која убавина ја сакате На двете сум љубител некогаш сакам да гледам некој лепотан лепотица и да и се воодушевувам,но ако е празна во главата се менува сликата,додека кај некои луѓе чиј надворешен изглед не е некоја јака страна а со харизма и интелект повторно ме тераат на воодушевување,јас би рекла дека никој не е совршен ,но битен е спојот на внатрешното и надворешното е сега да не се лажеме внатрешноста е најбитна таа е све блабла мн е битна ама првиот впечаток е надворешниот изглед,потоа пак ќе кажам битен ми е спојот на двете како се надополнуваат и дали функционираат заедно дали се компатибилни надворешното со внатрешното,а па харизмата освојува од прва маѓепсува ете така размислувам јас Воедно незнам дали има иста ваква тема наидов овде и коментирав ама да признаам и дека ми падна шубе што никој не изјавил ништо,знам како е ми се има случено позз
која убавина ја сакате јас повеќе ја почитувам внатрешната убавина на луѓето ... заприметувам и надворешен изглед но секако дека тој многу често лаже ... внатрешните вредности се скапоцени и вредат .. од надвор секој може да се среди и да е убав ... впрочем и секој човек е убав на свој сопствен начин .
која убавина ја сакате I dvete podednakvo...Ako se raboti za li4nost od ist pol,i pridavam pogolema vaznost na vnatreshnata ubavina,neli,ne bi da se palam na drugarka hhhhh
Јас повеќе би се одлучила за комбинација од харизма со духовна убавина. Од секогаш повеќе ме привлекувал неконвенционалниот тип на убавина отколку "совршениот" тип на убавина. Повеќе ми се свиѓаат оние машки што зрачат од себе отколку оние што имаат на себе најправилни или најубави црти, еве на пример, можеби спаѓам во ретките девојки, ако не сум и единствена , на кои Бред Пит не им е привлечен.
Како тоа надворешниот изглед лаже,никогаш не ми стана јасно?! И друго и духовната убавина старее,избледува ако не се надградува...а често луѓето подразбораваат дека треба да ја -мачкаат- со литературен антирид,дневен крем со авантуристички дух и ноќен крем со страствени воздишки,душевно смирување,детално себеоткривање,себепризнавање...во спротивно,од блиски средби со квалитетни примероци на луѓе останати на едно ниво,запаѓаат во некоја стереотипна парцепција за се и сешто,а за ограничената рационалност да не разговараме.Навистина е тешко да излезеш на крај со истите..Ако некој престане духовно да се надградува...нека си го пише епитафот дур го бидува и нека чека да му дојде денот.Останува ограничен и заглавен во едно време и толку...ништо повеќе... Неблагодарно е да се бира помеѓу едното или другото.Кој е убав,а бира духовна убавина,е непотребно скромен и воедно дрзок,зошто лесно му е да го каже,кој е грд бира духовна убавина,тешко му е,друго и не му останува. Како и да е,харизмата е комбинација од двете,кој како сака нека рече. Јас не сум сретнала исклучително грд харизматичен човек.
Ова ме потсети на една случка кога една другарка сакаше да му мести на нејзин колега од факс некоја нејзина пријателка,арно ама оваа не му се свиѓала на типот и и' рекол на другарка ми дека му е грда, а таа му рекла можеби не е убава, ама е мноогу добра, на што тој и одговорил:а што и преостанува друго. Според мене, харизмата не е поврзана со физичката убавина. Можеби нема луѓе што се исклучително грди ама харизматични (иако перцепцијата за убавината е релативна и индивидуална работа и зависи од "вкусот"), ама има такви кои не се убави, па пак се харизматични. Имав еден бивши кој воопшто не беше убав ама сепак многу жени паднаа на неговиот шарм т.е. харизма (меѓу кои и јас ). Некои луѓе едноставно привлекуваат со енергијата што ја зрачат, што не мора нужно да значи и дека се убави. А со тоа дека духовната убавина треба да се надградува потполно се согласувам.
Пак ќе речам,нема грд,а харизматичен човек. Има просечни,кои често ги мешаат со неубави,да не речам грди луѓе кои точно,зрачат со нешто.Ама просечната убавина ги вади,за да бидат доволно привлечни кога ќе настапи и харизмата.Тоа е така затоа што денес луѓето инсистираат на совршенство.Холивуд постави некои невозможни стандарди,таму дури и Том Круз успеа да има прави заби и да е доволно висок кога треба...просекот се занемарува.Или си исклучителен или си грд...нема помеѓу. Не го негирам постоењето на харизмата.Прави да има некој флуид помеѓу него и било која личност во просторијата,магично...често и лицемерно,ама обвини ја проклетата харизма! И јас секогаш сум имала ете,неубави како што нам ни одговара денес,но харизматични дечковци...нешто како мр.Биг на Кери...ама кога ќе се замислам,не биле неубави,баш биле прифатливи,пријатни фаци,имале симпатична една,единствена црта,ако не сите,ама затоа што Џони Дип,Бред Пит,Анџелина...нејм ит,станаа идеални,а и во околината има по некој момак/девојка кој/а што се издвојува,па кога правиме паралела,ќе си речеме,е што не е убав/а,ама харизматичен е...а тој/таа пустиот/ата,просечен/а. Ни јас не паѓам на совршени линии на лицето...паѓам на невообичаености,на нетипично убави фаци и однесување,што би се рекло харизма.
Лилит кога ги спомна овие холивудскиве стереотипи за убавина, се сетив на еден исклучително грд примерок и мнооогу далеку од претставник за универзално прифатена убавина (според мене), Жерард Депардје, кој ми има харизма. Познавам такви личности и во приватен живот ама кое фајде да ги споменувам кога нели се сепак во мојот приватен живот и со самото тоа не се погодни за примерок со кој би се доловила смислата на тоа што сакам да го посочам . Далеку од тоа дека просечно убавите луѓе во дополнение со елементот харизма не се особено привлечни, но лично мене м. Биг на Кери ми ем убав ем харизматичен, за мене неговата убавина воопшто не е просечна (пак се сведува на тоа дека вкусот е идивидуална перцепција за убавината).
Сепак,на крајот се сведува на тоа дека убавината е релативна.Џерард тебе ти е убав,затоа што ти е убав...не затоа што е харизматичен.Харизмата се чувствува само со присуство во живо,а улогата во некој филм,не е тоа тој...тоа е глума,умешност,талент. Некои луѓе кои за многу се убави,ќе речат харизматични,мене ни одблиску не ми се убави,а со тоа и целата харизма оди во неповрат,едноставно го немале тоа нешто за да ме привлечат. За мене и ароганцијата е ствар на харизма,ама неубав човек со ароганција ми е одбивен,а обратно,убав човек со вкусна доза на ароганција,ми е привлечен. Тоа е тоа.
Еве слика од Жерард Депардје Да не дојде до забуна, јас и погоре наведов дека овој глумец го сметам за грд, но харзиматичен. Точно е дека сепак тоа биле само ликови во филмови што ги глумел, но сепак не е се до карактерот што се глуми во филмот туку и до начинот на кој што го пренесувал и истовремено давал и свое обележје. Впрочем и Бред Пит не сум го запозала лично, но не ми е харизматичен (нагласувам ова е мое мислење за него). Се согласувам со тебе дека убавината е релативна, како и самиот вкус и перцепција за она што е убаво и привлечно. Еве пример ако тебе ти е симпатична малата доза на ароганција кај некој убав човек, мене напротив, ми е одбивна без разлика дали се забележува како особина кај убав или неубав човек.
Искрено јас повеќе сум за внатрешната убавина бидејќи според мене телесната убавина со тек на времето избледува и останува само она душевното во нас .Секогаш повеќе сум ги ценела оние што се културни ,што имаат некаква смисла во животот ,што си имаат свои идеали ,без разлика на нивниот надворешен изглед.
Не барам совршенство кај луѓето. Во однос на телесниот изглед доволно ми е човекот да поседува т.н харизматична жичка, некаква специфична црта,посебност која ќе биде дополнета со духовна убавина. Е,тогаш е полн погодок.
А како ќе дознаеш дали некој дечко е харизматичен или шармантен ако притоа воопшто не ти се доапаѓа и е далеку од твоите замисли за убавина, па сигурно нема да сакаш ни да го запознаеш, па така да харизмата ќе падне во вода! Јас гласам за телесна убавина, но... мора да има нешто што ќе ме привлече во физичката убавина па да сакам да го запознаам така да...
Надворешната убавина привлекува, карактерот задржува. Мора човек да те привлече прво надворешно за да имаш желба да го запознаеш неговиот карактер. Секако, секогаш има исклучоци.
Комбинација од двете привлекува многу! Денес ионака ретко кој гледа на внатрешна убавина! Па морам да гласам за надворешната, затоа што и јас без да сакам прво гледам на тоа, а после на карактерот! некогаш и се мразам поради тоа....
Повеке ја ценам внатрешната убавина . Сепак надворешната е минлива за разлика од внатрешната која не е !