1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Техники за учење; важност на мотивација

Дискусија во 'Образование' започната од theowndemon, 31 јули 2021.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Еве иди Август а со то и Августска сесија. :D И доста е уживање, време е за... :*:Учење:*:. Ваква тема веројатно има и претходно ама ја отворам за две причини:
    • Да споделам важност на мотивација
    • Техники за учење и техники за покревање мотивација.
    Едно е ко ќе се расфрлани на негде. Едно е ко ќе се на едно место.

    Текст 1 е за ефективно учење.
    Текст 2 е за мотивација и техники на учење.

    Мотивацијата е таа движечка сила која ги стимулира луѓето да извршат одредна активост или да се движат кон зацртана цел. Мотивацијата има многу лица, колку што има човечки желби. Мотивацијата се сведува на сакање. Ние сакаме промена во однесување, мисли, чувства, околина и сл. Накратко, мотивите се внатрешни икуства во форма на потреби, когниции и емоции кои се директо причинтели на мотивациски подвиг.

    Но, што предизвикува мотивација?

    Социјални конструкти и надворешни настани имаат улога на претходници на мотивација кои ја предизвикуваат истата. Други мотиви можи да се изразат преку однесување, психофизиологија и слично. Во прилог, ќе преведам моделот на мотивација према Keeve, 2015, кој илустрира како мотивациските психолози ги изучуваат елементите кои предизвикуваат мотивација.
    image (3).png
    Ретко нашата мотивација иди од едно место, туку е микс од повеќе фактори. Нашите психолошки и физиолошки потреби не водат, нашата когниција не насочува и емоциите ни даваат интензиет и енергија за да ги исполниме целите. Кога постои комбинација на внатрешни и надворешни фактори, имаме плода мотивациска почва која може да се обработи.
    IMG_20210731_140815.jpg
    Одолговлекувањето е директна последица на недоволна мотивација, но исто така може да има и други фактори како анксиозност, страв од неуспех, и слично, кои влијаат на самодовербата и мотивацијата. Некогаш искусуваме и скриени фактори, како цел која е тешко достиглива или наградата за истата не чека далеку во иднината. Но, кога би зборувале за конкретни причини зошто луѓето одолговлекуваат ќе издвоиме:
    • апстрактни цели,
    • награди во далечна иднина,
    • анксиозност,
    • ADHD,
    • перфекционизам,
    • страв од неуспех,
    • депресија,
    • ниска мотвација,
    • недоволна енергија.
    IMG_20210731_141302_249.jpg IMG_20210731_141305_896.jpg
    Од што зависи ефективното учење?

    Когнитивните стратегии, кои се донесуваат на сознајни способности, како што се: перцепција, мислење и помнење, на учење опфаќаат:
    • мотивација за учење
    • одредување оптимален однос меѓу делови на материјалот
    • поврзување на стари информации со нови
    • одржување внимание
    • повторување
    Стратегиите на учење за да бидат ефективни, оној кој учи треба да поседува:
    • знаење за себе, своите способности, навики, интереси, надворешни услови на учење
    • познавање на задачите кои треба да ги научи затоа што за различни видови на задачи бараат различни вештини и начини на работа
    • познавање на вештините на учење како управување со време, техника на слушање и бележење на предавањата, вештина на читање, вештина на совладување трема и слично
    • квалитет и квантитет на предзнаење
    Како до ефективно учење?

    Организираност водење планер со себе и запишување се што е важно овозможува да не биде заборавено. Често работи кои ги забораваме се работи кои сме убедени дека нема да ги заборавиме и решаваме да не ги запишиме.

    Внимание за време на лекција улогата на наставникот е да го предаде материјалот на разбирлив и едноставен начин. Доколку ученикот успее да го сфати материјалот во училиште, дома останува да се догради со информации и да повторува.

    Одвлекување на внимание има многу работи кои ни го одвлекуваат вниманието. Самите сме свесни дека 5 минути на социјална мрежа лесно преминуваат во 50 минути, а тоа е драгоцено високо концентрациско време кое е изгубено. Кога планирате да учите известете ги пријателите дека нема да бидете онлајн извесен период, па дури и да ве бркаат доколку видат дека прекршивте ветувањето кон себе.

    Што би сакала да додадам во оваа точка се и условите на учење. Доколку учиме на исто место, во исто време, секој ден, се навикнуваме на околните фактори како надворешна бучава, викање од деца надвор и слично. Научени сме на еден наин да ги игнорираме тие надворешни фактори и сме концентрирани само на учењето. Нормално, ова не се постигнува во еден ден туку е континуиран процес.

    Прашувајте прашања! За да можи трајно да се научи материјалот мора прво да се разбери. Нема ништо лошо во прашања затоа што така се стига до знаење.

    Повторување секој ден овозможува трајно памтење на материјалот.

    Учење во интервали учењето е поефективно во интервали затоа што можиме да ја држиме концентрацијата само одредено време. За секои 30 минути учење, следува 10- 15 минути пауза.

    Поедноставени белешки и оваа точка се сведува на тоа дека мора да се разбере материјалот за да можи полесно и потрајно да се научи. Упростувајте ги белешките до момент кога целосно ги разбирате.

    Учење со група доста ефективен начин за памтење на материјалот е доколку се зборува за него и се споделуваат белешки со соученици.

    Техники за учење и покревање на мотивација за учење

    Техниката ПОМОДОРО
    • Учи 25 минути
    • Мала пауза од 5-10 минути
    • Повтори 4 циклуси
    • Подолга пауза после 4 циклус
    Најважното од се е, дека оваа техника е доста флексибилна и интервалите на учење и циклусите може да се променат према индивидуалните потреби. Совет за оваа техника е да се има тајмер. Кога е време за пауза, а кога е време за учење да биде строго определено. Предлог за паузите е да се активни и физички, наспроти на социјални мрежи или гледање видеа. Шансите се дека после едно јутуб видео ќе западнете во дупка за гледање повеќе, а физичката активност ќе ви даде краткотрајна мотивација и енергија.

    Креирај систем на награди
    • Верзија 1 - неколку награди распределени после секој интервал за учење.
    • Верзија 2 - една голема награда после завршување со учење за денот.
    Советот тука е да се почни со верзија 1, па да се продолжи со верзија 2 како што се гради на концентрација. Оваа техника е доста добра затоа што директн делува на мотивацијата како надворешен фактор.

    Структурирана прокастинација
    • Приоритет стави на потешки обврски и учењето е долу на листата.
    На овој начин кога не можеме и одлагаме поголеми обврски, ќе се освриме на помалите обврски од денот за да ја добиеме таа „победа“ која ни треба.

    Групно учење
    • Имај човек кој ќе те преслуша и кој е отворен да слуша додека учиш.
    Колку повеќе повторуваме - толку подобро учиме. Некогаш па ни фали социјален контекст, па некој да разговара со нас и да не преслуша е баш тоа што ни треба.

    Чиста работна маса
    Чиста работна маса нема елементи на неа кој ќе ни го одвлече вниманието. Ова може и да е прилика да се сортираат белешките:

    Направи картички за учење со праање на едната страна и одговор на другата.
    Сортирај ги белешките со боја. Одредена боја да претставува една категорија и различни знакчиња со таа боја за диференцијација.

    Запишувај ги грешките
    Грешките се океј, се додека се учиме на нив. И затоа мора да посветиме повеќе внимание на нив. Тоа може да биде така што:
    Се запишуваат и повторуваат.
    Се бараат нахнади објаснувања за подобро да и разбериме.
    Се тестираме за грешките кога ќе ни текни на нив, макар не е време за учење.

    Барај примери
    Многу работи се апстракни и ни е тешко да ги разбериме. И некогаш делот кој ни фали за да разбереме е поткрепа со пример. Честопати примерот ќе ни остави огромен впечаток и ќе иди потпора за структура на апстрактен концепт.

    За ова исто помага и:
    • Барање повеќе информации и цртање слика.
    На линковите има многу подетално, ама ова е најважното. Шо ме интересира е да видиме сите како учиме, шо ни е сопка и како се мотивираме. Дали користиме дел од овие техники, или имаме некои свои и да ги споделиме со другите да му се најдат.

    Обично ставам прашања кога отворам теми, by all means не мора да ги одговорите, поќе се како водич за замисла на темата. Коментирајте шо мислите дека е важно.

    Али прашања кои јас би ги покренала се:
    • Дали лесно се мотивирате за обавување на обврски?
    • Кои техники за мотивирање ги користите најчесто?
    • Кои техники ви се докажале како не плодотворни? А, кои како успешни?
    • Колку често прокастинирате?
    • Колку верувате во ветувањето дека тоа што го одлагате ќе го направите?
    • Кој метод на учење го користите?
    • Дали техниките за учење ви се постојани или ги менувате често?
    Јас дур пишев прашања ми ѕвонаа за излегвање, така да после ќе одговорам за мене зошто воведот е поќе "научен" него личен. Зошто има дел техники шо ми помогнале лично, јад сум прокастинатор и ќе споделам како се спрсвувам и со то.

    Се надевам дека ова ви помага, и се надевам дека заедно ќе можиме поќе да си помогниме и да дајме и имаме увид во поќе искуства.

    Имајте убав ден. :f:
     
    На simoncelicius, S.W.A.G, Katie90 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Океј реков чим дојдам кажвам за мене. Здраво, јас сум Демон и сум прокастинатор. Ако нешто ме интересира го прам одма, полна мотивација. Ќе напрам и екстра од то шо треба. Ама ако нешто не ми е интересно е проблем. Некогаш прокастинирам и за работи шо ги сакам.

    И за мене ова беше проблем. Пример биологија на училиште учев со лез, ама историја се думав како да научам доволно за 2. На факултет кога имавме теории спиев на предавање, ама ко ќе учевме клиничка седев напред и бележев. Тогаш не се снаоѓав како да се мотивирам. Се сеќавам еднаш мајка ми ме заклучи в соба да учам за тест. Јас седев на џам и ги слушав комшиите како се карат. И одлагав до deadline. Ако сум прва смена и испитвањето ми беше во 9, јас станвав во 5 сабајле да научам.

    Сега учам јазик, и психотерапија. И двете како појави ме хајпнуваат и кога вниманието ми опаѓа, барав начини како да се држам "во тек". Со јазикот правилото ми е "нема скокање ден" макар 5 минути потрошам на јазикот - доволно е. Ама денот да не се скокни. Со психотерапијата си давам имагинарни рокови. Таму немам рокови, дури Декември ќе имам 1 голем испит за цела година, ама пред годината немам. Така да си прам проектчиња, временски ограничени. Си дадов од- до рок за повторвање на сите досегашни работилници. Давање рокој, иако не мора ми помага многу зошто работам во рамките на тие рокој. Ако знам дека до 12 Септември морам да сум завршена, макар на 1ви да почнам најкасно, до 12 ќе сработам многу, а имам пак бааѓи време до краен испит. И нормално за успешно завршена година имам одреден буџет да се наградам. И за сега ме држи многу мотивирана. Исто така пишам на бела табла дневни активности поврзани со учењето. Ова ми се најде многу.

    Шо ми се нема најдено, а имам пробано е, да работам без рок, а само да се наградвам. То не функционира за мене.

    Сакам да пробам структурирана прокастинација кога ептен ќе паднам ниско мотивациски при следна прилика, па ќе споделам како функционира за мене. Ептен ми е интересно дека проблемот го вооружува уствари да е корисен. Имам надеж во техникава и чекам од две девојчиња фидбек дали го пробаа и како им се допадна и колку е ефективен за нив. Сепак се на секој не одговара.

    Реков дека некогаш прокастинирам и за работи шо ги сакам. Многу сакам да цртам. Ама поинтересно ми е да скролам на Редит. Ова е веќе градење навика, ама преку 2 месеци, во исто време ( или приближно кога сум зафатена во тој период) седнував и 1 сат посветвав на цртањето. И така ми стана навика, една линија да шкртам денес - една. Шојма врска. Кога сум расположена поќе. Ама сега ко ќе сум расположена ми е навика да седнам, друг пат сепак се заборавав на телефон.

    Спремам техники за справување со прокастинација, ќе ги продолжам во темава ко ќе се готови. Сепак отворив нова тема оти опфаќам три испреплетени теми тука: мотивација, прокастинација и учење.

    Ах и ова ќе забораев. Работи шо треба да ги напрам во текот на неделата ама неопределено кога точно, то не функционира за мене. На банални работи давам ден, и час кога немам други обврски инаку нема да го напрам. Накратко, давање рокови ме спасва мене. То ми функционира индивидуално.
     
    На S.W.A.G, Ajronmen, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Многу убава и важна тема.

    Поентата на мојот став ќе го кажам во една реченица, а после ќе дообјаснам: Дури го пишуваше ова, ќе научеше.

    Јас бев прокастринатор мнооооогу долго време и исто како тебе, наоѓав техники и методи како да ја победам таа лоша навика. Да бидам искрена, апсолутно ниту една техника не ми помогна и се откажав, си реков, тоа е, ако веќе сум ваква, ќе се прифатам и барем наместо да дремам дома и да се обвинувам зошто не учам, ќе одам на кафе, ќе шетам ќе гледам филм без грижа на совест, па кога ќе ми дојде да учам, тогаш. Тоа беше најдобрата техника која ете случајно ја открив. Сфатив дека јас сум незадоволна од себе што не учам, а истовремено сум незадоволна и што времето во кое не учам, не го уживам. Кога почнав вистински да го користам слободното време, си ги полнев батериите, наместо да ги празнам со себеобвинување и учењето доаѓаше природно, без да се терам со сила, почнав да уживам и во учењето и да имам голем фокус.

    Инаку, поентата на болдираното ми е дека кај трошиш време на прокастринирање, ова е уште една загуба на време, смислувањето техники. Ако ти помагаат, нормално дека не е загуба, јас ова само од мое искуство го кажувам.
     
    На Ugly Duckling, Guns N` Roses и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    :D

    Чекај, ова е загревање, ко ќе имам за учење, е дури тогаш поќе вакви теми вадам од ракав. :D Сега сум слободна. :D Ментално се спремам за периодот шо иди.
     
    На Guns N` Roses и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Одлична тема:D

    За среќа, јас не сум прокрастинатор, кога станува збор за учење (како и за повеќето нешта во животов)
    Кога учев/студирав, секогаш го делев материјалот на делови, учев редовно и не чекав да ми се собере. Па така, додека другите учеа ден пред испит, јас тој ден го искористував за одмор, релаксација и средување на мислите 8)
    Со гордост можам да кажам дека немам паднато на испит. Значи, редовноста е најважна. Затоа што на материјалот му треба време да “легне“
    Лошата страна е тоа што јас чувствував притисок да учам секој ден. Секако, тој притисок си го создавав сама и денот поминат без книга ми беше како изгубен ден, дури и грижа на совест имав ако си земев ден за одмор од учење.

    Во врска со техниките за учење, секогаш имав тетратка и пенкало или молив до мене, па си правев свои концепти и цртежи, давав мои примери што ми се лесни за паметење, правев класификации и табели.
    Сепак мислам дека ова е индивидуално и секој од нас учи различно. Јас сакав прегледност, многу примери и цртежи.
    Секако, ова зависи и од тоа што учиме. Мојот факултет не бараше многу бубање, но затоа беше многу важно редовното вежбање.
     
    На Guns N` Roses, tina2018, Yellow456 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ова е важно за апстрактни концепти особено, да му дајме "лик", да го асоцираме со нешто и да го разводниме за полесно да го сфатиме. И јас генерално учам со пишење и цртање, зато и морам совреме да почнам. :D

    Вака темите за шо пишам, ми се исто тесно поврзани со то шо учев и учам и уз истражување учам најмногу. На "неќење" памтам тон информации и статистики ( имам слаба точка за читање истражувања и стат. изработки).
     
  7. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Секоја чест за темата! :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Една ракија и ќе ти помини, don't overthink it! :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Се согласувам.
    Искрено, не учев јас нешто толку апстрактно, ама сакав да си ги поедноставам лекциите и да ги „прераскажам“ со помош на цртежи и примери. Откако ќе го направев тоа, не ни ја отворав книгата веќе, повторував од белешките.
    Мислам дека е важна и редовноста на предавањата. Тоа што го предаваа професорите, тоа и го имаше на испит (најчесто). И сосема друго е кога е објаснето, па учењето дома доаѓа како дополнување.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    3.286
    Пол:
    Женски
    Ако естетски не ми личи убава тетратката, не учам. Се убивам од бојадисување со еден куп маркери и пенкала, како боенка ми изгледа тетратката. :D
    И нормално поедноставено објаснување на материјата игра важна улога. Тетратката ми е урнек специјално за мене, никој не го разбира тоа што го пишувам и нема потреба.
     
    На Guns N` Roses, Srckata28 и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.101
    Допаѓања:
    5.278
    Пол:
    Женски
    Темава е so necessary omg. :party::party:

    Јас лично, ич не сум прокрастинатор, баш напротив.
    Ако знам дека имам нешто за учење, ќе умрам додека не го научам, буквално грижа на совест чувствувам. Не сум бубач, нити бркам просек, ама ми тежи обврската, и не можам да сум релаксирана се додека не ја завршам, и да не се работи за учење, секоја обврска воопшто.
    И мислам дека тоа што не ги одложувам обврските, односно учењето, е тоа што прави да успеам. Не би можела да учам по цели денови пред испит, општо, не можам да работам под притисок.

    Всушност, преферирам учење пополека, лабаво, секој ден по малку, така и во средно учев. Подобро ми е секој ден, една недела, да учам, на пример по 2 часа од предмет, отколку да учам три дена по цел ден. Ретко цртам, ама подвлекувам и мнооогу допишувам од страна околу текстот, и така полесно повторувам, се ми е шкртано. :rofl:(facepalm)

    Ама најтешко од се ми е кога треба прв пат да седнам да учам нов предмет, така ич не ми се седнува, ама откако ќе почнам, после не “прокрастинатам”.
     
    На Guns N` Roses, злоба и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Скроз разбирам ова. :D
    Работи шо ги сакам обично ги одолговлекувам до моментот кога седнувам и "почнувам". Чим почнав - завршено е.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Одлична тема за некој што цел живот го поминал во учење :lol:.

    Шала на страна, навистина убава тема, комплексна и многу индивидуална.

    Уште од мала бев бубаличе, поточно од 5то одделени од кога почнаа да се учат лекции. Не бев прокрастинатор, секоја лекција научена на време, секоја книга научена од збор до збор. Така сакав да учам, можев, памтев.

    Во средно продолжив исто, секоја лекција научена на време, а и да забушавав знаев дека ќе научам, дека можам и не се замарав премногу. Памтам само дека професорка од средно ми рече немој да учиш на памет, ќе ти биде многу тешко на факултет кога ќе треба да учиш огромни книги.

    И така се случи, се запишав на факултет и започнаа моите проблеми со учењето, не знаев што ме чека. Обемен матријал, тежок, да се спреми за краток временски период за мене беше огромен предизвик. Јас во принцип сум перфекционист и за учење и општо за се, па така сакав цел матријал да ми биде спремен научен, значии научен убавоо, како во книга, да се пее, а тоа на факултет не беше возможно. Мојот перфекционизам ме водеше кон пропаст, ми се уништи самодовербата комплетно поради тоа што се сметав дека не сум способна да научам како другите, не сум вредна за тој факултет. Паралелно со тоа мотивацијата ми беше на нула, може и под нула.

    Сигурно се прашувате зошто не се отпишав, како се мотивирав да продолжам понатаму.

    Секако тоа не се случи преку ноќ, беше долг процес на себепронаоѓање. Причината поради тоа што не се откажував и несакав да се откажам е тоа што премногу ја сакам таа професија, сакам тоа да го работам, ја сакам науката, се пронаоѓав во тоа, чувстувам дека припаѓам тука, а на секоја помисла да се откажам ме болеше душата. Но знаев дека морав да превземам нешто за да мрднам од мртва точка.

    Прво нешто што го променив е пристапот кон полагањето на предметите. Јас овој предмет го учам зошто сакам да го учам, затоа што кога ќе го научам ќе се здобијам со знаењето што ми треба. И до ден денес сум со овој пристап. Од кога си го ставив тоа во главата испит немам паднато. Учам за себе и за своето знаење.

    Втора работа која ја променив е го намалив перфекционизмот, а ја зголемив самодовербата. Ја гледам големата слика, а не се осврнувам на деталите. Што значи тоа? Матријалот на медф е бескраен, учењето за испит нема крај. Учам само крупни работи, кои ќе ги запамтам, не се заглавувам со детали што нема да ми користат. Кога почнав да учам на овој принцип дефинитивно ми се олесни учењето премногу.

    Ќе преминам на мојот принцип на учење. Новиот матријал го учам наутро. Почнувам некаде од 8часот се до 13, 14 часот со кратки паузи од по 10, 15 минути. Претходно собата мора да ми е средена, чиста, за да не ми одзема нешто внимание. Навечер читам само тоа што ми е претходно читано веќе, учено. Кога наближува сесија, се знае тој период се чита, учи максимум што може, по цели денови, секако измеѓу учењето гледам да испаднам некаде на кафе или да прошетам, да спортувам, зависи за што сум расположена. Кога учам нов матријал до мене обавезно имам тетратка и се што сметам дека е важно запишувам, кога запишувам како подобро да меморирам. Ако е потребно, цртам, учам со слики, видеа и ги искористувам сите можни ресурси за полесно да го совладам матријалот а тоа да не е бубање.

    Мотивацијата ја црпам од секаде. Секој положен испит ми дава дополнителна мотивација да се вложувам се повеќе и да го дадам максимумот од мене. Во исклучително тешка ситуација, најголема мотивација да продолжам ми биле личности што биле во слична ситуација како мене па со нивната приказна ме инспирирале, а со нивните зборови ме мотивирале кога тоа ми било најпотребно. Во моментов сама на себе сум си најголема мотивација.

    Прокрастинатор не можам да речам дека сум, секое слободно време го користам во учење, читање.
     
    Последна измена: 2 август 2021
    На Евроазија, cresa-jagoda, Srckata28 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Машки
    Навистина одлична тема , поготово сега во летните денови кога ретко на кој му се седи над книга кога надвор е 40+ степени.

    Јас завршив за годинава со испити и искрено немам посебни специфични техники за учење освен тоа што учам апстрактно и со примери и асоцијации. Одреден поим или термин кој ми е нејасен го поврзувам со нешто од секојдневниот живот и си правам некаква асоцијација. Пример има една дефиниција алели се алтернативни форми на еден ген и сега вака на памет секој може да ја научи без да го знае значењето , јас навлегувам малку подлабоко и си мислам каква асоцијација да направам (гледав и Youtube видеа) и во очи ми падна примерот со кока кола , така што постојат различни видови на кока кола (Zero , обичната , безбојна итн..) но сите се ипак се однесуваат на кока кола , па така ми станува јасно што се алели т.е различни (алтернативни) варијанти или форми кои го претставуваат истиот ген.

    Во однос на учењето , јас секогаш кога учам мора физиолошките потреби да ми се задоволени да сум најаден, напиен , одморен и да имам се што ми е потребно пред мене (учебник , листови , тетратка , маркери , пенкала). Дури откако се ќе биде пред мене можам да почнам со учење , во спротива нешто ќе ми го отргне вниманието и ќе изгубам 30 минути до 1 саат за глупости. Најдобар период за учење ми е периодот од 18 до 22 часот , тоа време сум некако најпродуктивен. Секогаш гледам да учам за себе и доколку ми остане време да читнам и нешто вон материјалот чисто онака од љубопитност.

    Според мене доколку правилно е одбран факултетот , не треба да се бара некаква си wow мотивација. Доволен е фактот дека си се запишал на тоа што го сакаш и дека има студенти кои немаат можност да студираат и да се стекнат со соодветно образование иако сакале. Секој треба да си најде свој начин како да се мотивира , дали е преку награди или очекувања не е важно.
     
    На nevermet18, Guns N` Roses, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.033
    Пол:
    Женски
    И јас како и членот над мене секогаш морам да сум одморена, најадена, хидрирана и секако да сум расположена, оти ако не ми е денот само ќе се мачам, нема ништо да научам. Секогаш пред мене ги имам сите материјали што може да ми притребаат, затоа што ако станувам да земам нешто ќе се деконцентрирам.
    Друго, дефинитивно многу помага кога имам некој на којшто можам да му раскажам што сум научила или пак со некоја колешка да разговараме околу материјалите, да споредуваме мислења и белешки, па така се поправам ако забележам дека нешто имам разбрано погрешно.
    Во врска со грицките, кога сум дома не правам пауза за грицкање или да си давам награди оти не сум стрпелива, па сѐ ќе изедам наеднаш. :D Кога учев во библиотека до пред пандемијата правев доста кратки паузи и една поголема кога си купував чај или ручав. Ова се однесува на техниките за учење.
    • Дали лесно се мотивирате за обавување на обврски? Кои техники за мотивирање ги користите најчесто? - Мотивација ми е единствено да ги положам испитите со време, да добијам висока оцена за да земам стипендија, како и ме мотивира самото тоа што ме интересира, сакам да научам нешто ново, да доистражувам за темите итн.
    • Колку често прокастинирате? - Ова зависи од другите обврски што ги имам, а и некогаш си земам ден за одмор, ама следниот ден надокнадувам.
    • Дали техниките за учење ви се постојани или ги менувате често? - Може да ги променам само ако го променам местото на учење, а и зависи од самиот предмет. По некои предмети прво ја читам темата, подвлекувам во книга, па после пишувам во тетратка или куцам на лаптоп, па ги принтам, ама како поефикасно ми се покажало рачното пишување. По некои предмети често во напишаното знам да додадам уште нешто или да поправам некоја грешка. По други си учам директно од книга и плус закачувам sticky notes на некои од страните, побитни факти или потсетници, поделби или слично. Исто по некои предмети повеќе истражувам, споредувам од книгата со други книги, зависи што се бара по самиот предмет. Мислам дека тоа е сѐ. :sun:
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  16. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    1.400
    Мотивација ми бил фактот дека ќе ги проширам гледиштата во поглед на знаењето во областа за која учам. Ќе го надоградам знаењето кое веќе го поседувам и ќе отворам нови видици за проширување на знаењето во иднина. Немам претходно слушнато ниту прочитано за техниките на учење, ниту применувано некоја конкретна техника. Мојата техника може да ја наречам пролетеријат. Оти кога биле испитни сесии или колоквиуми, пред тоа посветено во најголема можна мера започнуваше подготовката. Денот пред испит нема воопшто спиење, оти мора уште еднаш за крај да се утврди материјалот. Затоа утредента на испит или колоквиум, според изгледот професорите мислат дека им дошол да полага студент кој боледува од некоја тешка болест. :rofl:

    Мислам дека техниката и не е толку важна колку што е важен одморот. Дури и не е толку важно времето кое ќе го посветиш на учење колку што е важно нивото на концентрација во дадениот момент. За време на паузите помеѓу учењето, барам нешто дополнително поврзано со материјалот за полесно да создадам некоја целина. Дополнителни информации се секогаш добредојдени за да се запомни материјалот. Бидејќи се создава една поширока слика односно еден вид на приказна. Секогаш создавањето на таква приказна ми има помогнато во учењето. Мал проблем беше кога има голем број на набројувања, тогаш мора да се искористи системот на асоцијации за да може да се запомнат голем број на набројувања. Ваквиот систем никогаш не ме изневерил и секогаш резултатите биле доста солидни. Сепак од самиот студент или ученик зависи кој системски пристап односно техника му одговара и ќе му помогне да оствари солидни резултати. Прилагодувањето на системскиот пристап може да биде побавен процес, но со текот на времето системскиот пристап преминува во навика.
     
    На theowndemon, nevermet18 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Мислам дека многу често не се приоритизира одморот и како резултат на то не можиме да се концентрираме, неќиме, влечкаме брн аут и низа проблеми. Колку пати сум убедвала другарка ми да легни да одспие место со сила да продолжи да тера материјал шо посекако нема да го научи зошто и психички и физички ѝ треба одмор.
     
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Немам проблем со мотивацијата за предмети што ми се интересни и што сакам да ги учам. А за подосадните предмети ситуацијата е обратна. Одолговлекувам колку што можам, тешко ми е да учам нешто што не го сакам и мотивацијата ми е нула. Единствено што ме мотивира за учење е фактот што ако не го положам предметот во една сесија ќе мора пак да поминувам низ истите маки и во следната сесија :D

    Не применувам скоро ниедна техника за учење и никако не можам да учам во група. Пробав неколку пати, но наместо да учиме ние правевме сосема други работи и се откажав од тоа.
    Секогаш кога учам телефонот ми е на страна и максимално се концентрирам. Сакам да ми се средени скриптите и тетратките, без виткани страници и без маркери и подвлекувања . На почетокот се обидов и со тоа, но ми беше тешко да селектирам што да учам повеќе, а што не. Па често пропуштав важни работи.
    Техника од наведените која несвесно сум ја применувала е повторувањето. Дефинитивно тоа е најефикасно за мене. Првото читање е најтешко, после со секое читање полесно го разбирам материјалот, подобро препознавам што е најважно за учење и ги поврзувам меѓусебно деловите од материјалот.
    Преферирам да учам навечер, потивко е, а и не сум баш morning person :D Единствената негативна страна на ваквото учење некогаш е ова:
    Screenshot_20210802-112004_Facebook.jpg
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    IMG_20210803_001226_103.jpg IMG_20210803_090046.jpg
    Прам и вакви за визуелни типој шо дефинитивно не би прочитале воведот или тесктовите на линковите, ама слики? Е то одма читаат. :D

    Јас денес почнувам со учење ама сум мотивирана. Барем денес. :D Ама сепак ќе напрам план на активности за денот и да не е се така ќе пробам Помодоро, циклично учење. Некогаш ми е проблем ако не стигнам се во рокот, а рокот ми е даен од мене. За Декември ми е се ова. И баш ќе пробам техникава да видам дали ќе ме смири ако пример денешната цел не ја чукнам.
     
    На Snow-Star, Guns N` Roses и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. the med student

    the med student Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво,јас сум прва година студент во медицински факултет и сакав да дадам мое мислење за оваа прекрасна тема.
    Во основно бев прогласена како ученичка на генерација,во средно учев но имав можност да ги учам предметите пред еден ден и на памет, на пример учев 40 страни на памет за една ноќ...
    Тоа што го направив во средно ми се врати лошо на факултет,цела година ја поминав гледајки туториали,"how to study" книги и слично а и почнав да мислам дека имам нешто проблем и со мозокот.
    Се научив да учам,иако уште ми доаѓа тешко,речиси сите предмети ми се положени но секој ден се трудам да учам што подобро и поефикасно.
    Времето колку учиш не е важно,важно е кога ја затвараш книгата што ке можеш да објасниш
    Најдобра метода што ја користам е објаснување на моите другарки,пример имам сега Анатомија 2 и еден ден ке се сретнеме оваа недела со моите колешки кај мене (другарки и од средно кои имаат ист предмет како мене) и ке им го објаснам комплет тораксот(170 страни;ке презентирам со презентација како на факултет)
    Зависи како ке одговараш,ако одговараш усно најдобро е да раскажуваш,ако е писмено можеш да користиш Anki за Flashcards или само да читаш и да меморизираш 40/50% од тоа што читаш
    Ја употребувам некогаш и страната studystream (focus room) каде влекуваат студенти/ученици од цел свет лајв и учат со камера пуштена (ова ми е корисно бидејки учам дома и понекогаш се правам дека објаснувам на нив)
    Би препорачала купење на white board, користење anki ,за повторување имајте еден лист каде броите колку пати сте повторувале една лекција.
    Не е работата само да се учи но и да се полниш со енергија преку ден, пример јас учам со интервали 45 мин учење/15 мин пауза од почнувајки од 5/5:30 часот сабајле,најдобро е рано да се стане и да се учи пошто нивото на фокус е поголемо наутро, исто така еднаш да се јаде и потоа да се почни со учење, и минимум 7 часа ноќен сон.
    Ако има некој уште прашања слободно прашајте ке одговарам,и јас сум голем прокрастинатор , еден ден учам добро другиот можеби малку но навистина само пробајте, и малку да е разликата 1% ,секој ден трудење ке донесе резултат, никој не е перфектен,верувајте, прачев дека не знаев да учам, имав депресија , сите мои колеги положеа колоквиуми а јас ги гледав настрана а сега сум во подобра позиција од нив.
    Имајте убав ден :)
     
    На cresa-jagoda, Guns N` Roses, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.