Кога одев на училиште мојата ташна речиси секогаш тежеше околу 5кг. Затоа ја искривив кичмата, па одев на редовни вежби. И ден денес гледам малечки, ситни дечиња, кои носат ташни дупло поголеми од нив. Наводно, учителките ги тераат да носат многу книги, работни листови, тетратки итн. Што мислите околу оваа `појава`, околу која никој ништо не превзема, а секако дека е штетна по развојот и растот на самите дечиња.
Има едно решение сите книги да им стојат во училиште.Од тие книги ќе учат дома во работна ќе пишуваат и готово.А не ова в забавиште земало ранец 3х поголем од него и оди па што ќе му каже рбетот на тоа дете.Ама не се опаметуваат тие уште часови даваат изборни некои што никогаш во живот нема да ги сретнеш.Што е многу многу е треба да се напраи некој протест
Во целодневна ги носат само во понеделник и петок, бидејќи книгите само за викенд им се дома. Многу е тежок ранецот, па некој возрасен го носи, не детето. Всушност, на тркалца е, ама сеедно, училницата е на спрат.
Поглупаво правило од тоа децата да мораат да ги носат ранците секој ден со 10 книги внатре, мислам искрено дека нема. Во основно јас не учев целодневна така што секој ден одевме со ранци и тоа, ако не носиш книга по предметот наставничката лом те прави. А имаш да речеме 6 предмети тој ден, книга, работна книга, тетратка, па плус ако имаш ликовно и физичко тој ден, смрт. Ранецот мене искрено ми тежеше барем 7 кила ми се чини, не за џабе после морав да спортувам нешто за да се подисправам. Имавме шкафчиња но сите ги отвораа, а книгите тогаш не беа бесплатни така да да ми украдеше некој книги од по 400 денари ќе беше стварно загуба! Апсолутно треба да им се обезбеди на сите учениците без разлика дали се во целодневна или класична, да си ги оставаат книгите некаде во школото, дали во онакви масички со фиоки, шкафчиња, било каде. Премногу е глупаво и банално дете од 10-11 години, па и помало, да носи на грб 7-8 кила, плус блокови, плус опрема за физичко, плус не знам ако си носи и ранче со храна, на што личи тоа, на товарено магаре. Тоа се деца во развој, кај и онака се цел ден пред компјутер ни се движат ни спортуваат, барем да не мкнат толку тешки ранци.
Јас одев во целодневна настава, и само понеделник и петок имав или имавме обврска со моите да ми ја шлепнат ташната до горе, пошто училницата ми беше на спрат. Мислам дека тоа беше одлично, имавме посебна просторија со шкавчињата каде се чуваа ташните, ама нашето одделение немаше, и ташните се чуваа на столче. И не памтам дека некој нешто украл, освен еднаш кога имаше масовна кражба во нашата училница, но украдоа ДВД, еден ранец и завеса. Стварно е незгодно да носиш ташна од бог знае колку килограми, и тоа мало дете да се скичми носејќи ги дома, посебно што имаат по 6-7 часа, ајде ќе се погоди некој ден блок часови, арно ама ги малтеритраат со книги, работни, па помагала, па голема тетратка за домашно, другата за на час ... Кога ги гледам во автобус децана рушат све пред себе, идат они напред, позади нив 5 минути им касни ранецот, натоварени ко за на берба, страшна работа!
Ние сме прваче ( нулта група) и ташна не носиме.Целиот школски прибор и книгите им седат во школо.Носат само ранец со вода и доручек.
тема која ја мислев додека одевме во градинка а поминувавме покрај двор од едно училиште. А и сезона е на училишна припрема многу има нови мајки чии деца стартуваат првачиња. Па како родители ајде да подискутираме на оваа тема која не засега бидејќи станува збор за проблем кој на крај го зафаќа здравјето на нашите деца
не е некако многу? Јас ко одев на училиште по еден предмет носев и учебник и работна тетратка и тетратка за домашна работа и училишна тетратка. Башка за други предмети. Башка ќесе со боици моливи о се такво и прирачници патиките за физичко.... И си фатив кифоза. Е сега ќе ми извинат учителките ама освен учебник и училишна тетратка и ќесе со по еден молив гума и острилка друго не ставам.
Веројатно прваче имаш и не знаеш колку книги има. Математика имаат три учебници во прво . Ај од прво пишуваа во една тетратка, ама потоа во две. Училишна и донашна. Природни науки работна и учебник, тетратка и блок за скицирање. Англиски книга и А4 тетратка.Општество учебник и тетратка. Ликовно блок, прибор, некогаш штичка и пластелин, македонски книгата е над 100.Нашата учителка ни ја чуваше работната на школо во прво, ама натаму веќе носеа се. Значи на пр во трето по природни носеа учебник, раб тет, тетрарка, блокче. Другарче, тетратка по одделенски во пон. Општество учебник и две тетратки, да не редам ќе видиш. Најдобро решение според мене е шкафче ама тоа повеќе одговара на целоднњвна настава. Премногу е а нема потреба од толку. Ама кога не ме ставаат министер за образование, што да прајме . Мала шала но стварно имам многи идеи за образованиево, а и тоа учев
Баш ова дома го дискутиравме пред неколку месеци, брат ми на 10г колкав тежок ранец носеше, па плус техничко куфер, па плус ликовното, па физичко опремата... Имаат преку 7часа и огромни книги уште од многу мали, па и тетратки огромни, па и што се не им бараат по школо да поседуваат. А книгите се безврска, никакви, беспотребно ги прават толкави со милион слики и страни, а ништо посебно од тоа не се корисни информации. Треба големи реформи, не може јас во средно во 4та да имав само 3-4 книги на ден за носење и мали тетратки, бидејќи не ни бараа огромни како во основно што бараат, да биле со вакви корици, онакви корици и да ми е полесен ранецот од дечиња на 7-8-9-10годинки..Нема логика.
Премногу работи има за носење. Јас од тешки ранци грбот си го искривив. Затоа единствен спас е ранец на тркалца.
Моето дете сега заврши прваче и апсолутно се согласувам дека им беа претешки ранчињата.Среќа секој ден што мораше се некој да го носи и зима па нормално ние им ги носевме али како и да е и за првачиња е премногу книги носење секој ден . На пример ете математика мораа да ги носат двата учебника зашто наизменично работеа од двата
па и јас тоа го велам. Или ќе ми кажуваат за наредниот час што им треба или ќе праќам дете со една тетратка и моливче,ама уво нема да ми трепне. Важно ми е здравјето на детето не сакам да киснам по болници и ортопеди за нешто што не е потребно,или како што кажа една членка погоре решение е ранче со тркалца.
Како што е измешана програмата (Кембриџ) дури ни наставниците ако однапред не видат нема да знаат во кој дел математика ќе се работи за следниот час. Македонски и математика има секој ден во неделатаз општество еднаш,природни науки 2 пати,англиски 2 пати. Во договор со наставничката ќе најдете соодветно решение. Најдобра солуција ранец со тркалца.
Во прво одделение не. Им кажуваше учителката кој, број да носат ама од второ натака мораа сите три и плус тетратки зашто измешано учат. Сето ова се последици од Кембрџ програмата.која реално е ок, но нема услови за во нашиве школи. А ранците со тркала за на школо се мали, бар ја не сум видела поголемки училишни ранци со тркалца. Во прво таков носеше син ми но на крај го гледам излегува и на рамо ставен. Зашто сите така носеле. @marchi-cool верувај сега така мислиш, пак ќе ставаш се што му треба и ќе препроверуваш дали има, оти нема да му е убаво само тоа да нема учебник или тетратка.После се чудиме оти децава искривени вакви такви, нашиве еве големи се па родителите од врата им ги зрмаме ранците. Стварно се греота.
Ранче со тркалца е вистинското решение. Нема да му направите услуга на детето ако го испраќате само со една тетратка и моливче. Не оди на училиште само за да се прошета, туку и да научи. А учебниците и останатиот училишен материјал и те како му се потребни.
Имам внука 4то одделение. Никогаш не сум ја видела со книги натоварена ко што се пишува тука. Па и најчесто децата веќе одат во целодневна, па книгите не ги ни земаат дома во текот на неделата. Не гледам потреба од тоа се да носат во школо. @Sofi.ja знам дека учат измешано, што е голема глупост (за мене). Пак не е тоа оправдување сите книги секој ден да се носат во школо. Не е можно сите да им требаат.