1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајните и чудните навики на хороскопските знаци

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Dream-Girl, 15 декември 2018.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Овен
    Мотото на Овните е едноставно: Ако можам јас, можете и вие. Тие немаат време за луѓе кои отстапуваат. Делуваат импулсивно и никогаш не губат време. Нивниот менталитет ги тера секоја обврска да ја завршат најбрзо што можат. Овните тешко се вљубуваат бидејќи според нив, довербата треба да се заработи. Кога сакаат нешто, го добиваат тоа. Одлучно се движат кон нивната цел и ништо не може да ги спречи.

    Бик
    Биковите се стабилни, но ако ги предизвикате можете да се соочите со вистинска бура. По природа овие луѓе се опуштени и трпеливи, и потребно е многу за да ги разгневите. Никогаш не се откажуваат од нивните цели и ретко го менуваат мислењето. Како партнери тие се верни, а ако ја изневерите нивната љубов, ќе станат ладни и недостапни.

    Близнаци
    Близнаците се луѓето кои најмногу се грижат, но ретко го покажуваат тоа. Никогаш не се оптоваруваат со тоа да остават добар впечаток бидејќи знаат дека вистинските луѓе веднаш ќе ги препознаат. На сите нешта им пристапуваат рационално и не им дозволуваат на емоциите да владеат со нивните одлуки. Близнаците можат да направат сè што ќе замислат.

    Рак
    Раковите секогаш се овде за саканите, дури и кога не се во најдобри односи. Никогаш нема да ја одбијат личноста со којашто се поврзани. Доколку се расправаат со сакана личност, целиот ден ќе мислат на ситуацијата, односно додека не се реши проблемот. Понекогаш кога се гневни сакаат да игнорираат. Сепак, секогаш ќе бидат ваше рамо за плачење и веруваат дека сите луѓе можат да се променат.

    Лав
    Понекогаш е тешко да се справите со Лавовите и мора да бидете подготвени за предизвик. Ако сте слаби, ќе немате шанси. Со Лавовите има само еден начин, а тоа е нивниот. Доколку ја повредите нивната гордост, веројатно ќе ве избришат од нивниот живот. Кај нив нема игри – она што го гледате е и она што ќе го добиете.

    Девица
    Девиците ги ценат малите нешта кои обично поминуваат незабележани. Тие се прецизни и педантни, а кога ќе ветат нешто си стојат на нивниот збор. Организирањето им е силна страна и нивните планови се разработени и до најситниот детаљ. Доколку добиете критика од Девица, тоа не значи дека не ѝ се допаѓате. Тоа ѝ е начин да ви покаже дека се грижи за вас. Кога нештата не одат по план, Девиците се повлекуваат и наново ја проценуваат ситуацијата.

    Вага
    Неодлучните Ваги сакаат секоја ситуација да ја претворат во расправа. Доволно се зрели за да признаат кога грешат, и доволно се силни да ги исправат тие грешки. Вагите не избрзуваат од заклучоците и потребно им е време да ја донесат вистинската одлука. Тие секогаш се борат за она што го сакаат.

    Скорпија
    Скорпиите мислат дека знаењето е моќ. Поради ова се чувствуваат како да изгубиле дел од моќта кога ќе споделат нешто лично за нив. Тие се лојални партнери и пријатели и знаат како да им угодат на другите. Ако ги лажете, ќе платите за тоа. Знаат како да ја извлечат вистината од секого. Подготвени се да жртвуваат многу за одмазда, па бидете внимателни.

    Стрелец
    Стрелците секогаш живеат на работ. Тие ги сакаат возбудите и новите искуства, па кога нешто им изгледа интересно никако не го пропуштаат. Стрелците не се извинуваат за нивното мислење и сметаат дека доколку не можете да ја поднесете нивната вистина, не би требало да бидете пријатели. Овие луѓе ќе направат сè за нивниот партнер кога се вљубени.

    Јарец
    Јарците имаат мал круг на пријатели. Гужвите им предизвикуваат драма што сакаат да ја избегнат по секоја цена. Доколку се почувствуваат издадени, тешко простуваат и забораваат. Малку е потребно за да ги усреќите Јарците. Тие имаат голема верба во себе и во нивните способности. Не постои нешто што овие луѓе не можат да го направат.

    Водолија
    Водолиите им дозволуваат само на неколку одбрани луѓе да им се приближат. Тие се независни и си го живеат животот по нивно темпо. Навистина сакаат да ги едуцираат луѓето кои се убедени дека знаат сè. Ексцентрични се и понекогаш ги шокираат другите. На Водолиите најважен им е квалитетот, а не квантитетот. Сакаат автентичност и ги презираат копиите. Тие секогаш наоѓаат решение и никогаш не се жалат.

    Риби
    Рибите простуваат, но никогаш не забораваат. Кога се вознемирени, немојте да се шегувате на сметка на нивните проблеми. На Рибите им е потребна поддршка и нема да им се допаѓа ако сте незаинтересирани. Тие сочувствуваат со сите и би направиле сè за да помогнат некому. Рибите имаат големо срце и ако ја заслужувате нивната љубов, тие се подготвени на секаква жртва за вас.



    Ја сум девица и за мене е ептен точно напишаново. Критичар сум, прецизна и ептен педантна. Кога ќе кажам и намислам нешто мора да биде така. :D А и ако се грижам за некого, приметувам ситници, па ептен станувам критична во обид да им помогнам да се поправат. :D
     
    На Peperutce1115, your-girl.-.friend, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Точноо :D кога сакам некого , спремна сум и да го пуштам ако тој некој тоа го бара од мене . Никогаш не се извинувам за она што го мислам . Без пардон стојам зад моите ставови . И авантурист сум . Голем . Не ми треба куфер , само пари , телефон и цигари и спремна сум за одење било каде :D .
     
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Ова со Биков т.с волов ми погодиле:D
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Лав
    Понекогаш е тешко да се справите со Лавовите и мора да бидете подготвени за предизвик. Ако сте слаби, ќе немате шанси. Со Лавовите има само еден начин, а тоа е нивниот. Доколку ја повредите нивната гордост, веројатно ќе ве избришат од нивниот живот. Кај нив нема игри – она што го гледате е и она што ќе го добиете.

    Што не е јасно, ние ја носиме круната на глава цврсто.
     
    На Ники., honey.11 и John Snow им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Тоа е тоа8)
     
    На honey.11 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.139
    Допаѓања:
    25.085
    Пол:
    Женски
    риба точно погодиле се 8)
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.126
    Допаѓања:
    43.688
    Пол:
    Женски
    За рак се согласувам.Многу сме емпатични.Да има некој проблем ќе го рачунам како мој..
     
    На cresa-jagoda и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    52.590
    Пол:
    Женски
    Риби. :l:
    И точно е навистина, барем за мене. :D
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.985
    Допаѓања:
    261.064
    Таа сум 8)
    Наоѓам решение, ама и кукам меѓувремено :)
     
  10. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Ретко давам збор, ама затоа го чувам до гроб :$:angel:
     
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    По навика читам хороскоп.

    Ствар што годинава ми е на to do листата за промени. Тотално не верувам и не се согласувам со ништо наведено.

    Знаете и вие сами..не треба некој да биде атеист за по пат на логичка дедукција да сфати како планетите не можат да имаат било какво влијание врз вас, особено не енергетско - езотериско/мистично.
    ,,Ама изградени сме и ние и светот од планетарни соединенија на молеколуларно - атомарно ниво"..Yup, пред катаљарда години, и тоа нема никаква врска со животот кој еволуциски следувал. Особено не со животот денес. Сите го знаете ова. Не се забавувајте со лажни играчки..
     
    Последна измена: 19 декември 2018
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Јарец :rock:

    Јарците имаат мал круг на пријатели. Гужвите им предизвикуваат драма што сакаат да ја избегнат по секоја цена. Доколку се почувствуваат издадени, тешко простуваат и забораваат. Малку е потребно за да ги усреќите Јарците. Тие имаат голема верба во себе и во нивните способности. Не постои нешто што овие луѓе не можат да го направат.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Фмп. :makeup:
     
  14. Ники.

    Ники. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Така е (y) :D
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас сум лав во хороскоп...но овде никаде не прочитав кои се моите тајни и чудни навики:?:
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Точно така (y) (y) (y)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Рак
    Раковите секогаш се овде за саканите, дури и кога не се во најдобри односи. Никогаш нема да ја одбијат личноста со којашто се поврзани. Доколку се расправаат со сакана личност, целиот ден ќе мислат на ситуацијата, односно додека не се реши проблемот. Понекогаш кога се гневни сакаат да игнорираат. Сепак, секогаш ќе бидат ваше рамо за плачење и веруваат дека сите луѓе можат да се променат.


    Охооо се е точно до збор :D
     
    На Heartagram му/ѝ се допаѓа ова.
  18. your-girl.-.friend

    your-girl.-.friend Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.427
    Пол:
    Женски
    (y):D:D
     
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Апсолутно се согласувам со се од напишаното.

    Уште имам да кажам дека биковите се доста самокритични, мразат неодлучност, неодговорност и недолично однесување. Знаат да бидат љубезни и кротки, но тоа не значи дека со нив може да манипулирате. :)