Теоријата Црн Лебед ( Black swan theory )

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 2 октомври 2017.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Теоријата Црн лебед (The black swan theory) или Теоријата на црн лебед настани (Theory of black swan events) претставува метафора која објаснува настан кој доаѓа како изненадување, има голем ефект и е често несоодветно рационализиран по фактот со придобивката од ретроспектива. Терминот, односно поимот е базиран врз основа на една античка изрека која што претпоставувала дека црните лебеди не постојат, но изреката била изменета и препишана откако црните лебеди биле откриени во дивината.
    Теоријата била развиена од Nassim Nicholas Taleb за да објасни :

    1. Диспропорционалната улога на висок профил, тешко да се предвиди, и ретки настани кои се над областа на нормалните очекувања во историјата, науката, финансиите и технологијата.

    2. Непресметливоста на веројатноста на последователни ретки настани со користење на научни методи (поради самата природа на мали веројатности)

    3. Психолошките предрасуди дека слепите луѓе, и индивидуално и колективно, до несигурност и масивната улога на редок настан во историските работи.

    За разлика од претходниот и поширок ,, Црн лебед проблем ,, во Филозофијата, (т.е. проблемот на индукција) ,,Црн лебед теоријата,, на Талеб се однесува само на неочекувани настани од голема значајност и последиците од нивната доминантна улога во историјата. Таквите настани, кои се сметаат за екстремно извозни, колективно играат многу поголеми улоги отколку редовните појави.


    Идентификација базирано врз критериумот на авторот :


    1. Настанот е изненадување (за набљудувачот)

    2. Настанот има голем ефект

    3. По првиот снимен пример за настанот, се рационализира со ретроспектива, како да би можел да се очекува; односно релевантните податоци биле достапни но не и пресметани во програмата за намалување на ризикот.
    Истото важи и за личната перцепција од страна на поедеинците.



    Какво размислување имате вие за оваа теорија и на каков начин би влијаел некој неочекуван настан врз психата на поедниците?

    [​IMG]
     
    На Stargazer, Nigredo Odor, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.744
    Пол:
    Машки
    „Црни лебеди“ можат да нѐ изненадат само ако нашите ставови и сфаќања се догматски поставени, односно ако сме апсолутно убедени дека тие се 100% точни и вистинити.

    Како што е напишано во воведот, научниот метод нема проблем со црните лебеди – всушност, науката напредува и се развива токму преку нив – преку нови, револуционерни идеи и концепти, ствари за кои порано се сметало дека се невозможни.

    Со човекот како индивидуа, од друга страна, работите се посложени. Луѓего емоционално се вложуваат во сопствените ставови и појавувањето на „црн лебед“ – нешто што укажува дека нивниот светоглед или став за одредена работа е погрешен – го сфаќаат лично, како напад врз сопствената личност и истиот многу тешко го прифаќаат.

    Токму тој човечки фактор во научниот метод најчесто и бил кочница при прифаќањето на некоја нова идеја – речиси ниту еден револуционерен концепт во науката не бил одеднаш и универзално прифатен – секогаш постоеле скептици и противници, и тоа токму поради тој човечки порив да се противиме на промени на нашите оформени, зацртани ставови.

    Луѓето при средба со „црн лебед“ најчесто реагираат ирационално, баш поради емотивниот аспект на ставовите кои тој ги побива. Човек кој ќе сретне црн лебед попрво ќе се одлучи да го игнорира или ќе се обиде да го рационализира, наоѓајќи објаснувања и велејќи дека лебедот е всушност бел, но од одредени причини, само изгледа дека е црн.

    Накратко, луѓето се спремни речиси на сѐ – ако треба, и да ги затворат очите пред вистината и реалноста, само за да не си ги променат сопствените ставови.

    Примери за ова има многу – од апстрактни поими, како религија, преку реални ствари, како еволуцијата, формата и староста на Земјата, до банални и субјективни нешта, како омилен музичар, фудбалски клуб или политичка партија – откако човек ќе оформи став за нешто, после е многу тешко да го смени, без разлика колку докази ќе му се презентираат за тоа дека не е во право.

    Игнорирање на сите докази кои се недвосмислено противречни на нивните ставови, погрешно интерпретирање или вадење од контекст на други докази, за да се вклопат во нивните верувања и измислување на алтернативни, многу поневеројатни објаснувања – тоа е најчестата реакција на луѓето кога се соочени со нешто што „го напаѓа“ нивниот систем на верувања.

    За жал, повеќето луѓе соочени со црн лебед или ја закопуваат главата во песок и се преправаат дека не е тука или велат дека се работи за измама или заговор и дека некој едноставно офарбал бел лебед во црн. :D
     
    На 1209, Someonespecial, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez
    Ти благодарам за одговорот.
    Потполно се согласувам со се што си напишал и навистина е жално што средбите со црн лебед психолошки имаат такво влијание врз повеќето луѓе што тие на нерационален начин реагираат наместо да се обидат логички да размислат и да ги прифатат новите нешта околу нив.

    Меѓутоа секако постојат и одредени поединци кои се всушност фасцинирани од средбите со црн лебед и гледаат со нив да ги прошират своите знаења. Имено станува збор за луѓето кои немаат догматски мисли како останатите.
    И покрај фактот што тие веруваат во одредени работи, сепак тие не се врзуваат премногу со тоа и истите не се плашат од големите промени и откритија кои имаат голем ефект и влијание.

    Разумниот човек се обидува да го објасни, односно да го рационализира постоењето на новата промена, независно за која област станува збор, особено ако и самиот по професија е на пример историчар или научник. Ова секако позитивно влијае во неговата намера подобро да го разбере светот.

    Јас лично сум позната по тоа што секогаш размислувам рационално и се водам по сопствена логика.
    Иако сум млада, сепак сум многу активна во повеќето науки и постојано откривам и истражувам нови нешта преку сопствени теории.
    Секако јас сум убедена во моите теории но не до тој степен што дури и тие да се прикажат како погрешни, да започнам да го негирам тоа и воедно да го бранам своето мислење.
    За мене би било многу возбудливо да дојдам до средба со т.н. црн лебед особено од областа на науката или историјата.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.