1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тежнеење кон совршенство

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 25 април 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Самиот наслов е јасен.
    Сите знаеме дека не постои совршенство а сепак го бараме, односно тежнееме кон него.Секој сака да се доусоврши во одредени сегменти, но дали тоа го правиме за себе, или понегогаш тоа го правиме за да бидеме "совршени" во туѓите очи? Тежнеењето кон нешто, што по природата не е човечно, а сепак максимално ние како луѓе се трудиме свесно/несвесно да го демантираме тоа, колку вие тежнеете кон таквото совршенство, дали за одредени работи барате "совршенство"? Или пак совршенството не е интересно?
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Искрено сум тип на чоек , што приближно барем сакам да ми биде се совршено, односно онака како шо сум замислила.

    Совршеноста ко поим не е универзална, е индивидуална работа.
    И искрено да, се борам у секој сегмент да ми е се совршено , се под контрола и перфектно ко шо треба.

    Можда ке го достигнам оној највисокиот степен до совршенството, а можеби и не, ама ми се свиѓа самата игра околу тоа работите да ги направам совршени.

    Исто така, верувам дека и за во една врска па и за брак си постои една совршена идила. Ама тука више спаѓаат и др нечии интереси зарем не?

    Значи она индивидуалното, верувам дека може да се постигне.

    Али прашањето е колку подоцна кога би го достигнале совршенството би биле навистина и совршено среќни и задоволни со она совршеното што сме го псотигнале ?

    мене тоа и ме плаши, дека и да го постигнам тоа, нема да бидам совршено среќна.
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сите сме свесни дека ништо што е реално не е совршено. Сите како личности си имаме свои недостатоци што не прави несовршени. Воопшто не ми се допаѓаат личности кои се сметаат за совршени т.е дека се што тие прават е најдобро, најреално, најсовршено :x аууу па не сте не ќе ни бидете совршени. Кога правам нешто или кога работам не се трудам да биде совршено. Тоа е невозможно. Сакам само да е добро сработено и да добијам позитивни мислења и критики за сработеното. Ако станува збор за карактер на личноста тогаш сите сме најнесовршени суштества. Понекогаш многу ги сакам тие недостатоци и маани кај луѓето. Не мора некој да е најубав, доволно е да има смисла за хурмор и добра душа за да привлече внимание. Кога некој ќе се заљуби во таквата душа за него тоа е совршенство. НИКОГАШ НЕ БАРАЈТЕ НЕШТО ШТО Е СОВРШЕНО. ЗАСАКАЈТЕ ГО НЕШТОТО/ ЛИЧНОСТА КАКВА ШТО Е И ЗА ВАС ТОГАШ ТОА ЌЕ БИДЕ СОВРШЕНСТВО. :*
     
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Неможеме да кажеме што точно е совршенство.За мене тоа е едно...но за тебе друго.
    Јас лично сакам да бидам совршена,ама јасно ми е дека никој не е совршен за сечии очи. :)
    Ако не совршена барем блиску до најдоброто.Па ако сите сме совршени,нема животот да биде интересен се ќе ни биде на готово и се ќе имаме. ДОбро е кога се трудиме да постигнеме што повеќе и повеќе. ~
     
  5. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Господ е Љубов. Тоа е апсолутно совршенство. Ако не се трудиме да бидеме подобри , ако не се усовршуваме тогаш нема смисла животот , ако нема прогрес тогаш се е напразно. Но не да се усовршуваме во човечките очи , туку во Исус Христос кој вели : Сакај го Господ со цело срце ум и разум и ближниот како себеси или златното правило : прави го тоа што другите сакаш да ти прават.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Човекот како битие е навистина совршен. Но се што се случува со него е навистина дел од неговата слободна волја. И како резултат на неа, тој ја изгубил таа чистота, совршеност... низ годините и животот.

    Колку пати едно малечко дете, останува неповредно од некоја случка во која му се заканува опасност по животот?!
    Колку пати е спасено на чуден начин?!
    Колку пати дури и најстрашните животни, големи кучиња, змии, волци... го оставаат неповредено, па дури и го заштитуваат?!
    Се поставува прашањето:
    Зошто???
    Затоа што неговата душа е чиста. Зашто неговото срце е бело, светло и топло. Целата природа, вклучувајќи ги и животните, сите тоа го чувствуваат.
    Тие намаат разум да размислат како луѓето, но кај нив е изразено чувството. Чувството на топлината, на љубовта.

    Совршенството на човекот се состои токму во тоа. Со Божја помош, со неговата слободна волја, со својот труд, да ја исчисти душата и да ја направи наивна, детска...и покрај нејзиното зреење и покрај нејзините години.
    Тоа е совршенството и со сигурност знам дека секој може, ако сака тоа да го постигне и доживее. Само му треба огромен напор. Најмногу телесен напор за тоа да го постигне. Да ја промени својата гревовна природа, да го нама тоа, јас. Да не греши повеќе.
    Само тогаш ќе го достигне совршенството.

    Сепак совршенството не е фикција, туку голема вистина.
     
    На Libera и stylishh им се допаѓа ова.
  7. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Јас бев блиску
     
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Во моментот кога ќе сфатиш дека не си совршена, дека имаш многу мани, недостатоци и слабости...
    Тогаш кога ќе престанеш да се трудиш секогаш да ги исполнуваш очекувањата на другите,
    и кога ќе престанеш да трчаш по недостижното... и кога ќе сфатиш дека баш како ТАКВА, многу, многу си се сакаш себе си, е тогаш си постигнала совршенство.
     
    На Hipster и Libera им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Совршенство не постои, според мене. Дури и кога мислиме дека сме блиску до него, секогаш ќе се најде нешто што не е како што треба, или што не е како што сме замислиле дека треба да биде. Никогаш не сум тежнеела кон совршенство од причина што знам дека не е остварливо. Секој си има мани и доблести, но самодовербата е клучна. Треба да се трудиме да бидеме подобри, но не по секоја цена, затоа што постојаниот натпревар со другите може и да ни наштети. Секој човек си е индивидуа за себе, со сите добри нешта и недостатоци во себе, кои всушност го прават да биде тоа што е, човек сам за себе, различен од било кој друг.
     
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    да тежнеам кон тоа, али сепак е недостижно колку и да си соврпен во еден сегмент во животот во друг нема да да можеш да бидеш, сметам дека треба да се трудиме да сме подобри а тоа да не прерасне во една болна амбиција за совршенство
     
  11. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Совршенство. Совршенство Совршенство.
    Не знам дали хороскопскиот знак ми налага да мислам така или е до мене :?:
    Сакам се` да биде совршено. И тоа совршено ме кочи во животот. Ме сопка,ме гуши,ме униши. Не сум на чисто,ако се околу мене не е совршено.. почнувајќи од мене. Се мразам дека сум страшен перфекционист и ситничар,ама посилно е од мене,никад нема да го сменам тоа.
    А совршенство не постои,и се осеќам ко во делузија. :worried:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе тажнеат по совршенство.А досега никој не бил а и нема да биде совршен.Сите си имаме свои убавини кои друѓите ѓи немаат.Некои пак мислат дека сите друѓи луѓе околу нив се совршени а само тие не се,но не е точно.Секој сам си има свои добри страни кои го прават совршен сам за себе...
     
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не се замарам,каков сум таков сум,најубав сум,поздрав
     
  14. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Совршентсво не постои! Бидејки секогаш може да биде и подобро! :!:
    Јас не тежнеам кон совршенство но се усовршувам самата себеси, поточно кажано не стојам во место! :hai:
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.892
    Допаѓања:
    12.525
    Па сакам брак и врска која би била близу до совршена ама сфаќам дека такво нешто нема, а и да има треба многу труд за се тоа да се оддржи.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.080
    Пол:
    Женски
    Јас не тежнеам кон никакво совршенство бидејќи знам дека го нема а не е баш паметно човек да се надева на нешто што не постои. Јас тежнеам кон други достигнувања, многу поважни и реални.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Јас сум перфекционист, но не одам со глава во ѕид. Кога нешто не може - не може. Идам даље... Но, никогаш не сум задоволна од постигнатото, па секогаш сум само-критична...
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.210
    Пол:
    Женски
    Перфекционист сум.
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.076
    Допаѓања:
    49.068
    Пол:
    Женски
    никогаш не сум тежнеела за апсолутно совршенство, бидејќи не постои
    ама сум тежнеела и тежнеам за совршенство за мене.
    да бидам она шо сум си го зацртала во глава, и сум си го замислила како најдобро до совршено
     
  20. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Сакам до детал совршеност, ме иритира било какво штрчење од замисленото.
    Психотично перфекционист сум али не од типот на опсесивно компулсивен синдром за небитни ствари туку за важни животни одлуки.