Пред се сакам да кажам дека барав ваква тема или слична на оваа, ама не најдов па така да ако е дупла, слободно нека оди под клуч. Телепатија Телепатија (грчки τηλε, теле значи „далечина“, а патија значи „да влијаеш врз“) се однесува на пренос на инфомрации преку мисли или чувства меѓу индивидуалци, на поинаков начин, а не со користењето на петте класични сетила. За човекот кој е способен да користи телепатија се вели дека е способен да ги чита мислите на другите луѓе. Телепатијата заедно со психокинезата спаѓа во главната гранка на истражувања на парапсихологијата. Напишани се бројни студии во обид да се истражи и да се разбере телепатијата. Видови на телепатија Парапсихологијата опишува неколку различни форми на телепатија, меѓу кои спаѓаат латентната, скриена телепатија и прекогнитивната телепатија. Латентната телепатија, е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за време на трансмисијата. Прекогнитивната телепатија е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за идната состојба на умот на поединецот Извор: Википедија Дали ви се случило телепатски да се поврзете со некој познаник? Се верува дека телепатијата се случува само со блиски луѓе и луѓе кои што многу добро се знаат меѓусебно. Јас мислам дека не е точно. Зошто? Еве ќе земам еден пример со девојка на форумов. Горде отвори тема '' Идоли'', а во исто време јас размислував на таа тема. И не е само тој случај. Чудно зар не?!? пс: Голема благодарност до Гордана10, затоа што ми дозволи да го земам примерот.
Нема проблем,Ангелче Во врска со темата,можам да кажам дека честопати сум размислувала за телепатијата,коинциденцијата што се случува,а која е на база на психичкиот дел од човекот,може и да се каже енергија.Кога кажувам енергија,говорам за тоа дека човекот е составен од два дела,физички и духовен,телото на човекот е само средство за да може да ги прави основните функции,додека духот,духовното во нас е во поголем процент,се што мислиме е на база на енергија,нема цврста маса,затоа на лесен начин тоа протекува низ нас,( поточно информациите кои ни доаѓаат во глава,во форма на мисли ) иако не сме доволно свесни за тоа,за да можеме да комуницираме и на тој начин,наречен телепатија.Енергијата тече,каде што е насочено вниманието,секоја мисла има енергија,исто кога мислиш на некого постојано,тој на кого мислиш и ќе го видиш.Единствено телепатијата се случува кога умот е празен,кога не мислиме ништо,а тоа најчесто се случува кога сме преморени,кога ни се спие,најчесто навечер или сабајле,затоа што тогаш умот помалку работи,може и преку ден,но сепак зависи од тоа дека умот треба да е празен,таа мисловна комуникација која ја имаме меѓусебно,може најмногу да се примети доколку се практикува медитација,што незначи.Неколку пати ми се има случено телепатијата,некогаш ми се случува да знам што прави човек во моментот,без да ми каже самиот тој,пример со еден другар правевме муабет преку интернет,во текот на муабетот,јас му викам: ти си пиеш кафе,одмараш,а тој ми вика: од каде знаеш? Воопшто ми немаше спомнато што прави во моментот,дури и самиот беше изненаден,стварно незнам од кај ми текна тоа,но тоа како прва мисла ми дојде на ум.Имам и други примери од кои што и јас самата се изненадувам,само што тоа не се случува често.Кога е презафатен умот со мисли,тешко може да се оствари таа телепатија со друга личност.Има многу за зборење на темата,толку колку што можев во кратки црти да дадам свое мислење,мислам дека телепатијата не е случајна,дека ние можеби и всушност можеме на тој начин да комуницираме,само што не сме доволно свесни за тоа.
Па некои ситуации ги поистоветувам со коинциденција а некои стварно ги сметам за телепатска врска помеѓу две лица...Некни и титкам на една другарка и ми стига порака леле баш сега те зборев зарем е можна ваква телептија Или такви некои ситуации во кои што знаеш што прави другиот во одреден момент...Исто пример со една другарка..и ѕвонам некаде беше 1 саат после полноќ и зафатено ки кажува си викам со кој збори сега во ова време ...и пак вртам ..така неколку пати ..И ајде се откажав и ми ѕвони телефонот и гледам таа и дигам и ми вика Абе со кој збориш ти во ова време хахахахх Сме си вртеле една на друга цело време Телепатија или чиста случајност???
јас мислам дека ова е точно, јас често пати знам што прави дечко ми и кога тој не ми спомнал ништо, секогаш му викам знам и како дишеш а не само што правиш , некои другарки (со кои сум премногу поврзана) и моите дома понекогаш знам точно што ќе кажат пред тие да почнат. а за луѓе што не ги познавам не ми се има десено вакво нешто (само некогаш претчувство дека лажат или кријат нешто ) никогаш не сум помислила на телепатија, секогаш мислев дека тоа е “шесто сетило“ или претчувство, но кога ги читав вашите примери-видов дека станува збор за телепатија
верувам во телепатија ми се има случено повеќе пати особено со другар ми со кој сум мн приврзана да му ги довршувам речениците точно знам во кој момент што сака да ми каже кога на него нешто не му е добро го осеќам тоа исто така е со татко ми бев мн приврзана и со него ми се случувало да имам телепатија
Јас верувам во телепатија..Можеби има месец-два откако ми се има случено случкава : И пишувам на другарка ми да се најдеме на нашето место во 18:00 часот па потоа да седнеме на кафе, и само што ќе стиснев "прати", ми стигнува порака од истата другарка и таа ми пишала : Еј ајде ако сакаш накај 18:00 часот дојди на нашето место ќе се муабетиме па ќе отидеме на кафе..Женски ова е коинциденција или ?? Јас мислев дека може да е чиста случајност но јас и мојата другарка често кажуваме нешто во исто време со исти зборови.. Сепак ова е телепатија..
Со мајка ми секогаш, но и со бившиот, значи на мсн секогаш пишувавме исто. Пред некое време двајцата се читавме со една другарка и сме и пишувале се исто од збор до збор, а јас и тој веќе не контактираме.
Многу пати ми се има случено со мајка ми и со сестра ми. Пр. јас ќе помислам на нешто и во моментов мајка ми ќе го направи, а јас не сум изустила ни збор за тоа или пак ќе сакам да кажам нешто и тап-мајка ми или сестра ми ќе го кажат тоа. Некогаш пак кажуваме ист збор или реченица во исто време, како договорени
Мене многу често ми се случува онака во себе да си пеам некоја песна и брат ми да дојде и да почне истата да ја пее. Али ова не е баш ретко туку многу често се случува, и што знам, интересно е
Јас и муженцето мое многу многу дури премногу често кажуваме исти работи... Порано кога повеќе си пишувавме на мсн ( во почетокот на врската) во исто време си пуштавме некои реченици што не се биле во контекс на претходниот муабет.Најмалку еднаш во денот во ист момент кажуваме исти работи, правиме исти работи, секој пат кога ќе ни се случи тоа јас се чудам. И уште не ми е јасно како и двајцата во ист момент може да мислиме на работа која се случила пред 15 години, за која муабет не е правено најмалку 1 година?!? Не знам ете уште се чудам на ова нашево.... Страшна поврзаност !
Јас сум телепатски поврзана со дечко ми. Малце патетично звучи, незнам колку е тоа телепатија, ама се случило да си звониме во исто време па после : Е со кој збори пто му е зафатено, или да си пишеме порака во исто време.
многу пати до сега ми се има случено да помислам на некој а во истиот момент некој да мисли на мене,и со мајка ми и со другарки, па дури и со еден од бившите
И јас мислев дека ова е телепатија, ама не било. Таа песна претходно сте ја слушале на радио, тв или сл, и онака и на двајцата ви се врти во главата.
незнам дали е телепатија ама секогаш кога ќе ме боли нешто го боли и на дечкоми т.е секогаш знам кога нешто не е во ред со него (а е склон кон болести и сл.) стварно ми е чудно скоро секој ден знам што му е пред да го прашам. што мислите што се дешава?
Не е телепатија , ако со дечкото си звоните во исто време или па во исто време сте си пишале порака. Тоа е чиста случајност , уствари многу нормална работа. Логично е во некој период од денот дечкото да ти се јави, да ти пише порака и слично. Ако е телепатија , ондак со продавачот од самопослуга сме телепатски поврзани Од примериве шо ги прочитав , само од Блонд изгледа на телепатија , затоа што не е за некоја обична двневна рутина , туку се случува постојано и за работи што не им се од блиско минато.
Да, имам читано многу за тоа, потребна е многу голема концентрација и тешко е, не секогаш остварливо но постојат некој техники кој успеваат Тоа е момент кога, ти мислиш на нешто, планираш некоја акција, анализираш нешто и слично а твојот соговорник ги знае твоите ставови за избраниот објект.. типичен пример е, седиш пред 5 чаши со различна боја и сконцетрирано ги гледаш, знаејки дека си тука во моментот пред нив, и твојот соговорник исто толко сконцентриран ги набљудува и подоцна на која и да помислиш тој ке ја погоди.. но многу е мачно сето тоа и бара мноооогу концентрација..
Верувам телепатија со бликите личности во нашиот округ повеќе е навика и долго неприметно осознавање на самите нив и нивните карактери, барања, постапки, отколку нешто околу кое треба да се крене толкава фама. Многу почудно и поинтересно е кога станува збор за некој непознат, помалку близок, личноста чии постапки нам не ни се доволно познати за да ги одгатнеме без притоа да обрнеме внимание на тоа.
Често ми се случува со другарка ми да се гледаме и двете така околу една минута без да збориме нешто и одеднаш и двете да извикаме еден ист збор ни се случило многу пати и ни е многу интересно. И кога сме со повеќе луѓе дури и исти звуци испуштаме исти воздишки и слично хаха
Многу често ми се случува ова со најдобрата другарка, со која сум многу блиска, многу сме приврзани една за друга и често ни се случува во истиот момент да мислиме на исто нешто, во исто време да го кажеме истиот збор и слично. Ова ми се има случено и со дечко ми, неколку пати. Во секој случај, интересно е и ја докажува нашата поврзаност и блискост.