Форумџика на годината

Течна диета – намалете 10-15 килограми

Дискусија во 'Диети' започната од annichka0, 9 мај 2014.

  1. annichka0

    annichka0 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Течната диета е многу ефикасна за брзо слабеење. Максималнато време на траење на оваа диета е две недели и за тоа време можете да намалите 10 – 15 кг.

    Во текот на течната диета стомакот се намалува во обем и поради оваа причина после течната диета ќе можете да продолжите да го контролирате апетитот и тежината. Стомакот е мускулеста торба која има способност да се растегнува, ако редовно се полни со храна. Просечен стомак се справува со два пати повеќе храна од колку што навистина ни е потребно.



    Течна диета – Програма



    Течната диета подразбира преоѓање исклучиво на течна храна: сокови, супи , млечни производи, билни чаеви и вода. Вкупната количина на течност дневно не би требало да биде повеќе од 3 литри.

    09:00 – една шоља чорба од овес

    10:00 – една шоља растителен бујон (бујон – бистра процедена супа )

    11:00 – една шоља топла провриена вода

    12:00 – една чаша овошен сок разблажен со вода (пола – пола)

    13:00 – една шоља топла провриена вода

    14:00 – една чаша млеко

    15:00 – една чаша слаб билен чај без шеќер

    16:00 – една шоља месен бујон без сол

    17:00 – една шоља топла провриена вода

    18:00 – една шоља топла провриена вода

    19:00 – една чаша овошен сок разреден со вода ( пола – пола)

    20:00 – една шоља топла провриена вода

    21:00 – една шоља кефир ( со намалена масленост)


    Три дена по завршувањето на течната диета



    Прв ден: Може да јадете само варен зеленчук и тоа мали порции.

    Втор ден: Чинија варен зеленчук, додадете каша од варен зеленчук и парче леб, а за вечера – свеж морков и зелка.

    Трет ден: Јадете како и пред диетата, освен масната храна и лебот и намалете ја количината на внесување на храната.

    Кога ќе додадете леб во исхраната гледајте да не биде повеќе од две парчиња дневно.

    Оваа диета која брзо доведува до големо губење на тежината не е премногу здрава. Поточно, не е посебно корисна ако ја држите подолго време. Пред да се одлучите за оваа диета (како и за било која друга) консултирајте се со вашиот лекар.

     
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Мајка ми ја држеше оваа диета две недели и ослабна 8кг. Но, таа не беше само на течностите, туку и две јаболки дневно внесуваше. :)
    Арно на тие што издржале, јас ни два часа не би можела без чоколадо или колачи. :D
     
  3. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Девојки што мислите дали може да се ослабне само со јадење на супа од зеленчук? А воедно насабајле да се внесува цеден лимон или зелен чај. Без леб. Дали можам така да успеам,да ослабнам..?
     
  4. HerbalifeMK

    HerbalifeMK Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    So ova, samo ja namaluvate muskulnata masa, a celta na slabeenje treba da bide, namaluvanje na Masti!
    Pretpostavuvam, licata koi ja drzele ovaa dieta, bile iznemosteni i odvaj cekale da pomine dietata, za da se iznajadat! Toa e zalno, dokolku e taka. Za podetalni soveti, kako mozete da ja namalite tezinata (masti i obem), pisete mi slobodno na nedelkovam@gmail.com
    Pozdrav i sekoe dobro,
    Maja
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да можеш
    Најдобро е сабајле во млака вода, да исцедиш половина лимон, 1 кафена лажичка маслиново масло и гранче сецкан магдонос. Исмешај го се тоа и пиј. Течноста нека е околу 250 мл. Почекај 45 мин пред доручек ( варено јајце-само белките, туна, овошје или снегулки). Ручек можеш скоро се, но да не е мешан ( на пр. да не јадеш и пире и ориз, туку само едно, ама не повеке од 2 -3 супени лажици и можеш 200-200 грама пилешко бело или телешко месо) и можеш 1 кришка црн леб. Вечерата гледај да ти е само зеленчук а можеш и 1 ред чоколадо за готвење. Гарантирано за 1 месец ќе симнеш 5 кг. Испробано. А нема некоја голема мака.
    А да за доручек можеш и чаша јогурт.
     
    На Bruinete му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Не знам како ги издржувате овие диети со безвкусна, блуткава храна.
    Разреден сок со вода и топла превриена вода? Сериозно?
     
  7. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Annichka0 ако знаеш каде може да се најдува ова кефиров?