Дали ви се случило да пребарувате по телевизијата и по половина час на превртување на ТВ каналите да не најдете ништо интересно за гледање? Што мислите за телевизијата и ТВ каналите денес? И колку денес го користите телевизорот? Се надевам ќе се развие добар дискусија! Спојлер Ако има ваква тема слободно клуч!
Го кршам мразот,прва сум Се дешава,многу пати. Го користам од 12ипол до 1ипол,и од 7 кога почнуваат турскиве серии. Повеќе гледам филмови на интернет,на телевизија и да сакам,не би нашла некој по мој вкус
никогаш ми се нема случено тоа бидејќи секогаш наоѓам нешто интересно за гледање, пред се на странските канали, сите дискавери и сите national geographic ми се омилени, ги обожавам и благодарна сум што денес постојат такви канали. сметам дека неможе да се генерализира бидејќи колку што има глупости на mtv на пример толку паметни работи има по горенаведените канали, како и каналите за готвење за патување итн. сметам дека денес секој може да си најде нешто интересно зависи кој што го интересира...
Телевизијава денес ни е нападната од серии и глупави сапуници за кои не сака да си трошам време! Иначе од телевизијава наша гледам само вести а иначе гледам доста емисии What not to wear и ред други кога ке ги фатам ..
Јас гледам често телевизија, имам кабловска и дигитална, македонските програми се аут, гледам само Discovery, Fox Life/Crime, Animal Planet, National Geographic, Viasat Nature и други документарни. Телевизорот ми е нон стоп вклучен на една од овие програми.
Телевизијата денес е жива катастрофа! Илјада пати ги вртам каналите и не наоѓам ништо што би ме врзало пред ТВ. Само серии ,серии ,серии...Преку глава ми е веќе од нив!
Ретко човек на најде нешто убаво кога почнат од 7 сабааајле турскиве до утрето до 7 сабајле ги има..турски па турски мислеш само туркските сериии треба да се гледааат...па ни во турција не ги давааат колку како што ги давата кај нас...
Единствено на 24 кичен има што да се гледа уствари на странсиве може да се најде по нешто. А на нашиве гледам само вести и ништоооо друго . Катастрофа сме со турскиве серии.
Добро е телевизијава се држи и ден-денес со некои добри емисии и филмчиња.Не знам што се деси со светов(под смисла животот во Македонија),на секоја можна програма има турски серии.Плачења,тепачки,убивања.....Нема ништо паметно на телевизија,што онака мене ми бе заинтересирало.Затоа телевизорот ми е уклучен еднаш или два пати во неделата,ако се најде нешто интересно па да го излгедам,иначе се друго се повторува одново и одново.Да на почетокот сите ги гледаа турските и индиските серии кога почнаа да ги емитуваат,ама сега веќе претераа!Мислам јас лично не се замарам со таквите глупости,ама ти да земеш даљинско,да менуваш програми и на секоја по некоја турска/индиска серија?!Па тоа мислам го нема нигде во светов!Затоа нашава држава е една и единствена..Имам неколку пофалби за некои емисии,што се документарни и што стварно вредат за гледање.А за другото е се објаснето во горенапишаното^. Извинете јас си се занесов малце со пишувањето,но ако сте рочитале до овде,се надевам дека го разбирате моето мислење.
Порано беше голем дел од мојот ден ама последнава година да речам едвај се завртувам...не дека немам време туку нема веќе што да се гледа...од серии ми се повраќа , Од квизовите на Сител исто така а и од целокупната нивна програма.... македонска телевизија асална не ни преостана... единствено ако се завртам на Mtv или Vh1 друго ништо !
Нема никакви поучни емисии и квизови.Кај и да пуштиме само турски филмови играат.Не преплавија тие турски серии.Нека има ама не по цели денови.Да има од се по малку.Слабо има некои интересни програми од кои може да се научи нешто.Само сапуници.
Охоох, не некогаш да ми се има тоа случено.. Туку секогаш!! Повеќе нема ништо интересно, нашиве имаат само турки серии и реклами, нешто интересно ако се најде на Нешнел Џиографик, Дискавери, Експлорер, Хистори и тие другите! Веќе ни телевизија не гледам, ох до каде стигна времевоо
Во последно време ептен ретко гледам телевизија.Каде и да пуштиш само се вртат турски серии.. порано се сеќавам даваа и поучни емисии, филмови, квалитетни серии ..сега ништо.
да да многу ретко гледам од турскиве величенствениот и на foxlife,foxcrime,TLC тоа гледам по цел ден....
Па има некои канали.. ама порано додека NBO беше бесплатно, си работеше исто како другите програми беше поубаво. Си гледаш филмчиња секој ден, кога сакаш. Имаше убави И на А1 се случуваше да дадат филм. На Сител даваат ама не ми се свиѓаат, ретко. Не гледам многу телевизија, неможам ништо да најдам Освем ако нешто игра па сум снимала, ама и тоа ретко
Телевизијата денес е катастрофа и веќе една година немам седнато пред телевизор нешто да гледам, ретко некоја серија и тоа само кога ќе седнам да одморам или додека јадам.