Тиквешкиот гроздобер претставува еден вид продолжение на една долга и богата традиција, која на овие простори се одржувала во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на грозјето и на виното Дионис, биле одржувани т.н. "Дионисови денови". На овие свечености на кои присуствувало целото население (и слободните граѓани и робовите), се јадело, се пиело и се веселело неколку дена. Старите Римјани во чест на богот Бахус, двапати во годината ги одржувале т.н. "Баханалии", денови на грозјето и на виното, на кои се славел богот Бахус. Бидејќи овие пијанки преминувале во општи тепачки, тривијалности и вулгарности, истите биле забранети во 186 година. Лозарството и производството на грозје на овие простори има длабоки корени и богата традиција. Античките Македонци и старите Римјани со голема љубов и умешност ја развиле и ја одгледувале оваа култура во овие краишта, за што сведочат многубројните надгробни стели, камена пластика и мозаици на бројните археолошки локалитети. Лозарството продолжило да се развива и во средниот век, а главни негови центри биле црковните и манастирските имоти, каде што се приготвувало и најубавото вино. Со доаѓењето на Турците и нивните освојувања на овој дел од Македонија во извесна мерка стагнира лозарството, бидејќи со Коранот била забранета употребата на алкохолни пијалоци. Денес Кавадарци може да се пофали со констатацијата дека е најголем производител на грозје и на вино во Р. Македонија, и еден од поголемите производители на Балканскиот Полуостров. Токму тоа и беше основниот предизвик на општинското раководство на Кавадарци во 1964 год. да го организира првиот Тиквешки гроздобер, манифестација која имаше културен, туристички и стопански карактер. Славната белградска рок дружина Ван Гог, босанската атракција Дубиоза колектив и вонвременскиот бенд Галија се носечките имиња на овогодинешното издание на Тиквешкиот гроздобер 2012, кој од 6ти до 9ти септември ќе се одржи во Кавадарци. Покрај нив, на двата стејџа ќе продефилираат голем број на музички уметници, а бројните гости ќе може да уживаат и во првото издание на Love sensation festival, на кој ќе настапат познати имиња од светската и македонската клубска електро сцена. Четиридневото чествување ќе започне во четврток со свечено отворање на ликовната колонија „Михајлово 2012“, за потоа да биде отворено новото издание на веќе традиционалниот фестивал „Песната на Никола Бадев“. Петок, денот на ослободувањето на град Кавадарци ќе биде отворен со изложба на фотографии „Кавадарци во минатото“. Во попладните часови следува новото издание на Детскиот гроздобер, а веднаш по него и Свечената седница на Советот на Општина Кавадарци. Вечерта продолжува со Свечено отворање на „Винскиот боемски фестивал“ од страна на Градоначалникот Александар Панов, а веднаш по неговото обраќање следуваат концертите на Наташа Малинкова и легендарната група Галија. Точно на полноќ ќе започне изборот на винскиот крал и кралица, а ќе бидат примени и новите членови во винската академија. Забавата продолжува до раните утрински часови со Love sensation festival кој ќе се одржува на спомен костурницата во градскиот парк во Кавадарци. Саботниот ден ќе започне со изложба на олдтајмери, а ќе продолжи со мото рели ревијата на над 600 моторџии. Саботната вечер е резервирана за главното карневалско дефиле кое и оваа година ќе продефилира по Илинденска, а по традиционалното откинување на првиот грозд и огнометот, ќе следат настапи на бразилската карневалска група Brazilian Show и концерт на Ван Гог. За оние најупорните, забавата ќе продолжи на спомен костурницата каде ќе настапуваат познати диџеи, а со традиционалната тиквешка серенада заедно со група Билјана ќе биде зачувана уште една стара, кавадаречка традиција. Таблијадата ќе го отвори последниот ден од годинешното издание на Тиквешкиот гроздобер. Трката со магариња и оваа година е дел од програмата, целодневно шоу ќе следи и на паркчето спроти полицијата со настапи на ансамбл Билјана, Трио Гранде, Акустико Бенд... Кавадаречките рок бендови The Muff и Журнал ќе ја загреваат атмосферата пред настапот на босанците Дубиоза Колектив, кои ќе ја имаат честа да ја спуштат завесата на овогодинашното издание на Тиквешкиот гроздобер.ПА ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!! Спојлер се извинувам за предолгиот текст
Првото издание на Love sensation festival кое е дел од официјалната програма на Тиквешкиот гроздобер ќе им понуди вистинско уживање на сите љубители на електронската музика. На сцената поставена на костурницата во градскиот парк, ќе можеме да уживаме во настапите на најдоброто од кавадаречката и македонската клубска сцена поддржани од суперстар диџеите: Kurd Maveric & Agent Greg. Блок влезниците по цена од 400 денари се веќе во предпродажба во салоните на Tobacco Together.
...и ако некој се сомнева колку се забегани кавадарчани техно журката ке се одржува на спомен Костурницата и ако името не ве асоцираше на нешто ...или ако се сомневате во своето мислење ... да појаснам дека се работи за споменик во кој се закопани партизните од втората светска војна ...односно е полн со коски ...кој поради "одржувањето'' на споменикот одозгора се видливи... совршена нок на вештерки но на македонски начин инаку ваква журка веке имаше во кавадарци пред едно 5 години а можеби и повеке и беше Супер на жалост не ја повторија се до денес ...
Иако многу често сум во Кавадарци само на еден или два гроздобери сум била. Искрено за мене не е ништо посебно можеби затоа што не сакам такви случувања каде има многу гужва. Последниот пат бев пред некои 4,5 години, врнеше, па росеше и немаше многу гужва па со друштвото си поминавме прилично добро.
И оваа година Тиквешкиот гроздобер ќе доминира со свое домашно вино и ракија и вкусна скара. Неколку дена порано за разлика од минатите години ќе се се одржи на 28, 29, 30 август. ПРВ ДЕН Грозодберската програма започнува со отворање на изложба насловена „Скулптурата во Кавадарци“ чии автори се уметници од Кавадарци. Потоа ќе има дегустации на вина од тиквешки винарии и презентација и дегустација на повеќе сорти на грозје. Ќе се одржи и кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“, а вечерта за љубителите на убавата песна на легенадарниот Никола Бадев ќе се одржи „вечер на виното и песнат, по што ќе следи настап на Христијан Тодоровски, Ареа, Ди џеј Саф, а на полноќ ќе се избираат кралица и крал на виното. ВТОР ДЕН Во сабота гроздоберската програма започнува со кинолошка изложба, потоа следува изложба на олдтајмери, па турнир во табла. По изложбата на фотографии „Замоци, Дворци и спомениците на УНЕСКО“ во република Чешка ќе започнат централните активности од годинашниот гроздобер, винскиот карневал и концертите на Црвена Јабука и Оливер Драгоевиќ. ТРЕТ ДЕН Првиот дел од програмата во недела на 30 август е наменета за најмладите. На градскиот плоштад ќе има улични забавувачи, детска музичка програма, а на пладне ќе започне детскиот карневал. Попладне ќе се избираат најдобри вина, а од 21 часот е планиран настапот на Наташа Малинкова, Супер хикс, У2 трибуте бенд.
Nekogas bese ubavo.No so godini veke stana dosadno,i zatoa mn moi poznanici samo odat zaradi decata ili dremat na skarite.Dosadno e sekoja godina toa pa toa,jas veke 2 god nesum ni bila samo ke se turkam,ili nekoj ke zastane pred mene i nemozam da vidam nis sto veke go imam videno,a slusam ovaa god bilo katastrofa ne eden mi ima kazano,samo peacite sto im se razlicni,ama toa e koga ne znaat da napravat nes pointeresno da privlecat poveke narod