"Тиктокификација" на дебатен клуб: Џипси-Роуз Бленчард

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 25 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Не знам колку сте запознаени со ситауцијава, но се „крчка“ нешто од пред НГ. Кога требаше Џипси да излези од затвор. Е сега малку бекстори оти кога видов се дека е вон размер излезено бев збунета, па кога спојв 2+2 прај се многу смисла. Која е Џипси Бленчард?

    [​IMG]

    Таа е 32 годишна жена од Мизури која го убеди својот тогашен дечко да ја убие мајката, во 2015 година откако долго време страдање под нејзина рака како жртва на Минхаузенов синдром. Неодамна беше ослободена од затвор каде беше 8 години (од пресудени 10). Жртва на Минхаузенов синдром се смета за насилство, на дете во случајов, и тоа е состојба каде родителот измислува лажни симтоми или предизвикува симптоми кај детето за да направи да личи како детето да е болно. Мајката е: Ди-Ди Бленчард. Таа ја растеше својата ќерка сама дома, и велеше дека е со „потешкотии во развојот“. Се појавуваа заедно во јавност и Ди-Ди бараше милост од граѓаните и од здруженија за донации.

    Мајката постојано ја носеше на болница, велеше дека има астма, епилептични напади, проблеми со слух и вид, рак, имаше низа непотребни операции и процедури. Дури и перфектно здравите заби ѝ беа извадени, носеше и цефка за исхрана (која исто така не беше потреба), одеше во количка (која исто така беше непотреба). И листата е долга. Медицинските тестови често даваа неконзистентни и контрадикторни резултати, но Ди-Ди постојано бараше нови ресурси и доктори за нови резултати во врска со здравјето на нејзиното дете.

    [​IMG]
    Во 2013 таа се запознава со дечкото Николас на сајт christiandatingforfree.com каде се зближуваат и му кажува се. Дека не ѝ треба количка, дека е здрава, дека врз неа е вршено насилство, за две години после тоа тој да ја убие Ди-Ди Бленчард на барања на Џипси-Роуз.

    Моментално, Џипси-Роуз излезе од затвор, а Николас е сеуште во затвор - осуден на доживотен затвор.

    Сега откако Џипси излезе од затвор, моментално е мажена (со сопруг кој го запозна од кога беше в затвор). Таа кажа дека во затвор добивала стотици љубовни писма и го избрала сопругот зошто е од исто место како и неа. Очекуваат дете. Живеат доста јавен живот, со тик-ток, интервјуа, пратење трендови.

    И интернетот беше опседнат со неа. Ја обожуваше. Ја пратеше. Ја викаше сегде. И после нешто се случи. Џипси „се сопна“. Па ајде да видиме како интернетот те сака, па не те сака и влијанието на истото.

    • Дали заслужува и дечкото да е надвор од затвор, зошто да, зошто не?
    • Од популарна до омразена - зошто?
    • Теории околу нејзино онлајн присуство.
    Дел од дискусијата онлајн е околу нејзиниот моментален сопруг - кој е, како ѝ пристапи (ако ве мрзи да барате - кладба), и фактот дека сега е трудна. Друг дел од дискусијата е таа како човек, дали е убиец, дали и дечкото нејзин требаше да е ослободен, зошто таа има помала казна, зошто истото не важи и за него. Трет дел од дискусијата е за насилството вршено над неа, како не се разоткрило порано, дали имала право да се брани со убиство. Третиот дел е сомничавиот дел од интернетот, кој се прашува за нејзината моментална ментална состојба после пребродена траума. И четвриот дел од дискусијата е околу нејзиниот моментален интернет пристап кога таа уствари била целосно изолирана претходно и сега наеднаш иди во нов свет кој не знај да го навигира. Од таму - прави некои „чести“ интернет грешки.
     
    На Victorian, fbaby, Directioner005 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Скокнав до Јутуб да залепам неколку видеа како екстра контент и еве прво шо ми излезе од пред 1 сат:
    upload_2024-1-25_21-31-17.png
    :D

    Работи чипот.






    Интервју:
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Околу самиот случај со убиството на мајка ѝ, не знам што да кажам. Јас одамна го гледав видеото од Кендал Реј, каде што го покрива случајов. Ем само што не го помнам добро, туку ако не се лажам подоцна се изнесоа и други детали кои зборуваат за тоа каква личност е Џипси.

    За делот со инфлуенсерство, мислам дека не е толку сериозно. Мислам дека хајпот ќе помине за кратко. Интересни ми беа фан видеата што ги правеа на тикток, ама сега кога стварно излезе Џипси од затвор, мислам дека ко две видеа ѝ изгледав и толку. Не ме интересира баш.
     
    На Victorian и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал што преживеала вакво нешто. Ниту едно дете ова не треба да го помине, цело детство и го украла, монструм од жена. И после сите мајки биле најдобри и знаеле најдобро за своето дете. Баш.
    Иначе, поим немав за случајов, од темава дознав, па немам нешто посебно информации за да дадам мислење сега што е и како е. Мислам дека долго лечење само треба за некако да биде ментално здрава после сето ова. Ужас.
     
    На Victorian, Glowy, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.566
    Допаѓања:
    18.411
    Пол:
    Женски
    Шо да се каже. Се спасила девојката.
    Не оправдувам убиство, ама кога нема друг начин тоа е.
    @theowndemon гледам ги пратиш овие, може следно да биде за Anna Sorokin aka Anna Delvey, девојката шо се претставуваше како богата наследничка и 5 год живееше со пари од измами кои ги направила на елитата. Популарна беше до скоро пошо ја пуштија во домашен притвор а она организираше модна ревија на кровот од зградата. Има и филм за неа. Она ми е wow. Кој мозок треба да го имаш за да го направиш тоа.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    10.101
    Пол:
    Женски
  7. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.378
    Ух, приказнава ми е толку жална.
    Да почнеме од тоа дека и е нанесена огромна траума, растена е од мајка која е психички болна, цел живот злоставувана.
    За жал, мислам дека од вакво нешто нема назад, и никогаш нема да може да биде ни приближно до “нормална”, особено што немала поддршка од татко, дедо и ја злоставувал и слично. После тоа, и по години поминати во затвор, она искача и е као скроз друга личност, делува сосема нормално, зрело? Хмм…не би рекла..
    Мислам дека повторно е злоупотребувана и од маж и, и од фамилијата на татко и, во неа гледаат money maker. Искрено се надевам дека не сум во право, ама целава работа е накако прљава.
    Се гледа дека има испади, дека е уште дете во паметот, ама исто така поседува и огромен сенс за манипулација.
    За убиството, јас општо сметам дека местото не и ни било во затвор, туку во психијатриска установа.. особено што убиството не се случило во афект, туку е долго планирано, дискутирано, и тоа во контекст на БДСМ sex talk, дечкото буквално сакал да го злоставува мртвото тело по убиството.. Не знам, јас не би била мирна Џипси да роди дете и да де грижи за истото.. Маж и исто така ми дава лоши vibes..
    За греота, греота е и тоа премногу, ама дека толку тррба да се величи и да добие на сила, I don’t think so. Малце треба да намалат со hypot, не е инфлуенсерка, туку жртва а воедно и убиец.
     
    На Glowy, theowndemon, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.244
    Пол:
    Женски
    Па дали Николас треба да е доживотно во затвор? Незнам. Човекот има IG колку Forest Gump, али е предходно осудуван за полесни дела. Џипси изјави дека тој сакал да го силова мртвото тело на Диди али таа рекла "немој направими го тоа мене". Колку е ова вистина.. Зависи на кој ќе му веруваш. Од друга страна неможам да ја осудам Џипси затоа што таа покушала да избега но секогаш била фаќана и врзувана за кревет со лимитирана храна и без пристап до вц. Џипси во затвор дозна дека нема рак, дека нема дијабетис итн.. И се одвикнувала од лекарствата кои би издрогирана 10 слона а камоли Џипси.. Еее сега кои се тие доктори и зошто правеа хермотерапија на здраво девојче? Дефинитивно системот ја изневерил како и многу други. ;(
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    3.244
    Пол:
    Женски
    А и од дедо била злоставувана, призна и тој "на 4 години Џипси го провоцирала" :envy:
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    Случајов со Џипси е доказ дека таа културата на хапјнување на регуларни луѓе може да отиде малку предалеку и луѓево да изидолизираат други луѓе само зашто е тренд.

    Малце делужнл е тоа што го игнорираа фактот дека е родена во исклучителни услови на ментални болести, насилство и траума, па сега кога видоа дека ова е жена со сериозни последици наеднаш повлекуваат што кажувале и се свртуваат против нејзе. Мислам дури е и смешно.

    Сега, не следам баш во моментов што се случува, може и јас нешто грешам во опсервацијата, ама од буквално 3-4 кратки видеа што ги видов тој впечаток го добив.

    Повторно, опсесијата со тру крајм и убијци како малку да им ги има поматено умовите на луѓето да не разграничуваат што е реалност а што fan fiction.

    Иначе, во однос на самиот случај, мене ми е мистерија тоа како мајката ги убедила докторите да прават сѐ што правеле кога немало докази за болестите. Верувам дека има и други работи кои не се знаат а се случувале.
     
    Последна измена: 26 јануари 2024
    На Directioner005 и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    10.948
    Пол:
    Женски
    @theowndemon прво еден (y) за темава.

    Долго време ја вивнуваа на социјалните мрежи особено на тикток, цел fyp ми беше преплавен, а толку немав време да читнам која е и што е, се до пред неколку дена.

    Сметам дека пресудата воопшто не е праведна. Двајцата треба да лежат доживотен затвор. Дури сметам дека Џипси е поголем злосторник од него, со тоа што нарачала убиство на сопствената мајка.
    Апсолутно не го негирам фактот дека била жртва, ама исто така била и предатор со тоа што наговорила некој друг да изврши убиство. И таа изманипулирала некој друг, како што манипулирала нејзината мајка.

    Доби 5 минути слава и многу се опушти.
    Многу е погрешно тоа што јавноста ја третира како celebrity, кога е само обичен криминалец. Нема ништо инспиративно ни позитивно за да добие слава.
    Со оглед на тоа што долги години лежела затвор, ова е сосема нов свет за неа. Неискусноста и изолираноста си го направија своето, затоа и толку брзо имаше downfall.

    Имам впечаток дека Џипси е желна за пари и слава, и поради тоа толку брзо почна да дава интервјуа и да се промовира на социјалните мрежи. Ама не ја исклучувам можноста и некој друг од страна да ја искористува нејзината лоша психичка состојба.
    И искрено не знам што е пострашно, дали Џипси или оние што и даваат поддршка, платформа и можност да заработува од тоа што го направила.

    Мислам дека треба да почне да работи на менталното здравје и полека да го процесира новиот живот.
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, дали имала друг избор? Не. Мислам, ова за нас е толку апстрактно пошто е ниво на насилство што е многу пати над она што често се дешава и од кое луѓето можат безбедно да излезат.
    Ама на верувам дека постоело сценарио во кое можела да се спаси без да умре мајка ѝ.
    That being said, бидејќи била изложена на ненормално детство каде што научила само манипулација и после уште години затвор, нејзе ѝ треба максимална рехабилитација а не spotlight и милион следачи на социјални мрежи. Дури и не знам дали требало воопшто да оди во затвор или во друг вид на поправна установа.
     
    На ArabellaStarfall, bicycle, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  13. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    10.948
    Пол:
    Женски
    Јас сум сигурна дека има многу делови од приказната што јавноста не ги знае.
    Муабетот ми е дека нема потреба да се величи криминалец.
    Колку и да била жртва и поминала трауматично детство, Џипси не смее да биде пример и инфлуенсер.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    23.325
    Има и една серија "The Act".

    Со оглед на тоа што сè има поминато и фактот дека била заробеник на мајка и', до некаде може и да се третира убиството како самоодбрана. Во најмала рака подобро ќе беше и неа и дечко и' да ги ставиле во психијатриска установа и да и' ги третирале траумите, да ја превоспитале и да и' пружиле образование. На крај краишта ме заболе што чудовиште ко тоа жеништето е убиено, good riddance.

    Е сеа, било што било, чему оваа фама сега? Немаше можда никад пак да ми текне на девојкава да не излегоа еден куп профили на инста со информација дека излегла од затвор.
    Боље би и' било да даде сè од себе да остане што е можно повеќе анонимна, да почне да работи и да проба да живее колку може понормален живот.
    Ама ваљда мисли дека вака најбрзо и најмногу пари ќе заработи.
    А може и сеа некој ја манипулира, убедува дека треба да се стави во spotlight. Не знаеме во каква состојба е девојкава.
    Во секој случај, сеирџии има колку сакаш, јбг труло е општеството.
     
    На theowndemon и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    23.248
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека затворската казна и е одлежана и доволна. Траумата низ која поминала е премногу страшна за да ја осудувам за нејзините постапки и на крајот на денот, мило ми е што се спасила. За самото злосторство одговарала, како и убиецот.

    На почетокот ми беше океј поддршката која ја доби, затоа што и мене ми е мило што конечно си го добила животот назад и ќе искуси што значи слобода. Дури не гледам лошо да дига свест за munchausen by proxy и да заработи преку книги и подкасти.

    Целата ситуација луѓето ја направија да биде чудна со тоа што ги интересираат многу лични детали во врска со тој мажот и, и слично.

    Џипси кога ја слушам изгледа паметно и многу well spoken, но нема шанси да е излечена од сета таа траума како што треба и верувам дека има многу во нејзиниот карактер и живот што и останало од минатото на негативен начин. Само се надевам дека траумата завршува со неа и не би го пренела сето тоа и на своите деца...
     
    На Victorian, Glowy, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.137
    Допаѓања:
    18.924
    Пол:
    Женски
    Ова со убиец, криминалец, се надевам истото го мислите и за жени кои убиле насилни партнери зашто друг излез немале. Или мајка ти ако ја убиеш е друго, пошто рОдИтЕл АрНо тИ МиСлИ?

    Девојчево буквално немала никој на своја страна. Ако факинг доктори ја оперирале туку така, што останува на другите? И социјални служби доаѓале, морала да се преправа и да ќути под закани од мајка ѝ.
    И да растеш од сам почеток, од пелени со траума, а пак да излезеш колку толку нормална личност е реткост. Под нормална мислам на тоа да знаеш кој ти е крив, кој не за доживеаното па не казнуваш луѓе ни криви ни должни, туку само кривите.
    За моменталнаава ситуација, можда пробува тумач наеднаш да се социјализира, да се вклопи во светов ама не знае како. И сметам дека треба да се најде некој психијатар или што год да е стручен да ѝ помогне.

    И не гледам зашто она е крива ако дечкото лежел доживотно. Судија не е она.
     
    На Purelove92, Srckata28 и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Те молам пиши во темата за договори подетално шо прашања сакаш да покрениш за Ана пошто не е скорешен случај па да видиме од кај "би фатиле" да го збораме и како уствари се вклопва во интернет културата. Чим дефинираме тоа, ќе додам точката во идни теми.

    Е сега ќе бидам кратка (- рече таа и повторно излажа) за Џипси-Бленчард. Во врска со нејзиното инфлуенсерство. Мислам дека е класичен пример кога некој ќе добие голема платформа од нигде-никаде. Згора на тоа што кога се преќина за неа и беше во затвор - беше практично многу млада и интернетот во 2015 и сега во 2024 не е ни споредлив. Некој што "живее" онлајн прај глупи онлајн грешки, на некој интернет etiquette, а не па некој кој сега учи за динамичноста на интернетот. Вервам дел од вас не знат која е причината за нејзин "cancelation", видео е од внук/брачед кој е малолетен и го "нуди" на "age appropriate" девојчиња. Женска му мести бе. :D АМА, стави негови лични информации, а е малолетен, шо го носи во ризик за доксинг. И од таму атмосферата се смена околу неа и сега сите зборуваат дека нема обзир за други луѓе, дека не се кае за мајка ѝ, дека Николас го оставила в затвор да скапи, одејќи толку далеку да велат и дека ќе убие пак.

    Типичен коментар на рандом видео за неа кое е поактуелно (на постарите има безрезервна поддршка):
    Screenshot_20240126_211337.jpg

    Немам шо да коментирам барем јас за Џипси-Роуз и нејзиниот случај. Тоа што ѝ се случи е ужасно. Јас не мислам дека има еден чоек тука кој можи бар малку да разбери нешто толку комплексно. Некој горе спомена и дека била злосторувана и ко дете од роднина, не знаев за то. Испаѓа како животот само да ѝ даваше лоши карти. Но, јас стварно мислам дека дете кое од најмала возраст е малтретирано и не знај за нормално, и институциите постојано потфрлале и ја третирале како експериментален глушец место да увидат дека можеби се работи за насилство врз дете - и не остава многу избор. Ни јас не сум позитивна за нејзината иднина како и многу на интернет просторот, за жал, но вервам дека интензивна работа на менталната состојба барем малку ќе вроди со плод, ако не поќе.

    Едино шо научив со случајов е затворски дејтинг систем. :| Не разбирав како функционира и зошто. Ама кога ќе размислам, дел е од ресоцијализацијата. Но, никогаш не седи добро со мене дека сегашниот ѝ сопруг ѝ пишал на кладба. Се кладел со другар, ако тој пиши неа, другаров ќе пишел на друга. Иако разбирам од кај иди, дел од мене ќе биди збунета за фасцинацијата на луѓето да стапат во контакт со затвореници, особено убијци, и фасцинацијата со нив (како шо веќе и дискутиравме во темата за сериски убијци и true crime).
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    А, што е со докторите? Здрави заби и ваделе, добро, не гледале дека се здрави забите, зошто и ги ваделе?
    Како не виделе што се случува, па нели испитувања правеле?
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Мене то најмногу ме буни во цела ситуација. На Редит го најдов ова:
    Screenshot_20240126_213409.jpg
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Ама, заб е, не ти треба историја, го гледаш здрав е. Не знам еве, за другото да и давала таблети нешто, па крвната слика може била лоша, ама пак, има и подетални испитувања. Стварно е пречудно како толку време никој ништо не увидел, а цело време по доктори.
     
    На Glowy и Angie1432 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.