1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Те сакам - но не ти докажувам

Дискусија во 'Разделби' започната од cvetelina, 16 февруари 2011.

  1. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    Збунета сум :^)
    Заедно сме 5 год и секогаш бевме еден до друг,ми приредуваше секакви изненадувања но последнава година сето тоа го нема само едно ТЕ САКАМ ,се прашувам каде замина таа романтика дали престана да ме сака и е со мене заради тие 5 год што сме заедно или несака веќе да ми докажува а ме сака...секогаш има нешто поважно од мене има изговори ваму ке одам таму ке одам ваму и за мене нема време а ми кажува дека не може без мене како и во сто да верувам помогнете ми!!!!
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    ТЕ САКАМ -НО НЕ ТИ ДОКАЖУВАМ

    |(
    Е добро де...а ти па толку не веруваш дека те сака,па мора да ти докажува?!
    Љубовта не е докажување као на пример подарок,изнанедувања,љубовта е друго нешто.А рака на срце,некои жени ја имале,но не знаеле да ја задржат,а други пак,дури и знаеле како уште повеќе да направат да ја има.
    Романтика?!
    Оф...дизиневите цртани треба да бидат плус 18,а до тогаш може и посериозни цртани и филмови од типот на агли трут.
     
  3. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    ТЕ САКАМ -НО НЕ ТИ ДОКАЖУВАМ

    заедно сте 5 години тоа е доволен доказ дека се сакате , но сепак се години па затоа се поминува во навика. не дека не те сака повеќе туку едноставно знае дека си негова затоа така се понаша. почекај нека помини некои време не инсистирај на ништо и не се лути па ќе видиш дека ќе почнеш да му недостигаш и пак ќе биде по старо. ;) бацкиии
     
    На cvetelina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    ТЕ САКАМ -НО НЕ ТИ ДОКАЖУВАМ

    Да можеби имаш право но дали ти би се посомневала кога одеднаш ќе престанат сите тие нешта ,јас не велам дека купувањето на поклон значи нешто но сигурно ке се посомневаш на нешто. :D
    Па ако некој не ти докажи како ке знаеш дека те сака,?Може да ти каже 1000 пати ТЕ САКАМ но да не го чуствува тоа :^)
     
  5. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    ТЕ САКАМ -НО НЕ ТИ ДОКАЖУВАМ

    Фала ти CINDI мислам дека ке го послушам твојот совет ти благодарам бацкиии :* :* :*
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Врските не функционираат како што мислиш ти, т.е така како што почнале.
    Минуваат години, се менува односот, зрелоста доаѓа а со неа и понатамошното однесување.
    Ти си се навикнала на таква рутина, докажување, покажување, цун цун, те сакам... ама како поминува времето, треба и самата да се свестиш дека целиот живот нема да биде така. Да, љубовта ќе постои, ама не и таквата посветеност. Со тек на време надвиснуваат обврски... Знам како ти е, и јас да сум на твое место ќе се замислам (таков тип на човек сум), ама има еден проблем кај мене, што јасно ми е се, што знам да си го разјаснам во главчето мое, разбирање имам, ама мора да има АМА... чудно човече сум јас :angel:
    Заминав јас кај што не треба :D ... Иииии, значи, не е до тоа дека не те сака, дека нема чувства кон тебе, туку едноставно луѓето се менуваат со годините, а и штом е толку време со тебе сигурно те сака.
    Е сега, до тебе е, пак ќе кажам што си свикнала на таквата рутина и сега ова новото ти е неприфатливо.
    Па на крај краева, направи му ти нешто романтично, ако мислиш дека ти фали тоа ;)
     
    На Dupka vo mozokot му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    Па веројатно се уморил и си му досадила со твоите потреби за докажување.Не можам да верувам во тоа ако кажеш сега,ама не јас,тој самиот...затоа што имам другарки и познанички од прва до последна полни со захтеви кои би им докажувале љубав и среча!
    И сега финти ќе му правиш,ќе го игнорираш за да го предизвикаш по старо,затоа што тебе така ти одговара и годи.Тоа не е прво искрено,а второ не е ни фер.Но,ок,ти така функционираш и штом е така најди си друг дечко,потрчко.Не можеме сите да бидеме од калап,но мене ова ми е многу лош начин на поимање на љубовта и не го сметам за љубов,а те уверувам дека тој тебе те сакал и тоа лудо некогаш.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Очигледно му е здосадено на дечко ти, но тоа не значи дека не те сака. 5 години врска не се малку. Сигурно му станало монотоно, па затоа наоѓа изговори и сака да оди на други места. А што се однесува до поклоните, сакам да те прашам нешто: Дали и ти исто него му купуваше поклончиња, изненадувања...?
    Ако да, тогаш можеби тоа го правел за да те импресионира, па сега знае дека си негова. А ако не, најверојатно му се смачило на човекот постојано да ти оди по г*з и да те гледа како принцеза, а да не добие ништо за возврат. Не се залажувај со поуката: „Давај, но не барај ништо за возврат“. Сите очекуваме да ни биде возвратено.
     
  9. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166

    ништооо :*
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    МајГрл, од кај знаеш дека Цветелина само барала а не давала? :^)
    Јас не добив таков впечаток.
     
    На cvetelina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Бројче, јас убаво си прашав, дали давала или не, па формулирав два одговори врз основа на двете можни опции. Ај прочитај го мислењето уште еднаш ;)
     
    На cvetelina и 2468 им се допаѓа ова.
  12. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    Вака јас си го знам каква особа е дечкоми и знам дека е романтичен тип а не потрчко,јас со некого сум во врска затоа што го сакам и му докажувам па сакам и да ми е возвратено па да се осетам сакана.мене поклоните не ми значат. сепак секој си има свој нацин на живот и потреби нели??? :)
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007

    Ете така, решен проблем.Си го знаеш дечко ти каков е, не е потрчко значи не можеш да очекуваш да ти биде на располагање 24/7, за да ти ја докажува љубовта.

    Мене па да ти кажам поклоните ми значат, ама кога се подаруваат онака рендомски, изненадно без некоја особена причина и повод, а ако почне секој ден да ми подарува нешто јас веќе би се запрашала која е уствари причината поради која го прави тоа :^) Значи подарок не е тетрапак битолско шо ќе го снабдуваш секој ден како намирница, тоа е веќе рутина.Подарок е подарок :P

    Како и да е, вистината е дека секоја врска треба да се одржава, без разлика дали е 2 месечна, дали е 20 годишна, затоа пред да гувееш како невеста без дарови и да се прашуваш кој му е него проблемот, преиспитај се да не можеби и ти имаш некоја грешка. Изненади го ти со нешто, зачини го малку сексот, распервезачи се у кревет, престани да го гушиш.....ако и тогаш не бива, стварно е до дечко ти ;)
     
    На crazylady и cvetelina им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Цветелина,во долгите врски настапуваат и поладни периоди,не во смисла да нема љубов,ама не се изразува толку како на почеток.Факт е дека занесот ретко кај кого е ист како во старт,размисли искрено и за себе ќе видиш дека и кај тебе сигурно дошло до некои промени.И др.реалност е дека и Меган Фокс да ја гледа некој цели 5год.му станува веќе видено,освоена територија,а машките се ловци,за да го стимулираш треба некогаш и драстични мерки да се преземат(„позачинет„ секс,квази-љубоморни сцени и сл..),сега какви зависи од него,нема тука општи правила.Биди поопуштена,мислам дека токму тоа што очекуваш нешто не ти дава да узиваш во врската.Нештата обично се остваруваат кога ќе престанат да ни бидат опсесија,кога нема да ни ја црпат цела енергија и време,од големи очекувања често доаѓа до големи разочарувања.Радувај се на тоа што сте опстоиле 5год.насочи се на она што ве поврзува и што ве радува,се‘ ќе си се подреди само со време.Кога некој многу очекува од другиот обично се дешава овој од преголема зелба да му удоволи се‘ нешто да закашка,сите романтични комедии се такви.Се‘ ќе биде добро,ќе се доказе и без посебни постапки,зборови и сл.само бидете порелаксирани ;) .
     
    На cvetelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Цветелина, па знаеш како се вика - не е секој ден Велигден. Не прави голема филозофија од неговото однесување, кое рака на срце не знам точно какво е, само сфатив од сето тоа дека врската не ви е како порано, и нема романтики.
    Вие сте 5 години заедно, а не 5 месеци. И разликувај вљубеност од љубов. Ако останете заедно уште 45 години, во тие подоцнежните години љубов ќе значи да ти ги става пелените или да ти го поправа бастунот.
    Впрочем сама треба да осетиш дали нешто суштински се променило кај него, а овие некои мали романтични тривијалности батали ги. Не секогаш значат љубов. Или поточно, не секогаш се доказ за љубов. Други работи се побитни. Не очекувај дека катадневно ќе имаш изненадувања кои се случувале на почетокот на врската ;)

    Така да полека, не брзај, не очајувај, не се разочарувај, туку суштински разгледај ја ситуацијата, па потоа донеси заклучок.
     
    На cvetelina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    Од срце ви благодарам на сите ... :D
    Се надевам дека ке успеам да се воздржувам и да размислувам поинаку
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Љубовта се покажува преку дела а не преку зборови. Можеби на почетокот на врската љубовта повеќе се докажува отколку после долги години, но добро би било да не се дозволи се да стане само навика и сеќавање.
     
    На crazylady и zokystanoevsky им се допаѓа ова.
  18. БезИгри

    БезИгри Нов член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Едноставно не можам да разберам како можеш некој кој знаеш дека те сакал со цело срце ти туку така да го игнорираш..Може таа личност го искажува тоа што го чуствува на свој идиотски начин, но таа личност за која е наменето тоа просто го игнорира.. И личноста што го искажува тоа знае исто на идиотски начин да се однесува само за да не биде игнориран..Зошто мора да постои таа игра на игнорираност.. И машките и девојките тоа го прават и после сите сме повредени..Не сме мали деца кога станува збор за чуства... Подобро седнете и разговарајте колку и да боли за двајцата тоа, зошто само со игнорирање можеш да изгубиш непроценлива личност..Фала ви за вниманието..