1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телекабел - нов мобилен оператор

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од cresa-jagoda, 15 јануари 2019.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Денес и официјално Телекабел излегоа со информации за нивниот мобилен оператор и пакетите што ги нудат без обврзувачки договори
    50471999_10156879766556445_4886578794548166656_o.jpg
    Што мислите вие во врска со понудениве пакети?

    Јас сум на ВИП и не го продолжив договорот, туку така терам месец за месец во пост-пејд, чекав да видам што ќе понудат Телекабел и размислувам да го задржам бројот и да преминам од ВИП на Телекабел.

    Не ми се допаѓа тоа што Телекабел во своите пакети немаат понудено бесплатни СМС пораки.
    Прочитав дека цена на една СМС порака ќе биде 3 денари.
     
    На iloveyou29 и Justicija им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Ее ме претрка со темава :)

    Јас веке си нарачав бројче за 500че во него неограничени разговори и 10 гига интернет а смс се плакаат (но јас не ни користам смс ) , лошата страна е што е виртуелен оператор и нема мобилни телефони (нешто имаат договор со риверсофт но само плакање во готово, нема со доплата како што е кај другиве оператори), и тоа што е пост пејт иако можеш кога сакаш да го раскинеш договорот , кога ке го раскинеш ти го одземаат бројот
     
    На Mishela и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    А не може само да се префрлиш со веќе постоечки број од Т-мобајл или Вип?
    Мене не ми се менува број, ама ако има таква опција можеби би се префрлила, не е лоша понудата. :)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Може да го префрлиш твојот број :)
     
    На Justicija и Mishela им се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Може , имаше и објаснение за тоа кај нивната страна ... Ако е припејт треба да имаш 200 ден кредит на сметка и за еден ден ке те префрлат
     
    На cresa-jagoda и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Дали може некој претплатник да сподели искуство?
    Која мрежа ја користат, каква е пикриеноста за интернет и дали имал проблеми со мрежа/достапност во странство?
     
  7. sagittarius989

    sagittarius989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Машки
    Јас користам оптички интернет од истиве и еве веке 4 ден им е катастрофа ова и стана некоја рецептура, односно секој месец и се случува истото, по 3 до 5 дена интернетот де ќе го има де ќе го нема ии се јавуваш кај нив и ќе ти речат “знаеме до нас е проблемот работиме на него“. Така да и мобилната телефонија ако им е вака нема зошто да е.
     
  8. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Јас моментално користам Телеком и за мобилен, интернет и телевизија, во пакет Magenta 1, ама искрено, многу се скапи, премногу. Размислувам во иднина да преминам на Телекабел. Имам другар во близина кој е на Телекабел и вика дека во Скопје, и општо во Македонија, има добра покриеност. Немал досега проблеми. Телекабел има своја мрежа, но таму кај што немаат покриеност, во некои "забутани" места, ја користат мрежата на Телеком. Она што е интересно, оптичкиот интернет е дури 1 гига во секунда, барем така вели нивната веб-страна, а голем плус според мене е тоа што немаат обврзувачки договор како другите оператори од 2 години. Какво е вашето искуство? Ако може некој да ми го сподели своето искуство, ќе ми користи многу. :)
     
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Јас сум на телеком, магента 1 М. За скапо многу е скапо, ама задоволна сум од услугите, никогаш немам изгубено мрежа или интернет. Еднаш се случи пред две години и како извинување ни дадоа по 10гб на сите. Телекабел е ефтина опција ама не знам дали би се префрлила.
     
  10. Miro91

    Miro91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    54
    Здраво!

    Мислам дека Телекабел има голем потенцијал во трка со останатите оператори. Јас се уше сум на Телеком и се каам што не се префрлив на Телекабел сега во април кога ми истече договорот. Све ми е врзано во купче, и пакетите Магента за телевизија, интернет и фиксен плус три мобилни (мојот и на родителите). Плаќаме скоро 4.000 денари, а плус имаме и пакет во викендица за 1.500 денари, тој договор ни истекува за среќа наскоро па ќе го откажеме.

    Пред неколку дена сакавме да го раскинеме договорот, но моите пред тоа си зеле нови мобилни (и јас ги карав оти не им требаа ама нејсе), па од Телеком ни се заканија со 60.000 денари пенали. И сега треба да чекаме до април 2023.

    Колку бев револтиран, и се уште сум, им пишав на Дојче Телеком и Маџар Телеком кои се соптсвеници на Македонски Телеком и ги прашав дали пенали од толкав ненормален износ се нормални за нивните бизнис политики.

    Е сега, знам дека градските населби се добро покриени од Телекабел, но како изгледа со приградските населби бидејќи во една од нив ми е викендицата? Како и да е, најмногу ми се допаѓа што се сепак малку поевтини од Телеком и што не те обврзуваат со договор на 24 месеци како останатите оператори (мислам и Неотел не те обврзува).

    Зборував и со информатичари и ми кажаа дека Телеком се најскапи оти фрлаат милиони за реклами, а најстара опрема имаат од сите, најстари кабли. Не вложуваат во нови опреми. Сите имаат посовремени опреми од Телеком, било да е Телекабел, Неотел или А1. Ама на нашиот народ некако слабо му доаѓа паметот и не сака да си ги поддржи домашните оператори, туку мора да биде на странски оператор.
     
  11. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Некој што користи број на телекабел да сподели искуство каков им е интернетот задоволни ли сте воопшто од мрежна покриеност интернет? Јас размислувам да се префрлам од телеком на телекабел.
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Катастрофа мрежа. Крадат минути од пакетот што им е 300 ден. Многу броеви кога ми ѕвонат ништо не се слуша па мора да им ѕвонам пак, ова на тие што се на Вип кога ми ѕвонат.
    Лошо.
     
    На La.RagazzaMisteriosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    Леле изгледа само јас сум ретардираната шо кај мене се е ок :D:D:D

    секаде имам мрежа, немам никаков проблем. Дури на планина кај шо немав баш добар нет на Телеком, со Телекабел немам никаков проблем.

    Единствено нешто шо ме нервира е само инста нотификации ми доцнат, а за останатите апликации е ок.
    Нетот е брз и ок ми е
     
    На Passenger555 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Passenger555

    Passenger555 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    И јас сум на телекабел, претплатата ми е 500ден неограничени разговори и 10гб интернет, супер е.Најголема маана е тоа што не можете да платите паркинг во центар, уште немаат склучено договор.(на сите др места може)
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.