Татко во придружба на бебе/дете во болница

Дискусија во 'Бебе' започната од Cka, 11 септември 2018.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.906
    За темава еднаш се испокаравме во Мајчински муабети, ама еве да ја отворам и како посебна, да се докараме.

    Кај нас нема можност, кога детето или бебето треба да лежи во болница, да го придружува таткото, иако има потреби и случаи кога мајката не може, пример само што се породила со второ дете, а малото од година и пол мора да е у болница, или мајката е болна па не може да лежи кај децата, мајката е умрена или е во странство.

    Најчесто бабата е таа што лежи, ама бабата не е родител.

    Што да се направи да се смени ова? Сакаме исти права со мажите, па ајде да им помогнеме да ги имаат и нашите права :)

    Јас имав ваков случај, бев на раб на смрт, и моето дете неколку саати беше со децата без родители, оти немаше кој да го чува. Среќа беа само неколку саати, ама со оглед на тоа дека шансите да умрам беа огромни, детето ќе беше во соба за деца без родители, а со жив татко.
     
    Последна измена: 11 септември 2018
    На Роберт 7, Troi, Victorian и 16 други им се допаѓа ова.
  2. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Добро се сеќавам на целата дискусија на темава и многу сум за тоа да може и таткото да биде придружба. Што правиме ние кои немаме баби на располагање? Ако ми се случи нешто мене тогаш децата ќе ми бидат третирани како деца без родители при жив татко? Мене лично малку ми е морбидно тоа. Баш во тие моменти на децата им треба целосна љубов и поддршка од родител, а не да почитуваме закони донесени без основ. Кога бев со малата во болница освен во времето предвидено за посети, посети се толерираа и во било кое време од денот така што татковци (на посета) имаше скоро по цели денови. Буквално само за спиење си одеа. Не ја гледам логиката да не можат да останат. Колку и да се пренатрупани секогаш, ама баш секогаш можат да оспособат барем една соба за татко со дете.
     
    На M&M, Kitten, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  3. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    Бебуш предвреме роден беше на интензивна 2 недели, и кога веќе сам си дишеше го префрлија на неонатологија, се јавија еј денес го префрламе, ама јас температура имав, алергиски од синусите беше ама мораше да се исклучи друго да не е, да направам крвни слики, и не можев 3 дена да одам не дај боже вирус, бактерија на толку мало бебе во инкубатор да му пренесам.
    Викав сопругот да остане нема да излага од соба, тие не, баба или др.женска роднина. Каква баба (или др.роднина) тие главата не знаеја кај им е па уште ќе седат со бебе 1300г. во инкубатор, да менуваат пелени, да го ранат со шприц во сонда, да чистат соба и инкубатор, да го гледаат избоцкан со инфузии па од преткање се вадеше канила и крв, па ново боцкање во нога/глава или да ги трпат звуците на мониторот за пулс и кислород и сл. Јас паничев на почеток дур се навикнам, тие срце ќе ги фатеше, или некој нервен слом.
    Само беше бебе тие 3 дена, среќа во апартман одма кај сестрите, а не во крајната соба кај оставените.

    Ама зошто да не можеше мм да поседи?! Што е проблемот? Не ми е јасно?! Во такви ситуации битно ли е?! Зошто да е битно? Зарем таткото нема права, не е ли родител?!
    Немаше да се утепувам од плачење тие три дена дека детето само е в соба. Не дај боже да беше кај оставените, никогаш немаше да си простам, кога видов такви тажни слики, неколку бебиња сами во една соба плачат, нема кој да ги погали, да им зборува, утеши..душички мали.
     
    На Victorian, Jane.Birkin, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  4. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.570
    Допаѓања:
    7.318
    Пол:
    Женски
    Moze tatko vo Sistina. Nie koga lezevme rekoa eden roditel ne majka striktno, ama normalno ostanav jas. Za drugiot roditel bezrazlika majka ili tatko da ostane se doplaka. Iako mm cel den bese so nas vo soba za spienje si odese samo. Znaci vo privatnite moze, a za drzavnive opsto nemam komentar nikad nema da se opravat.
     
    На M&M и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    887
    ах, сега разбрав дека темата е за поголемо дете кога лежи во болнова, јас прво си помислив за самиот пораѓај. такво искуство сме немале уште, ама сигурно во Германија може било кој, се чудам сега зошто такви правила има каква глупост.

    ај тоа што го пишав да не го бришам еве го :) off topic
    јас не ја следев темата ама можам да пишам од моето лично искуство и како е во Германија. таму е веќе пракса таткото да биде присутен на самиот пораѓај, т.е. цело време од доаѓањето во болница, а секако и после пораѓај. Од помош е пример да ги носи работите наваму натаму, да донесе што треба, да ја држи мајката за рака кога има болки да и помага за дишењето да ја потсетува, дури заедно се оди на часови за подготовка за пораѓај :). Кај нас беше така и многу ми беше мажот ми од помош. јас се породив природно ама знам дека тие што се пораѓаат царски кога ќе го извадат бебето се одмара мајката и тогаш бебето го даваат на таткото да го држи - во ниеден момент освен после за кратко некои мерења бебето не е само без барем еден родител. за посета исто е дозволено цел ден да е таму, само за спиење не, макар што има и неколку соби со доплата семејни со уште еден кревет за таткото. На пораѓај таткото стои обично од кај главата на жената значи позади неа и го гледа бебето како излегува исто како и мајката па не е нешто да се истрауматизира да не рече некој :).
     
    Последна измена: 11 септември 2018
    На dunika, 24.07, ❤️Sneze❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    887
    катастрофа :@ за тоа треба да се испокара некој или да ги тужи, закон да не има негде да мора женско да биде, од таткото кој има поблизок.. зар медицински лица нема исто машки итн..
     
    На dayla и Joi им се допаѓа ова.
  7. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    Е ајде де. Која женска роднина да ја пуштев го гледа бебето? 3 пати годишно што ја гледам? Бабиве избезумени со оглед на целата ситуација што ми се случуваше.
    Да ја пуштев комшиката може ќе ја примеа, а мм не. Глупости на куб.
     
    На dunika, Feminka22 и Kitten им се допаѓа ова.
  8. Milan93

    Milan93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Машки
    И јас чисто се сомневам дека има закон да мора од женски род да биде со детето во болница. Ама нели ова е балкан и нарочито муслиманките не саккат да ги гледа друг маж демек јас при болно дете ќе зјапам во нив од што се некои лепотици.
    Кога лежеше ќерката со сопругата во болница нормално одев да си го посетам детето, па некои од албанките се бунеле оти сум влегувал и дури и ја пријавиле сестрата зошто ме пуштила внатре.
    1000 години сме назад од Европа
     
    На Victorian, SV1911, Jane.Birkin и 8 други им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    23.965
    Пол:
    Женски
    @DuchessAnn најголема глупост што ја имам слушнато. Кое е објаснувањето што не дозволија таткото да биде со него тие денови?

    Јас како што сум паничар и со страшна анксиозност, на прегледи до сега го носи мм. На инфузија ко имаше стомачен вирус ни кажаа еден родител, тој остана, јас надвор повраќав од страв. Ко го снимаа на еден месец, мм со него внатре, јас трчав околу болница не можев да се соземам. На 3 месеци крена температура со мм беше на дежурна, јас во чекална изгубена. Многу ми е криво што сум ваква ама цела среќа тој е приземјен. Може се сосема други ситуации и надвор од темата зошто се работи за прегледи, ама недај Боже да има потреба од лежење во болница, а да не сум во можност да сум со него, кој друг освен таткото е поблизок на детето? Апсурдно ми е.
     
    На M&M, KidA и Joi им се допаѓа ова.
  10. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    @kristina.k
    И мм на прегледи оди со мене. А ова беше правдано дека мали бебиња со мајки, цицале, се жени биле бла бла... И онака од соба се искача само да земеш јадење, или да се симнеш на кратко за кафе, до дуќан.. а на посети мажите со саати знаеја да дојдат по собите да седат, тогаш може, која разлика е ако спие? Не знам која е логиката.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.906
    http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/pravilnik02.pdf

    Член 65 во став 1, до една година со бебе лежи мајка во болница, после 1 година може друг. Но праксата вика дека не даваат од болницата и после 1 година. Како и да е, бебе до 1 година може само со мајка, никој друг, освен да се молите друг да почува.

    ФЗО го носи и ФЗО може да го смени ова.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    Ауу па ова и на писмено го имало. Свашта. Мора да се смени. Зарем 19 век сме.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    23.965
    Пол:
    Женски
    Многу лош закон. Значи подобро е само да е бебето, од тоа родителот да е со него. Дали мајка дали татко исто е. Многу дискриминирачки.
     
    На Harper, Martka, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.720
    Допаѓања:
    163.433
    Има можност. Со малата кога бевме еднаш хоспитализирани, имаше и татко со девојче.
    Не во Скопје... во друг град.

    Заборавив. На инфективно, не на детско.
     
  15. Espadrila

    Espadrila Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    15.856
    Сум била сведок кога со детето, кога од било какви причини, со детето во болница има лежено братучетка, баба и тетка.
    Но и со татко, НО не во детско одделение, туку во одделение за возрасни...
    Не беше воопшто фино.
    И да, и јас мислам дека треба да се има услови за машки род придружба на дете.
    Случај пријатели, мајката штотуку породена, со мало бебе, за поголемото дете потребен е оперативен зафат во Скопје, а они од внатрешноста.Бабата зеде одмор, за да биде со детето во болница, за таткото не постоеја начини каде да биде сместен.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.824
    Допаѓања:
    195.156
    Пол:
    Женски
    Колку е родител мајка толку и таткото е дури според мене е бесмислено ова да се дебатира и во краен случај да постои во Мк.
    Не знаев дека е така ама стварно е апсурд.
    На пример мм може да го чува и да му даде се што му е потребно ернакво како и јас..
    Зошто дискриминации и безмислици?
    Баба да се става пред сопствен родител??
    Ајде бе..
    Не ме чуди исто како што не ме чуди ништо во Мк.
    Во некои еу држави за кои јас знам ова би било против закон и дискриминација за родителот.
     
    На Harper, theowndemon, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    18.668
    Пол:
    Женски
    Јас не сум знаела дека татко не смее да седи со детето :o, само шо ве прочитав и ми зовре крвта :@
    Има многу самохрани татковци,и во ваков случај пак таткото нема право да остане со детето???
     
    На Victorian, Harper, Martka и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Espadrila

    Espadrila Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    15.856
    Да, ова може и те како да се третира како дискриминација. Но, реално тука проблемот е во друго. Немањето услови, нажалост.
     
    На Feminka22 и vitamina им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.720
    Допаѓања:
    163.433
    Може да се обезбедат. Барем една соба за деца со татковци.
     
    На Victorian, M&M, dunika и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Espadrila

    Espadrila Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    15.856
    А бе јас сум за. Ама ...ама...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.