Тиктокификација на дебатен клуб: Популаризацијата на wellness и self-care

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 9 март 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Борење против табу е нешто кон кое како модерно општество, поврзано онлајн, се стремиме. Но, како и за многу теми до сега, самото тоа што се онлајн и што глобално се вклучуваат многу луѓе - излегуваат од контекст. Како?
    • Како популаризацијата на велнес и грижа за себе влијае на нас?
    • Кои промени се потребни, а кои не?
    Со пандемијата во 2020, и седењето дома се сменаа многу работи. Ќе почнам со преголемата конзумација на продукти за убавина и идејата да се остани млад. Со тоа што седевме дома и се оддалечивме од естетикот кој беше претходно - full glam makeup, во "природен" естетик, или "clean girl" кој се базира на чисто и убаво лице како дел од selfcare.
    • Дали и како ова влијаеше финансиски?
    • Како влијае на стандардите за убавина?
    Следен дел кој се смена во поглед wellness со пандемијата е вежбањето од дома ради затворањето на теретаните.
    • Како влијаеше тоа на луѓето и зошто "помина"?
    • Што со опремата која остана?
    И кога гледаме дека градуирано има кревање на wellness and self care, па наеднаш бум, интересно е да се види кај сме сега по тоа прашање. И тоа ме носи до кога нешто се вади од контекст. Идеја за темата е на @Angie1432 и ова се работите кои ми ги нагласи: покренок на алтернативна медицина како решение на проблеми.
    • Колку алтернативна медицина помага?
    • Дали "big pharma" пробува нешто против нас?
    • Зошто сега користиме модерна медицина? Кое е подобро?
    Но, најмал проблем алтернативна медицина. Што ако тоа што го кажам е дезинформација, и стани вирално и се смета за факт? :D

    Screenshot_20240309_073026.jpg Screenshot_20240309_073045.jpg
    • Од каде иди до вакви информации?
    • Зошто толку лесно се прифаќаат и стануваат вирални?
    • Која е потенцијална придобивка?
    • Која е потенцијална штета?
    И така.
     
    На Victorian, Ajronmen и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    ❗Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна од прилика 1 недела (оваа конкретно до 16ти ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Според мене, убаво е што повеќе луѓе да се мотивираат да се грижат за себе.

    Downside е што како и се друго, отиде од една во друга крајност.

    Како на пример, ми излегува reel од девојка која ја прикажува нејзината skincare рутина. Истата нанесе 18 производи на лицето, а лицето на крај црвено :drunk:

    Или да се провлекува идејата дека 30 е новото 80 (facepalm) Односно дека кога си 30 не можеш да си толку физички активен, кожата ти виси, мислам wtf :|

    За дезинформациите, content креаторите едноставно си прават пари. А младите сега сме како нашите порано што веруваа на сè што ќе прочитаа на Фејсбук :D

    Пак сè се сведе на тренд, консумеризам и комплекси. Би рекла лекот се спуштиме на земја, to touch some grass и да се држиме до основите.

    Aka, да пиеме вода, да вежбаме редовно, да јадеме умерено. Ако имаме вистински проблем, да отидеме на лекар/дерматолог, а не на Тикток. И да не ја комплицираме :*:
     
    На nextredstyle, Victorian, Glowy и 5 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.623
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не ставам на лицето. Немам навика, сум немала потреба. Ама, си реков ај сите нешто прават, па ќе земам ќе го мијам со нешто и ќе мачкам млеко ли што беше. И почнав да се исфрлам. Тоа му доаѓа ко жабата што кренала нога да ја потковаат кога ги видела сите коњи. :D
    Сигурно не ми беше погодено за кожата, ама треба да испробувам додека нешто не се погоди, и на крај зошто би го правела тоа кога немам проблем in the first place. И така се откажав.
    Е сега, многу брзо брчки ќе сум имала, ќе ми се направело не знам какво лицето, такви муабети добивам, ама па, океј, не ми е грижа да бидам искрена. Мене self torture ми е правење на сите овие работи, едноставно не можам.

    Сметам дека отиде ова во екстрем, има милијарда производи на пазарот, од кои некои се право ѓубре сигурно, ама ете.

    За вежбањето дома, од секогаш сум вежбала дома, пандемијата за интровертите не беше нешто особено тешка. :D
     
    На LadyD, see.emily.play, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Во поглед скин ќер околу 2020 ретко и крем ставав. Толку бев "инфлуенсната" шо ќе ставам слика во спојлер оти малку срам ми е. :D
    IMG_20240222_233330.jpg IMG_20240222_233258.jpg IMG_20240222_233233.jpg IMG_20240222_233206.jpg IMG_20240222_233144.jpg IMG_20240124_104914.jpg
    Ама ова движење многу збора за природната убавина и бјути стандардот и како мора да сме "совршени" со "безпрекорно" лице, без ни една брчка или знак на старост. Дека стареењето е грешно, лошо, и дека секогаш треба да личиме оптегнато како новороденче во кожата. Шо, не е точно. Природен процес е шо е дел од нас.

    Ова го збора свесниот дел од мене. Несвесниот на прва брчка - ботокс ми шепка на уво. :D
     
    На Ketchup и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  6. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.257
    Ова со skincare опседнатоста по нет,е според мене нешто од попаметните нешта што произлегло од тикток а да не е глупост.Дознаваме за нови тонери,лосиони,и чистачи за лице,ете тие што не се толку упатени кој продукт кога се користи последователно,сега имаат можност да научат skincare рутина. Сепак сме 21 век,и срамота на толку избор,a има и поевтини и поскапи производи за нега на кожа(сепак бирајте поскапи,поквалитетни,за лице се работи,кожа е осетлива работа),ние да одиме запуштени во лицето,и шминка да вадиме со сапунче и влажни марамици.:fubar:Мислам,жени толку ли не се замарате!!!?Ги има такви доста.:|Така да,според мене супер е ова selfcare awarness...И не,тие што се грижат за себе не се искомплексирани и не се плашат од стаарење,само водат грижа за себе и својата кожа,лице,тело.Па истото можам да го кажам и за вежбањето и одржување линија.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.456
    Допаѓања:
    175.655
    Алтернативната медицина ,,помага,, или е единствено прибежиште, кога класичната, западна медицина, крева раце. Биг фарма ништо не пробува, биг фарма препорачува апчиња за маскирање/потиснување симптоми, не бара корен на проблемот и негово решение. А по кој пат оди класичната медицина, well...

    Не гледам како оваа тема има врска со интернет трендови, освен како еден комуникациски канал, за да стигнеш до ,,алтернативни,, терапевти. Терапевтот секако треба да работи со тебе индивидуално, пошто нема идентични состојби кои се решаваат со идентичен пристап. Алтернативно е во наводници, пошто што е уствари алтернативно? Кинезите работат со нивната традиционална акупунктура, може во Европа е ,,алтернативна,, ама ако доктори ја работат истата (дури нивни колеги креваат раменици) , немам причина да не им верувам.

    Може и 23 ти век да сме, не се замараме:D. Баш дека е кожа осетлива и индивидуална работа, ниту поскапо значи дека ќе ми одговара, ниту дека нема да ми направи проблем....ниту има универзален рецепт дека повеќе е помалку, уствари обратно беше. Состав научивте да читате од тик ток? Со ендокрините дисраптори до кај сме? А со девојчињата од 10 години што праиме, и нив им треба рутина, пошто така виделе на тик ток? (facepalm)
     
    На see.emily.play, JoyJoy, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.257
    Eпа шлапајте се ондак со малена од битпазар и остали евтини кремчиња...Што да ви кажам...
    А што има па девојчиња од 10 години да се шминкаат или билошто на лице да ставаат освен бекутан????? Јас не знаев дека за девојчиња од 10 години била темава..:^)
     
    На Tea loss му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    @Sophitas Постојат т.е постои т.н тренд Сефора деца (Sephora kids). Воедно, благодарение на социјалните мрежи и имитирајќи ги возрасните, децата се опседнати да купуваат козметика што не е за нив и што реално не им е потребна. Ете така темата ги опфаќа и нив.

    Воедно, никој не рече ништо да не се користи од козметички производи. Ама сигурно нема да се убедуваме дека е нормално да ставиш 10 серуми и 10 креми на лицето одеднаш :|
     
    На JoyJoy, Victorian, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Неколку прашања прво, зошто не сум сигурна дека разбирам.

    *Темава вклучува само self-care козметика?
    Зошто јас мислев ќе вклучува и психички? :?:

    *И од природната нега на кожа и clean skin care
    успеа да се направи скандалозен "тренд" и како?
    Што и фали сега на "алтернативната" (читај природна) козметика? Озбилно прашувам.

    Ок, разбирам за темава е отприлика за "трендови" кои излегле од контекст, ама зошто мора се да се врти (само) на негативно, а не (/се перципира) и доброто?

    Стварно ќе оставев и немаше да пишувам да не беше истото секаде, и со беж хоум темата, темите за детокс/пост, баш сега и таму го пишав истотото.

    Што више ако добро ја сфатив веќе имам пишувано и за ова.

    Истата биг фарма што ме убедуваше 20+години дека ова е "алтернативна" медицина ли?

    https://forum.femina.mk/threads/Исхрана-за-време-на-менструација-исхраната-и-циклусот.34312/

     
    Последна измена: 10 март 2024
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Вклучи, се од селф ќер вклучва.
     
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.115
    Допаѓања:
    11.853
    Пол:
    Женски
    Чим поскапо е, тоа значи по дифолт дека е препрепренајквалитетно? :?:
    Шо беше тогаш онаа фрката со кармини на познати брендови кои содржеле олово? Како можат да си дозволат такво нешто или пак фејк биле можда?

    Друга работа, што со тие кои го немаат луксузот да фрлаат цело богатство за рутини? Значи треба да се исмеваат дека користат пазарска козметика?

    И како заклучи дека ако не се користат луксузниве препарати автоматски идеш запуштена во лицето? :^)

    Многу ограничено размислување некако бе. :|

    После зборете за пик ми трендот и кој све се вбројува таму.. :drunk:
    Ама зошто мислат дека ти си они? :?:
    Каква е оваа потреба од споредување и прогнозирање без да знаат некои работи?

    Парадоксот прав би бил коа токму они ќе се напраат така како што не би сакале и при толкава грижа и нега. :lol:
    Не звучи убаво ова нели? Епа и нивното ич не е на место. :)
    Исто. Толку ми е замарање и ич не ме усреќува тоа, убаво рече, тортура. :|
    А со сила да праиш нешто шо не го сакаш е измачување.

    Ај, среќни да сме што неаме потреба.
    Нека остане тоа така. :sun:
    Нека се чуди кој сака слободно и нека има предрсуди. (y)
     
    На nextredstyle и RainBow им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Па....
    https://vm.tiktok.com/ZMM6aBJu5/
    https://vm.tiktok.com/ZMM6akaX8/
    https://vm.tiktok.com/ZMM6ajY2M/
    https://vm.tiktok.com/ZMM6ahLeD/
    :D

    ----

    Вчера немав време да завршам, па тука:
    Преќинав, и тука сакам да продолжам. Грижа, за лице во случајов, е добро. Секогаш е добро да се стави негата на прво место, менталното здравје на прво место, грижата за физичкото здравје итн. Обично проблемот настанва кога се популаризира едно нешто со цел дестигматизација, ама то со себе донеси негативни последици. Едно од тие работи е: да се пренагласи и претера во тој аспект. Тука најлесно е да зборам за скинќер, муабетот за ментал хелт ќе го скокнам зошто неодамна имавме тема за ментал хелт ток и нема смисла да се повторвам.
    • Вежби за минимално активирање на мускулите на лицето како превенција на брчки
    Е пример од то претервање шо постои. Како чоек со 29192838 чекори скин ќер, не го менва фактот дека и то е претервање. :D Основата е чистење+крем+спф. Другото е стварно по потреба и не мора на секој да му се турка идејата дека ✨мора✨ ретинол зошто ближиш 30, или било кој продукт.
    Screenshot_20240310_091827.jpg
    Вистина брчки се превенираат (а лечат само со ботокс ]:)), ама како реагираат одредени хемикалии на млада и оптегната кожа, а како на постара кожа? И пак тука цел круг - се ова турка clean girl aesthetic. Шо е само уште еден естетик каде треба да личиш low effort ама "чисто", ама "без брчки", ама "отегнато", ама "без акни", ама "убаво". И се шо не исполнува ова е грдо и не спаѓа тука и става акцент многу повеќе на генетика во креирање на овој естетик него на нешто друго. Пошто ако јас можам лесно да најдам шо одговара на моја кожа и да сум со поотпорна кожа, некој го нема тој луксуз. Некој со години се бори со акни и уште не можи да најди решение и можо многу добро да види колку не е low effort clean girl естетикот.

    Уште за алтернативна медицина. За мене то е нешто шо оди рака под рака со медицината која ја користиме денес. Ама каде што Тик Ток фато нешто и покоси, така и тука. :D Односно многу од таа алтернативна медицина која се збора онлајн е "алтернативна" медицина и нема допирна точка со реалноста. Ама пошто лесно одат видеа вирални, лесно се шират дезинформации и ние ги прифаќаме. Пример се сликите од воведот.
     
    На Ketchup и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.623
    Пол:
    Женски
    Ама, не им се случило тоа на нив, туку мислат дека така ќе се случи.
    Јас можам да кажам дека веројатно генетски имам среќа, бабите мои на пример не ставале ништо на лице, па имаа чиста кожа и веќе на старост имаа брчки, и пак онака од старост, не претерано нешто.
    Па нема да солам памет дека не треба и не е убаво да се става или не знам што, кога има луѓе со проблеми.
    Ама, како што кажаа погоре, тоа дека треба да ставаш еден тон козметика за лицето да ти било одржувано ми е ту мач.
    Она што сакам да кажам е дека стана претерано и луѓе без проблеми ставаат се и сешто на лицето, за кое генерално би немало потреба, само поради тоа што чувствуваат притисок дека инаку се запуштени и не се грижат за себе. И запаѓаат во вртлогот, стави едно, стави друго, и на крај скин кер рутината им трае пола саат навечер.
    Океј, може им одговара така, не знам, само кожата после може да трпи од непотребни работи.
    И толкав страв од брчки господе боже, леле, лицето може ќе ми се збрчкало, крај на светот. Блазеси ни со ваквите грижи.
     
    На nextredstyle, see.emily.play, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.555
    Допаѓања:
    38.559
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Биг фарма прави милиони клинички испитувања на лекови и е се' уште тешко да се најде решение за сите болести бидејќи well науката е прилично многу млада НО рапидно се развива, ама затоа wellness coach-от со нејзината детокс програма во 10 чекори ќе ја реши вашата автоимуна болест и ќе ве спаси од смртта! Нормално, сето тоа е волонтерски, без никаква надохнада, ништо не е на црно и има контролирано производство на 50+ видови на есенцијални масла и "природни таблети".... oh wait -

    Кога почна да се популаризира селф кер многу ми се допаѓање дека се става акцент на одмор, грижа за себе и слично. Сега, се' е некако екстремно.

    Ако имаш 30 години и брчка, треба да се срамиш. Мораш да користиш 20 видови на креми за лице уште од 10 години кои коштаат цел бубрег бидејќи тоа е селф кер. Високо инвазивни процедури се селф кер бидејќи сосема е нормално да си го промениш целиот личен опис. Грижата за себе е само исполнување естетика - стотици видеа за "како го поминувам денот" кои се копија едни на други. Не смееш ни да помислиш да се изложиш на сонце. Милион апликации и уреди за секоја ситница бидејќи мораш да бидеш робот.

    Во однос на алтернативната медицина која се спомна, би рекла дека во некои аспекти е поврзана со селф кер популарноста, иако има сегменти во кои се многу различни. Ама сепак има големо преклопување.
    Јас лично мислам дека тоа што еден куп "исцелители" се наеднаш популарни е директно поврзано и со анти-вакс движењата.
    Е тука па, исто како на фејсбук што се шират различни глупости за постарата популација, низ десет секунди видеа се шират исти такви глупости наменети за сите помлади.

    Секоја болест е поради токсини. Се набројуваат десет општи симптоми и ако се пронаоѓаш, честитки, имаш дијагноза. Треба да се вратиме на јадење живо месо и непастеризирано млеко. Имаш нерегулиран нерегулиран нервен систем и секој проблем во животот ти е од тоа. Секоја супстанца која ја сретнуваш и конзумираш ќе ти предизвика канцер. Ќе се излекуваш ако го купиш производот кој што го промовираме, јеј.
    Најчесто овие кои рекламираат селф кер + ваков тип на производ се млади, убави, здрави и секако, ја продаваат идејата дека и ти ќе станеш како нив.
    Тоа што шират чисти дезинформации е небитно, бидејќи рекламата е посилна од фактите.

    Сѐ на сѐ, ич не ми се допаѓа насоката во која одат овие трендови. Толку фокус на здравје, а никаде споменато дека измеѓу сето тоа можеби треба да се опуштиш и едноставно да живееш.
     
    Последна измена: 10 март 2024
    На Ketchup, Lianna Anna, JoyJoy и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    19.505
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај здравје на кожа, јас никогаш немам сретнато како влијаат сите тие производи на нервната осетливост на кожата, на пропустливоста, на имуниот одговор на кожата, на нејзината функција како механичка заштита, на бактериската флора, на регулаторната улога на кожата за одржување температура и осмотска рамнотежа при потење. Оти добро утро, ова се функциите на кожата, не само убави да изгледаме.
    Ама све е еластичност и брчки.

    И толку многу скинЌер шит производи а еден паметен не се најде да измисли производ што помага лузни да се поеластични. Јас кога барав немаше. А ми беше ептен болно да се тегнам дур ми беше ригидна лузната. Интересно...
    Уствари го има ама 20 годишни тиктокерки не се интересираат за нив.

    И оние глупите тестови кај што дигаш веѓи, се смееш, се мрштиш кај што гледаш дали ти се збрчкува кожата при гримаси. А не знам, да не треба да изгледаме ко мозочен удар да нѐ фркнал во двете хемисфери? Може воопшто не треба ни да збориме оти страшно, устата мора да ја мрдаш и кожата да губи еластичност и после брчки меее;(

    А најинтересни се оние што ќе шлапнат 100 скинЌер тракатанци ама истовремено бутаат боди позитивити агенда каде не е битно што јадеш и дека си здрав и со 300+ кила.
     
    Последна измена: 10 март 2024
    На JoyJoy и Mrs. right им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.115
    Допаѓања:
    11.853
    Пол:
    Женски
    :rofl: :worried:

    Излеа најбољи се оние дамите кои ќе се изобличат од ботокс што ни да зборат не можат веќе. Ептен естетско делува остај ти таа работа. :inlove: Кај и да е и у оној музејот за восочни фигури ќе ги изложат. Битно брчките слободно можат да попушат. 8)

    Даа, овие најјаки се. Трендови бе пеер, мора да си у тек цело време и да си експериментираш.
    Еден е животот..
     
    На nextredstyle, JoyJoy и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Машки
    Како беше...
    Ако не се осеќаш добро, престани да јадеш :rofl:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    30.741
    Пол:
    Женски
    Да ме треснеше саксија по глава пред 5 минути немаше да знам дека брчки се болест па треба да се лечат. Мислев дека е нормален процес на стареење кој сакале или не се случува кај сите. Ама ете болест биле.

    Побогу луѓе претерување со надворешен изглед на сметка на внатрешен мир е се само не self-care. И за жал извитопереноста на „убавиот изглед“ на денешницава е навистина нездрав. И претерување со јоги и медитација под насловот self-care исто не е здраво.
    Живеење на живототот и градење резилиентност и вистински вредности и прифаќање на совети од стручњаци наместо следење глупости од Инста и Тик-Ток е вистински self-care.
    Глупостите од типот Big Pharma и слични ми ти теории на заговор се навистина штетни за сите. Медицината и останатите науки (психологија и слични) кои се грижат за здравјето се базирани на истражувања. Најчесто на комплицирани статистички модели, истражувања кои траат долго и чии што резултати може да се сменат како што тече времето и затоа и советите се менуваат со тек на време. И да сите сме заморчиња сакале или не, ама не е тоа од лоша намера туку од пробување што е подобро а што не. Е Митра и Петкана од Тик-Ток тоа не го разбираат, ама знаат како да манипулираат со факти и да тврдат дека науката нема врска и дека нешто што било прифатено пред 50 години сега веќе не е и има други совети и тоа да го искоритат да кажат дека науката нема врска пошто ете се побива сама со себе и дека нивната езотерија смислена дур биле на тоалетна шоља треба да се слуша пошто нема кој да ја побие. И така ќе слушаме разни гуруа кои врска немаат па ќе се чудиме после.
     
    На Angie1432 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Машки
    Од Велнес митови ми е преку глава.

    Имам чувство дека ако земам тука да пишам што све е погрешно ќе ми требаат часови за да напишам, и повеќе од еден коментар.

    Почнувајќи од претерување за тоа што е здрава и нездрава храна, органска и неорганска, демонизирање на цели типови храна, страв од јаглехидрати, опсесивно читање на декларации барајќи канцерогени состојки па до измислување сокчиња за детокс, диети, измислување нови фитнес вежби за добивање супермоќи, најголемата глупост наречена "функционален тренинг", "хиит кардио" (ватевер д фак од дет) и остали "научни истражувања напишани на српски" за тоа како да доживеете 125 години.

    Па уште на крај кога ќе му објасниш постручно - ти си забеганиот и лошиот.

    Најчесто си преќутувам, ама некогаш срце не ми дава да стојам на страна.
    За на крај пак да се покајам зошто сум влегол во бесцелна дискусија.
     
    На dea.18, theowndemon, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.