Форумџика на годината

Тераписко гладување

Дискусија во 'Диети' започната од Mirjam4e, 7 декември 2017.

  1. Mirjam4e

    Mirjam4e Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со ТГ како начин на самолекување и регенерација на организмот, а воедно и слабеење?
     
  2. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    19.658
    Пол:
    Женски
    Нешто повеќе за диетава? Мене искрено не ми е позната. Колку се држи,како и кога?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Ќе си направите беља, не постои добро гладување.
     
    На kuc, Meckicja и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    @Mirjam4e , за да можеме да изнесеме свое мислење, треба да знаеме што е тоа. Знам дека ете има гугл, и може секој да прочита, ама убаво е да се даде објаснување во постот за тие што немаат можност и време да истражуваат па да одговорат на постов.
     
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ваквата појава може да се сретне во Будизмот и Хиндуизмот, и најчесто ја практикуваат тамошните свештени лица, монаси. Само кај нив се нарекува прана, а кај нас според постов по се изгледа има друг назив - тераписко гладување. Најефикасна диета со загарантирана смртност до трета недела. Само напред. (fingers)
     
    На Victorian, Meckicja, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    На пост со вода се мисли?

    Ако да, еве, жива сум.
     
    На Justicija, Asterion, Mirjam4e и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Примамлив наслов но воведниот пост е оскуден, па затоа вакви коментари.
    Да ви доближам малку што всушност е Тераписко Гладување :)
    Иако терминот "гладување" веднаш ве асоцира на изгладнување и фанатичко истоштување и што уште не, всушност се работи за нешто сосема друго - детоксикација на организмот пришто во точно одреден пресметан временски период се применува исклучиво редуктивен начин на исхрана и се базира само на вода,свежо цедени сокови и чаеви, а цврста храна не се конзумира.
    Терапиското гладувањњ доведува до прочистување,регенерација и подмладување на организмот. Се подобруваат основните телесни функции пришто се губат килограмите.
    Доведува до самоизлекување на организмот со тоа што целата енергија на телото
    наместо за да ја дигестира храната се насочува кон самолекување на организмот.
    Ваков начин на слабеење има во лунарната диета кога 24 часа се пие само вода/чај и евентуално свежо цедени сокови во фаза на мената, а слично е и во начинот на УН диетата кога е овошно/зеленчуковиот ден и се конзумира само сирова храна и еднаш месечно има конкретно ваков 'воден' ден.
    Ваков начин применува Анџелина Џоли која во солидарност со гладните буквално гладува и по 24 часа неделно ( ова сум читала, не ја знам лично ;) ). Исто читав и за Турунџиева која секој 7ми ден е на течности.
    Сум ја држела УН и само пофалби.
    @Mirjam4e гледам низ диетиве "се движиш", најискрено и од срце ти ја препорачувам УНот!

    Покрај тоа, има многу луѓе кои за религиозни цели гладуваат или се хранат оскудно, постат само со леб и вода, кога е тримери не јадат ништо воопшто три дена...што само е пример за тоа дека - се е до умот и вољата наша :)
     
    На friendy, Victorian, stilas7 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Oд кога тераписко гладување термински се користи во медицината?
    Зарем тоа не се нарекува детоксикација? Вообичаено се држи еднаш месечно или неделно, кој како може и сака.
     
  9. Mirjam4e

    Mirjam4e Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Па вака , точно не напишав повеќе во објаснување на терминот тераписко гладување. Имам дијагноза со покачени тумор маркери. Во разговор со доктор кој е доста искусен и добар ми спомна за овој начин на самолекување. Се разбира не во целост да се одречеш од храна но дека неколку дена може и е добро да се стави организмот во таа состојба на саморегенерација. Ја отворив темава за да прочитам искуства , бидејќи на некои други странски форуми оваа тема ја најдов само во делот за диети и слабеење, па затоа и јас ја почнав овде за да видам дали некој има некое искуство. ;) Како и да е , благодарам на добонамерните совети на сите :*
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    @Mirjam4e Можеш да пиеш само цедени сокови од овошја и зеленчуци, и чаеви колку сакаш, и да пиеш само вода еднаш у неделата.
     
    На Mirjam4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mirjam4e

    Mirjam4e Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    @Gosh да така со свежо цедени сокови чај и вода. Еве јас од утре почнувам по препорака и надзор на доктор па ќе ви кажам колку време сум издржала и дали имам подобрување на здравствената состојба :)
     
    На ForeverYoung и Gosh им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Дали тоа се прави еден ден во неделата?
     
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Да
    За почеток можеш да имаш еден сиров ден ( овошје,зеленчук, јатки, суви плодови, чаеви,кафе,цедени сокови..) па полека да се прилагодиш па да имаш само течен ден. Прво еднаш месечно,па на две недели,па на една.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Баш звучи интересно. Би пробала такво нешто.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.