама се воздржав. Ја оставив со баба и да се смири. Незнам веќе ни сама како да постапам. Секој ден има вакви испади. Среќа живееме во куќа, па се залажува со одење надвор, шетање по комшии, инаку цел ден да е дома
Почнува и мојава да ги испитува границите, до кај може да оди. Па пишти ако не е по нејзино, велам цврсто НЕ и ја игнорирам па се откажува од намерата по некое време . Мала е уште за тантруми, којзнае што ме чека допрва.
Еве не и нас во темата...почело је почело!!! Приметив изразени тантруми секој понеделник и вторник- првите денови кога ја оставам на свеки и одам на работа - преку викенд се навикнува на нас дома и почетокот на работната недела ни е пропратен со многу врескање, трескање од земја, гризење на тепихот, фрлање играчки...хаос! Се трудам или да игнорирам или да одвлечам внимание!
И каj нас почнаанеиздржливо е. На почеток мислев дека е последица што беше болен, лежевме болница па помислив се разгали многу оттогаш. Но не. Се случува скоро секоjдневно, кратко трае, но за мене тие моменти ми се ко вечност. Наjчесто се инаети кога треба да се прибере дома, везден сака чао или во двор. Понекогаш не сака пеш да оди, се тегнеме по улица и на краj мама такси во раце. Мора пак секаде со точаче. Во продавница сме немале проблем. Наjчесто своето незадоволство го искажува со инает, плачки и вресок на цел глас, се траска од земja...денес во двор легна. Инаку сме 2г. и 4м. До кога ли трае овоj период? Како што читам, каj секого различно.