1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Тиктокификација" на дебатен клуб: влијанието на инфлуенсерите во и вон онлајн просторот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 18 декември 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.936
    Допаѓања:
    172.010
    Пол:
    Женски
    Сакав до утре да почекам, ама нема да е времето на моја страна. :D

    Не можи да зборуваме за онлајн свет и "тиктокификација" на онлајн просторот без да се споменат инфлуенсерите. Love them, hate them - моментално се с е г д е и реклами и продажби зависат во најголем % од нив. Ако порано биле славните и џет сетот - сега се инфлуенсерите.

    Така да, што се смена? Потребата за да се биди "релевантен" можеби? До кој степен инфлуенсерите влијаат на моменталните трендови? До кој степен и зошто? Дали начинот на кој моменталните социјални мрежи се организирани влијаат на брзото ширење на ваквите инфлуенсери и трендови? Кој се може да се смета за инфлуенсер?

    Кога зборуваме за инфлуенсери, невозможно е да не зборуваме за :*:стен културата:*: и нејзиното влијание врз фановите. Зошто доаѓа до тоа? Дали се контролира? Love/hate wagons? До кој степен влијае стен културата на моменталните трендови?

    И можеби најважно кое мора да се спомене - улогата на светот на инфлуенсери и бидувањето role models? Дали ни должат да бидат role models? Дали "продаваат" начин на живот?

    Ова се само дел прашања кои се покреваат кога зборуваме за инфлуенсери. Неизбежни се - па ајде да ги "соголиме". Дури и на форумов гледаме дека темите за онлајн блогерки и други инфлуенсери се доста популарни, и доста е интересно да се види и тоа - зошто? Дали во суштина и bad press is good press, па подобро некакво внимание него да се нема внимание? Баш за последново прашање мислам има и шо да се поткрепи гледајќи ги последните страни од соодветните теми викендов. :D

    Ја прогласувам темата за отворено. :makeup: :*

    Предлог тема од: @Ketchup
    П.С. Скокнете во темата за договори каде би предложие идни тем.
     
    На Ketchup и SV1911 им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.806
    Пол:
    Женски
    Сите сме инфлуенсери штом излеземе од личниот простор и креираме и пласираме некоја идеја или начин на однесување.
    Следствено и одговорност имаме едни кон други.
    Голема е улогата на јавнот морал, треба да је почитуваме и разликуваме од лажниот морал обоен со лично лицемерие.
    Поради тоа, кога ќе кажеме дека секој има право да живее и да се однесува како сака се додека не загрозува никого , а се под паролата на слобода , треба да размислиме што значи всушност тоа.
    Дали " храброста " да се биде погрешен ги промовира всушност сите човечки гревови кои порано беа сокриени во рамките на личниот простор? Се бриша ли идејата за постоење на добро и зло ?
    И дали религијата на индивидуализмот тежи да го сруши заедничарењето, токму преку лажното инфлуенс заедничарење и со тоа да не ослободи од било каква одговорност кон другиот?
     
    На MarijaMi90 и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    1.228
    Супер е темата, се надевам ќе се развијат суштински муабети.

    Шоу бизнисот го имало отсекогаш. Во денешно време можеби е променето кој влегува во шоу-бизнис. Порано можеби биле пејачи, глумци, водители...но секогаш имало и џет-сетери (луѓе од градот кои се движеле во некои популарни кругови и ги знаеле само од градот) . Е овие последниве мислам дека се пандан на денешните типични инфлуенсери. Со тоа што, пејачите, глумците (особено глумците) ... не се трудат толку да бидат присутни на социјалните мрежи.

    Тоа што е променето од минатото до денес, е што луѓето не паѓаат во несвест ако видат арогантен пејач или глумец на улица. Тоа што денес се бара е достапност на тие што се рол модели со публиката. Обичност, непосредност. Тие што имаат јавни професии се премногу вообразени со својата работа за да бидат достапни за другите, на дневна основа. А на луѓето им треба некој што ќе го гае односот со нив. Затоа поддржуваат некој што е популарен на социјална мрежа, затоа што тој вообичаено има став и се впушта во конверзација. А тие со јавна професија, не дај Боже да изнесат став и да се замерат со некој.

    Пример ќе дадам:
    Сашко Коцев не се труди да биде достапен за својата публика надвор од неговите професионални ангажмани. Ќе пише статус на фб и лавина коментари, луѓето едвај чекаат... а тој не одговара на ниту еден назад.
    Додека Божидар Божиновски (кој патем и тој си има професија надвор од фб) има време на секого да му врати, па дури и во коментари да ја продолжи забавата. Затоа е толку популарен на социјални мрежи (и Сашко е популарен за својата работа, да не се разбереме погрешно, но со Божидар мислам дека луѓето се чувствуваат поблиски).

    Елена Ристевски еднаш лукашенко во емисија како на времето биле популарни, и ценети, се чекало ред да се сликаат со нив, .. тешко било на тв да излезеш имало филтри, ама денеска пази вредностите биле изместени, секој можел да објаву што сака и да добие внимание. Епа извини сестро што мислиш дека и да не правиш песни, ќе ја имаш истата популарност како некогаш, и си технолошки заостаната па не држиш чекор со младите. Тоа што патат за некое време кога биле популарни, мислејќи дека имало филтер да излезеш на тв, само квалитетот се гледал порано...апсолутно не е точно.
    Ниту Ребека знаела да пее, ниту Маја Вукичевич, ниту Маја Гроздановска, ниту Верче Пандиловска. Ниту Јован Јованов знаел да пее, ниту Роберт Болбилов (последниве после откако пораснаа се развија во композитори и продуценти, ама кога се појавија омаа по 18 год, фалш до фалш). Сите тие , вака или така добиле медиумско внимание, на сметка на некој што знаел да пее ама немало кој да го фати за рака и да го однесе во Мтв.
     
    На Karinas и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.936
    Допаѓања:
    172.010
    Пол:
    Женски
    Интересно ми е на темава дека порано, барем јас кога растев, славните немаа допир со онлајн светот, не градеа парасоцијални врски кои се клучни во инфлуенсерството. Потоа гледаме подем на блог култура, па со подемот на инстаграм и инста-блогинг и јутуб блогинг, а со тоа и подем на инфлуенсерството. Нешто шо вчера заборајв да спомнам во воведот е парасоцијалните врски. Со самата постојана комуникација и директно обраќање кон публиката се градат - парасоцијални врски. Парасоцијална врска (PSR) е едно- насочна врска која ја доживува еден човек, кој доаѓа како резултат со „интеракција“ со некоја личност на интернет или телевизор. Во парасоцијалната врска имаш индивидуа А која зборува на поширока публика без да гледа поединци во таа публика, и дел од таа публика која доживува пријател во првата личност, односно личност Б. Првата личност (А) не е ни свесна за постоењето на втората личност (Б), но втората личност чувствува како да е близок со првата личност, притоа знајеќи многу детали од неговиот приватен живот што носи до чувство на интимност, па дури и должност (entitlement) да знај и е информиран во врска со се.



    Дали имате слушнато за парасоцијални врски, како ги сфаќате? Дали мислите дека ваквите врски се неопходни за идниот развој на социјалните мрежи преку блогерство и инфлуесерство?

    Јас сметам дека ваквите врски се доста клучни и не носат директно во стен културата. Можам да земам K-pop како пример ама ќе одам со моментален глобален феномен - Тејлор Свивт. Сама кажа дека прави интеракција со публиката, им остава puzzles, живее доста јавен живот, песните се дирек од нејзиниот живот. И луѓето реагираат на тоа, градат силна парасоцијална врска шо носи до стен културата и "култот" кој се развива околу неа. Затоа и е толкав глобален феномен. Често луѓе со јутубери, пошто парасоцијалните врски таму се доста силни поради форматот на контентот - често сметаат дека "заслужуваат" и се entitled на постојан контент и информации од нивниот приватен живот.

    До кој степен влијаат инфлуенсерите на трендовите? До кој степен влијае стен културата?

    Ако имаш платформа - имаш влијание. Безразлика дали имаш стен култура околу тебе или не. Иако имање на стен култура убрзува многу работи и нагласува. Еднаш прочитав негде на форумов, производи се распродаваат тука ако се предложат. Што останува ако продуктот е предложен од некој кој го сметаме за идол? Тоа е ефектот на имање голема платформа. Тука мислам дека е интересно да се спомени и антиреклама - дали во маркетинг треба да се внимава да не е производ маркетиран од некој кој не е "обожуван"? Често се тргаат партнерства со инфлуенсери доколку направат лапсус. Дали е само ради cancel култура што се повлекува партнерството или навистина или до бојкот на тој производител?

    И можеби најважно кое мора да се спомене - улогата на светот на инфлуенсери и бидувањето role models? Дали ни должат да бидат role models? Дали "продаваат" начин на живот?

    Мислам дека очекувањето некој да е рол модел е кај славни и инфлуенсери кои имаат детска публика. Но сепак е лудост да очекуваме некој да гради слика за себе према нашите стандарди и очекувања ИАКО како и да го речиме. Славните СЕ рол моделс и затоа имаат толкаво внимание.

    Имам уште за дополна ама како шо реков, денес времето не е на моја страна. :D
     
    На sweet-cherry, MarijaMi90 и Ketchup им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.806
    Пол:
    Женски
    Од " јаки во окото " карактери заборавивме на оние убавите просто.

    Нешто како невозвратена љубов ? :o
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    9.027
    Пол:
    Машки
    Ќе пишам повеќе подоцна.

    Ама еве за почеток, конкретно за фитнес индустријата. 90% е префрлена на социјалните мрежи.

    Продаваат идеал за тело, и продукт како да стигнеш до истото - кои во реалноста нема шанси да функционираат без PEDs.
    Од друга страна, рандом ликови и самопрогласени здравствени и фитнес гуруа го трујат просторот уште повеќе.

    Резултатот се мноштво митови поврзани со фитнесот, небаре сме 18ти век и не се знае како функционира телото.
    Многу нарушени погледи кон животот и секојдневието, голем број нарушени здравствени состојби, и најмногу од се - многу залудно потрошени пари.

    Буквално се снимаат содржини со помош на chatGPT и истиот го користат при правењето програми за клиентите.
    И тоа некој го плаќа...

    Така да оваа област скоро целосно ја имаат превземано инфлуенсерите.
    Влијанието е огромно, буквално цели трендови се создаваат.
    Влијанието е до тој степен што целосно се имитира животот на инфлуенсерот со надеж дека ќе изгледаат како него.
    Буквално се измислуваат нови небулозни варијации на вежби кои веднаш проаѓаат кај публиката.

    Еднаш имаше неколку инфлуенсери (непотребно долг е зборов, која е кратенката?) кои збореа за јажињата за справи во теретана, како не биле во соодветната должина и како поголем резултат ќе имаш ако споиш две. Следниот ден сите вежбаа со споени јажиња...
    После следната недела други неколку инфлуенсери рекоа дека јажињата се најглупото нешто и дека немаат корист - следниот ден никој не вежбаше со јажиња...
     
    Последна измена: 19 декември 2023
    На Ketchup, theowndemon, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.936
    Допаѓања:
    172.010
    Пол:
    Женски
    Можеби? Ова особено можи да се забележи со K-pop машки идоли и "boyfriend" романтизирање на истите. Со јутубери е почесто ко да сме "пријатели".

    Мислам дека секогаш имало фед диети и митови оти секогаш се брка идеално тело ама дефинитивно фитнес инфлуенсери често ескалираат вакви митови и фед диети за лајкови/спонзорства. И колку повеќе е ударно нештото - повеќе кликови. Баш како шо опиша со јажето.

    Покрај во темава, мислам дека ова би била соодветна одделна тема? Комотно предложи во темата за договори. Пошто подлежи поќе на тоа како ние влијаеме на интернет просторот иако не сме на ниво на особите кои сега ги коментираме.

    Мене од ова ме интересира, до кој степен треба да внимаваат само зошто одбрале јавна улога/професија? Со cancel culture ова многу се нагласи - ама дали некогаш не ја гледаме човечноста и грешењето пошто ги перцепираме како рол модели кои ни должат да останат такви?
     
    На Ajronmen и sonuvana им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.806
    Пол:
    Женски
    Напишав мисла која ми наиде врз основа на твојата.:)
    Ако е неадекватна, слободно премести ја каде мислиш дека би требала да биде.
    Креатор си на темава,бирај си правец.:)

    Токму така...со нагласок на " ко да сме "...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Луѓето најчесто за инфлуенсерите велат дека се порелевантни затоа што сепак станува збор за обични луѓе, кои имаат иста позадина со обичниот народ и затоа доаѓа до една поголема конекција, отколку со пејачи, глумци и останати луѓе во шоу-бизнисот. Со оваа дефиниција, би се сложил пред можеби 10 години, веќе не. Уствари тие првите јутјубери, блогери, инфлуенсери, навистина работеа и се трудеа без никаков приход долго време и би можел да кажам дека си го заработија местото на кое се денес. Со тикток, работите се сменија скроз. Луѓе буквално преку ноќ стануваат познати, едно вирално видео и 10 бренд дилс. И нешто што имам заприметено, инфлуенсериве живеат во поголем бабл и од најголемите светски ѕвезди. Едноставно, без разлика каква позадина имаат, со тек на време губат реална перцепција за обичниот народ. Губат реална перцепција за труд и работа, бидејќи нивниот успех се должи на погоден алгоритам. Ко стварно не мислам дека инфлуенсерите што ги гледаме највеќе денес, дека се тука затоа што вложиле најмногу труд, или бидејќи се најдобри. Едноставно алгоритмот на социјалните мрежи им бил во полза.

    И сѐ повеќе гледам дека луѓево почнуваат да ја забележат разликата меѓу инфлуенсери и обичен човек. Еве Ема Чембрлејн неодамна во подкаст кажа дека ја има привилегијата да не гледа колку пари има на сметка, веќе години наназад. И луѓето скроз не го прифатија тоа ко relatable. Исто и испадот на Микејла со тоа што работела до 5 саат и вика try being an influencer for a day. :D
    Така да, се прашувам колку longevity ќе имаат инфлуенсерите од тикток, а и општо инфлуенсерите in general, бидејќи веќе скроз владее маркетингот, пред карактерот и личноста која ти продава нешто.

    Би ја поканил @Srckata28 на темава да си каже сѐ што имаше да каже, инспирирано од подкастот на Мирта. :D
     
    На sweet-cherry, crimson, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.936
    Допаѓања:
    172.010
    Пол:
    Женски
    Ма не, мислам дека можиме во иднина да извајме уште една целосна тема. :D Пошто по недела старата оди под клуч и во линкот кој ставив се договараме која е наредна тема. :D Да кружи муабетот.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.806
    Пол:
    Женски
    Аха, концепт постои, инфлуенсерство на дело :D
    Ај, нека кружи, се си доаѓа на ред, кога тогаш :D:D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    182.809
    Ваљда зборувате овде за influenser as profession, што и да значи тоа. Луѓе што немаат друга работа освен таа на платформа? И реално, колку е одржливо тоа? Озбилно прашувам, за да ја разберам перспективата.

    Пошто како некој кој појма нема од платформни инфлуенсери, а во првите топ во светот, освен Кардашијан кланот (being famous for being famous ) сите останати имаат реални професии. Што интерес имаат 500 милиони или колку и да се, да го следат Роналдо, е мистерија за во друга тема, ама во дефиницијата инфлуенсер ваљда влегува, несомнено и добро продава, што и да продава.
    Луѓе со преку милион следачи, на разновиден контент, сигурно постојат милион. И не секогаш постојат за да продаваат материјални или било какви стоки (продаваат контент) и не секогаш се шупливи. Ама, мислам и тие не се предмет на темава.
    Уште се обидувам да сфатам, за кои инфлуенсери уствари е темава:D. Ништо конкретно насочено кон цитираното, само се обидувам да се надоврзам.
     
    На Celltica, sonuvana, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.159
    Допаѓања:
    67.412
    Пол:
    Женски
    Јас целово ова инфлуенс thing не го разбирам. Не разбирам која е поентата да следиш обични луѓе и нивните глупости. Зошто би следела некој воопшто? Која е придобивката? Што учиш, што добиваш?
    Освен ако некој е професионалец во своето поле, ама не знам дали тоа спаѓа под инфлуенсер. На пример дипломирани психолози или било што друго.

    Морав и да барам што е стан култура @theowndemon, немав слушнато за тој поим, ама може да се преведе како забеганост дефинитивно.
    Губат луѓето допир со реалноста колку повеќе време се на интернет и следат секакви глупости.
    Мислам, зошто би слушала некоја си таму како дрнда и препорачува нешто, а нема никаква позадина за истото? Зошто?
    Стварно не ми е јасно.
     
    На sonuvana, Ajronmen, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    9.027
    Пол:
    Машки
    Па и не мора мислам да биде примарна професија. Туку онака, едноставно чоек со голем број "следбеници" чиј акаунт може во секој момент да биде билборд за реклама на некој си производ.
    Генерално многу од нив имаат други извори на приходи. Без разлика дали ги разработиле пред или по станувањето "славни". Па така го користат својот пристап до повеќе луѓе за да рекламираат свој производ или спонзор.
    Сите тие се "инфлуенсери".

    Ваљда затоа што многумина имаат потреба да се угледаат на некого. Да имаат некаков "role model". И исто така, како во некој магичен круг - затоа што моите контакти и контактите на моите контакти "следат" некого па сакаш и ти да се претопиш во таа група за да имате некаков заеднички муабет.
    Шо е само показател за тоа општеството во кој правец се движи и комуникацијата со луѓе колку е површна.

    А овие професионалциве инфлуенсери, се согласувам дека може нешто да дознаеш и научиш.
    Само за мене престануваат да се релевантни тогаш кога ќе изрекламираат некој производ.
    Тогаш почнувам да се сомневам во се што кажале и кажуваат.
     
    На theowndemon, sonuvana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    2.806
    Пол:
    Женски
    Од "обичен" човек ретко добиваш нешто.
    Привлечна е нивната храброст да истапат.
    И кога се згрозуваме од нечив его трип, коментирајќи го истиот се повеќе го зголемуваме.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.159
    Допаѓања:
    67.412
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е тоа храброст. Само глупост и желба за лесни пари веројатно.
    И не ми е привлечно воопшто. Би сакала луѓето повеќе да бараа квалитет, ама ете.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    182.809
    Тие првите, славните, ај да речеме, ги разбирам како феномен. И не прави битна разлика, дали на пример Роналдо ќе пушти класична реклама или ќе промовира продукт на платформа, разликата е која целна група преку кој канал ја таргетира.
    Тие вторите, анонимните, не знам каков рол модел би ти бил рандом тип од незнамкаде. Мислам за такви збореше Реин, некој што постира 2 минутни глупости за 2 минути слава.
    А тие, професионалните, во принцип колку што просурфав, влегуваат во категорија на првите. Луѓе кои креираат контент на база на својата професија, се на топ листите на инфлуенсери во Америка. Луис Хамилтон во автомобилизам, шминкери во категорија шминки, готвачи во категорија готвење https://www.uschamber.com/co/grow/marketing/top-social-media-influencers

    И... ко ќе видиш дека најпродавани продукти, преку инфлуенсери се незнам балзам за усни и патики, џемперче, па реално и не е некој толку битен сегмент колку што крева прашина.
    Луѓето што следат, купуваат или би сакале да го купат животниот стил на богатите, ама пошто тоа не е можно, ко што со пари не можеш да купиш стил и среќа, останува еден логичен одговор- функцијата им е некој да тепа време, дури тоа отепано време, се монетаризира на другата страна како пари.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.711
    Допаѓања:
    39.987
    Пол:
    Женски
    1. За хумор
    2. Зашто ми се reletable и можам да се поврзам со искуствата што ги споделуваат
    3. Ми се допаѓаат темите за кои зборат
    4. Ми се допаѓа уметноста што ја прават и ми се инспирација

    итн. итн.
    Инфлуенсери не се само Спенџарска и Миа, низ светов има многу помали профили што се некакви инфлуенсери да речеме и со толку niche содржини што буквално може да се пронајде било која публика. Веројатно не си нашла доволно интересни луѓе па мислиш дека сѐ се глупости. Не е проблемот инфлуенсерството per se, туку: 1. Фактот што мал % заработуваат непропорционално многу а нудат ништо. Кога Кендал ќе стави слика од нејзе ќе заработи илјадници само зашто илјадници луѓе ќе ѝ лајкнат. 1/3 секунда работа. 2. Многу лесно ширење на дезинформации кои чинат само лошо на јавното мислење.
     
    На sweet-cherry, Ketchup, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    23.536
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мислам дека инфлуенсерите се by far најголеми трендсетери во моментот. Ако некогаш светот експлодирал пошто Џеј Ло носела некаков фустан, сега еден фустан е вајрл затоа што е тренд на тикток од Style it with me видеа.

    Друг доказ дека така функционира е тоа што денес скоро целиот маркетинг што еден бренд го изведува е соработка со инфлуенсери, носи најдобри резултати и затоа вреди буџетот да го вложат во нив. Пола работа на маркетинг тим/особа е да истражат чија публика би највеќе кликнала ако го видат нивниот продукт на стори на одреден инфлуенсер и според тоа да бираат со кого ќе прават договор. Значи, навистина инфлуенсираат.

    Се сложувам со @Ketchup дека порано јутубери и блогери спонтано стануваа популарни заради нивната автентичност и иновативност. Сега на тикток, многу често гледам дека луѓе пристапуваат озбилно, со намера од почеток да бидат контент креатори и имаат маркетинг/контент/бизнис план, го истражуваат „пазарот“ итн. затоа што знаат дека можат да заработат сериозни пари. Ништо лошо, тоа едноставно стана една нова опција за работа, нудиш контент и се трудиш да ти успее, ко за најобичен бизнис.

    Јас имам тикток, инстаграм, следам некои инфлуенсери и кога „од далеку“ ќе почнам да гледам некои работи, многу ми е чудно. :D Луѓето буквално прават кариера од споделување на својот живот и мислам на приватни и интимни работи кои публиката ги обожава. Се ежам кога ќе помислам дека lifestyle инфлуенсери кои ги следам и обожавам се луѓе кои ја штимаат камерата и после се враќаат во кревет и се преправаат дека стануваат и се порѕеваат,, plsss. :rofl:

    Инаку Мирта (mimiermakeup) е моментално канцелувана, не знам дали сте виделе, apology video and all. :D Баш добра личност да ја дадам како case study за темава, она почна со тиктокови кај што ако зборуваше, ќе зборува на хрватски, но највеќе правеше видеа без зборување, со транзиции со шминка и тие и добиваа многу прегледи. Она баш експлодира со следбеници, мене ми беше многу мило затоа што не можам да набројам уште една личност која има толкав глобален успех додека живее на Балкан. И океј, логично се пребаци на универзалната публика, зборува сега англиски во видеата, но луѓе, карактерот на девојката се сведе само на тикток трендови, као озбилно, ходајуче тикток видео е. Во нејзиниот подкаст на хрватски почна да зборува многу досадни работи, мажите се овакви, жените се онакви (стереотипи), тикток hot takes се сите нејзини мислења... и така, блех ми е сега. Мислам дека многу се промени, од автентичен контент, се стопи во толпата на американски мејкап инфлуенсери кои ја преовеличуваат секоја реакција на производи. Мислам дека почна да инфлуенсира погрешни работи, точка.



    Овој подкаст е многу добар за темава, да не го прераскажувам во детали, ќе одвојам само нешто што ми е интересно за размислување:

    - Кажува дека и она како инфлуенсерка е инфлуенсирана од други на апликацијата за естетски зафати (инфлуенсерите поставуваат некој стандард меѓу себе)
    - Потврдува дека и луѓе кои работат 9-5 и не се на камера почнале многу често да имаат естетски зафати и вели јбг али изгледот е битен, но притоа вели дека инфлуенсерите не инфлуенсираат намерно за третмани (Хм.)
    - Кажува дека кога била во сообраќајка одма почнала да прашува дали лицето и е во ред затоа што тоа и прави пари (боже сачувај)
     
    На sweet-cherry, Ketchup и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Вчера цел ден имав некоја тапа главоболка и не успеав да напишам пост.
    @Biljarkata, да, голем дел заработуваат, посебно тие што се од Америка, на тикток има ко creator fund и заработуваат врз основа на гледаност и лајкови, без разлика колку следбеници имаш.
    Голем дел од тие што почнаа како јутјубери, сега имаат свои бизниси, или се влезени во други сфери на шоу бизнисот, така да и да не се занимаваат веќе толку со социјални мрежи, мислам дека живеат океј живот.
    Е сега за овие од тикток, не знам.
    На некои инфлуенсери многу брзо им поминува хајпот. Ќе земам последен пример што го знам, tube girl, девојка што снимаше видеа во метро. Имаше неколку вирални видеа и во рок од две недели, стана заштитно лице нa MAC, ја имаше по реклами насекаде, беше на најголемите модни ревии и тоа траеше колку, месец, два? Сега воопшто не ми искача на тикток, а гледам дека нешто и со следбеници не расте многу. Така да, природата на маркетингот се менува, не може цело време да има иста формула. Ако некогаш гледале да прават заеднички соработки со инфлуенсерите, ко порано секој мејкап инфлуенсер што имаше палета со некој бренд, сега гледаат само да им го искористат виралниот момент. Затоа и се мислам во кој правец ќе продолжи инфлуенсерството.
    Ама да, дефинитивно не мислам дека тикток ја нуди истата сигурност, ко што ја нудеше јутјуб. На јутјуб одевме со цел да гледаме одредени личности, на тикток што ќе ни излезе.

    Иначе, од луѓе што си ги снимаат животите, редовно ја гледам Jackie Aina. Неа почнав да ја гледам уште на јт со мејкап, ама малку ми стана напорна со adult муабетите со оглед на тоа што сме 10+ години разлика. Сега на тикток пак ми излезе, ама покрај муабетите, има некоја поразлична содржина, ко на пример спремање thanksgiving подароци за другарките и подароците се ко 1000+ долари. :D
    Исто така летово бев опседнат со Викторија Парис. Девојката е од Америка, ама ко цело лето беше во Европа и не се прибра. Од една, во друга држава. Така да, да. Најчесто гледам луѓе кои живеат екстра живот @RainBow. :lol:
    Воглавно за тепање досада, не ги доживувам ко не знам каков инфлуенс или рол модел.
     
    На Lella, sweet-cherry, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.