Тахикардија?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Magnolija, 18 март 2010.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.589
    Може ли некој нешто повеќе да ми каже за тахикардијата?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    За тахикардијата само знам дека е забрзана работа на срцето. Може да се јави кога сме под стрес или при некоја физичка активност.
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    Или од многу кафиња, или од недостаток на сон а може и од нервоза .
     
  4. M1lA

    M1lA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Брзата срцева работа, позната како тахикардија, може да биде од преткоморите, т.н атријална тахикардија (АТ), или од коморите, т.н. вентрикуларна тахикардија (ВТ). Како најчести форми на АТ се јавуваат: синусна тахикардија, преткоморна тахикардија, преткоморни екстрасистоли, пароксизмална преткоморна тахикардија (ПСВТ), атриовентрикуларна тахикардија и други форми. Пароксизмална суправентрикуларна тахикардија (ПСВТ) е најчеста аритмија кај луѓето од сите видови тахикардии. Се сретнува кај пет отсто од населението и е многу чест клинички, дијагностички и терапевтски проблем за лекарите по општа практика и за кардиолозите. Во последните години е постигнат голем прогрес во сознанијата за причините, механизмот на појава, формите, дијагностиката и за терапијата на тахикардијата. Причините за појава на оваа тахикардија се многубројни и до денеска не се целосно познати. Таа може многу често да се појави и кај луѓе што се со здраво срце, кај деца, возрасни и кај постари луѓе. Понекогаш се појавува по поголемо физичко оптоварување или по стресна состојба, кај лица што прекумерно консумираат алкохол и кај пушачи, но и без посебна причина. Нападот на тахикардија почнува нагло и нагло престанува, а обично трае неколку саати. Брзината на срцевата работа се движи од 140 до 240/мин, а обично 170 до 220/мин, при што срцевиот ритам е сосема регуларен или може да варира 1 до 2 удара во минута. Меѓутоа, пристапи на атријална тахикардија често се јавуваат и кај лица што имаат структурни промени на срцето, воспалителни промени на срцевиот мускул, коронарна артериска болест, кардиопатии и кај други болести. Може да се јави и како последица на токсично дејство на дигиталис и под дејство на други лекови. Во механизмот на појава на ПСВТ има повеќе фактори. Најчест механизам на ПСВТ е воспоставување скратен пат (кружен тек) на влез на импулсите, кои може да потекнуваат од прекубројни удари, т.н. екстрасистоли од преткоморите, кои во коморите поминуваат преку атриовентрикуларниот јазол, како и во комбинација со блокада на соседните спроводни патишта. Алтернативен механизам за појава на ПСВТ е абнормален автоматизам, а поретко и електрични импулси што иницираат брз ритам. Во создавањето на кружниот тек на брз ритам може да биде вклучен и главниот водител на срцевиот ритам, т.н синусниот јазол и преткоморите, со некои помошни патишта, кои се среќаваат кај 1/3 од пациентите што имаат ПСВТ. Секоја година во САД се раѓаат 2 до 3 живородени деца, на 1.000 новородени, со помошни патишта што се одвоени од нормалните патишта за спроведување на импулсите кои предизвикуваат тахикардија. Околу 90 отсто од болните што имаат пристапи на тахикардија имаат еден од гореопишаните механизми. Постојат повеќе форми на преткоморни тахикардии. Синоатријална тахикардија, која се јавува постепено и постепено се губи и прекинува, со брзина до 120/мин, а ретко се јавува кај деца; интраатријална тахикардија, која нагло се јавува и нагло престанува; АВ нодална тахикардија, која е предизвикана од постоење на два пата на движење на импулсите, брз и бавен пат, која често се појавува и кај деца. Пациенти што имаат пристап на АТ може да имаат појава на симптоми во вид на палпитации - срцебиење, вртоглавица, градна болка, отежнато дишење, општа премаленост, вознемиреност, но ако нападот трае подолго време, со часови или со денови, кај пациентите се појавува чувство на отежнато дишење,менување на температурата(покачување и снижување) глад за воздух, стегање во градите, а често се појавуваат и знаци на срцева слабост, кога е потребно итно запирање на тахикардијата со примена на антиартимични лекови или електротерапија.
     
    На tropix4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Blackberry

    Blackberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    11
    Јас имав напад на тахикардија, ми ствија инекција и ми беше подобро но не можев да дишам првилно.
    Тахикардијата е последица на нервоза,или стрес кој е потиснуван јас немав причина така беше ненајдено ама најверојатно нема причина за паника ако ти се случило и ако сега ти е подобро. :)
     
  6. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    А може ли од цигари да се јави тахикардија?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.280
    Допаѓања:
    81.676
    Пол:
    Женски

    Може.
     
  8. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    Мене понекогаш ме боцка таму на левата страна баш кај што се наоѓа срцето и не знам пто е, сите викаат дека е тоа мускул ама не знам, страв ми е.. сега кога бев настината ме болеше и од позади на грбот ама сега веќе не, страв ми е за ова боцкањава, јас порано како помала имав една многу јака тахикардија, траеше околу 20тина минути, пола саат максимум, и од тогаш ми се има појавено два три пати пак, ама не толку долго, ми рекоа дека ми е од пубертетот или од стрес, сите испитувања ги правев, ми рекоа со срцето дека се ми е у ред, ама тогаш не пушев цигари, и сеа за ова боцкањево не знам од што е особено кога земам воздух знае да ме пресече по некогаш, страв ми е да не е срцето. му се има ли на некој друг ова случувано да осеќа како боцкања на левата страна под градата? :|
     
  9. babyblue

    babyblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    12
    јас го имам овај проблем страшно ме нервира ама сето е на нервна база да знаеш! болката што ти е позади грбот можи да ти е ако си била поднастината или исто на нервна база. а тоа што осеќаш како боцкање не е ништо друго туку поради некој внатрешен немир, нервози, стрес, ако си под притисок .... мене ако веруваш некогаш кога сум под стрес цела лева рака ми се здрвува, ја осеќам како укочена. можеш да пиеш витамин Б6 3х2 , ама за секој случај консултирај се со матичниот доктор.позз и гледај да не се секираш по многу :*
     
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.589
    Сестра ми има тахикардија. Моите велат дека е од нервоза и дека јас сум крива што она ја има оваа болест. ;(
     
  11. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Моламммм?????Ти рекле дека ти си крива за нејзината болест?!Свашта....
     
  12. Aries90

    Aries90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Бог да чува! :o
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Немој да чувствуваш грижа на совест. Ти сигурно не си единствената која ја нервира сестра ти. ;)
     
  14. Zocuska

    Zocuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    1
    da mozi iii toa e mnogu cest pricinitel
     
  15. ma4enceEdno

    ma4enceEdno Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    460

    Lele i ja go osekam istoto me bocka nesto, me stega na levata strana i mnogu me plasi. Celo vreme si mislam gotovo infarkt e ova, deka mi e slabo srceto i dr. gluposti. Pusev cigari i mislev deka mi e od toa, no ne pusam edna godina veke i go osekam ponekogas toa pak, namaliv i so kafinja po edno u den do dve max pijam. Provereno mi e 3 pati na ekg srceto i ednas bev na eho mi rekoa deka ne e nisto strasno i deka moze da se custvuva toa pri nervoza , stresovi , alkohol , promena na vremeto. Na 2-3 pati od so mislam celo vreme lele srceto , pocnuva da mi cuka brzo duri do grloto mi ide mislam ama toa trae kratko 5-10 min max . A da i koga ke zemam vozduh naednas znae da me presece taka ama poise milsam deka go osekam od so go mislam celo vreme. Pa duri mi e strav da spijam na levata strana ( skros zabegav od stra) kako da pocnuva da me bocka koga spijam taka. Neznam dali e normalno toa ??
    Maticniot mi rece da pijam b6-bedoksin ama ne osekam nesto podobruvanje od niv. Inace imam 20 god i bas mi e cudno sto uste sega osekam nesto vo vrska so srceto :(
     
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    168
    истиот проблем го имам и јас,понекогаш срцето толку забрзано ми чука што мислам дека ќе паднам тоа ме држи така околу 5 до 10 минути,бев на доктор и ништо не ми рекоа само демек од стрес е и ништо повеќе
     
  17. Krusata

    Krusata Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    мене скоро секогаш кога ми се појавува е кога се смеам ( затоа што се смеам и неможам да земам воздух буквално рикам) или некогаш од нигде никаде да лежам и почнува да ме стега и да неможам да дишам

    а иначе тахикардија е и забавено чукање на срцето ( нерамномерно чукање на срцето )
     
  18. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    2.549
    Допаѓања:
    12.953
    Забавено чукање на срцето се нарекува Брадикардија
     
  19. tRiNkErBeLl

    tRiNkErBeLl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите,

    тахикардијата не е воопшто проблем што треба да се занемари. Мене лично ми се имаше случено три - четири пати до пред година дена и се баш така или бев препушена цигари или се смеев многу јако или пак бев под стрес. Минатата година ама ме фати тахикардија два пати во еден месец со времетраење од по еден саат -- мислев дека срцето буквално ќе ми изрипа од градите, не можев да дишам, да зборувам, ниту да се движам, а после извесно време престанав да си ги чувствувам и рацете и нозете -- беше престрашно, затоа што навистина мислев дека ќе умрам. За некоја среќа ете, баш тој период бев во странство и ме однесоа во болница, каде што ми направија секакви тестови да се уверат дека немам некој дефект на срце и после една недела тек ме пуштија со дијагноза WPW-синдром. Тоа значи уствари дека имам екстра „врска“ во срцето која предава нешо како импулси во вид на струја, т.е. му кажува на срцето дека треба да чука. Е сеа коа ќе се активира оваа врска, срцето започнува да чука два пати посилно затоа што добива два сигнала и по извесно време се случува нешо као „зациклување“ т.е. потребно е некако да се прекине вториот сигнал за да прекине тахикардијата. Не е ништо страшно, ама потребно е да се земаат лекови поради фактот што таа е непредвидлива и може да се случи секогаш, а поради слабото снабдување со кислород на мозокот може да се случи да се изгуиби свест. Инаку и јас сум била на лекар кај нас и се тоа го кажуваат они : стрес, цигари, алкохол, што ти знам и дека е нормално. Да, таа може да се јави како последица на сето ова, но тоа не значи дека кај сите луѓе е така. Кај нас се се дијагностицира без тестови. Така да, моја препорака е да се проверете детално пред да одлучите дека е нормално. Се надевам дека кај вас е само последица на некој оваков фактор, ама би сакала и мене некој да ме информираше претходно дека постојат и други причини за тахикардија освен овие -- така барем ќе го иѕбегнев целиот стрес.

    Поздрав :*
     
  20. zagrizena23

    zagrizena23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    0
    zdravo na site.I jas vejke nedela i nesto custvuvam na levata strana nazas nekoja bolka i koga lezam na grb i napred kaj srceto potocno povejke nakaj miskata.Ne znam dali e od nepravilnoto spienje ili od nekoja nastinka promena na vreme i sl.Site mi velat deka e od toa no mene me fajka strav da ne e nesto so srceto imam 23 god i si vikam nee e mozno toa no blagodarenie na mediumite stravot na site mladi za se ni e vlezen vkoski barem mene toa mi se slucuva za se se plasam.A ored mesec bev kaj maticnata me pregleda mi go naslusa srceto i ekg mi napravi i se bese vo red e dali ova mi se pojavi poradi promena navremeteo ne znam.Pa sakav da vidam i kaj nekoj od vas dali se ima pojaveno nesto slicno a dali bi se podobrilo da odam nekade na masaza?sto sovetuvate?