1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lux, 4 јуни 2012.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Течната диета диета е многу ефикасна за брзо слабеење. Максималното време за држење на оваа диета е две недели и може да изгубите од 10– 15 кг.

    Во тек на течната диета вашиот стомак се намалува во обем и од таа причина после оваа диета ќе може да продолжите да го контролирате својот апетит и тежина. Стомакот е мускулна торба која има способност да се растегнува, ако е редовно наполнета со храна. Просечниот стомак се среќава со два пати повеќе храна отколку што навистина ви е потребно.

    Течна диета – Програм

    Течната диета подразбира преминување на исклучиво течна храна: сокови, супи, млечни производи, билни чаеви и вода. Вкупната количина на течност дневно не би требало да преминува 3 литри.

    9:00 – една шолја овесна чорба

    10:00 – една шолја растителен бујон ( бујон: бистра процедена супа )

    11:00 – една шолја топла превриена вода

    12.00 – една чаша овошен сок разблажен со вода ( пола-пола )

    13.00 – една шолја топла превриена вода

    14:00 - една чаша млеко

    15:00 – една чаша слаб чај од билки без шеќер

    16:00 - една шолја месен бујон без сол

    17:00 – една шолја топла превриена вода

    18:00 – една шолја топла превриена вода

    19.00 – една чаша овошен сок разредена со вода ( пола-пола )

    20:00 – една шолја топла превриена вода

    21:00 – една шолја кефир ( одберете го оној со помалку од 2% масленост )

    Три дена по завршување на течната диета

    Прв ден: Може да јадете само варен зеленчук и тоа мали порции.

    Втор ден: Тањир варен зеленчук, додадете каша од варен зеленчук и парче леб, а за вечера – свеж морков и зелка.

    Трет ден: Јадете како претходно освен мрсна храна и леб.

    Кога ќе додадете и леб во исхраната гледајте да не биде повеќе од две кришки дневно.

    Оваа диета која брзо води до големо губење на тежината не е многу здрава. Поточно, не е посебно корисна ако ја држите подолго време.
    Што викате? Ја има некој држено, ја не би ја држела.
     
    На sakamdasumsreknabar1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    искрено диетава не би ја применила ниту да имам 100 килограми... ми изгледа грозна и воопшто не е здрава, плус после диетава секој залак што би го каснала би се лепел на мене, така да килограмите сигурно ќе се вратат тридупло.. :tmi:
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Се согласувам со glamour-lady.
    Искрено, бар според мене, еден течен ден е буквално предизвик (да се издржи или не), а не па повеќе од тоа.
    Освен оваа диета автоматски би ја сместила во категоријата на нај нездрави диети, не само според тоа што ветува екстремно брзо симнување килограми, туку и заради влошување на здравствената состојба.
    Или ако веќе некој е решен да ја примени, подобро нека се консултира со лекар, иако мислам дека и лекарот не би препорачал, освен со редовни контроли ако не ништо повеќе.
    Бидејки течните денови знам дека вообичаено се применуваат на млада или евентуално полна месечина, и тука дозволено е да се пие неограничено количество на вода и чај (нормално чајот без шеќер). И тука речиси сите губат од половина до еден килограм, некои можеби и повеќе. Но, тоа сепак е само еден ден.