"Тиктокификација" на дебатен клуб: вирална естетика и конзумеризам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 2 февруари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Немам конкретни видеа и примери, туку дискусијата е во насока на ✨aesthetic✨ и конзумеризмот. Естетики и трендови се менуваат постојано.

    • Како влијае на конзумеризмот?
    • Која е потребата да се ребрандираме себеси на неколку месеци?
    • Која е потребата ребрандирањето да е базирано на кратки онлајн видеа?
    • Влијанието на инфлуенсерите на ваквите естетици (би рекла нај cult like following во овој аспект се беж мамичките)?
    • Што се случува со предметите и облеката кои веќе не се дел од претходниот естетик?
    • Влијание на околината, планетата? Екологија?

    Ова се само дел прашања кои ми текнаа дека можи да се покренат на темата, нормално можи да се прошири по потреба.

    Заслуга за темата @Angie1432
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Изгледа не ни одговара да зборуваме на темава.:wasntme:
    Who cares, битно ние да сме средени и облечени по најнови трендови, со тон алишта во шкафот.(hollest)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.433
    Пол:
    Женски
    За влијанието на конзумеризмот зависи од кој поглед се гледа, има и позитивни (економија, производство, достапност) и негативни (екологија, локалните бизниси) страни.
    Ребрендирањето на неколку месеци зема замав со растот на социјалните мрежи особено со ТикТок и Инстаграм, инфлуесерството, но и со тоа што релативно брзо се заситуваме со нови работи, и поради тоа што ни се полесно достапни, и поради тоа што постојано ги гледаме. Колку ќе дозволиме ребрендирањето да влијае на нас, зависи од нас, дали слепо ќе следиш вирални трендови или ќе купуваш она што ти е потребно и што ти одговара.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    :D

    Ми се смачи да си ги отворам сама темите со лично мислење ме интересираше дал некој ќе скрши мразо. Фала. :D

    Едвај памтам шо сакав да кажам. :D

    Прво ќе зборам за брзината. Трендовите брзо се креваат и брзо паѓаат. Баш ради онлајн присутноста и туркање на инфлуенсерите на одредени естетици. И многу влијае. Имаше еден период памтам, кога "зелена" мода беше ин, со алишта од втора рака, долго користење на претходни алишта, DIY проекти со веќе постоечки алишта за да се намали негативниот ефект врз планетата и конзумеризмот. Ама моментално ми е како далечен сон. Како да не се случило од шо беше само краток момент. Читав еднаш, ќе се обидам да најдам извор, дека многу луѓе кои често менуваат гардероб, сметаат дека не е штетно зошто донираат. Особено од поголемите држави, донациите се расчешлуваат и дел работите остануваат во посиромашни семејства во државата, но најголем дел завршуваат во стандард Афрички држави, а парчињата се со лош квалитет (ради конзумеризам и брза мода и нејзиниот "квалитет"), за на крај тие парчиња пак да не можи да се користат и да треба да се уништат во депонии. На штета на планетата, пак. Јас скокнав цели прашања за да зборам за ова, секој со маката. :D

    Но, интересно прашање е и која е потребата од естетик и себеребрандирање? Искрено не знам. Потреба да се вклопиме со моменталната онлајн клима? И директниот маркетинг на инфлуенсерите е едноставно предобар? Не знам.
     
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    6.433
    Пол:
    Женски
    Донирањето е добар начин за реупотреба на гардероба која не се носи, но сепак мора да се прави селекција, за некој повторно да може истото да го носи, треба да е во прилично добра состојба. Како и да гледаш, на крај пак се' завршува во ѓубре.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Дап, ама поќе е од аспект на, порано гардеробата беше подобар квалитет и подолго време употреблива. Колку повеќе навлегуваме во брза мода, која само повеќе и повеќе се продлабочува со онлајн промовирање и маркетинг - се намалува квалитетот пошто е заменлива. И ако имаме полош квалитет, а многу поголем извор на донации - пак повеќе завршуваат во депонија. Бар јас имам алишта од мајка ми. Не мислам дека мое потомство ќе има алишта од мене.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.281
    Според мене, би рекла дека тие две работи се должат на намерно креирана нарцисоидност и постоечкото hoarding нарушување. Целта: Контрола врз обичниот човек и :cash::cash::cash:.

    И се е поврзано едно со друго. Да бидам кратка како сето тоа изгледа според мене лично:

    1. Социјалните мрежи им дадоа на луѓето лажна идеја за самодоверба. И денес секој еден се мисли посeбен, најдобар и најубав. А истото го мисли и тој до него.
    2. Креираната нарцисоидност ја раѓа желбата секогаш да се остане релевантен, а како поинаку туку со следење на трендовите.
    3. Опсесивното следење на трендовите ги прави луѓето да мислат дека така ќе бидат уште појаки од другиот.
    6. Повеќе трендови + побрзо менување = поголем профит, а резулатот е депонијата во пустината во Чиле.
    7. Резултат е и тоа што имањето 100 чанти естетско уредени не се гледа како hoarding, туку како богатство.

    А трендот не е само облеката. Трендот е како да имам поубава фотографија т.е се наметнува потреба за поскап телефон/апарат.
    Трендот е и нема да личи ако се сликам во дворот, па ќе закажам за во Египет иако не сум по патувањата.

    Сума сумарум, повеќето луѓе се станати како роботи. А моќниците одлично ја користат нивната изгубеност во просторот и желбата да бидат видени и посакувани. Како и финансиската неписменост, односно идејата да личам богато на Инста, иако не сум. :*:
     
    На Zavisnaodblago, Glowy, see.emily.play и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Искрено премногу брзо ми се менуваат сите овие трендинг работи што не се ни трудам да ги испратам. Y2k fashion, mob wife, coquette style, clean girl aesthetic... Мислам дека ако немаш пронајдено личен стил и не знаеш што сакаш многу лесно можеш да навлезеш во овој конзумеризам на бркање нова трендинг естетика. A oд таму и потребата за fast fashion и зачаран круг.

    И јас некогаш знам да потпаднам под влијание на нешто што моментално е популарно, ама гледам да биде нешто што би ми се вклопило со секојдневниот стил и да не биде носење само за една сезона.

    • Влијанието на инфлуенсерите на ваквите естетици (би рекла нај cult like following во овој аспект се беж мамичките)?
    Ооо беж мамичките дефинитивно имаат култно следење и претставување на својот совршен живот со совршено бежов уреден дом за кој што сите мамички патат :D И играчките мора да се беж, не дај боже детето да види боја! А кога ќе потпорасне и ќе сака да носи не знам winnie pooh дреч портокалова маичка ќе има тантруми, од мајката нормално оти како така да не сака се да му е бежово. Па сега прават muted вини пу маички да им одговара 8)
     
    На Zavisnaodblago, Glowy и theowndemon им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.