Баш ме интересира дали имал некој искуство со познатите Тарот карти Јас сум била порано кај Глорија ако ја знаете . Жената не ја биваше за лечење на мултиплекс склероза ама за карти стварно си знаеше да гата Земаше 700 ден . тогаш сеа незнам Јас верувам зошто мене се ми погоди ама баш СЕ' !
па и не се баш глупости во боја јас верувам во тарот карти Тарот карти (тарочи, тарок и други слични имиња) е посебен шпил од седумдесет и осум карти, групирани на следниов начин: голема аркана, која содржи 22 карти (21 нумерирана карта + картата со број „0“), и мала аркана, во која спаѓаат останатите 56 карти, поделени по „боја“ (парички, стапови, пехари и мечеви). Тарот картите во некои делови на Европа се користат за играње, како на пример италијанскиот тарочини, или францускиот тарот. Но во најголем дел од земјите каде што се познати овие карти, тие се користат за предвидување. Овие карти во Европа се појавиле во доцниот 14 век. Иако постојат голем број нагаѓања за потеклото на таротот, како најверојатна теорија се зема таа која вели дека првиот ваков шпил се појавил меѓу 1410 и 1430 година во Милано, Ферара, или Болоња, во северна Италија. Овие нови карти на почеток ги нарекувале carte da trionfi, односно триумфални карти. Првиот запис за постоењето на овие карти е пишана изјава за рекорди во Ферара, во 1442 година.[2]. Не постојат документирани записи пред 18 век за употреба на тарот картите за предвидување, но сепак постои запис од 1540 година за користење на сличен шпил карти за предвидување. Во 1765 година, Џакомо Казанова запишал во својот дневник дека неговата пријателка Русинка често користи карти за предвидување. Се чини дека постојат записи кои потврдуваат постоење на шпил карти за играње налик на тарот картите со потекло од Милано, Италија. Не е можно прецизно да се одреди од кога датираат, но се смета дека се направени некаде околу 1440 година. Најстарите зачувани до денес тарот карти се три шпила изработени кон средината на 15 век за членовите на семејството Висконти. Едниот шпил (од само 66 карти) се знае дека е изработен од анонимен сликар за Филипо Мариа Висконти, а денес се чува во универзитетската библиотека во Њу Хевн. Долго време тарот картите биле привилегија само за припадниците на високите класи, и биле изработувани рачно, сè до појавата на печатниците. Масовното производство на тарот карти станало можно, и од тоа време до денес се зачувани шпилови изработени во Франција, посебно во Марсеј. Првите јавно користени тарот карти за предвидување потекнуваат од Франција, а изработени се од окултистот познат под псевдонимот „Етеила“, кој работел како гледач на карти кратко пред Француската револуција. Етеила го дизајнирал првиот шпил на езотерични тарот карти, додавајќи астролошки и египетски мотиви. Така, тарот картите конечно се поврзале со мистицизмот и магијата,[3] иако не биле нашироко прифатени од мистиците, окултистите и тајните здруженија сè до 18 и 19 век.Некои од методите за употреба на тарот картите кои се појавуваат превртени (наопаку) ги толкуваат различно.[4]. Најчесто превртената карта се смета дека го има спротивното значење од она што истата карта го има кога не е превртена. На пример: картата од големата аркана со број 17, „Ѕвезда“ кога е правилно поставена се толкува како - надеж, верба, прекрасна перспектива, а кога е наопаку свртена означува - разочарување, песимизам, недостаток на можности. Сепак, не користат превртени карти сите методи на употреба на тарот картите (Тот тарот картите на Алистер Кроули не се занимаваат со превртените карти).Тарот картите се состојат од 56 карти наречени Мали аркани и 22 карти наречени Големи аркани, или вкупно 78 карти го чинат шпилот на Таротот. Малите аркани како и современите карти за играње имаат по четири знака или ''бои'', со по десет нумерирани карти. Четирите знаци на Таротот се нарекуваат стапови, пехари, мечеви и монети. Овие знаци се претопени или пресликани, како повеке милувате, во денешните треф, херц, пик и каро. Кај Тарот картите секој знак има по четири ''дворски'' карти: Крал, Кралица, Џандар и Витез. Не е познато како и зошто оваа последната карта, Витез, исчезнала од денешните карти за играње. Истотака на таинствен начин се изгубени и Големите аркани од денешните карти за играње. Големите аркани се состојат од 22 адути кои не припаѓаат на ниту еден од четирите наведени и познати знаци. Секоја од овие карти има свој лик, име и број, I - Волшебник II -Паписа (жена свештеник) III -Царица IV - Цар V - Папа VI - Љубовници VII - Кочија VIII - Правда IX - Пустиник X - Тркало на среката XI - Сила XII - Обесени XIII - Смрт XIV - Умереност XV - Ѓавол XVI -Кула (Божја кука) XVII - Звезда XVIII - Месечина XIX - Сонце XX - Суд XXI - Свет XXII - Дворски шут
ne ama mi ima edna gledachka gledano i se mi pogodi a togas ja vidov prvpat vo zivot i prethodno voopsto ne ja poznavav
Абе за мене се глупости, ти ако си веруваш - верувај си. Јас не верувам и уште милион текстови од Википедија нема да ме натераат да верувам.
Искрено не верувам во тарот карти или пак во други слични работи, затоа што мислам дека за нив има претходно добро разбработена шема,како што е спомнато во претходниот пост,секоја карта си има значење,па според тоа доколку скоро секој ја има таа шема,тогаш секој би знаел да гледа,а не дека се работи за чисто пророчки визии.Поголемиот дел од тоа што го погодуваат е лага,а многу мал дел од тоа е вистина,која е сосема случајно погодена,само незнам зошто воопшто ги лажат луѓето,не е убаво да се заработува на сметка на маката на луѓето.
Има неколку вида на тарот карти (32 ком, 52 ком и на третите не ми текнува). Секоја карта има посебно значење во зависност каде стои и до која карта се отвори (ако се отвори смрт не значи дека ќе умрете ). Има 2 вида на шеми како се отвараат картите. Многу одамна на тетка ми еден роднина и ги донесе од Германија (онака како подарок не дека гаташе со нив) и јас ги најдов случајно и ја натерав да ме научи како да ги отварам (внатре си имаше цееел прирачник во кутијата). И си гледам јас на себе , не се сеќавам ама онака глупости ми излегуваат (бев на летен распуст и утепував време) и стигам до последна стр. од прирачникот и пишува као на сама себе не се отвараат. И јас целата , ај нема везе. Во тој момент ми иде на гости една другарка и таа кога ги виде ееееееј мора да ми гледаш ,и велам ајде бегај од кај јас да знам ама ај ќе повторам лекција од тоа наученото по прирачник. Вртам јас картите и излегува (убаво се сеќавам) нешто као во стил дека лошо ќе и се случи на мајка и. И махинално и кажувам и викам нема везе, јас појма немам, и толку. После неколку дена 2-3 дена мајка и паѓа крши рака и нога, таа ми се јавува и ми кажува и од тогаш веќе не ги фатив во раце тие карти. Значи има некоја голема комбинаторика која дали по случајност или појма немам може нешто вистинито да каже, бидејќи е поврзано со датумот на раѓање. Како и да е, несакам да си ја знам иднината зашто нема да ми биде интересно да живеам
Која тарот карта си? Јас сум The Wheel of Fortune You are The Wheel of Fortune Good fortune and happiness but sometimes a species of intoxication with success The Wheel of Fortune is all about big things, luck, change, fortune. Almost always good fortune. You are lucky in all things that you do and happy with the things that come to you. Be careful that success does not go to your head however. Sometimes luck can change. Еве линк http://www.flarn.com/~warlock/tarot/
Јас верувам во тарот карти. Многу ми имаат кажувано дека им имаат гледано, погодено, ама баш се. Сакам и мене да ми гледаат, aма многу сакам.
Има ли неоја во Македонија што гледа на тарот? Мене ми има една на карти гледано со слики едни не знам дали се тарот, ама по описот што го дала една феминка тие се. И ти сам си одбираш таа само ти толкува нема она некоја способност натприродна. А мене со првото што ми го кажа ме онесвести скоро
Ако има некој информација за некого стварно што гледа нека каже, мене ми гледале и главно ми промашија .
една шо гледав еднаш се пукнав од смеење,а не па јас пари да и давам за да ми каже каква боја ми е колата Јас искрено не верувам во тоа ама ако некој од вас верува еве најдов нешто..:http://www.tarotgoddess.com/