1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Терсен професори

Дискусија во 'Образование' започната од Shery, 12 јули 2012.

  1. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема, не најдов. Ако има клуч

    Епа вака. Малку смешен наслов знам, ама стварно. Секој од нас прошол покрај ваков професор кој на еден начин ужива да малтретира ученици. Без разлика дали е основно, средно или факултет
    Има некои кои ве тераат да правите проекти, истражувања за положување или пак за повисока оценка (ова зборам за на факултети), кои ве тераат да доаѓате на консултации а кога ќе отидете на нив им искочила итна работа, па дојдете утре и сл.
    Дали ги подржувате нивните постапки, дали кога вие би биле професори би постапувале така?
    Имате искуство со некој таков?
    Споделете
     
  2. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    75
    Мене ми предава еден ваков. Тестови и испрашувања буквално кога ќе му текне, едни прашања којзнае од кај ги ваде. На еден тест извадив 2, за да ја поправам секој час ме испрашуваше. На неговиот час е мртва тишина, глас не смее да се слушне. Една лекција во еден час да земеш може да сметаш за премија. Имам забележано со послабите ученици поинаку се однесува, построг е со нив, дури понекогаш ги навредува, демек ти незнаеш ништо не можиш да научиш.
    А предметот што го предава ми е многу интересен со задоволство го учам. Сепак оваа година за разлика од претходните не е толку строг.
     
  3. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И кај нас има една таква.Предава историја.Земаме еден час две лекции и после два часа не убива од испитвање и не е како другите наставници,воопшто нема разбирање за учениците.Јас април месец бев на натпревар по информатика и цело време се спремав за натпреварот, ок дојде натпреварот си добив наградада и идам на школо да частам,мајка ми имаше направено мала тортичка а тој ден страчката имаше закажано писмена за цел материјал.Јас ги знаев лекциите ама не ми беа повторени не бев сигурна во себе,а кај неа од 5 одд па до сега ми се сите петки по нејзиниот предмет,и ја замолив ако може другиот час мене да ми даде писмена и не сакаше ми вели кец ке ти пишам..Јас и велам ок пишете ми.И почна да ги дели тестовите и ми даде и мене и јас го зедов тој тестот и кај неа на катедра и велам Зарем вие немате доверба во мене?Ова ми е првпат од вас да побарам нешто,секогаш сум учела по вашиот предмет и самите знаете дека кај вас ми се сите петки на тестовите,ама во ред професорке пишете ми единица штом така сте решиле еве ви го тестот и број 10 сум во дневникот не мачете се да барате..И виде не виде ми рече дека другиот час ке правам и не ми запиша кец.Дојде другиот час и испадна дека го заборавила мојот тест и почна усно да ме испрашува јас тата мата се и кажав и виде дека знам и седнав готово.Пота имаме пак историја ете ја пак мене ме станува и почна да ме прашува од првата лекција од учебникот а ние стигнати до крајот на учебникот и јас нормално не се сеќавам на тие лекции и ми дојдоа солзи на очи и заврши часот и ме задржа мене ми вели Шо е работата со тебе?Зошто не ги знаеш првите лекции од учебникот?Јас и велам наставничке не се сеќавам од месец септември па до сега знаете колку време помина?Не само јас туку и друг да прашавте немаше да се сеќава и замислете на тоа ми вели Еј твоите дома да не се теппат,да не се караат,имаш некој проблеми дома?Јас реков дека нормално немам и да имам тоа нема да влијае на моето учење..учењето е едно а семејството и проблемите друго.Немав друго решение и за другиот час ги повторив лекциите од прва стрнаа на учебникот,си станав и ме пукна да и разкажувам цел час ме изцеди..На крајот пак си имав 5.Колку злобни наставници има...Катастрофа!Наместо оние кои што имаа кецови да ги мачи,петките ги мачеше оваа мојата...Ненормална работа!
     
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Имам искуство јас со две вакви професорки.
    Едната во основно,а другава во средно,али замина в пензија! :party: :party:
    И сите и имаа страв на оваа во средно најсериозно,еден поглед што имаше,па еден глас.Тестови ни давеше чувај Боже,прашања прв пат ги гледавме.И си се чудевме,на час што предади што не.Е мрзеше едноставно.Не навредуваше не викаше дрогирани,животни,невоспитани.Што ли уште не.
    За да добиеш оценка кај неа мораше да одиш кај неа на спремање,ќе и тупиниш 400 денари или 500 од час,и ќе ти ги даде тестовите.Научи ги на памет,и со сигурност добиваш 5-ка или пак краен случај ти пишува 4ка.
    Јас кај оваа сосила ваѓав двојче,а и предметот не ми одеше баш нај нај.Сите тестови максимум 6 бодови,и нормално кец.
    Кај мене во параллека речи си на прво тромесечие бидејќи прва година пиша единици.Само на тие што биле кај неа на спремање убави оценки.
    И на тие помирните,што беа на час како мене,по едно двојче.И чао едвај на крај 3ка да ми пишит бе. ]:)
    Кога ќе влезеше првите денови во училница беше буквална тишина мува да помине ќе се чуе,ама после,е дефинтивно посебно машките неможеа да се контролираат,колку што ни одеше таа нас на живци толку ние нејзи.
    Бркаше од часови,запишуваше за казни.Страшана работа беше.И нон-стоп со класниот се карала замислете.


    Втор случај.Имав професор по Историја,ова де мислам наставник во основно.
    По терсен од него амин.Немат на веков и на светов.Со историјата спиев,нон-стоп само историја да се учело,а петка имав.Ама немаше бе,ни од оправдани причини да те стани а да му кажиш дека немаш научено одма оценка намалуваше.Еднаш мене,јас имав натпревар и предходно му кажав дека нема да појдам тој ден нашколо бидејќи ќе бидам на утакмица.И господинов влагат во училница и одмаа опааа Банана не тука а? Е сега ќе видит.И бап 4ка.Така,така нека ти биди.Му одам следен час,и цел тест на памет му го оставив.И ми вика со тебе шо праиме? Јас:како со сите така со мене,тест.
    Ми го даде тестот за неполни 10 минути му го напишав и му го дадов ми го прегледа и нормално добив 5ка со сите бодови.И виде не виде ми пиша 5ка.
    А предходно дотичниов ме зеде на очи,бидејќи зошто не сум земала 1,2,3 место на натпреварот на општинско ниво.А таму бев најмала.


    Што се не шета по овој свет.
     
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Ние на факултет каков имаме мислам нема да се роди.Стар ерген е ;) што друго да се каже.Еден досаден,само некои глупи прашања поставува,а да кажеш има логика тоа што го збори или да научиш нешто повеќе-нема шанси.Ти повеќе ќе заборавиш од неговото зборување.Не се некои тешки филозофии што ги предава ама ги испревртуваат на некој нивен начин и прашањата и се и испаѓа дека ти го знаеш одговорот ама не знаеш што те прашал.Студентите му ги презентираат предавањата,тој само слуша и поставува прашања,како есеј да му пишуваш а тоа се од книгата препишано ама нели колку да те измачи да куцаш на компјутер и да направиш презентација за секоја лекција.Па кога ќе ми текне за какви додатни глупости ќе му текнуваа да измислува покрај вообичаените задачи,ама среќа во другиот семестар студентите се пожалија на деканот и тој рече да не се прават додатни работи освен семинарската.И тој другиот ден-Ок не треба тоа :lol: Па некогаш некој студент на крајот од часот ќе го замара-а ти како мислиш да положиш,под 8-ца не признавал оценка тој,ма немој,викам баш да ги видиме разултатите :?: Се прави нешто сака да биде ама има далеку поквалитетни професори а што не ѓнават толку и пак ќе научиш.Овој те замара а се за џабе.И најбитното :!: тој семестар ми предаваше 3 предмета,потоа полагам испит што ми останал од друга професорка-гледам тој се потпишал на прашањата(а тестовите па какви му беа украсувани со слики од факултетот,со емаил, со телефон,шарени,шарени)иии :( следниот семестар пак тој и тоа по 2 предмета.Леле викам,што да му правиме?Се смеевме со една колешка го слушнала како договара кафе со друга професорка викам белки ќе си ја најде среќата и сите ќе не усреќи :D Не знам што се дешавало понатаму ама многу е веројатно и следнава година да ми предава.Please no.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кој па нема искуство со такви професори :)
    Не ги оправдувам туку ги сметам за неиживеани кои си лечат фрустрации преку учениците/студентите. Јас разбирам дека сите ние имаме и денови со нервози и хаоси ама кога почнуваш проблемите да ги носиш на работа и не си доволно посветен на работата тогаш подобро ич не ја работи таа работа зашто знаеш дека работиш со ученици/студенти. И не само оваа работа туку и било која друга, ако ја работиш ради реда за да на 1-ви земеш плата и не те исполнува ти стануваш роб на неа и се вртиш во тој магичен круг. Сам себе се мачиш и набиваш фрустрации.
    Ако сакаш да изиграваш авторитет најди метод и наметни го. Примени метод кој е соодветен.
    Зарем има поголем успех кога ќе те пофалат учениците и знаат дека те сакаат и почитуваат, со задоволство го учат твојот предмет...
    Ок, цени си го предметот и работата ама не се и преценувај. Нема лоши ученици само лоши професори.
     
  7. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Секој има свој начин на работа, можеби само малку е построг но наставник си е наставник... |( Како што вели мама Нема лоши наставници има лоши ученици, каков си ти со наставникот таков е и тој со тебе. :tmi: Ако добиеш слаба оцена, те испрашува за да ја поправи... :!: Денес баш еден професор ни рече: Ние сакаме сите да бидете одлични, но некои од вас не се трудат, сите сакаме да се добри бидејки така ние се горедееме дека сме ве научиле за нешто, немојте да мислите дека сакаме да пишуваме 1 или 2!
     
  8. Iza.bella777

    Iza.bella777 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12

    hahha koja glupost. ocite ne ti go citaat toa, sto racete ti go pisuvaat. bas tie sto vikaat nie ne sakame da pisuvame edinici i dvojki bas tie pisuvaat. imam edna takva sto samo vika jas ne sum odmazdoljubiva, nitu ke ve maltretiram, ne se plasete od mene. Bas takvite zboruvaat edno, a go pravat sprotivnoto. A baska so se tolku podmitlivi. da mu reces na nekoj eve ti 500 evra staj mu na toa dete 4 odma ke prifati. cel zivot si imam rabota so takvi. :puke: :envy: :devil: :@
    A decata se samo nevini i mili dusicki sto nemaat nikakvi greski i se cisti kako solza dodeka da stanat vozrasni .
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Леле да. |(
    Имав една професорка во средно, абе сите ни се сменија само таа 4 години ко за беља остана и не тормозеше со најразлични глупости кои и онака не ни беа од никаква корист. :|
    Секогаш беше нерасположена, едвај глас и се слушаше кога зборува, и имаше една одвратна нехигиенска навика - да го гризе пенкалото. |(
    Дур одговарав кај неа ми се слошуваше...Ама тоа е, помина. :)
     
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Имам една таква и тоа фиизчко ми предава. За среќа оваа година физички имаме само среда 1 и 2 час и чао пријатно само тогаш ќе ја гледам. Жената е многу дволична и лицемерка пред се. Жена во години е, мајка, баба ама еден карактер што има до денес такво нешто не сум сретнала. Пред се нема час а да не се распрашува за личниот живот. Најчесто прашање оти сме повеќе девојчиња во класот "Имаш дечко" ако одговорот е не почне така цинично да се смее па со некои коментари од типот е како не, кого лажеш ти, што јас глупа ли сум, а кој ти е овој, оној илјада прашања без веза. |( Ако и кажеш имам па ќе те распрашува од каде е, каде живее, кај учи, заврши ли, кај работи, колку години е, колку време сте заедно па се потсмева со некои коментари без веза. А не дај боже да те некаде на улица со машко. Мене во 1 година ме видела на мостот некаде и другиот ден на час и не чита по број нели кој е отсутен да запише и тогаш 8 број бев и стигна до мене и јас викам тука сум и таа е сега да ви кажам нешто и сите такви гледаат во неа мислат којзнае што ќе каже и таа "Вчера на мостот минам и јас толкава сите ги сопрев за да поминам а Елена со дечкото не ме гледа" и другите се исмејаа небаре тоа е многу смеѓно а јас ваква --> :^) и девојчето до мене што стоеше за да ме одбрани вика од дека знаете професорке може брат или братучед и бил. И оваа траеше едно време и после тоа вика е како не јас видов како се гледаа не ми кажувај ти мене брат братучед (да де за 5 секунди видела како се гледаме, свашта) А на една друга сокалсничка и вика еднаш дечко имаш и девојчето не и оваа пред цел клас а тој што го водиш за рака што ти е. |( Многу морам да кажам глупа жена е. Од цел клас 20 души никој ништо незнае оти никогаш не сме ни работеле нешто таа само се распрашува за личните животи а остај шо се распрашува се што и се каже го кажува и во канцеларијата пред останатите професори. И има ученици кои ништо незнаат а имаат 3 и 4 од неа а во живот опрема не облекле а има ученици кои исто така ништо незнаат а имаат 2 од неа. На некои ученици брат сестра постар учел во тоа школо или родител па оваа ги знаела е тие ученици и се мили на некој начин и што и да кажат ништо не им вели а останатите глупи не прави. Ги навредува пред нас турците демек и смрделе на крави и овци :^) а лани на крајот на школската година и рекла на една сокласничка која исто така е турчинка да и однесе волница од овците и едно кафе за да и пише 3 оваа донесе. Тешко лицемерие е во прашање.
     
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.088
    Пол:
    Женски
    И јас имам таква,географија ми предава.Нормално дека секаде испрашуваат усно и даваат тестови,ама таа кога ќе испрашува усно те прашува 12 прашања,а вооопшто не те чека да размислиш.Штом ќе види дека се мислиш,не чека ни половина секунда и веднаш ти вика следно следно.Едно прашање ако згрешиш,4ка ти пишува.А за цела година,ако сите ти се 5ки и само една 4ка уште еднаш те испрашува за да не ја јаде совеста за да ти стави 5ка.Таков е мојот случај.
     
  12. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Сум имала такво искуство, како во основно така и во средно.
    На повеќето не сум обрнувала премногу внимание, но имам професорка по македонски јазик која ми оставила најголем впечаток (најнегативен).
    Очигледно е дека има страст кон она што го работи, знае да предава, се држат дополнителни часови, објаснува. Сето тоа е нејзина должност и во склоп со нејзината струка и тука завршува приказната. Но, на некој начин како намерно да сака да остави негативен впечаток врз учениците и тоа го прави на многу мизерен начин. Со тоа што учениците ги навредува затоа што не прочитале едно обично дело, не научиле лекција или пак ако прашаат за до тоалет. Буквално сее страв меѓу учениците, за после да слушнам од истите тие ученици дека таа била ''професионалец''.
    Не е само да се предаде материјалот и толку. Најпрво треба професорот, освен како професор, да се претстави како пример за интелегентна личност и педагог во кој учениците ќе гледаат авторитет.
    Ваквите професори никогаш нема да може да допрат до нормалните личности во смисла на тоа да добијат повеќе мотивација за учење затоа што коренот на проблемот најчесто лежи во самиот професор.
    Затоа ги разбирам младите кои бегаат сѐ помасовно од државава.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Имав двајца такви професори во средно. Едниот предаваше физичко, а другиот математика. Среќа што првиот ми предаваше само една година. Маста ни ја вадеше на сите. И пак не му чинеше тоа што го правевме. Вториов ми предаваше две години. Беше малку подобар од овој. Мораше да решаваме задачи он како што сака.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.