1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Теоријата за повеќекратна интелигенција - поинаков поглед кон човечката интелигенција

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 15 септември 2018.

?

Дали IQ тестовите се неверодостоен доказ за интелигенција, оценувајќи ограничен број способности?

  1. Да

    48,9%
  2. Не

    26,7%
  3. Не сум сигурна/ен

    17,8%
  4. Немам став за ова прашање

    6,7%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од темата на @BoneMachine се одлучив да ја отворам оваа тема за дискусија од психолошки аспект.

    Имено, често сметам дека се поставува прашањето: "Што претставува интелигенцијата?" на што верувам дека секој има различна дефиниција и замисла за да даде одговор.

    Меѓутоа, токму поради различноста на тие одговори, може да се замислиме и да дојдеме до заклучокот дека, поради различните дефиниции, ние сеуште не можеме да дадеме прецизен опис за интелигенцијата како поим.

    Новинарот Walter Lippmann еднаш рекол: " We cannot measure intelligence when we have not defined it "

    Сепак, желбата да се најде дефинција за човековата интелигенција довела до нејзино ограничување, односно, стремежот на психолозите да го квантифицираат целокупниот поим за човековата интелигенција довело до тоа истата да се мери преку IQ тестовите, но со тоа само се постигнало строго дефинирање и селектирање.

    Бидејќи на стандардните IQ тестови, најчестите прашања се од областа на математиката, јазични вештини и логиката. Со тоа, ретко луѓето се запрашуваат што поточно претставува човековата интелигенција, од кои аспекти се сочинува (освен математика, логика, ...) и поважно, дали споменатите тестови се воопшто доволни за да се даде одговор на тоа прашање.

    The Theory of Multiple Intelligences [Howard Gardner, 1983] ја разграничува човечката интелигенција во специфични "модалитети", наместо да гледа на интелигенцијата како доминирана од една општа способност.

    Според него, всушност постојат осум способности и тоа:

    1. музички-ритмички;
    2. визуелно-просторни;
    3. вербално-лингвистички;
    4. логично-математички;
    5. телесно-кинестетички;
    6. интерперсонални;
    7. интраперсонални;
    8. натуралистички;

    Подоцна предложил дека егзистенцијалните и моралните интелигенции, исто така, може да бидат достојни за вклучување.

    - Дали оваа теорија според вас го изменува погледот кој луѓето го имаат за интелигенцијата како поим?

    [​IMG]
     
    На Читател, daylight, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека интелигенцијата не се мере со математики и јазици се мере колку можеш добро да ги читаш луѓето нивните постапки и однесувањето една мимика да направат да познаеш што сакаат да кажат и според мене оние кои имаат висок коефициент на интелигенција им пречат прости луѓе и празни маабети.
     
    На Dashing:), Feminka22, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @hellocity ти благодарам за твоето мислење :)

    Можеби математиката, логиката и јазиците претставуваат само еден аспект односно фрагмент од интелигенцијата како целокупен поим и не секој човек може да ги поседува истите.

    Мислам дека е погрешно да се претпостави дека од една страна математичко-логичката способност се дефинира како интелигенција, додека музичко-ритмичката и хармоничната способност не се дефинира како интелигенција (ова го кажувам како илустративен пример).

    Човекот, всушност, не одредил што ќе претставува интелигенцијата.

    Се согласувам со ова because I can actually relate to this assumption :D
     
    На Читател и hellocity им се допаѓа ова.
  4. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Не може еден IQ глупав тест или математиката да ми ја одреди интелигенцијата! Само затоа што некој така рекол дека треба.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Тест за интелигенција е многу поќе од математика и јазици, и апсолутно не е како на сликата во првото мислење. Тест за инт. е збир од неколку категории на вештини, кои вклучуваат размислување, мери брзина на размислување, логика, склопување, можност да видиш целина, да поврзиш работи, запознаеност со околината, информации и сл., и после тоа си оценет за секој тест поединечно, и дури после тоа се добива крајниот резултат - коефициентот на интелигенција кај поединецот.

    И апсолутно не е тест шо на некој му текна дека треба да е така, туку го склопил, нели, со размислување.

    Ова општо за тестовите за IQ, а сега малку за конкретното прашање. Не, не се изменува шо мислиме за интелигенцијата ако додаеме нешто плус зошто и ние како луѓе не си ја спознаваме психата толку многу. Ја знаеме, ама има уште многу шо ќе откриеме шо би можело да влијае на тестовите. Ние се менуваме и многу карактеристики не делат од останатите. Некои способности ни се поразвиени од други и тоа е нели, сосем океј. Ако кај мене е истакнат еден вид на IQ, сосем друг вид на IQ е истакнат кај некој друг, безразлика колку варира вкупниот скор.

    IQ тестови и не треба да ги земаме при срце, зошто крај краева за нас „најпаметни“ се тие сличните на нас, и со такви ќе сакаме да бидиме опкружени.
     
    На 1209, konstelacija, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не бе ... паметни се тие што се паметни. Не се паметни, тие што не се паметни.
    Емпириски е докажано дека АјКју е поврзано со нивото на интелектуални способности.

    Не размислуваат сите на исто ниво. Интелигенција може да се зголеми или опадне, за помалку од 10 единици. Колку сакаш учи и информирај се, од 90, на 140 АјКју, нема да рипнеш.
     
    На 1209, Читател, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  7. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Не рекол некој така и биднало, има направено истражувања што довеле до тој заклучок. До тој степен или дали целосно ја опфаќаат човечката интелигенција е друго прашање. На пример, резултати од IQ предвидуваат успех во училиште, од друга страна, без разлика и колкаво IQ да имаш мораш да седнеш и да посветиш време и работа за да имаш добри оценки и успех во живтот.
     
    На crimson, WildMk и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Ама @WildMk муабетот ми беше, и да има некој 140, и да има некој 90, „најпаметни“ ни се тие околу нас, со кои се согласуваме, делиме ставови, мислења, денови, јадење, пријателство. И зошто мислиме слично велиме дека тој некој е „најпаметен“. Тоа не значи дека е, или пак дека не е. Можеби е, можеби не е.

    Тестовите за IQ јас ги гледам за користење во експерименти, водење статистика и сл., и скроз како безпотребни за некој човек да си ја знај својата инт. и према неа да си го диктира животот.
     
    На poenta и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Едно е делење ставови, друго е интелигенција. И да мисли некој како мене, не значи дека на исто ниво ги гледаме работите. Логиката и способноста за анализа на податоци и поврзување на истите во шеми (сега ко бјутифул мајнд звучи), зависи од нивото на интелигенција.
    Некој може да има ист став како мене, а да не знае зошто го мисли тоа, или да има став како мене и на 'подлабоко' ниво да го разбира тоа што го мисли...
     
    На Читател, poenta, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Но прашањето што ме интересира е како човекот утврдил што е интелигенција,а што способност и дали одреден збир на способности може да се смета како дефиниција за интелигенција.

    Можеби одреден човек кој се води според теоријата за повеќекратната интелигенција ќе смета дека вистински тест за интелигенција треба да ги опфаќа видовите на вештини кои Howard Gardner ги навел, па според тоа да се одреди за што имаш интелигенција и од кој степен.

    Бидејќи поддржувачите на теоријата на Gardner сметаат дека тестовите за IQ се прилично ограничени, бидејќи тие тешко може да ги измерат особините кои се составен дел од класификацијата како интелигенција.

    Слично на она што @theowndemon спомна во нејзиниот пост, мислам дека човекот иако знае нешто за интелигенцијата, сепак сеуште не е запознаен со нејзината целосна суштина.

    Како што претходно се ограничило дека интелигенција претставува математика, логика и јазици, така и Howard Gardner не би рекла дека успеал да направи некаков исклучок, со тоа што не се ни обидел да ја прошири дефиницијата за интелигенција, туку се мисли дека навел одредени способности и таленти кои смета дека можат да се дефинираат како интелигенција и да се вметнат во истиот спектар.

    Би рекла дека човекот преставува сложено суштество, и како што истовремено сите луѓе се исти, така истовремено се и многу различни.

    Дали интелигенцијата е само еден стандардизиран поим или збир од повеќе аспекти, засега зависи само од тоа како човекот мисли дека треба да ја дефинира, што не гарантира веродостојност.

    Кој всушност одредил што ќе претставува интелигенција, а што способност? Која е разликата?

    Она што IQ тестовите го претставуваат како интелигенција е тесна дефиниција, додека теоријата MI, од друга страна е широка дефиниција - со тоа не можеме сеуште да дојдеме до една средина.
     
    На Читател, Someonespecial, BoneMachine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Како што посочи Доундемон:

    И стандардните тестови за интелигенција мерат повеќе параметри... Исто би било и со проширена верзија на истите. По некои параметри ќе сум подобра, по некои полоша, и обратно.. Сепак, заедничката оценка на сите параметри, нуди некаков увид во општото ниво на интелигенција.

    Како.?.. не знам :) Не сум толку паметна да знам како мерат точно кој параметар... и зошто :)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право.

    Ама најчесто бараме некој сличен за нас во секој поглед. Сигурно и ти имаш видено некои двајца кои мислат исто, за се ги бива исто, и се дружат, и за нив сите се глупи, сем тие двата. А дали вистина тие имаат некакви способности? Веројатно не. Не би можела да знам без тест, ама колку е важен тестот ако не ми се по мерка да им оддадам внимание? Тоа ми е поентата со која одам во мислењата во врска со важноста на тестовите во секојдневен живот.

    Дали јас се имам тестирано или не, дали јас и на хартија знам колку можам или не, нема да ми го смени животот, зошто јас пак ќе продолжам да живеам исто како до сега. И од таму, пак ќе речам, важноста на тестови за интелигенција во секојдневен живот се безкорисни зошто ние пак ќе продолжиме да се поклопуваме со луѓе кои ни одговараат од други аспекти, безразлика на се. Ама, се корисни за да се одреди застој во развој кај деца, за водење статистика во популација и сл., и од тој аспект би требало да се работи во иднина повеќе на нив како што откриваме нови работи за психичкиот живот на човекот, а не да ги оставиме да застарат и да станат нерелеватни со тек на време.
     
    На poenta, Someonespecial, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Влијае и на егото.. кај некои.. Е мене на пример, ми се дуе.. егото, коа ќе прам тестови на интелигенција или решавам проблеми и задачи :angel:

    Површна сум.. фак ит :D
     
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Не дека ова мислење се однесува на тебе, меѓутоа од одреден апсект сум забележала дека IQ тестовите знаат да создадат и лажна импресија на интелигенција.

    Имено, бидејќи дел од самите испитаници веруваат дека истите тие тестови се валидни, а како што знаеме, истата таа валидност неретко се доведува до прашање.

    А не е валидно бидејќи како прво самиот човек не може да ја утврди природата на интелигенцијата - затоа и постојат разни теории за интелигенцијата кои укажуваат на различни аспекти.

    Но дури и да претпоставиме дека сме ја утврдиле природата на интелигенцијата, сеуште не е доволно јасно дали тоа е воопшто доволно за да се докаже валидноста.

    Ова прашање секако не може да биде одговорено бидејќи , како што кажав претходно, сеуште сме неодлучни кога станува збор за природата на интелигенцијата, па така се додека таа недефинираност трае, ќе постои и лажниот впечаток за точноста на интелигенцијата.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Се валидни и точни, рековме... докажано е дека нивото на интелигенција е поврзано со одредени ментални способности. И тоа низ примери, не само со тестирање.

    Не го знаеме мозокот како точно функционира, ама некои работи лесно се докажуваат ... просто.. само со набљудување.

    Сигурна сум ти дека не би била астро-физичар, ако не можеш да го разбереш концептот на три-димензионална геометрија, нацртана на дводимензионална површина (пример) :)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @WildMk точно, и јас се согласувам со тоа што си го напишала но ова е кажано од аспект на некој кој се придржува до теоријата за повеќекратна интелигенција.

    На пример, доколку некој има, на пример музичко-ритмички или пак телесно-кинестетички способности, ќе размислува за некој кој има логичко-математички способности дека IQ тестот кој тој го решил, претставува лажна импресија за интелигенција според него, па дури и ќе поверува дека стандардните IQ тестови се само за луѓе кои имаат само одреден вид на интелигенција, и со тој факт дотичниот не е во можност успешно да го положи.
    Дури и нешто да е утврдено како точно и валидно, секогаш може да има некој кој ќе има поинаква перцепција за нештата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Во право си.. не ја зедов во предвид (како што треба) субјективноста...
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Па ете гледаш дека не е се до тој IQ тест туку е до тебе колку се трудиш нешто да направиш сам.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Стандардните IQ тестови, по мое мислење се за да провериш колку (не) си глуп. За еден просечен мозок се и треба да се радуваш ако имаш добар резултат, само тоа значи дека не си баш дебил, не дека си супер интелигентен. За нешто повидливо треба љубопитност и труд и вложување во себе.
     
    На Briar Rose, WildMk и Joi им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Психолозите последно време многу повеќе ја истакнуваат потребата од емоционална интелегенција, способноста за емпатија отколку онаа IQ. Каква корист од високо IQ ако постојано ги злоставуваш луѓето околу себе, на пр. сопствената фамилија.

    IQ то не покажува колку си глуп или не си глуп туку, колку брзо можеш да решаваш одреден (но САМО одреден) тип на задачи!
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.