"Тиктокификација" на дебатен клуб: Џордан Петерсон херој на инцелите или интелектуалец?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 11 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Малку од гугл: Џордан Бернт Петерсон е канадски психолог, автор и медиумски коментатор. Често опишан како конзервативен, тој почна да добива широко внимание кон крајот на 2010-тите за неговите ставови за културните и политичките прашања. Петерсон се опиша себеси како класичен британски либерал и традиционалист.

    Автор е на многу книги како:
    • 12 Rules of Life
    • Beyond Order
    • Maps of Meaning
    • ABC of childhood tragedy

    Но, јавноста често го нарекува "татко на мажите". Какви се неговите учења? Кои се позитивни и негативни страни? Како неговата публика реагира на нив?

    Но, поважно - зошто инцел култура се огледува на него и дали е предводник на истата или само "жртва" на неа? Како влијае на своите следбеници и што е значително?

    Најважното прашање - дали Џордан Петерсон е херој на инцелите или "само" интелектуалец?

    Пинг за тие чија идеја беше темава: @RainBow @Ajronmen

    Насловов на темава маратонски, не бев сигурна дека ќе го собери. :D
     
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    Прво да го искажам мојот сомнеж дека би можело да има коректна и конструктивна дискусија на форумов, на оваа тема.
    Исто така, однапред да кажам дека не планирам да бидам "опозицијата" и да убедувам или разубедувам членови. Освен тоа, секое наредно мислење повеќето би го сметале за "одбрана" на Питерсон, напад кон жените и евентуално ќе бидам категоризиран како "уште еден инцел плус".

    Затоа и моево мислење, МоЖеБи, ќе биде единственото што ќе го напишам на темава.

    Впрочем, силно сум уверен дека мислењата кои повеќето луѓе ги имаат оформено за Џордан Питерсон се резултат на гледање на кратки видевца на интернет и туј-таму по некоја статија за него, а не од интерес кон ликот и делото.
    Тешко е да се објасни дека лимонот нема лош вкус, на некој што го конзумирал како портокал.

    За темата...
    Ниту му биле, ниту му се, инцелите, целна група на Питерсон.
    Титулава прва му ја залепи глумицата Оливија Вајлд, а потоа и дел од интернетот.
    За оние кои не ја знаат драмата, при првото интервју после оваа лепенка, Питерсон заплака велејќи дека на споменатата група и треба помош, а не исмевање и дека смета дека на инцелите им треба татковска фигура - па ако тој треба да ја превземе оваа улога, нека е така.

    Е сега, што е инцел?
    По дефиниција: членови на интернет заедница на, најчесто, млади машки лица кои сметаат дека не се способни сексуално да привлечат лица од спротивниот пол. Оние кои одат чекор понатаму стануваат и непријателски наклонети кон женскиот пол, но и кон мажите кои се сексуално активни.

    Според нивната идеја, општеството и искривените вредности се причината поради која се наоѓаат во таква ситуација, и сметаат дека или општеството треба да се смени, или пак тие треба да станат манипулатори и да глумат некој кој не се за да дојдат до она што им фали во животот.

    Во исто време, она што го "проповеда" Џордан Питерсон е дека поради куп модерни причини меѓу кои и, според него, притисокот врз мажите да станат поженствени (што е дискутабилно, и генерално е точката поради која е напаѓан и непосакуван Џ.П.) и дека поради тоа се повеќе мажи од разни возрасти влегуваат во комфорт зона, во состојба на неактивност, мрзливост, незаинтересираност, неамбициозност (што очигледно е фактолошка појава судејќи барем по коментарите на форумов).

    Така да, доколку ја тргнеме настрана причината за овие појави, имам чувство дека многу од членките на форумов би се согласиле си Питерсон, а нивните коментари би биле (веќе се) примери кои Питерсон, без да смени ништо освен да ги преведе, би ги ставил директно во негова книга.

    Е сега, да се вратам на инцелите. Сетете се кое е решението за нивните проблеми, според нив.
    Спротивно од нив, Питерсон вели дека независно од причините за проблемите (рековме дека се дискутабилни) решението лежи исклучиво кај машките како индивидуи.
    Односно, решението според него е и неговиот поттик кон машките: работете на себе за да му се допаднете на спротивниот пол, бидете похрабри, работете повеќе од што треба - со цел утре успешно да се грижите за партнерот и семејството.

    Што повторно сметам дека ќе е заедничка точка со мнозинството на форумов, доколку му дале шанса на Џ.П. гледајќи нешто повеќе од кратко видео во кое ја "роустнува" водителката или публиката на некој аспект од тема феминизам.

    А од друга страна, истото воопшто не е заедничка точка со инцел културата, напротив бидејќи со тој став ја обвинува инцел културата на некој начин.
    Освен тоа, смета дека целата таа идеја, вклучувајќи ја и појавата на Тејт и "тејтивизмот" е опасна и за самите мажи и е знак за психопатија (причина плус, зошто е апсурдно Џ.П да се стави во иста група со Тејт).
    Така да, неговата поврзаност со инцел културата би рекол дека е измислена, со оглед на тоа што Џ.П., да повторам, цврсто стои за тоа дека ако не можеш да најдеш партнер ти си виновникот за тоа и треба да работиш на себе за да се подобриш.

    Нешто плус за Џордан Питерсон надвор од темата за инцелите...
    Лично и не се согласувам секогаш со некои негови поенти, но тоа не го прави помалку интелигентен.
    Исто така, глупо е да се понижува или игнорира целиот негов минат научен труд во неговото поле, само затоа што не делиме слично мислење за некоја работа.
    Вреди да се напомене дека во последно време се насочува повеќе кон политиката и се почесто коментира религија влечејќи поуки од религиите или светите книги (што повторно е прашање на вкус, мене лично не ми се допаѓа тој момент).
     
    На nextredstyle, Amellie13, Scott Weiland и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.660
    Мене долго време не ми беше јасно што е спорно и неразбрано со Питерсон, ама да, ако гледаш триминутно видео од него, и притоа немаш појма од проблематиката...веројатно ќе имаш погрешно мислење. Така што, фала за ставот, се чувствувам помалку збунето сега.

    Што се однесува со коментирањето религија - па мислам дека се тоа едни од постарите видеа/предавања. Барем јас тоа што имам гледано, сигурно се уште пред коронатајм. И апсолутно ми има смисла, оти како психолог би се занимавал со разбирање на човековата душа, без референца кон религиозните, поточно библиските приказни и архетипови.
    Да изгледаш едно од тие предавања реално побарува време, концентрација и уште повеќе време за кликање пауза...мене лично ми треба пауза, за да контемплирам малку на темата и да го испроцесирам сето. Заглавив еднаш на едно предавање за/околу тоталитаризмот, и како за да го разбереме злосторот, мора да сфатиме дека сите ние, како луѓе, сме способни да го направиме...и уште сум заглавена на таа точка искрено, оти не ми било приоритет да се поместам понапред:tmi:. И со книгата заглавив, заглавував со барање на фуснотите, па и сеуште се трудам да направам ред во барем една соба:tmi: :D ...
    Немам појма ни како ни зошто би имал инцели за таргет, можда се накачиле случајно да му го стимулираат подемот како патувачки/независен предавач или што и да прави сега. Ниту го следам нешто посебно што прави во последниве години, ниту сум го следела нешто посебно претходно, ама кога и да сум прочитала коментар - ау, он вака така, и сум барала поширок контекст, најпосле сум се паѓала од смеење, колку игнорантност може да постои. И извртување на тези, апсолутно. На пример
    upload_2024-1-12_16-16-36.png
    Памтам ко низ магла некој пример, ко отприлика Питерсон референцира на Фројд, и некој коментира-Питерсон рече дека синовите сакаат да имаат секс со мајките (facepalm). Мислам отприлика вака ко пластичен пример за неразбирање, ако ми текне конкретниот пример ќе допишам.

    Можда и ја згрешив темата, пошто стварно за инцелите ништо не разбирам:D, ниту можам да разберам.
     
    На Peanut Butter и Ajronmen им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    1. Питерсон неговата филозофија која е воглавно конзервативна не ја почнал вчера, туку ја водел и претходно што се забележува по неговите видеа. Што е секако негово лично право, само што тоа што е елоквентен психолог и професор не значи дека не мислел така. Мислел. Некој што прави видеа со Бен Шапиро не е личност што е погрешно сфатена.
    2. Оливија Вајлд не му залепила етикета, сам си ја добил, многу порано од излегување на филмот и коментарите. Ако не сакал да се поврзува со инцели или подобро кажано мизогинисти бидејќи не секој мизогинист е инцел - можел јасно и гласно да се оддалечи од сето тоа. Ама видел добра шанса за популарност и ја искористил, без разлика дали тоа навистина го мислел.
    3. Многу паметни мажи историски и сѐ уште воделе(и водат) многу штетна идеологија кон женските проблеми. Тоа што е паметен и придонел на одредени полиња во психологијата не го лишува од критика за тоа што поддржува антифеминизам.
     
    На Gosh, staycalm, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.660
    3. Многу паметни мажи историски и сѐ уште воделе(и водат) многу штетна идеологија кон женските проблеми. Тоа што е паметен и придонел на одредени полиња во психологијата не го лишува од критика за тоа што поддржува антифеминизам.[/QUOTE]
    Како што можеш да претпоставиш, не сум стигнала до делот антифеминист.
    Линкче нешто?8-|
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    Како што можеш да претпоставиш, не сум стигнала до делот антифеминист.
    Линкче нешто?8-|[/QUOTE]
    Какво линкче, кога целата фама е баш околу ова?
    Филозофијата со која стана популарен е во кратки црти дека woke left е скриена агенда за уништување на слободниот говор и модерното општество. Скоро сите најпознати негови говори се темелат на овие идеи. Не знам што повеќе би се кажало...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    23.248
    Пол:
    Женски
    На кратко само ќе се изразам затоа што не го знам премноу.

    Ми излезе човеков баш на тикток пред неколку дена, ми се допадна што зборува, отпосле во хештег видов дека е Џордан Петерсон, не го знаев како изгледа само имам слушнато за него.

    А поточно тоа што го имам слушнато за него освен општо дека е мизогин, се сеќавам дека некој ми збореше дека во некоја книга пишувал за шминкање на работно место, како тоа е провокација и дека жените што си го подобруваат изгледот така ги дистрекнуваат мажите (на работа).

    Што да кажам освен дека многу е лесно некој да аргументира дека ако Х кажал и тоа е паметно и точно, тогаш и Y е паметно и точно, но плус мизогино.
     
  8. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Ме мрзи да пишувам долги постови, само неколку нешта. Прво, @theowndemon браво за темата, баш нешто што е hot topic во моментов.

    @Ajronmen како и секогаш :bow:.

    Со Џордан Питерсон може да се согласуваш или не, но човекот е интелектуалец во вистинска смисла на зборот. 3 минутни клипови се тотално извадени надвор од контекст, би ви препорачала да ги прочитате 12 Rules of Life, има два дела, ги има и на македонски. Книгите се исклучителни, а многу едноставни за следење.

    На темата, Џордан Питерсон фокусот го става на личната одговорност така што тврдењето дека ги поддржува инцелите е смешно. Не мислам дека е мизогин воопшто, но точно е дека ги истакнува разликите меѓу половите кои (сакале некои да признаат или не) се природни.

    Јас бев во тимот што мислеше дека е мизогин, од истите причина што се информирав од клипчиња, но откако изгледав цели видеа и прочитав негови книги сфатив дека нема врска.

    Генерално не идолизирам, ама Џордан Питерсон е стварно нешто кое не смее да се пропушти.
     
    На Ajronmen, Biljarkata и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Неговите психолози колеги толку се згрозија и засрамија од глупостите што ги трескаше што се тужеа и беше под услов да земе обука за изразување на социјални медиуми или ќе ја изгуби лиценцата, последно што знам дека имаше поднесено жалба и го изгуби спорот.

    За среќа не работи клиничка психологија веќе доста години, па и не може директно да наштети на клиентите. За несреќа, има доста онлајн присуство и фан база на таканаречените инцели.

    Ќе споделам дел од неговите фамозни твитови

    upload_2024-1-12_21-57-26.png
    [​IMG]

    upload_2024-1-12_21-59-8.png
    upload_2024-1-12_21-59-29.png
    [​IMG]

    Дали е херој и интелектуалец, секој нека си пресуди :D
     
    На Gosh, staycalm, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.660
    @Angie1432 каша сум напраила со цитирањето, па вака- каква врска има лефт воук со феминизам или како неговиот опозит е мизогинија?
    Значи така општо, нема шанси да најдам ништо конкретно, па да дебатираме дали е мизогинија или антифеминизам или што и да е. Нема да гуглам дали Питерсон е антифеминист и зошто:D, сум го правела тоа, и одговорот е да, изворот е воук левичарска интерпретација, толкување на ова рече, ова мислеше. Значи не, нема речено дека сме јастози.
    И стварно сакам да најдам нешто конкретно, за да имам став на таа тема.

    Еве, ова конкретно го гуглав сега:D :drunk:. Има кажано во интервју/а за книга не знам. Во принцип имплицира на историјата на шминката. Едното од видеата е доста постаро, и баш интервју со некоја појма немам која феминистка. Пак ќе заглавам со тумачење, кој повеќе од нив двајцата ги брани женските интереси. Толку филозофија за шминка:o Мислам може и ова да го тумачиме ако не. Мислам, ако не ни треба посебна тема за тоа:smirk:.
    Отаде темата за шминката, еве со која идеја јас ќе се занимавам- дали жените се научени да осудуваат други жени, од страна на опсесивни мажи?:?:
     
    Последна измена: 12 јануари 2024
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Ќе ја искористам шансата да ве поканам сите да предложите други теми ако сакате, наредна тема е за pick me girls. Тука. Само така можиме да го одржиме дебатниот клуб жив. :D

    Јас ќе ви се приклучам тука малку покасно оти сум мрза денес. :D
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Јас не сфаќам како функционира дебатниот клуб, една тема е неделно или така нешто? Влегов во true crime ама видов дека е затворена. Ај објасни кога ќе можеш те молам.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е трик прашање, ама во денешен контекст се третираат скоро како синоними и не одат едно без друго. За да најдеш нешто конкретно имаш многу видеа каде што збори за феминизмот и модерните проблеми, впрочем тие му се најгледаните и јасно е дека си ги гледала и знаеш за што зборувам, ама веројатно имаме различна идеја како ќе го класифицираме човеков па ме препрашуваш за нешто "конкретно". Тоа е тоа, ако појдовно имаме различна претстава што е мизогинист, не можеме подлабоко да ја однесеме дискусијата бидејќи во старт не се се согласуваме.:D
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На crimson и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.660
    Никакво трик прашање. Побитни ми биле теми за тоталитаризам, слобода на говор, библиски архетипови отколку теми за карминот за кои немав поим до преѓе, или темата за инцелите.
    Ако се информираме од 2 минутно видео и твитер статуси, имаме поголем проблем од нашето согласување или несогласување, околу неможната за дефинирање мизогинија. И не, лефт воук не е феминизам.
     
    Последна измена: 13 јануари 2024
    На nextredstyle, Ajronmen и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  15. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Ова инцели ми стана како навредувачки термин за сите оние кои се против модерниов феминизам и лгбтрсфг++!@. Нешто како бањати/граџани кај нас.

    Инаку за темата, Питерсон го знам од самиот почеток кога ја започна својата кариера како јавна личност кога транџи и останати психопати се расправаа со него зошто не ги викал според нивните измислени заменки. Но едноставно изгубив интерес и престанав да го пратам така да врска немам што прави сега. Имаше интересни интервјуа на YT пред повеќе години, тоа беше последно - околу 2018, баш кога се кубеа коси за Трамп вс Хилари и беше интересно да се пратат такви ликови, продукт на тоа време можеби. Нешто како Бен Шапиро, Стивен Краудер, Д јанг туркс, Џими Кимел и останати мрднати ликови.

    Во секој случај немам некое силно мислење за или против Џордан, мислам дека луѓето премногу се замараат за таканаречени инфлуенсери, разбирливо е да се следат "инфлуенсери" поради забава, досада итн но сметам дека не треба да се води животот според нив.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.557
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли воопшто за што стои зборот инцел и што претставува?

    Човеков не го пратам одамна, му ги знам книгите, ама не ме заинтересирале да ги прочита. Имаше нешто дека жената е хаос, мажот е не знам што...
    Понатаму мислам дека забегал со интернет славата и се изгубил во просторот па и самиот не знае што збори, ама важно да биде релевантен и популарен.

    Доволно е и онлајн да го прати некој за да добие впечаток, ако некој те поврзува со инцели би требало да имаш доволно разум да се одврзеш од таа констатација.
    Мене ми е крајно антипатичен, не би го следала, ниту би го земала за сериозно за било што.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Да.

    Можеби.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.351
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто упорно збориш за две минутни видеа кога имаш цели интервјуа со него прикачени на јутуб. Океј Биљарке, не читате само вие тројца нешто повеќе од твитер статус. Јас го знам по контроверзните видеа, за неговите религиски погледи не сум била заинтересирана.
     
  19. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.925
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Машки
    Го имам слушано и него, ќерка му, интервјуата, видеата, инсертите и предавањата.

    Мислам дека публиката не ја одбра самиот, и воопшто не разграничуваме што е инцел што е изгубен млад маж.

    Дали има трансфобни мислења? Можеби, ако гледаме по ДСМ транс е форма на дизморфија, секако дека има ко доктор да каже нешто на темата. Дали има премногу што зажалиле транзиција и исто така скокнале на тренд? Има.

    Кога биднаа чувствата побитни од фактите?

    Не ме чудат ни нападите од медиумите и воук левица, не би се нарекол ни себе конзервативен, со многу негови ставови не се сложувам.

    На тема за феминизам си ги кажува своите мислења, тоа не е нешто кое би ги инвалидирало сите други ставови.

    Мислам дека го правиме она што американци би го нарекле *фрлање на бебето сосе водата за капење*

    Дали е одбивен и така натаму е друго.

    Мислам дека повеќе ја напаѓаме личноста од мислењата, спаѓа во fringe на популарност според мене, слободно прашајте 50 личности кој е тој, можеби 1 ќе чул за него.

    Интелектуалец, да би рекол. Херои на инцелите се масовни пукачи и слични.

    Мои 2 цента.
     
    На nextredstyle и Ajronmen им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    23.248
    Пол:
    Женски
    Интелектуалец велите?

    По овие твитови пример, не ми звучи воопшто интелектуално, многу прост начин на изразување и звучи како типичен конзервативец чиј главна цел е да испровоцира, а не доктор кој има нешто паметно да каже.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.