"Тиктокификација" на дебатен клуб: "розовиот" инстаграм свет

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 25 декември 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Слика од горе, од долу, пред јадење, за време на јадење, од важни и неважни настани, насмеани... Знам дека се опишав себе ама ете сме. :D

    "Инстаграм ефектот" е уствари онлајн ефект на идеализација на својот (и туѓиот) живот и прикажување само на позитивните работи, целосно изоставувајќи ги негативните. Тоа го има сегде, на сите социјални мрежи, го имаме на форумот. Темата за храна ни се вика "фемина ИНСТАГРАМ". :D

    Тука има неколку прашања кои можи да се покренат: колку мамиме онлајн со прикажувањето на себе онлајн? Како тоа влијае на публиката и нивната слика за себе, но и како влијае на нас и нашта слика за себе? Која е потребата да објавиме нешто и да бидеме прифатени? Од каде носи корен? Која е улогата на "егото" во сите овие прашања? Но исто така, дали "помалку" е "повеќе" во овој случај? Кое е влијанието на трендовите врз организирањето на нашиот онлајн социјален живот? Како се ова влијае на менталното здравје и сликата која ја прикажуваме за себе, како и менталното здравје и сликата која ја гледаме прикажана од другите?

    И ние менуваме делови од себе да се поклопиме и сликат која ја имаме онлајн не се совпаѓа со сликата која е реална. И така се популаризираат слики и видеа од типот: "инстаграм наспроти реалност" (Instagram vs Reality):
    21857562-0-image-a-54_1575546804043.jpg
    Ваквиот ефект го носи и трендот "ова сум јас" и "исто ова сум јас".
    5d7b6d046f24eb57d8734e62.jpeg -640-0-5ba28d0a53613.png 16-3.jpg

    Како се ова влијае на сликата која ја градиме за себе, EDs (eating disorders) и постоењето на проана (про анорексија) форуми како и фет-ток? Како ова влијае со користењето на филтри, желбатада се остани млад и козметички зафати?

    Ова е о п ш и р н а тема. И не е толку розова. Така да, не ги вадете веднаш розовите наочари зошто е шок. :D

    П.С. Има и како мини документарец "Ефектот на Инстаграм" на Јутуб ама не сум стигнала да го изгледам, уствари, планирам да гледам вечерва. Еве за некој ако сака:
     
    На staycalm и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Го изгледав видеото. Воглавно вината се фрла на платформите и нивните алгоритми. Океј. Ама, треба и луѓето да си преземат дел од вината за се што постираат и што живеат на овие платформи.
    Мислам дека најмногу настрадаа генерациите пораснати со родители кои уште немаа сфатено што со овие платформи, и некако беа препуштени сами на себе. Се надевам следните генерации веќе ќе бидат попаметни и ќе увидат дека не се што лета се јаде. И не се што се постира е вистина. И најважно, ќе бидат помалку поводливи.
    Свесни сме колку филтри има, ама пак се споредуваме. Односно, ќе се издвојам овде зошто не ни имам инстаграм. Имам фејсбук по кој не скролам со саати, не следам непознати.
    Мене лично ми е лудило како се споредуваат луѓево со непознати, со познати, само по она што постирале, едитирале со сто филтри. Мислам...
    First world problems, самонаметнати, од бес и досада и незнаење што со себе.
     
    На 1209, Miss666, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Јас немам многу што да кажам освен дека почнав да мјутнувам луѓе кои премногу се трудат да го прикажат животот што го живеат ко совршен на инстаграм. :D
    Има луѓе што онака, живеат ајде да го опишам ко натпросечен живот и искрено со мерак им гледам постови и сториња, ама во 2023 кога веќе некои сме повеќе од 10 години на инстаграм, ептен лесно се приметуваат "show off" личности и искрено, не ми треба таа енергија.
     
    На Konfetka, 1209, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    5.263
    Пол:
    Женски
    Искрено одвратно станува, инстаграм дојде до дереџе да е нечии живот, а не обично тепање на време!

    Луѓево не можат да се срекни дека отише на одмор, родиле дете, купиле телефон ако не прикажат.

    Вината не е кај аплик, или алгоритам туку до луѓето и нивната желба конечно да, ДА бидат прифатени и увеличувани. Пошо у живо а и цел живот биле обични/ безбојни.

    Ретки се тие што се сликаат такви какви што се без да е тоа фино смислено и сликано од совршен кадар.

    Лично сметам дека децата премногу се користат у праење парА( мислам како родител да не ти текне дека тоа дете утре може да ти рече, шо си се глупирала), или пострашно да ја дрпнат/натепаат.
    Следно, тело, едно тело нормално не можеш да видиш, се е натпревар глеј ме, глеј ме и глеј ме.
    Имав дете шланк, имав 50 деца ја сум планк можеш и ти, била на липо/ гладувала 3 месеци *проповеда како сме грешници и мрзливи

    Луѓево мораааат некако да си избилдаат его , за да нњ бидат бедни у душа( како што се осеќаааТ).

    Има влијание како не, прави да се осеќаш назад со се, прави да се осеќаш како си неспособен, прави да љубомориш, фрустрира.. и те како влијае на менталното здравје. Сите овие емоции имаат големо влијание врз една личност.

    Затоа е особено битно човек да се сети дека нема тајмлајн за ништо, и дека слите различно чекориме, никој не е совршен, сите имаат своја претстава за совршено( и истата немора да се совпаѓа со онаа на социјалните мрежи).

    Затоа не бидете телиња и не давајте фама на некој кој е глупсан и глупсани идеи продава.

    Секој преглед, секое следење е профит за нив. Они ја имаат платформата ама ние им ја даваме моќта.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Колку мамиме онлајн со прикажувањето на себе онлајн? Како тоа влијае на публиката и нивната слика за себе, но и како влијае на нас и нашта слика за себе?

    Мислам дека барем просечниот човек не мами многу онлајн. Туку селективно прикажуваме одредени делови од животот. На пример ќе направам подобра слика, ќе скријам дел од мене шо неќам, ќе прикажам само нешто позитивно. Не мислам дека просечниот човек мами онолку колку што мамат инфлуенсерите и цело тоа влијание на сликата за себе. Но, "мамиме" доволно за животот да ни личи "розов". И тоа влијае и на нас, и на тие кои не следат нас. Како?
    • На нас тоа влијае зошто постојано сме во трка со себе. За добар контент, за добар живот. Живееме за тоа како не перцепираат другите и често изоставуваме моментот во кој живееме.
    • На другите тоа влијае така што - луѓе сме. Дел од животот е да искусуваме и негативни, не "розови" picture perfect, моменти. Настани кои и ќе не растажат и некои секојдневни предизвици. И се ова прави да се чувствуваме сами, неразбрани, несреќни.
    Но, поважно: која е потребата да објавиме нешто и да бидеме прифатени? Од каде носи корен? Која е улогата на "егото" во сите овие прашања?

    Како луѓе, ние сме социјални суштества. Потребата да бидиме прифатени и да припаѓаме на одредена заедница е огромна водечка сила во нашите животи. Од таму, кога објавувам нешто - сакам да ти/ви се допадни. И ако денес добијам помалку лајкови на сликата од вчера, ќе пробам да увидам зошто е тоа. И следно да реагирам на сличен начин за да добијам исто лајкови.

    Исто така би рекла дека влијанието на "его" има голема улога во тоа како се перцепираме генерално, а особено во вакви ситуации. Јас сум јас, таа која се гледам во огледало и таа која живее слободно. Но исто така, сега јас сум и таа личност која ја прикажувам онлајн и таа личност ми се допаѓа. Таа личност се допаѓа и на други. Сакам да ја задржам и нагласам.

    Но исто така, дали "помалку" е "повеќе" во овој случај?

    Често слушаме за фразата "помалку е повеќе". Или во случајов, помалку објавување и седење на социјални мрежи - е повеќе вреднато од спротивното. Мислам дека и да и не. Кај луѓе кои не седат на социјални мрежи, мислам дека помалку е повеќе. Перцепцијата кон што е важно е поинаква од нас кои седиме и си спржнуваме мозок :D на социјални мрежи предводени од многу паметен алгоритам. Пошто на крај на ден, во денешно време, голем дел од нашето постоење и зависи од тој алгоритам. Или шо велиме "чипот работи". Се е таргетирано и тоа не продлабочува повеќе кон нашето "меурче".

    Кое е влијанието на трендовите врз организирањето на нашиот онлајн социјален живот?

    Мислам дека ова до сега го реков за сите теми. Ама се постоело секогаш. Со вклучување на социјалните мрежи само сите тие работи се пренагласуваат. Па така и тука. Трендови постоеле секогаш. Дали било нешто шо ќе се одлучи на чешма :D дека е социјално прифатливо, дали покасно нешто кое го пишувало во магазин, или сега, предложено и промовирано од социјални мрежи и инфлуенсери - трендовите се поставуваат и како такви влијаат на нашиот социјален живот. Пошто ако Х работа е тренд, мојот онлајн социјален живот ќе зависи од Х оти јас ќе се стремам да одам кон трендот. Интернетот и социјалните мрежи се само уште еден начин на промоција на тренд. И ради глобалноста и сеопфатноста иди пак до, пренагласување.

    Последното прашање за менталното здравје, сликата за себе и EDs ќе го остам за после.
     
    На Ketchup и do-re-mi им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.558
    Пол:
    Женски
    Во видеото зборува инфлуенсерка која имала eating disorder. И сега, некоја пријателка и укажала, побарала помош. Ама, не престанала да седи на инстаграм, напротив, само ја сменила пораката која ја шири, сакајте се себеси. И пак е на инстаграм и скрола по 13 саати и гледа што објавува. Тоа и било работа. 13 саати да скролаш по инстаграм. Мислам дека требала да побара помош и за лечење од зависност од социјални мрежи, кога веќе барала помош.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Јас не се доискажав, па ќе се доискажам сега пред да имам можност да отворам новата тема за boy mums. :D

    Мислам дека трендовите и стандардите за убавина пред се, се тие кои влијаат најмногу на eating disorders. Сега колку коментираат стари серии и филмови од ран Дизни и 90тите и ликови кои беа карактеризирани како дебели се уствари со најпросечно тело. Ни curvy. And that takes its toll. Ама кога спомнав EDs на ум имав интернет бондинг по овие теми.

    Tumblr во неговиот прајм период е одличен пример за ова (2005/6-2012/3). Помага за туркање на тие стандарси за убавина и покревање на проана форуми кои форсираа девојчиња да прават проверки на тело/body checks до каде се со слабеење. Дали тој ден јаделе и гордост ако не. Фалење со немање менструација. Дали повратиле ако јаделе тој ден. Дали извежбале. И тоа е многу scarring и за некој кој е во то проана движење и за тој кој е надвор и само го набљудува. Кога ќе ми текни дека во формативни години сме читале ова, ладна пот ме облева.

    Е сега fast forward до денес. Инстаграм и тикток поставуваат трендови и стандарди за убавина ама на посуптилен начин од ова. И ова пак носи до модификации на тело, проблеми со исхраната. Едино не можам да одгатнам дали ефектот е поголем јер суптилен или едноставно е поспонтан и ист како трендовите во рани 90ти. Исто не можам да одгатнам дали групирање ради лесна мрежна покриеност помага да сме поздрави или некогаш не носи во друг екстрем зошто имаме поддршка на слични ко нас?

    Длабоко се извинувам на сите 5 души кои пишиме на темиве за каснењето ама не бев дома. :D Најкасно до утре ќе отворам темата за boy mums. Во меѓувреме ве молам скокнете тука ако имате предлог теми.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.