Се работи за една девојка која има 21 година, патем јас сум 30 години. Човеков ми се закани со полиција, ви се верува? Јас го прашувам еднаш: -Господине Сашко знаете ли колку години имам? Toj: -Не. -29 години имам.(ова беше пред година и пол.) Тој: -Супер, сега ќе ја раситниш четиресетката(имплицира дека сум многу стар за нејзе.) Човеков и најде удварач т.е двајца, но тие двајцата се мрсули, да ја скратам приказната девојката уште сонува за мене, но јас не сакам да имам било што со таа луда фамилија. Знам дека утре ако завршам со нејзе татко и буквално ќе ми влезе во креветот. Човеков не се грижи туку напротив го контролира животот на ќерка му до запирка, ги напишав симптомите на гугл и ми даде резултати принцеза заробена во замок или пак емотивен инцест. Што мислите за ваквите типови на луѓе?
Па може ти се заканил со полиција оти ќерка му тогаш имала 19 одини, а ти 29, а сигурно не сте ни биле у врска. Спојлер А и може на чело ти пишувало дека за девојките го користиш називот ,, пичка ,, , еве не знам... И чим си гуглал, си можел да прогуглаш и ,, фригидност ,,. А за вакви луѓе мислам дека им го уништуваат животот на децата, додека се обидуваат да ги спречат самите да го сторат тоа. Иронично...
хаха ете ја мојата другарка 4 месец бремена. Не е за смеење за плач е така татко и се забрануваше и таткото додека беше на работа ,,дечко,, и секогаш идеше и така остана бремена, и на зорт ја дадоа. 4 месеца поминаа од вакви глупости. Кога се сака се се може.
Чекај да ти каже дада Дасти нешто .. Прво и основно, мило ми е што се однесувале така со тебе .. Да ми се допаѓа некој и да сакам врска со него, а притоа за неговата фамилија да употребам назив - луда фамилија, значи дека не ги почитувам колку што треба. Па поради тоа и нема што да правам во таква фамилија.. Ако си се обидел на убав начин да објасниш дека си заинтересиран за девојката, може многу поубаво ќе поминеше .. И доделувањето епитети како мрсул и слично, не доликува на возрасен човек ..
Најпрво, не те личи толкав 30 год. маж да употребуваш изрази како мрсул или сл. вакви. Како што вие мажите не сакате уличарки, ниту ние жените не сакаме мажи со речник на тинејџери (и однесување). Ако некој го сакаш го сакаш поради тоа што е. Би бил во врска со девојката, не со нејзините родители. Знај дека никој од нас не ги бира родителите, ниту има можност за тоа, па не си ни ти исклучок. Цени ја личноста по нејзиниот карактер, не поради карактерот на нејзините родители или родителите воопшто. П.с. насловот треба да биди поинаков, барем "Контрола на љубовниот живот од страна на родителите".
Ax Горене а да пробаш да се ставиш ти на местото на таткото на девојката? Убрзај го времето види се себе од перспектива негова, мене ме интересира како би реагирал ти? Јас нема да те кудам како останативе членки, ја разбирам твојата револтираност со самото тоа што сакал да ти викне полиција, те понижил на некој начин. Дали си седнал да разговараш со човекот сам во 4 очи како што доликува? Ако љубовта е посилна од се не постои сила која ќе ве спреши да бидете заедно.
Сигурно имал добра причина штом ти се заканил на тој начин. Ако и со нејзе си се однесувал вулгарно како твоиве мислења на различни теми потполно го разбирам човекот.
Бреј, што судбина ќе имаше... Од фригидни и упрасени шопингохоличарки другарки, до татини принцези кои лудуваат по тебе. Tреба да почнеш да пишуваш роман, најсериозно. Така правилно ќе ја канализираш насобраната енергија, наместо изигрувајќи психолог да го брцаш носот онаму каде не треба.
Судејќи првично по твојот начин на изразување, не ми е ни чудно што нејзиниот татко има таков став кон тебе. На страна тоа, реално разликата и не е баш мала па логично е да биде загрижен по тоа прашање. И онака не изгледаш како нешто посебно заинтересиран за неа, велиш дека таа е таа која сонува за тебе а ти не би сакал ништо со такава луда фамилија така да не би требало да те засега мислењето на нејзиниот татко. И не знам како доаѓате до некои заклучоци дека биле девојките заробени принцези и не знам што, па девојката на крајот на краиштата имала само 19 години и многу по нормално ми изгледа да биде контролирана од родителите на таа возраст одколку да биде распуштена уште од 14 години како некои. Жалам, не се сите толку напредни.
Нема да кажам ништо за ситуацијава, девојката е онаа која го прави изборот макар и да греши. Но не ги разбирам оние родители кои се мешаат и го контролираат живтот на нивните деца. Добро, додека се се уште мали, треба да се грижат за нив, ама тие се самостојни индивидуи. Тие прават свои избори, имаат свои желби и потреби. Водат свој живот. Никогаш не сум била фластер на моите, од најмала возраст сум била самостојна за она што одговарало на тие години а подоцна гледав да не зависам во ниту еден сегмент од нив и колку повеќе да ги префрлам обврските на мој грб. Не дозволувам никој да ми се меша, ниту семејството, ниту пријателите. Не барам дозвола за ништо, имам поставено свои граници кои не дозволам да ги поминам ниту јас, ниту средината, или да паднам под своето ниво. Знам што правам и верувам во моите избори, ретко грешам и свесно. Ретко некогаш може нешто непретвидено да ме изненади. Благодарение на што сум стекнала доверба, и имам слобода да правам што сакам. Ама и да не ми е дадена, немам потреба од дозвола. Ќе ја имам затоа што знам што е правилно. А сум толкава татина маза, поголема нема каде, не за џабе сите роднини ме знаат како "татино мезимче". Ама и двајцата имаме поставено граници кој до каде може да оди. Ќе размениме совети, ќе направиме компромис каде треба, ама на крајот носиме свои одлуки. Не треба одобрување. Затоа и го сметам целото тоа барање дозвола за да се направи нешто, било за ситници, било за ншто поголемо како избор на партнер. Мислам, сериозно? "Тато, мамо, може да излегувам со таа личност?" Глупости. Самата личност треба да процени дали треба или не треба да биде во врска, или да излегува со некој. И треба да направи точна проценка од старт.
Иди изгуглај за вулгарно и исфрустрирано однесување како твоето од страна на машко на женски форум, види што ќе ти искочи за тоа, па после врати се...
Колку и да се лутиме на родителите што знаат да се мешаат, сепак често знаат да бидат во право. Често имаат големи причини да се однесуваат така заштитнички. И овој пат таткото на девојката бил во право. Те проценил па не му се дава ќерка му за тебе. Размисли убаво дали еден ден кога би имал ќерка би сакал да биде со некој како тебе.
Јас разбирам зошто родителите се мешаат во животот на своите деца и тоа е зошто сакаат само да им биде добро. Да можеби некогаш грешат ама и ти си требал да се потрудиш и да се докажеш дека си ок со однесување, манири и култура. Нормално дека татко и сака таа да има добар маж еден ден, стави се малку во негова позиција.
И јас не би сакала моја ќерка да има дечко или маж што вака се изразува... којзнае па како се однесува.
Замислувам како вака таткото ја тешел ќерката дома ... Инаку да бидам on topic, сметам дека и покрај тоа што девојките треба да имаат право самостојно да ги избираат своите партнери, сепак тоа не секогаш значи дека ќе го одберат најдобриот. Таткото како повозрасен и поискусен човек мора некогаш да се вмеша и да ги презема работите во своите раце доколку претходно добро проценил каков е карактерот и какви се намерите на дечкото и доколку предвиди дека неговата ќерка може поради таа врска да биде повредена, без разлика дали тоа би било психички или не дај боже физички. А кој родител сака да го види своето чедо повредено? Освен тоа, никогаш не треба да заборавиме дека во денешно време најмногу може да им веруваме на нашите родители бидејќи тие секогаш ќе бидат оние кои ни го посакуваат само најдоброто. Поради тоа, дури понекогаш и нивните постапки за нас се неразбирливи и на прв поглед ,,погрешни ,, сепак на крајот може да увидиме дека тие биле во право и треба да им се заблагодариме што се поставиле така заштитнички кон нас. Секако, ова го зборувам за нормално контролирање од страната на родителите. Се друго што е претерано не го оправдувам иако намерата зад таквите однесувања е добронамерна ...
Можеби сфатиле дека немаш сериозни намери со ќерка им, па сакаат да ја заштитат со време. Ако не е така, докажии им дека ти значи девојката, нема само да ја искористиш и оправдај ги 30те години што ги имаш.
Bez komentar sum..ovoj poise mi lici na psihopat koj e opsednat so kerkata,ja na 20se omaziv do dusa maz mi imase togas 21godina...super funkcionirame do den denes ova bese pred 8godini...hm samo da mojte roditeli mi kazaa deka brakot ne e nikakva igra denes sum utre ne sum so nego t.e kako u vrska,i dali sum sigurno deka sakam da go napravam toj cekorne razmisluvav ni sekunda...zatoa denes imam prekrasni soncenca sto mi go razubavuvaat sekoj den
Ова е чиста глупост. Што морала да им кажува дома со кого искача и што праи. Така да ако сакала да биде со тебе, ако толку те сањала ќе била и покрај забраните, едноставно мемора да им кажува дома. А има такви психопати што им ги бираат дечковците на ќерките и никој не е доволно добар за нивната принцеза... ми се гади од ова... Уште нешто многу ми падна смешно, светициве тука кои се многу културни и не огивараат и не користат такви изрази, од цел текст кој има за цел да покрене дискусија се фатија за зборот "мрсул" бре бре, ако незнаете што да кажете ќутете си бе не се прајте паметни. Сигурна сум дека дечково не се понаша вака у приватен живот посебно не со девојка и родители, аман форум е ова како сакам за кој сакам ќе пишувам. Неам потреба тука да ви се праам културна ме мрзи онака.