Тиктокификација на дебатен клуб: Apple vision pro - каква ни е иднината со него?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 24 февруари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Со самата најава на apple vision pro стигнаа и првите грижи околу него. Но прво, што е?
    Vision-Pro-availability.jpg
    Тоа е хедсет кој овозможува апликациите и веб страниците да "лебдат" околу тебе дур ги користиш. Има можност одредени апликации/прозорци да ги "оставиш" во друга соба да те чекаат. Да не речам, сигурна сум дека ова е нешто шо го имало или ќе го има на Black Mirror. :D А прилично сум сигурна дека слично имаме видено на science fiction филмови, како замисла за иднината која ја имаме.

    Дискусијата која се покрена на интернет просторот е:
    • Кои се придобивките од ваков уред?
    • Како би влијаело на меѓучовечките односи?
    • Ако не се двоиме од телефон сега, дали apple vision pro е следниот чекор на зависност?
    • Колкав е реалниот ризик ова да е доминантна технологија?
    Заслуга за темата: @MissChievous
     
    На Victorian, senjorita-v и MissChievous им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    ! Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб" ама пробвам поинаков формат на наслов дур се темите отклучени.

    Ќе биди активна од прилика 1 недела (оваа конкретно до 2ри ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
    На Victorian, senjorita-v и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    4.928
    Пол:
    Женски
    it’s a big NO from me! Апсолутно не гледам никаква придобивка од користење на хедсетот. Загуби од друга страна гледам премногу што дури тешко ми е и да почнам од некаде. Бегство од реалноста, отуѓување од луѓето и природата, зависност, оглупување и потешкотии при склопување и одржување реални офлајн контакти со луѓето…Преголем песимист сум за пребрзиот развој на технологијата. Страв ми е на каде сме тргнале и каде ќе стигнеме. Не сакам да бидам дел од иднината којашто ја предвидуваат, уште помалку да раснам деца во неа. Дали е голем ризикот дека ова би станало доминантна технологија сакам да верувам дека не е, но според правецот во којшто се движи светот се плашам дека е многу веројатно. За жал многу работи не зависат од мислењето на обичниот човек…
     
    На Mumoftwo30, Victorian, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    23.327
    Со оглед на зависноста од мобилните која се создаваше во текот на последните 2 децении, верувам дека истото ќе се случи и со уредов. На почетокот беше интересно да имаш телефон надвор од домот, да не си врзан со кабел за него. Да можеш кога сакаш и каде да се јавуваш. Секако понатаму беше неверојатно дека можеш да слушаш музика, да сликаш фотографии, да гледаш видеа, со нет да дремеш на социјални. Сега веќе не ни мислиме дали имаме нет или не, едноставно насекаде е. Не мислиме колку саати дневно всушност трошиме на телефоните, зошто станато ни е дел од секојдневието до степен да забораваме (секако и генерациите родени во последните 2 децении не ни знаат за поинаку) како е да се живее живот без нив.

    Убедена сум дека истото ќе се случи со уредов. Нуди олеснување во работата, со самото тоа што можеш да се поврзеш со компјутерот, а тоа значи дека секаде во секое време можеш да сработиш нешто, зависно од тоа што ти е работата. Не мора ни да си присутен на бирото. Можеш постојано истовремено да имаш отворен екран за работа, отворен екран од социјална мрежа, отворена плејлиста, а ти физички да лежиш на каучот во дневна или да се возиш во автобус. Кога пазариш, може да ти е отворен листот со намирници кои треба да ги купиш, а притоа да ти се слободни рацете. Додека лежиш во када со купка и свеќи, може да ти е отворен екран со нетфликс. Се' што е побрзо, веднаш достапно, нуди опција за мултитаскинг, ќе биде прифатено од луѓето.

    Моментално премногу е скап за да може било кој да си го дозволи, така да одреден период сигурно ретко ќе го среќаваме. Но верувам дека како што повеќе ќе се работи на него, ќе се подобрува, ќе станува се помал и потенок уредот, со повеќе опции и подобри перформанси, така ќе станува и подостапен за купување. Секако ќе се појавуваат исти уреди и од други фирми, па конкуренцијата ќе си го направи своето со цената.
    Буквално исто како и со мобилните.

    Страшното е што ние веќе сме полу-хибриди имајќи ги денешните одлични мобилни уреди од кои не се одлепуваме низ за до тоалет. Со овие уреди дефинитивно ќе се доближиме поблиску до дефиницијата робот.
     
    На mKdevojce, KittyAgnes и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    6.929
    Пол:
    Женски
    Без да филозофирам. Ова многу ме потсеќа на некоја тешка шизофренија. Едноставно ми е нелогично да се внесам во "гледање" на работи околу мене а постојат само у мојата глава/хедсетот.
     
    На Mumoftwo30, Tinaaa и dea.18 им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.560
    Пол:
    Женски
    Леле, предобро. Изгледав видео што сѐ може, значи е нереално колку е добро! Го сакам одма и сега.:D
    Да можев ич немаше да се мислам, одма ќе го купев. Како и со секоја друга технологија, до нас е колку ќе се контролираме и како ќе ја користиме. Ако сакаме да си го олесниме животот супер, ако сметаме дека ќе биде нешто што ќе ни пречи во животот и ќе создаде зависност, тогаш никој не нѐ тера да купиме вакво нешто.
     
    На Victorian, senjorita-v, FriendOfDorothy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.281
    Според мене, сум за технолошки напредок и изуми.

    Ова ми се допаѓа. Баш ми е нешто како што би рекле во 90-те, во 2030 ќе имаме "летачки автомобили" :D

    Е сега, само јас сум за работите да бидат понапредни, да не морам вака да носам - 'фиксниот телефон' залепен на глава :D

    Мене поинтересни ми се работи како што имаше пред некој ден, дека првиот на кој му вградиле чип, успеал со мислата да го придвижи глувчето. Now that's what I'm talking about :*:

    И сега во смисла, би сакала да може со мислите да ги креираме иконите пред нас, без маската за нуркање :D Што би рекла Инерка, ние сме Водолии :D

    Би сакала Тесла да живееше во ова време и неговите идеи да беа реализирани. Можеби тогаш и кога му ги украле изумите, ги реализирале, само не за обичниот човек.

    Односно дека технологијата е многу понапредна отколку што мислиме. Само за обичниот народ се создаваат работи од кои ќе стане зависен и ќе закржлави со мозокот.
     
    На Victorian, theowndemon и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.525
    Допаѓања:
    38.352
    Пол:
    Женски
    Мене уредов ми е баш интересен. За секоја нова технологија што ќе се измисли има општа паника дека доаѓа крајот на светот, дека тоа е крајот на човештвото и веднаш се опишуваат само најцрните сценарија. Уникатна човечка карактеристика.

    Освен тоа што очигледно овозможува придобивка во секоја работа, од ит до медицина, верувам дека во голема можност може да го олесни животот и на луѓе кои имаат попречености а и да ни отвори нови хоризнти во секојдневниот живот.

    Дали наскоро ќе го купам? Секако дека не. Дали има негативни страни? Па да, како и секоја друга технологија. Не гледам разлика помеѓу одење на улица и гледање во телефон и ова или зависнот од уреди и ова. Ако го носиш на глава можеш да доживееш сообраќајка, исто и ако збориш на телефон и возиш.

    Мислам дека ако доживее комерцијален успех, во иднина ќе го направат и со посуптилен изглед.
    Вака од надвор малку личи дистописки, ама намената дефинитивно има силни позитивни страни.
     
    На theowndemon и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.735
    Допаѓања:
    121.925
    Пол:
    Женски



    Видеата се со позитивни и негативни страни.
    Ова е со поедноставен ОС од оној на Ајпадот. Придобивки би имало само дома во дневната соба.
    Да се сработи нешто поедноставно и брзо.
    Но...
    Хедсетов има несовршености.
    Има надворешна батерија демек поради тежината.
    На некои сепак им пречи. И мора почесто да се полни.
    За некои луѓе сепак е тежок за носење повеќе саати, па треба да одберат ремен кој по би им одговарал. Има 2 опции.
    Не е баш за луѓе чиј вид не е одличен. Некој ќе треба да нарача посебни леќи од Епл или соработник.
    Има проблем со приказ на боите во реалната средина и оние вештачките средини. Влијае и светлото во реалноста во која се наоѓа човекот.
    Ако човек си дозволува скроз да потоне, не треба да го користи надвор од дома. Вистина е дека и другите уреди носат ризици, но сепак тие не му се на глава и можеби би избегнал удар ако му е ок периферниот вид.
    Хедсетов целосно ги окупира очите. Човек при употреба на хедсетов мора да ги земе предвид претходно споменатите околности.
    За сега не е нешто што не може да се направи со уредите кои не ни висат на главата.
    И тоа како изгледаат очите на корисникот не е баш како на рекламата. Друг не може лесно да сфати дали корисникот го перцепира.
    Креирањето на персона исто така не е најдобро. Некои корисници изгледаат доста реално, додека други изгледаат поинаку.
    Како и секој уред, и овој би ги одвоил луѓето од реалноста и едни од други доколку кај корисниците се створи зависност.
    За сега не може да доминира бидејќи е прескап и му треба доработка.
     
    Последна измена: 24 февруари 2024
    На senjorita-v и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Лично во оваа форма не мислам дека продуктов има ризик да замени нешто. Чисто оти не се естетик. :D Да беа леќи, онака апла футуристички... И по приступачна цела би рекла ризикот е многу реален и голем. Или како огледалце врз едно око. Се гледа дека сум sci-fi фан. :D Но во иднина веројатно би се усовршил производот ако има побарувачка и како и да вртиме влегваме во некоја сајбер дистопиа како блек мирор. Од една страна - рает гла. Од друга страна бидување врзан за било каков уред влијае многу, особено на фокус, внимание, учење, капацитет. И јас сум крива со злоупотреба на уреди најискрено ама мислам дека прв чекор да се преќини таква злоупотреба е да се признај дека е реална и постои. Самата можам да се видам зависна на ваков уред во иднина (ама да е естетски оти сум површна!), а не пак деца во развој кои се дигитално растени и не знат за поинаква реалност.

    То и со Мис зборавме дур ми кажваше за темата, нели имаше сличен производ само не од епл? Пропадна ради то шо мораше често да се полни и луѓето сметаа дека не е практичен. Пробав да најдам името ама не ми удираат дирек на меморија моделиве кога пишам алтернативи. Ама знам едино задоволни беа тие кои користеа дур играа со децата - да можат да се присутни притоа паралелно да прат слики од многу моменти без да има телефон в рака. Знам дека ако нешто е маркетирано вака, I'd eat it up. :D

    Ова не сфатив? Не сум при можност да гледам видеото ако е спомнато таму ќе видам вечер.
     
    На senjorita-v и Ajronmen им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.735
    Допаѓања:
    121.925
    Пол:
    Женски
    Има во видеата. За изгледот на аватарот на корисникот и фацијалните експресии и како тоа делува при фејстајминг. Пример, Маркес доста реално делува, а други не баш.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    А-ха ќе го видам ко така.

    .
    .
    .
    .
    .
    Ама ко шо рекоја и други, I'd eat it up кога би било по естетик. :D But then again, hi, I'm Demon and I'm an addict. :D
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.735
    Допаѓања:
    121.925
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 24 февруари 2024
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.802
    Допаѓања:
    23.251
    Пол:
    Женски
    Јас од темава дознавам за уредов. Во СДК пред некој ден ги пофалив Апл за технологијата, ова е стварно Black Mirror левел. Не ми се верува до кај стигнавме, вау. Начинот на кој се навигира ми е навистина суреален, само со раце и очи???

    Замисли да гледаш слики и видеа со уредов, спомени пред твои очи на големо. Стварно ми е прекул, се наежив гледајќи го видеото.
     
    На Mumoftwo30, senjorita-v и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.560
    Пол:
    Женски
    И знаете ли само колку ќе биде ова добро за држењето на телото, да не мораш да седиш скичмен над лап топ или телефон? Можеш да вежбаш, да го модифицираат само како што вика @theowndemon, а што сигурно ќе се случи, допрва ќе го развиваат.
    Уште да стават опција да можеш да си го прегледуваш животот низ сцени и топ. Black Mirror.:inlove::D
     
    На Mumoftwo30, senjorita-v, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    Нема да заживее се додека не се намали на обем до степен на наочари или контакт леќи.

    Башка Маск е многу понапред со неуролинкот и веќе го тестира на луѓе.

    Вижнов дур стигне да се користи масовно веќе ќе биде прерипнат технолошки.
     
    На Mumoftwo30, Feminka22, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    А и Маск и Зукерберг прат слични производи ко шо сфатив од коментарите на @nextredstyle & @Ajronmen? Мислам дека ако збораме за иднина со епл вижн про можи да се спомни и конкуренцијата ако ја има оти не знајме кој ќе биди "подобриот" и кој побрзо би се раширил кај обичниот смртник.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.735
    Допаѓања:
    121.925
    Пол:
    Женски
    Јас пишав за Марк, сопственикот на Мета. Има негов ВР, Мета Квест. Мета Квест 3 е споредуван со Епл Вижн Про. Мета Квест е поевтин и посреден (според сопственикот).
    А, Илон Маск го има Neuralink, чипот за во мозок. Со чипот парализирани луѓе би можеле повторно да контролираат уреди. Маск тврди дека веќе се гледа иницијален успех кај првиот човечки пациент. И он има визија дека ова би можело да помогне и со менаџирање на некои ментални состојби.
    Мене ова ми е поимпресивно поради неговата намера и намената на неговиот производ.


    Инаку, еве видео со споредба меѓу Епл Вижн Про и Мета Квест 3.
     
    На senjorita-v и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.396
    Допаѓања:
    47.370
    Пол:
    Женски
    Глупости
    За нешо врши работа, ама мислам дека ќе отупиме до даска. И општо за сите тие работи кај шо користиш само мозок, а не и раце пример. Мора да работи телото.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Интересно ми е, би сакала да го имам бидејќи сум Tech Freak :wasntme:

    Но ќе почекам уште некоја година кога ќе ги направат со големина на очила / леќи (кога тогаш ќе се деси, да не се лажеме) и тогаш ќе ги земам :D

    Но секако треба да се користат во контролирана средина, каде носењето на оваа опрема нема да доведе до ризик по лицето кое што ги носи и по лицата во нивната непосредна околина :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.