1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тиктокификацика на дебатен клуб: AI уметност - вистинска уметност или не?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 12 октомври 2022.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.112
    Пол:
    Женски
    Во уметничкиот свет оваа тема е доста актуелна последните неколку месеци, ама особено актуелна откако се збогувавме со уметникот Kim Jung Gi.

    Имено, AI уметност се користи за вештачка интелигенција програмирана да направи слика базирана на дадена тема. Од прилика вака се бара слика:
    upload_2022-10-12_11-46-48.png
    И од кога ќе напишите темата, во случајов јас напишав ''town alien attack'' добиваш резултат во побараниот стил ( можи да е сликано, фотореалистично, манга или во стил на одреден уметник јас одбрав 1) фотореалистично 2) скеч и 3) акрил ) и добиваш резултат:
    upload_2022-10-12_11-50-16.png
    upload_2022-10-12_11-51-41.png
    upload_2022-10-12_11-52-40.png

    После смртта на Ким, дискусии околу AI “уметност“ се зголемуваат затоа што твитер уметник и програмер на AI решава да ја “зачува“ уметноста на покојниот со то шо програмира вештачка интелигеција да прави слична уметност на него.
    upload_2022-10-12_11-54-38.png
    И ова покрева многу морални прашања пред се и прашања за fair use на автоматизирана “креативност“.

    1. Дали ваквата “уметност“ ги загрозува уметниците кои работат на своите вештини со години и им намалува профит на тие кои живеат од уметност?
    2. Дали е фер да се храни вештачка интелигенција со уметност од разноразни уметници и колку е етички и морално да се користи таков продукт?
    3. Во кои рамки би била ваквата уметност во некои fair use рамки?
    4. Кој е вашиот генерален став за AI уметност, дали ја користите, ако да за што? И ако не, зошто не?
     
    На 1209, cresa-jagoda, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.112
    Пол:
    Женски
    Према мене, јас не сум против постоење на AI уметност дур не е во граници на fair use. За да можи вакви страни и вештачка интелигенција да постои, првично мора да е хранета со туѓи дела. Како шо беше случајот со Ким. Каде се правеше, вештачки, уметност слична на неговата, после неговата смрт, без дозвола негова или на неговата фамилија. Ова можи да е лесно злоупотребено. Уште од претходно се има одреден став дека уметниците и не треба толку да наплаќаат за своите дела, често им се бара дело без пари и за „exposure“. Ова го продлабочва тој проблем со тоа што во стил на тој уметник можи да си земи дело некој, за фри, со AI софтвер. Ова загрозва генералниот живот и преживување на одредени луѓе кои генерално живеат од својата уметност. Како резултат на ова, голем дел уметници често даваат до знаење дека НЕ сакаат некој да користи нивната уметност како „храна“ за AI. То ме носи до следната точка дека не е фер ни етички без дозвола да се храни платформа со туѓа уметност и во иднина таа платформа да се користи за намалување на вредност на делата на уметници кои со свои две раце се труделе.

    Не е ова борба на дигитално против традиционално. Туку е борба на труд против автоматизам. Дигитална уметност постои и е легитимна вештина исто како што постои дигитална музика која е легитимна вештина само затоа што се користи на креативен начин од страна на корисникот, а не ни дава готов продукт само со притискање на копче.

    Ова ме носи до fair use. Сите се соочуват со блокажа при уметност, пишување и генерално творење, како и уметници кои им треба малку мотивација, а и инспирација. Некогаш да видиш нешто те поттикнува тебе и твојата креативност да направиш нешто оргинално или во најмала рака да се потрудиш да го направиш, со тоа продлабочувајќи ја својата вештина. И према мене, ова влегува во fair use на AI софтвер.

    Лично, не ја користам. Едино ме боли дека за сликите горе да ги кажам за да можам да демонстриам шо е AI уметност, морав и акаунт да напрам. :D

    Се повеќе уметници постираат нешто вака:

    upload_2022-10-12_12-8-36.png
    upload_2022-10-12_12-11-7.png
    upload_2022-10-12_12-12-26.png
    И најважното, буквално заклучок на се ова:
    upload_2022-10-12_12-12-58.png

    И искрено, лично јас, сум на страна на уметниците. Едно е да се користи алатка и да се направи уметност. Друго е да кликниш дугме. Во најмала рака идејата и „душата“ на уметноста се губи, башка негативниот начин на кој уметниците се афектирани од ова.
     
    Последна измена: 12 октомври 2022
    На senjorita-v, Scorpiongirl12, Цунами и 3 други им се допаѓа ова.
  3. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Против. Од перспектива на хобист сликар.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.219
    Ко и за се' друго поврзано со АИ, така и за ова има стручњаци кои веќе анализираат и дебатираат за идните правила според кои ќе се менаџира АИ.

    Потенцијално, се' е загрозено поради ова, исто како и било кој друг технолошки напредок претходно

    Масовното производство на Форд во автомобилската индустрија, исто предизвика огромна грижа кај сите во САД, пошто биле загрозени милиони мануелни работни места.
    Ама па... се појавиле нови можности, за различна форма на профитабилно вработување.

    *Денес истото се случува со транспортната индустрија ... и исто во САД.
    Еден куп камионџии, таксисти, услуги за достава, ќе бидат заменети со самоуправувачки возила во иднина.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.653
    Допаѓања:
    45.209
    Пол:
    Женски
    Не ми се свиѓаат овие баш.
    Ако е некој дообар дизајн, мејби.
    Мада не треба да се заменат скроз и со вистинските слики, јас сакам и реалистични.
    И она NFТ ми е глупо исто.
    Си кажувам мислење само
    Немам ништо против ама ми нема поента
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.000
    Допаѓања:
    22.535
    Ова ми е рамно на грдине испринтани канваси со вазни со цвеќиња што се продаваат во Базаро. Џабе кога не е искреирано и направено делото од рака на уметник. Освен тинејџери и луѓе без осет за естетика и култура, кој ќе ти сака и купи вакви "дела"...
    Ама па, не можеш да ги спречиш луѓето. Исто ко што им се чуделе на руската авангарда, апстрактизмот, дадаизмот, минимализмот, итн и пред 100 години цинично прашувале што сè може да се рачуна за уметност, така и со ова. Со тек на времето, ќе си легнеме на брашното.
     
    На theowndemon и Dancewere им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.413
    Во денешно време, освен ако немаш некој ептен специфичен стил со кој ќе се двоиш, освен уметник, треба да си и маркетинг специјалист. За да заработуваш од уметност, треба да те бива за бизнис, бидејќи на социјалниве мрежи има милион уметници.

    Не мислам дека AI уметност ќе смени нешто кога станува збор за конкуренција. Конкуренцијата е веќе преголема, што не се ни мери. Единствено мислам дека би било фер да се одвои и означи што е мануелно креирано, а што преку AI генератор.
     
    На elimkd, theowndemon и senjorita-v им се допаѓа ова.
  8. Love Elixir

    Love Elixir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    126
    Ваков тип на слики може само да ставам како позадина на десктоп или мобилен :)
     
    На elimkd и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    7.996
    Пол:
    Женски
    Мене лично и овој тип на креирање ми е прифатлив. Зошто да не се развива и шири примената на дигиталните програми и компјутерите и да служат и за уметничка експресија. Ако може да се прави ремикс на песна зошто да не се прави и на класично сликарско дело. А за авторски права и дозволи мислам дека треба да побаруваат, затоа што тоа е законско право на секој што креира и твори. Ако се користи нечие дело треба да се плати на носителот на авторските права и да се побара негова дозвола.
    Не знам точно за конкретнава програма како се ракува. Може е пресимплифицирано, не знам искрено.
    Но кога се работи за други програми за цртање релативно ми е тоа колку се полесни и побрзи од класично сликање.
    Секако за двата вида уметност требаат некои основни уметнички афинитети, поголема креативност, осет за се што треба да има еден уметник (бои, перспектива, композиција, хармонија дрн дрн).

    Можеби некому личи полесно од сликање со рака и четка или боичка, па го смета за помалку вредно, но тежината во креирањето дигитални слики постои само е од друг тип.
    Не сметам дека е полесно, само дека бара да поседуваш и развиваш еден малку поинаков сет на вештини. Можеби треба помалку поразвиена фина моторика и научени одредени техники на сликање и цртање за класични слики и цртежи ама за дигиталните дела треба добро познавање на програмата што се користи, поразвиени компјутерски вештини, и сл.
    Еден ваков уметник, аниматор велеше дека од премногу искуство со одреден програм и деноноќно работење научил од прв поглед на одредена нијанса со точност да каже која е нејзината формула со која може да ја најде во програмата. Шифрата уствари кажува која комбинација бои во која количина треба да се содржани во конкретната нијанса. Тоа што има илјадници варијанти од нијансите на една боја и што во спектарот има многу бои само може да ни даде претстава колку е тоа "едноставна" работа, нели? :whew::o
    Како да запамтил телефонски именик. :D
    Искрено јас преферирам традиционални недигитални техники. Немам очи, нерви и трпение да работам такво нешто на компјутер.
    Сум пробала пеинт пред мнооогу години. Направив честитка за НГ. Јас не бев задоволна зошто сум премногу самокритична, а посветив премногу часови работа. Реков не е ова за мене. А моите деца па напротив, пред некое време, ја најдоа на компјутер и не ми веруваа дека јас сум ја нацртала зошто била добра и мислеа дека е готов производ од негде симнат.
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.112
    Пол:
    Женски
    Како шо реков, ова не е "борба" на дигитално против традиционално. Дигитална уметност е легитимна.
    И бара вештина безразлика дали ја перцепираме како полесна, или во мој случај - потешка. Ова е борба на вештина против автоматизирана машина. Оти дали твориш дигитално или традиционално, пак користиш вештина, усовршуваш креативно мислење. А AI уметност е ... Копче. Пишиш реченица, удираш копче и добиваш "уметност".

    Ова не е легитимна уметност. Пошто е автоматизирана. И кога се збора за подем на цивилизација е кога почнуваме да твориме, да креираме и мислиме на таков начин меѓудругото. Кога почнуваме да ја вреднуваме уметноста. То истото важи и за музика, сите форми на креативно изразување спаѓаат тука.

    А дигитална уметност никогаш и не била проблем. Се менваат времињата, се менваме и ние. Шо е клучно, да го храниме креативното мислење и уметноста како дел од нас како поединци ама и како дел на пошироко општество и цивилизација.
     
    На 1209 и senjorita-v им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    7.996
    Пол:
    Женски
    Аха, епа убаво ми појасни. Стварно не знаев како иде работава. Ако е само стискање копче тогаш е стварно автоматско премногу. Не гледам тогаш вредност во тоа. Што знам..
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.112
    Пол:
    Женски
    Мхм, мислам дека низ слики најдобро се прај разликата пошто стварно е конфузно и то ми е јасно. Зато еве како се стига до слика со AI generator:
    1)
    Screenshot_20221015_071811.jpg
    2)
    q3hSBOvrGFJx3oAoqn6R--grid.jpg
    Толку. Пишиш шо сакаш и прицкаш create и добиваш готов резултат. Колку шо долго пишев cyberpunk cat, толку време ми одзеде.

    Дигитална уметност од друга страна е мануелно праена од страна на уметник и скоро секогаш се состои од поќе слоеви:
    Photo-2-1024x768.png 91747eca3e98a04418e770840ffd8209--painting-tutorials-drawing-tutorials.jpg
    И сега ради луѓе кои прикажуваат AI слики како своја уметност, дигитални уметници можи страдаат и најмногу и често се форсирани да ги прикажат слоевите за да докажат дека не е генерирана слика, туку напраена од нив.
    upload_2022-10-12_12-8-36.png

    Или со ситуацијата за Ким која ја пишав. Не е дека некој седнал прецртал шо праел тој. Уствари тој и охрабруваше такво нешто пошто беше стример и ментор. Не е дека со некој имаше сличен стил. И то се случва и е океј и нормално. Туку рандом личност ваква машина нахрани со негови дела за автоматски да прај "дела" како неговите, автоматски генерирани, со копче. И го презентираше то како "чест" за покојниот и "чување" на меморијата. Семејството сакаше само нацртано цвеќе и пратено по пошта.
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.061
    Пол:
    Женски
    Баш овој го гледав денес

    Мене ми е интересно, ама од аспект на некој кој сака да гледа какви прекраснотии создаваат уметниците, ама потајно љубомори затоа што најдобро го црта чича Глиша. :D
     
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.000
    Допаѓања:
    22.535
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.363
    Допаѓања:
    77.725
    Пол:
    Женски
    Ова било добро, да си направат дигитална сликичка вака некои како мене што немаат умешност сами да си нацртаат. :D

    p0MjHoDXhqEQqNTj1SPn--1--dif6n.jpg

    TC13zzU1aDHbeUyOMvVI--1--a340c.jpg

    dUUibxUc386NyGvkLuUC--grid.jpg
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.363
    Допаѓања:
    77.725
    Пол:
    Женски
    0iuX80tGYa7E9wMJMYLl--1--oi7g0.jpg

    8-sqUVO4dNlWrqbwK.png

    8-h5mADdoggairzui.png

    8-ofZ0adjWl1XTPMh.png

    8-nSt5OOyiLpiAHb2.png

    8-gNAPURQ9fxJYIOy.png
     
    На Feminka22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.937
    Допаѓања:
    66.101
    Пол:
    Женски
    Аватаров ми е со AI.
    Се согласувам со @theowndemon на темава. Дојде редот и на уметниците.:worried:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.552
    Пол:
    Женски
    На која страна се прават сликите?
     
  19. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Постои некоја бесплатна апликација што прави убави AI слики?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.112
    Пол:
    Женски
    Темава е добар пример зошто темите во дебатен клуб се блиц теми и со "краток рок". Уште ко ставив AI уметност во избор знаев дека ова тема ќе ја рециклирам и спојам. :D Така да темава е сега дел од дебатен клуб и ќе биди активна до наредна Сабота (30ти Март).

    Покрај веќе поставените прашања:
    Ќе проширам:
    • Дали е корисна ваквата уметност?
    • Што уствари ја прај уметноста - уметност? Дали AI ги исполнува тие услови?
    Темава зошто е од 2022 можиме баш да видиме сега во 2024 како оди еволуцијата на AI.
    • Дали е потешко препознатлива или сеуште има јасни знаци за препознавање?
    • Претходно коментиравме што значи ова за уметниците - што се смена за уметниците во овие две години?
    Уште бар 10тина теми да поминиме и нешто слично на рециклирање на оваа тема сакам да вклучам во дебатен. Односно еднаш месечно да се отклучи тема која била активна за "ревизија" и да се дискутира наново. :D

    Сите нови предлог теми или идеи споделете ги тука.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.