Од понеделник до петок во 22:45 Емин е реисот на семејството Саруханли. Тој е авторитарен татко кој силно се придржува до семејните вредности и традиции. Живее во мало гратче, води обичен и чесен живот заедно со семејството. Со Фазилет е во брак 47 години, имаат три сина и една ќерка. Јашар е најстариот син на семејството Саруханли. Оженет е со Бинур и имаат две деца. Тој е послушен, многу ги почитува своите родители и никогаш не се противи на нивните одлуки. Сервет е вториот син на семејството Саруханли. Оженет е со Шахика, но живее во истата зграда со неговата поранешна сопруга Муневер, со која ја има ќерката Кубра. Кадир е најмладиот син на семејството, тој е единствениот кој има диплома за завршено високо образование. Се грижи за својата независност но и за целото семејството, а поради тоа често е во конфликт со својот татко. Бушра е нивната единствена ќерка. Таа е мажена за маж кој не го сака. Трпи физичко и психичко насилство од сопругот, но не може да се разведе само затоа што нејзиниот татко не дозволува таков срам за семејството. Едноставниот и конзервативен живот на семејството Саруханли ќе се промени од корен по авионската несреќа во која ќе загине цела фамилија Саруханли, односно фамилијата на неговиот единствен брат Мехмет Али Саруханли. Емин станува единствен наследник на огромно богатство. За да им пружи добра иднина на своите деца, тој со тешко срце прифаќа да се пресели во Истанбул и да ја преземе контролата врз конгломератот Саруханли.
Не ми се допадна вчера епизодата. Не сакам вакви серии. Забрането јаболко измислено беше за серијава.
Првата епизода ја фатив малку, многу напорна и тупаџиска ми се виде. Ех Јилдизче, ќе ни фалиш многу. Којзнае колку ќе се чека да почне новата сезона...
Мислам дека сепак ја сака, зашто му помогна да си ги излечи раните и душата и сите трауми од детството што му ги создал татко му.Некако живна чоекот од кога ја запозна, на почетокот колку беше тмурен, негативен и полн со омраза. Ама ќе видиме дали е така или сепак има некоја позадина зад ова. Времето ќе покаже. А Кадир изгледа ќе го извлече подебелиот крај, кај му помогна на оној психопатон, си направи проблем без потреба.Многу е добродушен и наивен.