Тиктокификација на дебатен клуб: Заеднички профили на парови

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 21 април 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.240
    Пол:
    Женски
    Иако ова е покарактеристично за Фејсбук и некои рани верзии на социјални мрежи - сепак е нешто кое можиме да го прокоментираме и денес како некој осврт на еволуцијата на социјалните мрежи.

    • Како гледате вие на заеднички профили на парови?
    • Која би била причината за постоење на истите?
    • Дали постои страв од изневерување и дали затоа би постоеле заеднички профили? Колку би биле ефективни?
    • КОЈ од партнерите го контролира профилот? Дали има можност за еднаков пристап?
    • Што при разделба/развод?
    • Дали се работи за зависност од партнерот? Како е љубомората вклучена?
    Следно како шо се префрламе на Инстаграм и ТокТок би рекла ваквите заеднички профили и не се толку застапени. Лично не памтам и воопшто да имам сретнато.
    • Зошто се оддалечваме од заеднички профили на други мрежи? Дали најдовме шо не функционира?
    • Дали можеби начинот на кој други социјални мрежи функционираат - директно афектира постоењето на заеднички профили?
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.240
    Пол:
    Женски
    ❗Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна од прилика 2 недели зошто официјално влегов во lazy girl era (оваа конкретно до 4/5 Мај ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.458
    Допаѓања:
    18.120
    Пол:
    Машки
    Живи глупости ми е заеднички профил. Не знам ни од кај да почнам пошто многу е небулозно.
     
    На sj *O*, m346, Snowflake97 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.240
    Пол:
    Женски
    Ikr :D

    Лично ми личи како codependency meet insecurity. Ем се плашам да не шврља, ем сме (нездраво) многу поврзани и немаме ништо свое и апсолутно се мора да делиме.

    Еве како некоја стартна точка. :D
     
    На Elenpelen, 1209 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    19.505
    Пол:
    Женски
    Имаше една заебанција негде вика добив дикпик од профил "Ристе и Светлана" и сега се чудам дали qrот е на Ристе или Светлана :rofl:(facepalm)

    Туку не ја сфаќам потребата од вакви глупости. Пишуваш со профилот и не знаеш со кој пишуваш. Кога пишуваш треба со "вие" да се обраќаш? И тој од заедничкиот што пишува става доле потпис кој пишал? Комплицирано упм:whew:.

    Обично не е секогаш љубомора туку луѓево некогаш не сметаат дека имаат своја страна надвор од врската/бракот. Оти ете во све се заедно, зашто не би и на фејсбук.
     
    На Konfetka, jacqueline.s, FridaodaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.240
    Пол:
    Женски
    Ова е дел шо не ми ни падна на памет и ова ми е сега страшно смешно. :D

    Иако мислам дека секогаш еден поќе го води профилот и го користи, а другиот партнер уствари не е воопшто на социјални мрежи. Ова е бар моја перцепција пошто не можам да замислам двајца активно да користат еден профил.

    Исто, зошто ова е по актуелно на ФБ мислам дека е зошто ФБ беше една од првите популаризирани социјални мрежи за сите возрасти (за разлика од мсн, мирц, мај спејс шо беа поќе актуелни со адолесценти). Па од таму можам да "видам" како партнерите не знат како би функционирало па "само да пробаме заедно ако не" дојде до израз.
     
    На Anyshka и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    19.505
    Пол:
    Женски
    Или пишуваш и викаш еј Светле како си што правиш, Ристе што прави?
    И (од истиот профил) порака - еве на работа јас, привршувам.
    Па доле - еве за децава нешто спремам па Ристе го чекам од работа.
    Нова порака - кај и да е, ќе дојдам дома јас, Светле е више дома.
    Циркузи:rofl:
     
    На Anyshka и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.458
    Допаѓања:
    18.120
    Пол:
    Машки
    Da ne mozis drugar da mi pishi neshto seriozno ili pak nekoj od rrugarite so onie gay jokes od 2000ta, da reci da mi jadis kuro i so prajme sea, mene mi rece ili na zhena mi ? :worried:

    Najbanalni i glupi primeri se ova.
     
    На sj *O*, Elenpelen, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.537
    Допаѓања:
    78.653
    Пол:
    Женски
    Ќе пишував во СДК ама еве и така е отворена темава, овде ќе напишам.
    Прво, сакам малку да спомнам за профили на социјални мрежи каде што двајцата имаат посебни профили, ама жената во својот го пишува името на сопругот. Ивана Стојан Петрески. А не сум видела ниту еден маж да го направи тоа, да се потпише како Стојан Ивана Петрески. Што е со жениве? Дали треба да се идентификуваат како нечија жена? Се мажи и сега нека се знае чија сопственост е. Лошо. :| Па останете свои бе. Колку и да сакаш некој, жена си, не си нешто што припаѓа на некого. Не знам, ама ова на тоа асоцира, на сопственост. Милена Петар Трајкоски... :^) Ај да смениш презиме на профил, нормално е. А знам жени што не го ни сменија, слики фамилијарни гледаш одвреме навреме објавуваат, ама моминското презиме си им стои.
    Сега, за заедничкиве профили. И во брак си треба своја приватност. На што личи тоа еден профил да користат двајца? Не ми се допаѓа воопшто таа идеја, ниту на партнерот му паѓа на памет такво нешто. Колешка има таков профил, еден ден гледам известување за роденден. Сите мислевме неа и е, а тоа на сопругот. Башка што не знаеш кога ќе пишеш, кој ќе прочита.
    Дали е ова поради љубомора, не знам. Некаква зависност би рекла, што не ја разбирам.
    Тие што прават заеднички профили мислам дека и не ги користат баш, но пак е зезнато за комуникација бидејќи што и да пишеш, знаеш дека и двајцата ќе прочитаат. Тапа.
    Да, не е застапено на некои мрежи, пример на Тик Ток, но Тик Ток не е за комуникација а не е и нешто корисна мрежа, претежно за тепање време. Инстаграм онака, не е толку популарна за луѓе кои живеат брачен, семеен живот. :D Претежно Фејсбук се користи, затоа е таму најзастапено.
     
    На Евроазија, VDT2906, Golden и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    39.300
    Пол:
    Машки
    Темава актуелна беше 2012, второ полугодие. :?:

    Денес само еден пар под 50 познавам што има заеднички профил на социјални мрежи.
    И во тој случај жената направи посебен профил, а заедничкиот им остана. Па сега не знаеш дали да и пишиш на нејзиниот, или на заедничкиот. :D
     
    На Elenpelen, minne992, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    7.022
    Пол:
    Женски
    Многу глупава и непотребна работа.
    Не го гледам како начин за покажување на сигурност во врската, баш напротив како несигурност. Зборам ако се некои малку помлади, а на овие 55+ или пензионери што знам со такви профили што се со заеднички профили, ај вајда едниот не ни користи соц медиуми. Не знам што да кажам.
    А баш ми се случи пред некој месец од таков профил да ми пише еден: "здраво, сакаш запознавање?"
    И во принцип не враќам никогаш на такви запознавања, ама ме тригерна ова со профилот, плус заеднички слики.
    И прашав " а со кого зборувам? Сопругот или сопругата?
    И не добив одговор, и одма после блокирав да не си направам проблем.
    Вајда беше мажот тоа. И вајда само он го користи профилот.
    Се на се многу глупава работа.
     
    На Konfetka, Anyshka и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.240
    Пол:
    Женски
    Да. Потсеќање на како беше ни дава можност да видиме еволуцијата на социјалните мрежи. :D

    Сем кај ептен постарите јас лично и мислев дека нема многу вакви профили денес, ама ете се спомнаа низ тема примери (@Bitter-Sweet мислењето на пример). Исто во нејзино мислење имаше интересна обзервација за посебни профили и додавање на името на сопругот од страна на жената. Јас немав забележано и ова ми е интересна забелешка.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.537
    Допаѓања:
    78.653
    Пол:
    Женски
    Го има ова се' уште и не само кај парови во средни години туку и кај млади.
    И другиот пример што го напишав, еве мене ми е познат, знам неколку такви примери. Некој познава, некој не, сепак ги има.
     
    На Anyshka, Billy Idol и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.077
    Пол:
    Женски
    Феноменов го гледам исклучиво на фејсбук, а со оглед на тоа што последните неколку години фејсбук стана топ социјална мрежа за постарата генерација, можам до некаде да најдам една логична причина. Пример баба и дедо во години, имаат само еден смартфон и од практични причини внуците им прават заеднички профил. Профилот и онака го користат најчесто за објавување слики од фамилија и лепење стикери во коментари. За допишување им се дебели прстите и слаб видот, па претпочитаат видео кол. Тука веќе едниот може да се оддели од другиот косопственик на профилот и да си расправа рецепти за ручек или престојните избори. Смешно е ама разбирливо за оваа категорија. За млади немам валидна причина ама па и не гледам често такви профили.
     
    На Евроазија, eliesaab, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.115
    Допаѓања:
    11.853
    Пол:
    Женски
    Хахахахаахах, реално у право си. :D
    Ова најразумната причина е зошто да постојат вакви профили.

    А за млади, која би била причината ако не контролирање? :?: Штом се има заеднички профил, се знае дека загарантирано е дека на ниту еден од двајцата никад и никако нема да му текне да извара. Си знаат луѓето па се надевам добро функционира ова.
     
    Последна измена: 21 април 2024
    На Konfetka и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.888
    Допаѓања:
    123.164
    Пол:
    Женски
    На некој му се чудни и профили на мачиња и кучиња. :D
    Луѓето имаат живот надвор од социјалните мрежи и поминуваат саати далеку еден од друг. Секако дека не можат да се исконтролираат со заеднички профили.
    Безвезе, може луѓето само сакаат заеднички да споделуваат што им се случува.
    Нивна работа. Гледајте си во вашиот кревет.
     
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.442
    Допаѓања:
    33.243
    Пол:
    Женски
    А имаше една со профил:нејзиното презиме, од мажот, името нејзино, имињата од трите деца.
    И еден нивен пријател и коментирал "а името од кучето?":rofl:
    На темава мене ми е глупо да имам заеднички профил со маж ми, може си имам некој муабет со другарки, може некоја ќе ми пише за некој проблем.
     
  18. T.M.

    T.M. Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    За да не се зголеми процентот на разводи во Македонија, предлагам законски да се забрани ваков вид на моронизам. И ригорозно да се казнуваат профили од типот "ЗокиБагра МирјанаМицика Трет Профил Ристовски Марјановски (Заједнички)".
     
    На Anyshka, GirlLove и nena2010 им се допаѓа ова.
  19. gtramg

    gtramg Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Не знам на кого да го честитам роденденот, на Зоки или на Маца?
     
    На Anyshka и FreeToGo им се допаѓа ова.
  20. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.297
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми е безвезе заеднички профил, ајде постар брачен пар ама младиве, а има сеуште. Има и оние со Марија Стојановскс ЕХ Димовска. :D
     
    На Just.do.it и Anyshka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.