1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Таљатели - италијански рецепт

Дискусија во 'Рецепти' започната од Elinora, 14 август 2020.

?

Дали имате правено домашна паста?

  1. Да

    44,4%
  2. Не

    55,6%
  1. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Идеи за спремање на таљатели, (омилени во моето семејство), сосеви и намирници кои одговараат со истите.
     
  2. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    1. Се замесува тврдо тесто од 500гр брашно и 5 средно - големи јајца.
    Јајцата се додаваат едно по едно.
    Тестото се меси пола час, се остава завиткано во стреч фолија да одмара 20 минути во фрижидер.
    20200813_130822.jpg
    2. Се сече на 5 отприлика еднакви делови и се расукуваат со помош на сукало на најтенка дебелина со додавање на брашно по потреба.
    20200813_130933.jpg

    3. Корите се виткаат во ролат и се сечат на тесни парчиња.
    20200813_132020.jpg

    4. Се отвараат парчињата таљатели и се остават на побрашнета подлога за понатамошна подготовка.

    - Варењето е класично во зовриена солена вода 5-7 минути -

    Во прилог се нашите со сув вргањ и сос од путер и лук.
    20200813_205439.jpg
     
    На LivingGlam, hermosa, Bezimenka90 и 25 други им се допаѓа ова.
  3. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    65.478
    Пол:
    Женски
    Како ги чуваш тие што ке ти останат? Се замрзнуват?
     
    На Elinora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Сосови за таљатели.

    На масло се пропржува лукче, се додаваат ситно исецкани тиквички, се пропржува, се додава доматен сос и зачини по вкус ( јас секогаш ставам и морско оревче, бидејки истото се вклопува во секоја паста совршено, магданос, бибер, вегета)
    Се остава да покрчка.


    Друг сос
    Се пропржува кромид, се додава една туна, и доматен сос, зачини по желба од горенаведените и прокрчкува.

    Сос со филаделфија

    Во врелите и скоро исцедени таљатели (скроз малку малку водичка да има останато) се става филаделфија и се размешува со што автоматски се топи од жешките тестенини, се додаваат зачини по вкус
    Јас ставам плус пршута пропржена со масло за подобар шмек.

    Исто така можете да изблендирате спнаќ заедно со филаделфијата и малку вода превкусно е за љубители на спанаќ масло и зачини сосема океј.
    Истото се прави и со тиква.

    Сосовите со филаделфија ми се врв.

    Исто така можете да пропржете кромид лук па да ставите зеленчук каков ви се наоѓа (грашак печурки пиперки модар домат тиквички) и да додате доматен сос и да пропржите исто со зачини.

    Исто и со пршута да пропжете на оган со масло па да додаете доматен сос и зачини или пак пушено месо.

    Се е превкусно.
     
    На Elinora и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  5. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    3.643
    Пол:
    Женски
    Да не треба да се сушат како домашни јуфки:?: нека пиши баш и мене ме интересира. :nod:
     
    На Elinora и SofiMar_ им се допаѓа ова.
  6. Tetrapak

    Tetrapak Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.384
    Пол:
    Машки
    Значи не мора да ги замрзнувате или да ги сушите ко јуфки боже господе. Соодносот е едно јајце на 100 грама брашно, за еден нормален оброк е доволно 100 грама што значи за четворица треба 4 јајца и 400 грама брашно
     
    На Elinora му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    А јас сум неинформирана, или таљатели и јуфки е едно исто? :D Оти од мое искуство таљатели на локалците во Италија им значеше сосема истото како сите ние што правиме јуфки дома во Македонија. Или јас нешто пропуштам?
     
    На Elinora и flower55555 им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Резанки од јуфки.
    Само името му е големо. :D
     
    На Elinora и Celltica им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    А добро, кај нас јуфки се вика готовото исеченкото спремно за варење, баш ова што италијаните го викаат таљатели, а другото го викаме само кора :D Значи, јуфка кај вас е целата кора?
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Исто му доаѓа, само што италјаните сакаат да претеруваат.
     
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Јас имам читано дека може и без јајца да се праат
     
    На Elinora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Да де, итаЉаните виделе од нашите баби како прават јуфки и си рекле ај и ние, ама ќе им ставиме фенси име таљатели пошто сакаме да претеруваме.
    Дај опрајте се луѓе.
     
    На hermosa, SofiMar_, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Имаш јадено? Јас да, не ми се уау, разлика нема.
    Исто и пиците ги прават катастрофа.
    Јадев во ресторант неколку пати зажалив за тие евра дадени.
     
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    @Avery Италијаните биле окупатори во дел од Македонија во втора светска војна и имаме италијанско влијание од тој период во однос на тестенините и начинот на правење, во тој период ги имаме "преземено" :) Јасно е дека е обратно. Само ме чуди зошто членкиве пишале дали се сушат како јуфки, кога впрочем таљателите се јуфки. И таљателите ги сушат, сосема истиот начин е како дома што правиме. Зборувам на подготовката на тестенината, не на сосовите.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Твојов муабет ми звучи како на еден мој роднина, дека Италијаните ја измислиле пицата, ама Македонците ја усовршиле. Хахах да, секако! Ама човекот си сака тесто на кое има наредено се што се имало во фрижидер + јајце+ кечап и мајонез одозгора. За Италијаните ваквата “ пица” е неприфатлива.
    Таљателите како тестенина се на некој начин јуфки, но кај нас се јадат преварени со сирење и јогурт за доручек, а додека во Италија начинот на подготовка и конзумирање е сосема поинаков. Јас лично наши јуфки спремени на традиционален начин не јадам. Таљатели со сос, јадам и те како.
     
    На Purplelilac, mkdvesna и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Последниот пат кога јадев таљатели ми беа суви, со фунги сос.
    Пицата шо ја јадев првиот пат едвај моцарелата се осеќаше и некој си доматен сос.
    Вториот пат кога отидов во друг ресторан имаше печурки, ми беа киселкави, ваљда до вкус е.
     
  17. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.133
    Сестра ми кога беше во Италија, ич не им ги сакаше пиците, а исто така и тестенините.:D Рече нашите пици биле поубави.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Тоа зборам, само голема фама се крева.
    Дека имаат убава храна имаат, ама не е се таму убаво.
    Јас сум гурман и сакам се да пробам. Ама некои работи едноставно не ми се допаѓаат.
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Веќе одиме оф топик, ама ајде уште ова. Пиците не им се свиѓаат зошто се навикнати на искомерцијализирана америчка верзија на пица. Во Италија се пробува пица и тестенини во мали off the grid ресторанчиња, каде многу е веројатно се да е локално и домашно, зошто на големи туристички места не е тоа тоа. Јас бев фасцинирана од обични сосови за тестенини, едноставни како путер и лук со малку зачин, а пиците беа врв. Е сега не е тоа што ние сме навикнати да го јадеме како пица. Зависи и од вкус секако.
     
    На Avery, mkdvesna, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Амин за напишаното!
    Ниедна mac and cheese паста не може да ми ја замени aglio,olio e peperoncino, наједноставната паста на свет.
    Уште ова, и верувам се одјавувам од темата, италијанската кујна не е само пица и паста. Ова се само најпрепознатливите традиционални јадења.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.