"Тиктокификација" на дебатен клуб: AI генерирање на интимни слики

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 10 февруари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Не ми го собра цел наслов, сакав да има: AI генерирање на интимни слики, скандал со Тејлор Свифт и како локално не афектира оваа технологија? :D Ама можеби и подобро зошто вака успева да опфати се шо deepfake генерирани слики можи да донесат културолошки и политички.

    Веќе некое време deepfake AI слики и видеа кружат онлајн на различни теми. Но, неодамна имаше интимни слики од Тејлор Свифт кои почнаа да кружат на Х, и испаднаа дека се deepfake AI генерирани. Сликите наводно идат од Телеграм група и биле креирани на Microsoft Designer. Од Мајкрософт потврдуваат дека нивниот софтвер е користен и велат дека ќе се обидат да не се користи за злоупотреби (но, како?).

    Ова не носи до прашањата за овој дел:
    • Која е потребата за генерирање интимен контент користејќи AI?
    • Како ова ги афектира жртвите на тие слики?
    • Кои се ризиците од ваква злоупотреба на софтверот?
    • Како би се спречила ваква злоупотреба?
    • Како треба да се заштитат жртвите од овие слики (знам дека видов инфо дека ТС ќе тужела, ама не можам да најдам информацијата, ни како би одела тужбата зошто е ова ново и како е законски покриено на различни места)?
    • Какви законски мерки можи да се покренат?
    • Дали има начин за покревање свесност?
    • Дали има начин за превенција?
    Кога се случи ова, се покренаа и други прашања. Со тоа што еве и кај нас се ближат избори, но и во САД, таму покренаа прашања за лесноста на ширење на дезинформации и слики кои може да влијаат на кампањите, за кои прекасно ќе се препознае дека се AI генерирани зошто станале вирални пред да се разоткријат.
    Screenshot_20240210_054202.jpg

    Ова ги покрева вториот дел прашања:
    • Како ова може да влијае со ширење дезинформации?
    • Дали има начин да се заштитиме од тие дезинформации?
    • Како ова може да влијае на политичка клима во една држава особено за време на избори (особено земајќи ја во предвид "напорната" работа на политички ботови непосредно пред и за време на политички кампањи)?
    • Кои се шансите ваков контент да се злоупотреби за политички цели?
    • Дури и да се открие нешто дека е фејк откако ќе стани еднаш вирално, кои би биле последиците?
    Заслуга за темава е @sweet-cherry и го кажувам ова зошто секогаш ги дискутирам темите со тие кои предложиле пред да ги отворам. И вчера ми прати важна информација, која мислам дека веќе почна да не афектира локално:
    20240210_055440.jpg
    Линк
    Иако ова е за наша локална вест, чинам дека негде видов и вест за девојче кое врши суицид поради иста ситуација, само не кај нас.

    Ова не носи до третиот дел на прашања:
    • Дали има начин да ги заштитиме децата од ваков контент?
    • Злоупотреба за булинг во училиштата, која би била форма на превенција?
    • Дали кревање свесност и кампањи за истото би помогнало?
    • Дали подетално мониторирање на децата е решение или влегува во нарушување на приватност?
    И последно, не знаев ова дал да спомнам. Но, додека барав на темава најдов дискусии за како можело да "заштити" некој ваков контент, но за приватна употреба. Во смисла, контент кој е сексуален или агресивен - место да се наштети на жртвата, да се генерира фејк контент за сексуално задоволство на потенцијален агресор, за да не извршел нешто агресивно.

    И ова покренува последниот сет прашања:
    • Колку е ова исправно?
    • Кој е моралниот аспект?
    • Како можи некој да е загрозен од ова?
    • Што е со правата на достоинствно и автономија на телото на жртвите од кои се прави AI контент, чак и за приватни употреби, а не јавно како шо беше ова со ТС?
    Предлог тема од @sweet-cherry.
     
    На Ketchup, Angie1432 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Пошто во скоро сите теми има дискусија за што наредно, од сега па натаму ќе го пишам и ова. Темиве се дел од "дебатен клуб" кој дискутира онлајн трендови и феномени и нивни културолошки и социјални ефекти. Темите се од прилика активни 1 недела (оваа конкретно до 17ти ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Ова е актуелно веќе некое време откако излегоа AI моделите, кои што впрочем голем дел се бесплатни за користење. Меѓутоа мислам дека фамата се дигна со Тејлор и гадните AI слики што се ширеа низ интернетот каде што беше сексуално злоставувана. Единствена светла точка во целата ситуација е што се случи на личност која можеби има моќ да направи нешто за ова да стане законски казниво, а факт дека AI сликите се закана за секого.

    За да ви доловам еден пример колку лесно може да се направи AI манипулација ќе употребам член од форумов се надевам нема да ми се лути. Да речеме јас ја познавам @theowndemon знам како изгледа имам пристап до нејзина слика, макар и слика да речеме еве од апсолвентска фотосесија. Можам да ја превземам сликата, да ја дадам на AI - midjourney пример и да му речам да ми направи реалистични голи слики со фацата од Демон. И за жал AI го прави тоа во неколку секунди, и за жал се пореалистично и пореалистично е во тоа. И јас ги пласирам тие слики на интернет. Да фејк слики се, ама е СКАНДАЛ. И булинг. Башка што постарите генерации нема шанса да препознаат што e AI а што реални слики и дефинитивно ќе влијае на репутација на личноста.

    Замислете која слобода без граници е да се прави ова. Може да го направиш за професор во школо, за соученичка, за бившата на дечко ти. Имаше случај каде што девојче се самоуби поради bullying од соученици ради fake AI Nudes што биле ширени низ школото, зошто еднаш кога ќе се почне таков муабет кај тинејџери дека праќала нудки, иако во случајов фејк, девојчето е обележано и таргетирано.

    Eве и кај нас во школите веќе почнал ваков булинг, што мислам дека е страшно. И во други држави на Балканот е исто актуелно. Мислам дека е клучно родителите да посветат внимание на децата до што се имаат пристап на интернет.

    Како би можеле да спречиме AI манипулација? Моментално никако. Некој и да ве нема на социјални мрежи случајно или скришно да ве слика може да ја искористи таа слика за манипулација. Така што сме doomed, може само да се надеваме дека ќе влезе некако во законска регулатива забрана за манипулирање на фотографии од лица.
     
    Последна измена: 10 февруари 2024
    На Ketchup, Glowy, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.477
    Допаѓања:
    78.277
    Пол:
    Женски
    Ќе има допрва проблеми со AI.
    Може буквално секакви слики да се создадат и не гледам начин како би се спречила ваква манипулација и злоупотреба. Интернетот и сите алатки кои ги имаме денес, некој сметал дека ќе му бидат корисни на човекот, дека ќе ги користи за нешто добро, ќе има поволности, шанси, но никој немал во предвид дека човек секогаш ќе направи нешто изопачено и како да се спречи тоа. Во е - светот не може ништо да се спречи, човек има бескрајни можности. Значи, нема заштита за никого.
    Е сега, слика создадена со AI се разликува од реална слика. Јас ги разликувам, ама многумина очигледно не, гледајќи по коментари. Имам видено доста такви слики направени и споделени на Фејсбук фан страни (неофицијални) на јавни личности.
    Врие Интернетот со лажни слики и лажни информации, се' и сешто. Можеме само да се надеваме дека нема да бидеме мета на некој забеган. Се' многу брзо се споделува и се шири.
    Можеби би се постигнало нешто со кампањи за сајбер булинг.
     
    На Ajronmen, GirlLove, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.099
    Допаѓања:
    172.660
    Фамата во Европа се дигна во ноември со фејк сликите на млади тинејџерки во Шпанија
    https://www.euronews.com/next/2023/...sed-to-undress-teenagers-euronews-tech-talks-
    Ништо, или ќе влеземе да живееме во пештера, или АИ да се стави во пештера.
    Или, како што кажа Харари, дури многумина се ложеа на револуционерноста на ЧетЏипити- АИ да мора да остава траг/потпис дека е АИ кога генерира контент. Ама кому тоа одговара или не?
     
    На SV1911 и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    2.456
    Уште еден злобен и подли кикс од спротивниот пол.
    Ова све треба да се запали заедно со сите што произведуваат вакви слики и видеа.
    Да, и видеа прават од женски за да си ги живеат фантазиите.
    Викам ја треба све да се искрши.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    4.135
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе рекоа дека AI е закана за уништување на човекот и уште сме на почеток а почнаа проблемите.

    Најстрашно ми било што човекот науката секогаш ја корисити за лоши работи, а не се усмерува технологијата да ја користи за убави работи.

    Тие што имате Нетфликс пуштете само 5 мин од Deep Fake Love реалното шоу и морници ќе ве полазат колку само реално изглеа копирањето на лик.

    Од короната навака мозокот ни е хаос, сега со AI уште поголем хаос ќе стане. Заштита нема ниту ќе има, а штети колку сакаш . Штети со трајни психички последици.

    И да сигурно ви е гледано видеото со девојчето кога им се обраќа на родителите ( т.е видеото со предупредувње до родителите да не стават слики и видеа од деца ) морници ме лазат. Само Господ да ни е на помош.
     
    На Ava.84, Ajronmen, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    121.923
    Пол:
    Женски
    Ова не е добро регулирано во САД. Не е забрането на федерално ниво, туку само локално, во некои држави.
    Во некои држави нема закон кој би ѝ овозможил на жртвата да тужи. И онаму каде што има, е трикав. Во зависност од тоа кој дел од телото е прикажан и дали е јасно со каква намера е направено тоа, се одредува и каква тужба може да се поднесе. Дали само граѓанска или може и кривична.
    И тоа против кого варира. Дали жртвата може да ги тужи и компанијата чие АИ е употребено и компанијата на чија платформа се објавени сликите или само лицето или лицата кои ги направиле сликите со АИ, и на кој начин.
    Жртвите чувствуваат срам.
    Им се валка репутацијата. Ако се личности со веќе нарушена репутација, вакво нешто може да им ја влоши или целосно да им ја уништи.
    Политичарите немаат толку гајле.
    Свесни се дека народот е навикнат на нивните тактики и циркусот што произлегува од нив.
    Народот и онака почесто го сфаќа хумористично отколку релевантно.
    И вакво нешто не би ги афектирало многу бидејќи ги имаат најмоќните средства за да се справат. Ова е пострашно за обичните луѓе.
    Потребна е посебна едукација за влијанието на АИ и неговите штетни ефекти во образовните институции. Или да се вклопи пошироко во предметот Информатика. Може да се покренат и поопфатни кампањи.
    Но за жал, целосна превенција не е можна без построги закони. Промена на границата за кривична одговорност, одземање на некои права и контрола врз интернет-сообраќајот.
     
    На Glowy и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.281
    Според мене, ова само докажува колку е неразвиен и уназаден просечниот ум.

    Му се дава неверојатна можност и на обичниот човек да ја користи вештачката интелигенција. А тој прво нешто што прави е да гледа сељачки да наштети на друг :|

    Ајде селебрити луѓе лесно ќе докажат, па и успешно ќе тужат. Ова повеќе психички влијае на непознати рандом жртви.

    Како да се превенира? Не знам, за човечката злоба се уште нема лек. А за едитирањата, превенција би било ако веќе едитот некаде се објавува, социјалните мрежи/страни да имаат систем на контрола и автоматски да го означат како фејк, да се знае.

    Furthermore, на глобално ниво пострашно ми е како во иднина медиумските гиганти и они кои стојат зад нив лесно ќе можат да генерираат лажни вести.

    И не само за лажен идентитет, туку и за лажни настани со цел да предизвикаат хаос и контрола врз населението.

    Overall, no further comment :D Никогаш помодерно и позаостанато не било :drunk:
     
    На sonuvana, theowndemon, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    !!! Потсетник дека од темата има уште еден ден пред да ја замениме со нова утре: "влијание на ментал хелт ток". :D

    Коментирајте сега или молчете "засекогаш". :D
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Јас сама не си коментирав ама дур отворам темите обично в гла си одговарам и после ме мрзи. :D

    Користење на AI мислам дека само по себе е комплексна тема. Јас имам друг пат и тука коментирано за AI и уметност, за AI и работна сила. И сега, AI и злоупотреба на лице. И колку AI од година во година станува реалистично. Би рекла дека идејата зад ваква технологија можи да е добра, нешто како гугл шо знај да ни олесни многу аспекти, можи и вештачка интелигенција. Но, колку е олеснително ако 90% ми ја заврши работата? Колку останува на мојот мозок да се развива пред да станам зомби кои не е способно да мисли? Тоа како ете прв аспект на злоупотреба, лесно искористување на лице на некој како втор знак на злоупотреба, ефтина "уметност" како трет, итн, листата оди до недоглед.
    • Која е потребата за генерирање интимен контент користејќи AI?
    Кога се работи за интимни и насилни слики, јас не ја разбирам потребата за нив, во најмала рака да се споделат со јавност. Вервам дека си имаме "мала темна страна" и во најмала рака сме љубопитни и AI сега сите "што ако" мисли можи да ги направи реалност. Но зошто би се споделило тоа со јавност? Најчесто и носејќи некој друг во миксот шо е крајно не фер.
    • Како ова ги афектира жртвите на тие слики?
    Мислам дека има разлика меѓу славна личност и "обичен смртник", како и разлики по пол и статус. Добро ситуирана и јавна личност има ресурси да докажи, крени свесност за ова и да добие правда. Како шо беше случајот со Тејлор. Од друга страна мислам дека е крајно покомплексно кога афектира тинејџери. Пошто тоа е ранлив период, "лош" збор можи да уништи одреден статус, а не пак "лоша" слика, не земајќи во предвид дали било кое од овие две е вистинито.
    • Кои се ризиците од ваква злоупотреба на софтверот?
    Предрасуди, булинг, малтретирање, избегнување. Мислам дека ефектите првично се социјални, после како резултат на то идат и проблеми по ментално здравје.
    • Како би се спречила ваква злоупотреба?
    Ова мислам е како низа други работи за кои само креваме свесност, ама немаме конкретно решение. Многу едукација, многу зборување. На некое свесно ниво повеќето да сме свесни дека е грешно. Ама пак ќе има исклучок луѓе. Исто мислам дека со AI сме многу на почеток, каде уште не сме свесни како се можи да се злоупотреби. И мислам дека во иднина кога ќе се увидат повеќе ризици, ќе се збора поќе на темиве. Иако, ќе да отпочна таа дискусија полека кога беше уметноста инволвирана, и повеќе со актуелните случки. Другите 4 прашања за закони и превенција гледав да ги вклопам тука па ќе ги скокнам, за закони конкретно и ич не разбирам. Ако некој правник можи да исдискутира опции би било идеално.

    Зошто сега ни се ближат и нас изборите, вториот дел од прашањата:
    • Како ова може да влијае со ширење дезинформации?
    И пред AI луѓе кои се постари генерации, многу лесно налепуваат на лажни вести, некој и погоре ова го спомна. AI правејќи ги работите пореалистични, иако сеуште има можност за детали кои издаваат дека нешто е креирсно со вештачка интелигенција, прави уште многу луѓе да паѓаат на вакви лажни вести. Во најмала рака и да се разоткрие нешто дека е лажно по еден ден, фамата и стигмата која можи да се крени во тој еден ден можи да се непоправливи.
    • Дали има начин да се заштитиме од тие дезинформации?
    Земање се со резерва? Провервање на повеќе извори? Особено кога се слики во прашање, секогаш има мали знаци што на прв поглед личи океј, ама кога ќе загледаш е едноставно грешно. :D Од тука, мислам дека можи да влијае на политичка клима, пошто сите сме онлајн, читаме информации и носиме информации базирано на тоа. Ако јас генерирам слика од институција и таа слика е фејк, но се рашири сегде - многу луѓе ќе повлечат одредено мислење за таа институција. После и да се увиди дека е фејк - оваа информација можи и да не стигни до сите кои виделе прва информација, и веќе да постои bias кај дел од тие кај кои ќе стигни информацијата и да ја отфрлат.
    • Кои се шансите ваков контент да се злоупотреби за политички цели?
    Секогаш сметам дека во политика нема фер правила. Така да... Према мене шансите се огромни за злоупотреба за политички цели.

    И пак круг кон третиот сет прашања кој ги афектира децата пошто тие ми се можеби едина категорија за која на вистина ми е грижа и ги перцепирам како екстремно ранливи.
    • Дали има начин да ги заштитиме децата од ваков контент?
    Страв ми е дека одговорот е не. Можиме да работиме со нив и да ги учиме тие тоа да нд го прават. Да им помогниме да препознаат кој би ги повредил, стандард работи. Ама директно да ги заштитиме? Не ми текнува како би личела превенција во ситуацијата. А, очајно сакам превенција. Пошто тоа носи до:
    • Злоупотреба за булинг во училиштата, која би била форма на превенција?
    Со булинг се бориме од памтивек и не можиме да мрдниме од мртва точка, дел зошто ја разместуваме и работиме само со жртвата. Стравот ми е дека булинг со AI ќе стани почест. Едино решенија гледам едукација, работење на свесност, и носење на злоупотребувачите на терапија за да се види зошто вака би сакале да наштетат некому. Накратко, да се пристапи кон булингот правилно пошто користење AI во склоп на булинг е само алатка, а не основа.
    • Дали подетално мониторирање на децата е решение или влегува во нарушување на приватност?
    Генерално јас сметам дека децата после одредена возраст треба да имаат контрола на својата приватност. Пошто растат, се развиваат, не можи комотно да зборуваат ако се свесни дека некој во секој момент можи да им прочита муабетите. Сепак никаква контрола пак кај дете сметам дека не е идеално и повремено "спуштање ролетни" е идеално. Нормално ова зависи и од односот на родител-дете.

    И последно сакам да искоментирам за ова шо најдов дискусии за како можело да "заштити" некој ваков контент, но за приватна употреба. Во смисла, контент кој е сексуален или агресивен - место да се наштети на жртвата, да се генерира фејк контент за сексуално задоволство на потенцијален агресор, за да не извршел нешто агресивно.

    Имаше и многу статии, ако сакате барајте ги, јас сакам да се смеам дека ако ги отворам уште еднаш FBI ќе ми тропнат на врата оти неќам уште еднаш контакт со таков контент.
    • Колку е ова исправно?
    Мислам дека ако изборот ни е или-или ситуација меѓу насилство и само насилна слика, нормално дека подобро е насилна слика. Проблемот е шо:
    1. Зошто не би работеле на тие насилни мисли да ги снема туку да ги храниме?
    2. Која е гаранцијата дека тој насилен контент нема да го навикни мозокот на насилство па индивидуата сепак да посегни по тоа за што мисли дека превентира контент?
    Имаше статии за порно со силување и порно со деца. И одеа во детал како ако имало таков контент, немало насилниците вистина да ги прават тие работи. Пак има таков контент, за жал со вистински личности. И пак насилниците се насилници. Треба да се работи на проблемот со насилници, а не да им се створа атмосфера да бидат насилници.
    • Што е со правата на достоинствно и автономија на телото на жртвите од кои се прави AI контент, чак и за приватни употреби, а не јавно како шо беше ова со ТС?
    Кој има право да користи нечие тело и лице "за да не наштетел поинаку"? Па никој. Коренот на проблемот е насилните идеи и предиспозиции на кои треба да се работи. Во никој случај не должиме на вакви особи да прајме ситуации шо се непријатни за нас, само за тие потенцијално ништо да не напраеле иако шансите се дека пак ќе напрат.

    Дејм. Мислам дека се доискажав. :D
     
    На Glowy и sweet-cherry им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.