"Тиктокификација" на дебатен клуб: Подигнување на свеста за ментално здравје (#mentalhealthtok)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 17 февруари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Со покревањето на тик ток добивме две главни работи:
    1. Краток контент кој не е многу опширен туку доволно колку да ни дај идеа за нешто без да оди во детал; и
    2. Многу мали и насецкани подгрупи на луѓе, "communities/заедници" и спојќи на луѓе со слични проблеми или животни стилови.
    Од таму се родија многу подгрупи, и една од нив е таа за психологија и за ментално здравје. Но, како се карактеризира едно видео за ментално здравје на тикток?
    • Набројување симптоми притоа ќе го направиме игра со "put a finger down" едиции и на крај ти кажва за шо спушташе прсти.
    • Анализирање на јавни личности.
    • "Дали знаеше дека ова работа која сите ја прајме редовно е симптом?"
    И многу слични "смешни" ситуации пошто тоа го држи вниманието.

    Ваквите видеа покренаа многу самодијагноза. Многу луѓе од нив посегнаа и да одат кон официјална дијагноза (и добија!). Дел никогаш не бараа, дел зошто сметаа дека не им треба, дел зошто не можат да си ја дозволат (ова е америкацентрично, кај нас проблемот е ресурсите што се премали во помали градови ако бараш терапевт во мое искуство, иако во последно дефинитивно и цените се доста повисоки). Така да ова не носи до:
    • Колку е самодијагнозата валидна сама по себе, а колку во контекст кога се нема можност да се оди на професионално лице?
    • Колку помага заедница на луѓе со слични проблеми за да се растеретиме и да си помогниме иако можеби официјално "немаш нешто", но имаш одредена симптоматологија (одличен пример е и нашата група за анксиозност на форумов)? И генерално, како помага заедницата и за дијагностицирани луѓе? Дали припадноста ни помага да се чувствуваме "нормално" и покрај предизвиците? Како ни помага (пр. Со споделување на начини за справување кои ги практикуваат)?
    • Дали заедницата која се нуди онлајн е доволна? Дали ни треба заедница поблиску до нас?
    • Дали ваквите заедници повеќе постојат после онлајн експонирање? Добро/лошо?
    • Како ова ( постоењето на заедници и јавно зборување за ментално здравје) влијае за сузбивање на стигмата околу менталното здравје?
    • Како влијае непристапноста за добивање стручно лице и на што се должи таа непристапност локално?
    • Како влијае стигматизација на барањето помош? Како откако ќе побараме помош?
    Вервам дека оваа тема има можност за многу повеќе прашања да се покренат. Комотно ширете ја во кој правец мислите, во рамки на ментал хелт ток.
     
    На Victorian, MissChievous и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Темиве се дел од "дебатен клуб" кој дискутира онлајн трендови и феномени и нивни културолошки и социјални ефекти. Темите се од прилика активни 1 недела (оваа конкретно до 24ти ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Уу deep stuff Демоне, голем проблем на денешницата, дијагнози и самодијагнози насекаде, како (карикатурен?) сајд ефект на покревањето свест за менталното здравје, и искривување на првична намена, што наместо да помогне, одмага.
    Со потенцијал да расте, кога ќе размислиш дека ова се/ идните генерации и родители.:|
    Можда и заслжужува посебна тема.
    Како и да е бара подолг и добро промислен одговор
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Баш ситуација, you win some, you lose some. :D Лично, иако сметам дека во многу аспекти е излезено од контрола се, ваквите микро заедници помагаат за борење против стигма. Ама некако станавме "многу" комотни. :D

    Баш денојве и подетално ќе пишам за прашањата, во ист ден се осеќам здосадено сама себе пошто во глава јас си зборам после секое прашање и после ми нема смисла сама себе да се повторвам. :wasntme: :D
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Одлична тема! Finally, сметам дека имам многу да зборувам за ова
    • Колку е самодијагнозата валидна сама по себе, а колку во контекст кога се нема можност да се оди на професионално лице? - Самодијагнозата не е 100% валидна сама по себе, но во многу случаи им помага на луѓето да сфатат зошто се чувствуваат баш така како што се чувствуваат и да знаат дека не се сами и да сфатат дека имаат потреба од стручно лице. Немањето можност да се посети стручно лице (финансии, срам, недостапност) е голем проблем, но сметам дека ако на 12 години бев запознаена што е всушност ОКП ќе ми беше многу полесно за да знам дека не сум луда и да ја знам причината зошто стравував дека нешто лошо ќе се случи ако направам 3 грешки во домашната и кинев цели листови за да почнам од почеток или се штипев и одев чекор назад за да "неутрализирам" одредени лоши ситуации кои би се случиле во иднина. Валидна дијагноза човек кој не е професионалец не може да постави, но сметам дека покревањето на свеста е навистина корисно.
    • Колку помага заедница на луѓе со слични проблеми за да се растеретиме и да си помогниме иако можеби официјално "немаш нешто", но имаш одредена симптоматологија (одличен пример е и нашата група за анксиозност на форумов)? И генерално, како помага заедницата и за дијагностицирани луѓе? Дали припадноста ни помага да се чувствуваме "нормално" и покрај предизвиците? Како ни помага (пр. Со споделување на начини за справување кои ги практикуваат)? - Мене дефинитивно ми е од голема помош. Се чувствувам разбрано и знам дека не сум сама.
    • Дали заедницата која се нуди онлајн е доволна? Дали ни треба заедница поблиску до нас? - не е доволна 100%.
    • Дали ваквите заедници повеќе постојат после онлајн експонирање? Добро/лошо? - Немам одговор, не би се експонирала.
    • Како ова ( постоењето на заедници и јавно зборување за ментално здравје) влијае за сузбивање на стигмата околу менталното здравје? - Ментални проблеми постоеле и ќе постојат (За жал). На овој начин луѓето ја сфаќаат причината за тоа што го прават и чувствуваат. Како и да е, поради зголемениот број на содржини (секој втор има ментална болест), многумина не ги сфаќаат менталните проблеми сериозно.
    • Како влијае непристапноста за добивање стручно лице и на што се должи таа непристапност локално? - Сметам дека немањето пристап до стручни лица влијае многу негативно врз целокупниот квалитет на животот на поединецот. Причини за непристапноста најчесто се финансиите и немањето доволно професионален кадар.
    • Како влијае стигматизација на барањето помош? Како откако ќе побараме помош - Поради стигматизацијата, како и она ,,ништо не ти е, ќе ти помине", особено од најблиските, лицето тешко се одлучува да побара помош и живее во самообвинување.
     
    На theowndemon и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Според мене, дефинитивно сум ЗА да се зборува отворено за менталното здравје. Воедно, да го земаме во обзир во многу животни ситуации и пред донесување клучни одлуки.

    Ама, големо ама. Тоа не значи само да си поставуваме дијагноза. Тоа е задача на професионалците. Наше е само да им се обратиме. (Патем една цела друга тема ми е неедуцираноста на нашите психолози тука).

    Исто така, сметам дека како и за се друго, се отиде од една во друга крајност. Па имаме банални примери:
    -Се снима како плаче, со цел да добие поголема гледаност.
    -Луѓе како Селена Гомез кои кога ќе погрешат нешто, не прифаќаат одговорност. Па секој Вторник и Петок се збогуваат со социјалните мрежи и се прават жртви.
    -Нарцисоидни луѓе како нашите инфлуенсерки кои вреѓаат се живо и диво, а кога некој ќе им возврати, драмат за булинг, депресии и сечење вени.
    -Млади како плачат бидејќи некој им рекол дека треба рано да станат за работа.

    Во глобала, денес многу луѓе се со менталитет на жртва комбиниран со отсуство за лична одговорност.

    Исто така, треба да се практикува благодарност и менување на мајндсетот кон позитивност за да привлечеме позитивно.

    Бидејќи не можеш да правиш видео на Инста како плачеш бидејќи денес Зара била затворена и не си си купила сандали. А кога имаме видеа како човек си собира деловите од телото на неговото семејство во Газа и ги става во ќесе.

    Тоа не значи минимизирање на нашите чувства оти на друг му е полошо. Ама како што реков, промената почнува од нас. Никој нема да дојде да не спаси.

    И како што велеше таа, if you sit in shit for too long, you get comfortable to the smell. Сум за отворено разговарање, ама да се разговара како да се најде решение, а не само да се продлабочува проблемот.

    На луѓето им се потребни примери од повеќе решавачи на проблеми, не од тапкачи по рамо или луѓе кои ќе ти наметнат мислење дека имаш проблем, кога го немаш.
     
    На MissChievous и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    23.854
    Мислам дека самодијагнозирање од секогаш постоело, можеби сега во поголема мера од проста причина што сè споделуваме и гледаме.
    За мене добрата ствар на социјалните мрежи, интернетот и апликациите е баш тоа дека имаме пристап до сите можни информации и можеме да откриеме многу корисни нешта, меѓу кои и одговор на прашањата како "што ми се случува", "зошто вака се осеќам", "што да правам за повеќе вака да не ми биде", итн., без да зборуваш со стручно лице. Дека има што грешно се самодијагнозираат, има. Дека има што заглавуваат само на (точната) самодијагноза, а не превземаат ништо понатаму, има. Ама мислам дека има многу повеќе случаи кај што точно се самодијагнозираат и тоа им помага и да се осеќаат подобро (зошто знаат точно што им е) и да бараат решенија, со што најчесто се вртат кон терапии и сесии со стручно лице. Што значи, што повеќе се зборува, шири, едуцира, тоа подобро. Како и со сè друго, расизам, религија, хомосексуалност, итн, така и за овие проблеми и стигми, колку повеќе се зборува, толку повеќе се прифаќа, се разбира, се нормализира.

    Заедница верувам дека помага, меѓутоа мислам дека секој треба да постигне степен на работа на себе и проблемите така што ќе имаат висока самодоверба доволна за да не им е потребна заедница и разбирање од други. Признавам дека можеби малку и наивно зборувам бидејќи реално сум немала доволно тежок ментален проблем, но сепак стојам на тоа дека најдобро е утехата, јачината, подршката, сè да се бара пред сè во себе.

    Истовремено мислам дека сите имаме некаков ментален проблем, во некоја форма, до одреден степен. Затоа и доаѓаме до заклучокот дека секој втор пати од нешто. Разликата е пред сè во карактерот на луѓето, повеќето не знаат/не сакаат да бидат приватни, и кој како се соочува и снаоѓа со своите состојби. Прашање е и на самодоверба, на цврстина, на лигавост, на наклонетост кон улогата жртва, на борбеноста, на многу работи. Да не ме сфатите погрешно, не гаслајтнувам, ниту осудувам, секој си е на свој пат на животното патешествие и си знае за себе како му е најдобро, само кажувам дека не реагираме сите исто на проблемите. Затоа особено е важно да се има пристап до стручно лице и секако, да се нормализира стручната помош.

    За крај ќе споделам лично искуство. Да не беше толку силен фокусот на кревање на свеста за менталното здравје таков каков што беше во последната декада, не знам дали сега денес ќе бев тука кај што сум, со толку разработена самосвест, здрава цврста самодоверба, интерес за самата себе и посветеност на одржување здрава психа. До ден денес, mental health talk ми е потребен и позитивно ми влијае. Исто така, се научив да препознавам многу нешта кај други луѓе, и да знам и како да се поставам кон нив и како да пристапувам со разбирање.
     
    Последна измена: 17 февруари 2024
    На do-re-mi и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    19.505
    Пол:
    Женски
    Малце пооошто ќе зборам
    Она што го зборев претходно во друга тема, ќе го кажам и тука.

    Едно е да пробуваш да охрабриш луѓе да се грижат за (свое и туѓо) ментално здравје, да нормализираш емоции, да нормализираш одење на психолог и тако даље.
    Друго е од секоја ситница да правиш болест и дијагноза, за сѐ и сешто да праќаш луѓе на психолог, во сѐ да бараш болест и позадина.
    Ако ете, здравје е здравје, па за секоја главоболка не идеме на лекар. Ако нѐ боли кичма од седење на компјутер, не трчаме на магнет туку ќе се истегнеш, ќе легнеш да одмориш.

    И она по тикток со put a finger down некогаш исто те тера да се опседнуваш себе непотребно со симптоми кои не ти сметаат во секојдневието ама ете, било симптом на нешто и готово, ти имаш траума и ти треба лечење.
    Пример ете ако си ја чепкаш косата или си ги пукаш прстите или тупкаш со ногата кога седиш тоа е симптом на анксиозност или на некоја траума. Ок да, јас пукам прсти и рандом и при стрес. И безброј пати се имам пронајдено во вакви со куп симптоми. Пример јас често се извинувам, имам и рандом intrusive thoughts или од партнер многу сакам гушкање. И наоѓам дека ако сакаш многу гушкање, тоа е уствари зашто не си добивал доволно ко дете. И да, може секогаш да има причина зад тоа. Мислам, фала богу ништо лошо нема ако објасниш од каде идат одредени работи во психа и понашање. Ама да не се прави патологија од тоа.
    Не сметам дека треба да бидам личност што е благо кажано психопат или робот што ништо не може да ме вознемири или стресува.
    Нормално е да те заболи глава од работење на компјутер, така треба да е нормално и да си стресиран од секојдневни ситуации.
    На психолог идам и би идела за работи кои се далеку од обичен стрес.

    Мислам... неблагодарно е према луѓе што стварно имаат проблем.
     
    Последна измена: 17 февруари 2024
    На Hygge-girl и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Исто како и општo за работата на себе,
    (токсична/лажна) позитивност,...
    тек сега не знам како и што се дешава со "грижата за себе", и како и тоа успеало да се изкарикатизира.

    Исто така тесно поврзано, ако не и влече корен од уште еден исто така голем проблем на денешницата, а тоа е преумерената "рационализација на нештата" на "модерниот свет", кој може, а И води до степен на(токсична) неуротичност.
    А потоа и го води во тој смер се ова горе исто.
    Што лично сметам дека треба да му се обрати посебна пажња, ако веке покреваме свест околу ова.
    Ама тоа е више за во по-не "лајт" "верзијата" на овој муабет.

    Па така и друштво на overthinkers (потоа секако и романтизирањето на overthinking).
    Имаше и еден "хумористичен" мим, имено, "сите станавме Шелдон".
    Епа, веќе не е смешно. :|
    И не мора баш сите фала, многу.

    Значи, добро е имањето (онлајн) пристап на информации и заедница/катче за споделување поготово за тешки, и секојдневни борби....до одредена мера.
    Но, тоа често знае да да отиде и до негативни и непродуктивни смерови.
    Оттука и" феноменов" со дијагнози и само-дијагнози.

    Ист случај е и со стањето на форумот и темата "анксиозност" што се спомна.
    Таму имам пишано веќе и јас, и други, поврзано мислење/а околу ова.
    Знае и да биде добро прифатено, и не. Како и да е, се продолжува пак со исто. Тоа е.
    Посебен феномен е кога се спомене поинаков начин и исход добронамерно, за да тоа биде сфатено само како напад.
    Притоа невалидирајќи и и омаложувајки нечиј успех во борба. Значи Не.
    Е тука веќе нема помош, и не знам колку е тоа продуктивна и позитивна средина за водење борби околу менталното здравје, како и работа на себе.


    Односно да цитирам:
    "Уou've got your tribe, but your tribe is not well! "

    Сега за мене лично, бирам со што се опкружувам и што информации конзумирам.

    За форумов /темата за анксиознот веќе/уопште и не пишувам и немам потреба и желба од пишување околу ова, и општо било што поврзано за ова, поготово што знам дека може/100% ќе биде погрешно не/сфатено, односно извртено.
    Толку о стање нације/форума.

    Така што, не знам кое е "колективното решение" околу ова.
    Ова отсекогаш постоело и ќе постои, овој "расипан телефон на информации" во историјата и психологијата на човештвото, значи и пред тик ток и социјални мрежи.

    Како и да е, ова не треба целосно да не обесхрабрува од (здравото) работење и грижа за себе, како и свест за менталното здравје, и се она (позитивно) што е постигнато во овие области последниве неколку децении.

    Само со повеќе (лична) свест/околу ова, како и информирањето, односно каде, како и со што да не/ се информираме и опкружуваме? :?:
     
    Последна измена: 19 февруари 2024
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Oва за селебрити психоанализи не пратам, пратев само кога беше за Џони и Амбер, и морам да признаам и Меги Марклс, што си заслужува посебно место во психо(пато)логијата.
    Тоа ли?
    За Селена. (facepalm)
    За ова само имам да кажам дека имам посебно сочуство и емпатија за холивуд- децата кои се растени во холивуд светот, потоа пред камери, таблоиди и целиот свет углавно, како кеш-машини за холивуд и нивните безделничарски родители.
    Тука ја вклучувам и Бритни Спирс како најекстремен пример на денешницата.
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.776
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш бев influenced да си проверам кортизол заради социјални мрежи, за џабе дадени пари. И кажувам на другарка ми, па и таа проверила. :(

    Поделена сум околу ова, од една страна е супер што се зборува отворено за болести. Јас кога ја добив дијагнозата пред 10
    години немав ниеден човек за совет, сега можам да најдам цело community од луѓе со разни искуства.
    Од друга страна, предизвикува анксиозност и непотребни грижи, пиење лекови без потреба, недоверба во доктори итн. Не знам, тешка тема.
     
    На Космонаут, MissChievous, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Во која смисла?
     
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Што во која смисла?
    Ако мислиш ова за Меги стриктно, за почеток во хумористично-саркастична. :D
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Во која смисла се вклопва во поглед ментал хелт и делот за психо(пато)логија. Не целосно разбрав.
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Тоа и мене ми беше прашањето, зошто се спомнаа психоанализи на селебрити како дел од темава,
    дали на тоа се мисли,.
    Во смисла едуцирање околу врска со нарцисоидни личности во случајов/иве.
    А потоа и понашањето на селебрити (Селена се спомна накнадно, која има дијагнозирано биполарно растројаство) и нивниот инфлуенс врз понашањето (и само/дијагнизирањето) на денешните генерации претпоставувам.
    Ова беа мои претпоставки како дел од темата и колку сум запознаена.
     
    Последна измена: 20 февруари 2024
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    @INNERBEAUTY често се клават јавни личности под микроскоп за како се однесуваат и што прават. Најчесто, да, овие кои ловат нарцисоидни карактеристики.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    !!! Потсетник дека од темата има уште два дена пред да ја замениме со нова: "apple vision pro". :D

    Коментирајте сега или молчете "засекогаш". :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.