Незнам дали е океј што отварам нова тема, но навистина ме интересира по Скопје каде има кафулиња, каде можеш на раат муабет да си направиш. Јас сакам некое кафуле, тивко............. сакам да ја однесам мојата "симпатија" зашто треба муабет да правиме па тоа да не биде парк или незнам во кола Фала однапред
Го дадов како предлог Њу ејџ зошто многу слободно се однесуваат луѓето таму, инаку страшно смрди. Летно време е убаво, ама зимно ако сакаш да се угушиш слободно. Инаку би ги додала Бариста и Аладин .
Марамче Њу ејџ не беше трансерски кафиќ.Јас имам еднаш отидено и баш не беше мирно и ми личеше на некој си хардкор транс кафиќ ( ако за исто зборуваме ). имаше една штака или патка пливаше у тоа фонтана ( езерце ) Се убив смејајки се!
Јас сум од Штип но еднаш имам седено во Казабланка баш ми е кул местото,смирено(онака со ишараните ѕидови) ако зборуваме со марама за истава Казабланка...во штип немаме такво место(така седејки во Каза забележав две девојчиња си порачаа турско кафе си го испија па си обрнаа шољите и си гледаа) во Штип така да направиш ке се утепат смеејки...Btw бев таму со симпатијата и супер место е..
Да Кенди тоа е, а Квин за истото ваљда зборуваме .Ние кога одевме многу слободно си се однесувавме, баш ко по дома, а и мирничко си е. Може ти се погодил лош ден или јас сум имала среќа.
Мене во Аја ми е најубаво, кога сакам да идам на некое мирно тивко местенце.. Обожавам ориентални места... И во аладин е многу добро, нема премногу луѓе посебно кога е убаво времето надвор за седење е многу интересно
Нема веќе патки во Њу Ејџ. Мене пак не ми се смрди, сосем океј ми е онака за со друштво кога немаме каде да одиме. Имаше една лоша девојка која работеше таму. Сите во строј ги реди, кој не нарачал директива надвор. Казабланка ми е слично на Њу ејџ. До Аја, има кафуле Лезет. Ориентален амбиент, неверојатно интимен. Јас сум по ваквите ориентални места и многу ми се допадна кога бев таму. Мексикански ресторан горе е многу убаво, интимно. Не е кафуле, но сепак.
Епа Казабланка веќе нема, а и штознам, не ми било баш од тие тивките места никогаш. Во Њу Ејџ често е мирно и пријатно, но може да се погоди кога е буквален хаос. : )) Лезет ми е кул, само многу мирисаше порано на папагалите кои ги чуваа но сега е океј. Баш како во Њу Ејџ што е често, само не од папагали. : )) Сакам да појдам во Аја, во подрумот што им е делот ко Египет, така бил дизајниран, ко што ми кажаа. А девојки кажете ми, кај се наоѓа тоа Аладин? Бидејќи овие места ги иам поминато по 100 пати, и малце сакам да сменам : )))
Еве за Аладин: http://www.sk.com.mk/?ItemID=DFEBDD6964 ... 99943F29DB Патем кој подрум во Аја? Сакам да одам.
Мартини во Лептокарија, многу ми се свиѓа местото, како поделено е на неколку дела, горе обично седат помлади, доле покрај аквариумот некоја мешавина од помлади и повозрасни, од другата страна повозрасни, и доле има едно како во подрумче, како ВИП едит: обожаваме да си седиме таму со дечко ми и да пиеме капучино со шлаг, прекрасно е.
Аладин е многу тесно внатре. Оди некој потопол ден на терасата, прекрасно е. Цело лето лани го поминав таму Интимно место за кафе - муабет ти е Книжарница - Магор, кај Порта Буњаковец, а за пиво, пабот Порта одма до Магор Аја нема подрум, туку само три скали за да се симнеш во понискиот дел . едит- Излет и Опера се исто така тивки места =)
Се согласувам за Излет, но гласам за бавчата, летна варијанта, навечер - е тогаш е и поинтимно. Свеќи, интима, ово, оно Инаку преку ден е ко на модна писта да влегуваш во кафичот. Мене не ми пречи но на некои мои пријателки пистава им прави ремет Инаку е лезетски ептен, многу си го сакам. И секогаш кога одам таму се тепам да седнам на тоа едно старо, крцкаво но екстремно удобно фотељче кое е многу, аристократско да речам. Евентуално да се испружам на каучот врз перниците и да предам ко маче. Супер е! Го препорачувам од се срце!
Џовани во Лептокарија,најубаво ми е таму значи,особено летно време покрај фонтаната исто и Аристократ во Автокоманда, Бариста...
Јас на листата би го додала и Челзи во Лептокарија. Ако сакам навечер да си испијам кафе и на раат да си напраам мубает - најчесто одам таму. Опуштено ми е местото, знам дека не ми се потребни дотерувања, па знам и по патики да отидам Ни се има случувано да се изнагледаме скриена камера Naked & Funny на телевизорите, па да се посмееме малку уз пивото и кикиритките
Пабо во Лепотокарија ама дење ноќе знаат и по некое журче да направат.... Иначе Аристократ во Автокоманда....посебно зимно време, горе....милина...плус ги гледаш сите што проаѓаат... па коментираш кој како е облечен...