Тато, ти благодарам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од pupi.girl, 13 јануари 2017.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.804
    Пол:
    Женски
    Не смеат да се деградираат татковците :)
    Пишете за што сте му благодарни на вашиот татко.
    Јас му сум благодарна за сета поддршка што ми ја дава и тоа што верува во мене и ме тера да ги поминам сите препреки.
    Еден и единствен, мојот идол :)
     
    На Принцезичка1, Rama, Dream-Girl и 15 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.732
    Допаѓања:
    253.745
    Пол:
    Женски
    Za nisto..
     
    На mira.mira, Summerlover, m.i.g и 13 други им се допаѓа ова.
  3. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    48.543
    Ти благодарам за СЕ!!!
    Што остана жив,верувам дека поради мене најмногу се бореше да преживееш кога имав само 2 недели....за јас да имам татко,другар,идол за цел живот.
    Ти благодарам за сите прегратки,гушкања со цело срце...за тоа што ме изведе на прав пат....никогаш не те посрамотив...
    Што ми даваш сила се да пребродам полесно.....
    Што само ќе се погледнеме и двајцата знаеме како се чувствуваме...тука е нашата поврзаност...
    Кога нешто лошо ќе се случи само ќе ги се стегнеме забите,усните и двајцата за да не заплачеме,јас ќе премолчам да не те нервирам тебе,ти за мене...и малата е како нас:inlove:
    Живеј тато уште многууууу долго,за да дочекаш и од мене внучина,без тебе незнам како би живеела:l::l::l:
     
    На Принцезичка1, bicycle, Rama и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Mojot tatko...mojot heroj...mojata prva ljubov....Jas sekogs bev tatina princeza...Te sakam tato....se bi dala da si seuste tuka so mene....premnogu mi nedostasuvas:(...no znam deka me cuvas od neboto..te sakam tatence sekogas ke te nosam vo srceto...nikogas ne uspev i nema da uspeam da te prebolam ti zasekogas ke ostanes ziv vo moeto srce...
    Da mozev samo da govratam vremeto:(ili bar da mi.te vrati Bog barem na minuta da te gusnam silno silno;(....iii da ti kazam mn raboti koi ne sum uspeala.da ti gi kazam.......i da te molam da mi prostis to ne uspeav da ja ispolnam tvojata zelba....da bidam ona sto ti sakase da bidam;(....prosti mi tato...se obidov ama ne uspeav.......prosti mi tato, prosti mi....radi toa sto ne te poslusav sega stanav najgolemoto gomno na cel svet......Kamo da go slusav tvojot sovet...tvojot zbor sto sekogav ni go velese na mene i na sestra mi, jas si go poslusav srceto......ednas mi rece.....sestra ti ne me poslusa.....ama nemoj i ti istoto..No posle mn vreme i jas go storiv istoto...i zatoa sega placam, prosti mi tatence prosti mi. Da znaes deka mogu te sakam, ti bese mojot heroj, mojot kral a jas tvojata malecka princeza:l:....mi nedostasuvas tatence..TE SAKAM
     
    На boci79, Rama, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    Со задоволство ќе ги ставам моите најинтимни и најтажни емоции овде, на оваа тема:( ќе се обидам да ги преточам солзите што ми нагрнаа кога ја прочитав;(
    Прерано ме напушти татичко мој, премногу малечка ме остави;( незнаев ни каде одиш и се чудев зошто не се враќаш;( Да беше сега жив татичко мој, знам дека немаше да биде вака, многу работи ќе беа подобри, јас ќе бев посреќна и..и............ми фалиш, многу ми недостасуваш во животот мој;(;(
     
    На mime87, boci79, Rama и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.246
    Пол:
    Машки
    За тоа каков татко не треба да бидам еден ден. :)
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Rama, m.i.g и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Doris123

    Doris123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Иако многу ме повреди во животот сепак ќе останеш во срцето и ќе те паметам само по добрите работи и сум ти благодарна за неколку важни совети кои ми ги имаш кажано .. Се надевам дека ќе ме чуваш од небото ...
     
    На Rama, eli25, Arthur и 7 други им се допаѓа ова.
  8. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    5.826
    Пол:
    Женски
    Немам за што да му се заблагодарам. Добро, може само за една работа. Тоа што ми покажа каков родител не треба да бидам. Фала ти за тоа. Може некој треба и на тоа да те научи. :(;(
     
    На Starlič, Rama, m.i.g и 10 други им се допаѓа ова.
  9. dzeliii

    dzeliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    441
    Гледајќи те како се гушиш во шлајм знам дека никогаш нема да бидам пушач. Гледајќи те колку си избувлив, знам дека треба да бидам трпелива. Гледајќи те како се излежаваш додека има еден куп работи низ дома кои можеш да ги завршиш, научив дека треба да бидам трудољубива и вредна. Она што навистина ме научи е да се забавувам. Да се опуштам, да се нашалам, да уживам во животот. Знам, јас и ти често се караме низ дома или како што ти викаш "се надмудруваме". Но, и покрај се јас те сакам, бидејќи знам дека го сакаш само најдоброто за мене. Тато, ти благодарам.
     
    На Crna Dama, Arthur, "Zoki" и 11 други им се допаѓа ова.
  10. lovely97

    lovely97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    9.076
    Пол:
    Женски
    Фала ти за тоа што ме исправи на правиот пат. Да, секако дека се караме и се тоа, што да правам карактерот го имам твој, а и нели сме иста крвна група. Ти благодарам за се што имаш направено за мене, на некој можеби тоа ќе му биде малку, ама за мене е се. Сакам да си жив и здрав уште многу години, и заедно да се веселеме за новите работи што треба да ги направеме оваа година. ❤
     
    На Принцезичка1, Rama, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.279
    Пол:
    Женски
    Има многу причини заради кои некоја друга би рекла дека нема за што да се заблагодари и би ти посакала само најлошо, но јас не. Иако го немавме оној идеален однос татко-ќерка, иако многу ме имаш натажено и повредено, за многу работи не се согласуваме, ти со твојата филозофија, јас со мојата, но ти благодарам што СЕ ТРУДИШ да ме посоветуваш, да ми помогнеш, кога можеш, колку можеш. Го ценам тој труд, да, го препознавам. Каков и да си, татко си. Биди ми жив и здрав.
     
    На Принцезичка1, mira.mira, Orthophill и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.622
    Допаѓања:
    99.960
    Пол:
    Женски
    Секој ден се појасно ми е каков прекрасен, посветен, вистински татко во секоја смисла на зборот имам :hug:
    Од првиот ден кога ме гушнал до ден денес ме држи со истиот жар во прегратки велејќи ми ' ти си најдоброто нешто кое сум го создал' !
    Ми покажа како е да си татина принцеза, заспивајќи ме со приказни за добра ноќ и посакувајќи ми да бидам нечија принцеза и кога ќе пораснам, ме учеше да танцувам за кога дечко ќе ме носел на игранка, секогаш само со разговор и насмевка ме советувал и никогаш не го ни повишил гласот и ме оставил неука за што е тоа ќотек :shake:
    Велат дека ќерќите се заљубувале во некој како нивниот татко, ама таков како него нема и јас ја немав таа среќа.
    Тато ти благодарам што си мој татко!!
    Веќе 8 години ни го посвети животот целосно само нас и си ни и мајка и татко!
    И ден денес на полноќ доаѓаш и на -20 без збор.
    Не би јадел за да ми дадеш мене.
    Ништо не е претешко за да направиш за мене.
    Чест ми е кога со гордост велиш - ќерка ми!
    Благословена сум што те имам!
    Тато, те сакам!!!
     
    На Rama, Dream-Girl, poenta и 25 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.671
    Допаѓања:
    136.436
    После сите успони и падови..
    После сите кавги и недоразбирања..
    После сите непроспиени ноќи..
    После сите нервози предизвикани мнозинството од тебе..
    Треба да ти се заблагодарам што ми дозволи пак да бидам твојата мала ќеркичка.. кога пред 5 години сите мислеа дека таму е крајот..
    Ти благодарам што ме научи да бидам тоа што сум..да се однесувам како што се однесувам, да размислувам како што размислувам..можеби направи копија на себе, но тоа не ми смета бидејќи го сакам оригиналот:l:
     
    На Rama, Dream-Girl, Aleksandar1212 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. plavooka lavica

    plavooka lavica Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Тато ти благодсрам што си татко каков што ни да посакаме неможеме да добиеме. Остана сам со две ќерки и три внуци и толку убаво се снаоѓаш во наше а и нивно воспитувсњање.И нив им си татко повеќе него ли дедо.Фала ти што кога и да ни е тешко мене и на дада трчаш ама буквално трчаш и тоа со сета сила. Дај боже да те направиме горд да си на нас како и ние на тебе. И да си ни жив барем до 100 години.ТЕ САКАМ ТАТИЧКО МОЈ
     
    На Rama, "Zoki", ninja35 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.526
    za nisto ic, nemam ni pricina
     
    На SummerGirl, Aleksandar1212, КикиМаус и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Драг татичко, благодарна сум што имам ваков татко како тебе..Фала ти за сите расправии, насмевки. Нашите зборови "за инает" кои ги изговараме понекогаш со насмевка, а понекогаш и со лутина. Ти благодарам што на свој начин се обидуваш сеуште да се грижиш за нас. Благодарам што работиш тешка работа и се бориш со сите сили за своето семејство. Нема да кажувам ти си мој херој бидејќи немам точен збор со кој би го опишала тоа што го имаш направено за нас. Признавам, иако помеѓу нас почесто постои лутина отколку насмевки сепак ги ценам и тие пократки среќни моменти. Те сакам и благодарам уште еднаш.
     
    На Rama, Dream-Girl, "Zoki" и 4 други им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    18.806
    Пол:
    Женски
    Tato , ti blagodaram sto si trpel vristalo kako mene ( ova mala koga bev de ]:) ) , iako imase edvaj tri casa odmor koga bese dvokratno na rabota . Ti blagodaram sto ne go fati na kloci zet ti, iako koga prv pat go fati vo nasiot dvor bevme nesozreani decista od 17 godini, i sto najnormalno si napravi muabet so nego ( dobro ne bese bas siguren deka ke ti e zet ) .Ti blagodaram sto den denes se grizis bezbedno da stignam kade i da odam :l: . Ti blagodaram sto nekogas mi zabranuvase izleguvanje do 12 , bidejki sega koga sum roditel , znam kako e da se ima dete nadvor vo ova ludo vreme ... Ti blagodaram sto si me cuval i rastel , i sto ste se trudele so majka mi da ne se raspravate pred mene i sestra mi , za da ne se plasime , i sto si me vospital taka kako sto sum vospitana . Se nadevam deka ke uspeam da bidam makar pola od ona sto vie ste mi mene , na moite deca :l:
     
    На Rama, Arthur и ninja35 им се допаѓа ова.
  18. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    2.642
    Пол:
    Женски
    ...што ме научи дека не секој е створен за да биде родител.
     
    На Rama, m.i.g, Mr. Right и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    3.098
    Пол:
    Машки
    Јас на татко ми му благодарам:
    - затоа што се грижел и се грижи за мене,
    - затоа што ме трпи и кога не сум за трпење, :)
    - најмногу затоа што и кога се караме пак се сакаме. :D
     
    На Rama, Crna Dama и Arthur им се допаѓа ова.
  20. Ordinary

    Ordinary Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    56.883
    За твојот реален оптимизам.
    За тоа што ме научи дека во секоја животна ситуација,човек треба да има најмалку план Б,во случај план А да не е успешен.
    Дека е потребно човек да излезе од својата зона на конфор, секогаш со пресметан ризик,ако сака да биде творец на сопствената иднина
    За почитување на правото на личен избор и вербата дека само јас знам што е најдобро за мене.
     
    Последна измена: 15 јануари 2017
    На mira.mira, Dream-Girl, Crna Dama и 4 други им се допаѓа ова.