Теоретска физика - општи познавања

Дискусија во 'Образование' започната од WildMk, 21 јули 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Вака сега.
    Многу ме интересира физиката и можам да ја коцептуирам, ама за математика сум тапа :angel:
    Би сакала да разговараме кои физички теории ги знаеме, ни се интересни и како ги разбираме.
    И секако, добро би дошло и некој што го бива повеќе, односно не е лаик, да ни ги објаснува работите кои ќе ги истрескаме.

    Пример: Ме интересира како во double-slit експериментот, електронот 'знае' дека е набљудуван и да заземе својства на честичка?

    Ако ми е глупо прашањето, би сакала да ми објасни некој зошто е глупо.

    Баш сакам да знам дали има заинтересирани за ваков муабет...