"Тиктокификација" на дебатен клуб: boy mums и girl dads

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 3 јануари 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Терминот boy mums се споменува многу во последно. Фрази: "не знаеш како е се дур не добиеш момче", "прв пат осетив љубов кога го добив синот", "никоја нема да го сака како јас" итн. Иако ова сега со рилови и тиктокс и видеа се пренагласува, ова е старо од "памтивек" и улогата на мајката во животот на синот. Гледање на син поразлично од пример ќерка. Спроривно од ова имаме girl dads. Не мислам на оние кои би се облекле како принцези и да играат "женски" игри, туку оние кои се поставуваат презаштитнички само затоа што имаат ќерка и сакаат да ја штитат од другите момчиња.

    Сега имаме низа прашања кои можи да се покренат на темава - дали придонесува до ујачување на родови улоги? Како влијае на машко/женски односи и прераспределба на обврски во домот? Мајка како заштитник и во улога на свекрва, како влијае "хелихоптер" родителство врз дете од едниот пол (на навики и самостојност, како и емоционално), и како влијае спротивното врз дете кое не го добива истото внимание? Тука исто спаѓа презаштитнички татко и мемиња со пушка ако некој ја допри ќерката - па кои се дуплите стандарди при растење на момче и на девојче? Која е потребата да се гледа момче како закана? Зошто постојат двојните стандарди? Дали можеме да ги надминиме? Дали е "слатко" или е бордерлајн морничаво?

     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.697
    Допаѓања:
    34.990
    Пол:
    Женски
    Јас сум girl dad. Исто и сестра ми. Татко ми цело време се однесуваше заштитнички со нас. Строго не држеше и некогаш тоа на нерви ми одеше. За него ретко кој маж е добар. А он бил женкар на времето. :D И од блиски примери таквите татковци така се однесуваат со ќерките. Нивниот дечко го гледаат како некоја закана. Не знам дали ова некогаш ќе се промени.

    А за машките... Тоа син на мајка често го применувам со моите деца. Ги учам да бидат самостојни, да не искористуваат. Ако еден ден имам снаа нема да ја гледам како закана. Како што прават одредени свекрви. Идат со ставот - Ете ја. Ми го зема синот.

    Мразам поделба на деца. Синот се учи на самостојност, а ќерката се форсира да се омажи во богата фамилија. За жал, уште има ставови од типот синот да добие се при наследство, а ќерката треба да се откаже. И некако се поголем впечаток добивам дека синот се фаворизира. И после се јавуваат фрустрации кај женските затоа што немаат право на глас. Ти си женско, ќе се омажиш. Ќе се снајдеш. Ама затоа синот мора да се обезбеди. Има и татковци со такви размислувања.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.556
    Пол:
    Женски
    Видеово е врв :D Во каков creepy тон ги чита постовите во втората минута од видеото.
    Во право е за оние што викаат дека чувството да се биде мајка на машко е посебно, а немаат женско за да можат да споредат. Како тогаш знаат? Смешки. И баш е језиво тоа со дека мајката му е прва љубов, мислам, what? И да, тоа за женско не го викаат. Јас сум ѝ прва љубов. Не.

    Имаше многу добри поенти во видеото, нешто што би додала е дека со тоа што се фалат дека се boy moms ги потценуваат женските, како да не се вредни и тоа го пренесуваат на нивните precious boys, понатаму ширејќи ја мизогинијата. Стварно е морничаво. Не знам кај нас колку го има ова, не сум го забележала нешто посебно, до толку да е токсично, ама според тоа какви се мажите постои уште одамна.
     
    На Pixi5, 1209, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Денојве никако немам време салам да се искажам на било која тема ама ова морав да прокоментирам. Со то шо се "boy mums" уствари ставаат пол на пиедестал. Се бориме против gendered работи и дискриминација (абортус на женски деца наспроти машки во поголем % во одредени држави), за сега пак, ваљда несвесно, да го туркаме истото ама низ превез на некаква "просветленост" и "позитивност". Пак ќе речам, ова сега така нагласено како happy go lucky тренд ама не мислам дека е од сега. Баш во наше општество можи да се види типичниот "мамин син". Мамин син кој бил учен "шо заслужва од твојата ќерка" (како шо се видеата на темава), без да е спремен да вложи назад. Тато носи, мама меси. На форумов само имаме цела тема за снаи и свекрви. И која е потребата да постои толкав конфликт меѓу снаа и свекрва ако не тоа дека едната страна (мајката) не можи да се оддели од синот.

    https://vm.tiktok.com/ZM6aMDd62/

    https://vm.tiktok.com/ZM6aMF4KD/

    https://vm.tiktok.com/ZM6aMrDer/
     
  5. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    2.040
    Па и јас сум на некој начин girl dad. Една сум на мајка и татко и отсекогаш тато бил по - fun родителот (тоа не значи дека мама не ја сакам :D). Ама во овие категории има и подкатегории, од една страна имаш добар пример за girl dad - кога таткото се стреми правилно да ја воспита ќерката, да ја научи како да биде независна, да се грижи за себе и за својата безбедност, да и внесе некои основни морални вредности што секој човек треба да ги знае, и од друга страна girl dad - кој што е препосесивен родител, ја разгалува ќерка си дури и повеќе отколку што треба и прекумерно ја контролира.

    Истото е и со мајките. Ако се препосесивни и превише ги разгалуваат своите синчиња ќе се добие продукт - татко од втората категорија погоре.
     
  6. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.558
    Допаѓања:
    18.392
    Пол:
    Женски
    Само да те поправам, не се лути
    Татко ти е girl dad
    Ти си daddy's girl
    Girl dad значи татко на девојче а ти не си татко :D
     
    На Srckata28, Peanut Butter и Alm. им се допаѓа ова.
  7. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    2.040
    Така е во право си, не размислив автоматски напишав :D
    Нема љутиш, заебавајте ме сега :D
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Леле ич не ја напрајв конекцијата. :D

    Инаку Алм, баш фини се видеата од girl dads кои се облекуваат ко принцези и одат на tea parties со ќерките промовирајќи здрава машкост и здрави односи со ќерката. Огромно освежување е на интернет просторот. Ама сеуште, барем на наш терен, попознати се ваквите "мајтапи":
    dad-riffle-dating-daughter-meme.jpg

    Ама ваквите се апсолутно освежување:
    5dd22b2db57dd2612fc3391f624a5cab.jpg
     
    На 1209, Skyler, RainBow и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    2.040
    Да, ептен ми е симпатично и мене. Посебно во Америка знаат така да си направат event од тоа (често одат и на дејтови заедно таткото и ќерката каде што поентата е таткото да и покаже на ќерката како би требало нејзиниот потенцијален дечко да се однесува кон неа на тие дејтови и ете ја промовира таа здрава машкост што ја кажуваш и здрави односи со ќерката) и такво значење му даваат на средбите што мислам дури и дека има позитивно влијание па може и би ги поттикнало и другите татковци така да се однесуваат со своите ќерки.
     
    На 1209, Mumoftwo30, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.556
    Пол:
    Женски
    Ова со татково ко нема да ја пушти на дејт, спрема пушката пак е токсично за жените. Создава слика за тоа дека не може да се грижи сама за себе и таткото е тука, секогаш посилниот нели.
    Мажите се во секоја позиција понапред, во сите овие глупи шеги пак се истакнуваат. И плус на тоа ги имаме овие мајки кои повеќе ги воспеваат синовите и уште побетер ако имаат и ќерки, па ги двојат.
    Не можам да разберам како можеш да бидеш жена во денешно време и да го правиш ова, ама стварно не можам.
    И уште онаа на видеото кога рече ги удирал сестрите, ах, па, имал лош ден. Нереално. И одвратно.
     
    На 1209, Srckata28, Alm. и 3 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Кога прв пат ги пишам предлог темите намерно пишам прашања за вака кога не сум многу мотивирана за муабет, да имам шаблон за одговор. :D

    Дали ова придонесува до ујачување на родови улоги?
    Апсолутно мислам дека ваквите поделби влијаат на ујачување на родовите улоги. @RainBow погоре добро рече:
    И мислам дека ова е вака од памтивек. Секогаш се форсира машкото дете ставајќи го женското во инфериорна положба. Правење да е натпревар меѓу син ми и ќерка ти. А деца се. Зошто да не знај да готви за себе, пошто е вештина на живеење туку да учи да готви за ќерка ми да не го прелажела со "лоша" лазања? И то мислам јасно се гледа во односите снаа-свекрва, каде свекрвата не е спремна да се откажи од синот. А и добро е прикажано на трендот ова: "прв пат осетив вистинска љубов". И затоа мислам дека идат до тие типични проблеми во просечно македонско (повеќе зошто живееме во заедница, но то е случај и странство) семејство.

    Тоа понатаму носи до ова прашање: Како влијае на машко/женски односи и прераспределба на обврски во домот?
    Ако јас го учам син ми дека е подобар/повреден од ќерка ми, неа ако ѝ давам повеќе домашни обрски, него не - јас невербално туркам родови улоги и влијаам на машко/женски односи и прераспределба на обврски во домот. Оти ова иди од дома. Ако јас вака ги научам моите деца, а е норма во општеството - така ќе бидат децата и како возрасни јер учат од пример. Секогаш има промени ама генерално не е лесно да се стигни до нив. Полесно е кога основата е поеднаква и постабилна.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.556
    Пол:
    Женски
    Затоа и по толку години сме тука кај што сме. Привидна еднаквост. Ама, пак имаш вакви мајки што прават све за синчето да не се мачи, ама ќерката треба да помогне по домот. Пак им се натураат на девојчињата повеќе обврски, свесно или несвесно. Зошто она е девојче и треба да знае да одржува дом. А машкото, и да не знае, ќе си земе жена нели.
    Плус, она што многу ме нервира, е што уште за да се истакне некаква слабост се користат женски особини. Не биди пи*ка, не плачи ко женско некое, и нели, имај м*да, биди маж во обратна насока. И ова несвесно ги храни машките дека жените се понеспособни. Ама, тоа е подалеку од темата. А сепак, сврзано зошто и самите мајки им викаат да не плачат дека е тоа слабост.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Мајка како заштитник и во улога на свекрва, како влијае "хелихоптер" родителство врз дете од едниот пол (на навики и самостојност, како и емоционално), и како влијае спротивното врз дете кое не го добива истото внимание? Тука исто спаѓа презаштитнички татко и мемиња со пушка ако некој ја допри ќерката - па кои се дуплите стандарди при растење на момче и на девојче? Која е потребата да се гледа момче како закана? Зошто постојат двојните стандарди?
    Ова сакав како одделна дочка да ја дискутирам од родовите улоги. Едноставно родител, во случајов мајка, чиј цел идентитет е растење на машко дете, таа е мајка која е од повеќе присутна во тој живот на детето што ја прави "хелихоптер" родител.
    Characteristics-Of-Helicopter-Parents-Infographic.png Signs-of-Helicoptering-Infographic-1.png Possible-Causes-of-Helicopter-Parenting-Infographic.png Examples-of-helicopter-Parenting-Infographic-1.png Long-term-Effects-Of-Helicopter-Parenting-Infographic.png Ways-to-Unlearn-Helicopter-Parenting-Infographic-1.png
    Мајка која е во лош однос со снаата е мајка која има замислено цел живот на детето нејзино и не можи да се помири дека тоа дете носи поинаков избор. Татко кој е во лош однос со зетот е татко кој се гледа себеси и пријателите и носи заклучок дека сите се како нив и го неќи тоа истото за своето дете.

    Но, би рекла дека иако ете и тренд е boy mums кој е актуелен сега, сепак мислам дека како општество we're healing. Мислам дека gentle parenting, давање слобода и автономија на децата како и да слезиме на нивно ниво на игра безразлика на пол (како girl dads кои се способни да се комотни со машкоста да облечат и фустанче и лак само зошто детето тоа го смета за игра) е доста здраво и можеби иднината.

    Апсолутно. Од ова се жртви и момчиња и девојчиња. Едните ставајќи се со повеќе обврски и во инфериорна положба, а другите да не смеат да искажат дека уствари имаат чувства, како секој човек.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.556
    Пол:
    Женски
    Хеликоптер родителството ми е некако друга дискусија, се однесува на двете деца, не е за мајки на момчиња. И мајки со девојчиња може истото да го прават. Потекнува најчесто од преголема грижа и анксиозност. И плус е хрането од секаквите ужасни работи кои се читаат по интернет, а се случиле на децата. Деца биле грабнати, било некое удрено од кола на пешачки, девојче било силувано и едноставно самото ова создава плус анксиозност на анксиозноста која и онака си ја имаме. И на крај детето нема да оди само во школо, под мониторинг ќе биде цело време. Не е оправдано, нормално, зошто колку и да го пазиш толку малку е потребно за нешто да се случи. Како родители мора да направиме сѐ што можеме да ги едуцираме и да знаат самите како да се заштитат во некои ситуации, нели, не зборувај со непознати дрн дрн. Мораме да градиме доверба за секогаш да ни кажат ако имаат проблем. Мислам дека со хеликоптерство само и на нив им создаваме анксиозност и ги оддалечуваме.

    Мило ми е што си толку надежна, мене некако ми се чини дека назад се враќаме, не знам зошто, никако да изумрат глупавите шеги во кои се понижува жената, каде прочитав не се сеќавам дека 80 посто од не знам колку родители признале дека и несвесно повеќе го штитат машкото од обврски (ко божем да не е тоа нормален дел од животот). Па и ваквите жени со некоја инетрнализирана мизогинија воопшто не помагаат.
     
    На theowndemon и Annath им се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.281
    Според мене, не се двојни стандарди, бидејќи жена и маж не е исто.

    Понормално ми е татко да биде заштитнички настроен кон ќерка. Во смисла, да има кој да ја заштити во ситуација на лошо или опасно искуство со друг маж. Бидејќи жените се секогаш во потенцијална поголема опасност од мажите.

    Од друга страна, поненормално ми е мајка да биде заштитнички настроена кон син. Бидејќи таа заштита обично не е од опасност, туку да се натреварува со неговата девојка и да настојува дека само таа е love of his life :drunk:

    На Балканот фали да има повеќе girl dads од такви размери и секогаш жените да се чувствуваат заштитени.

    Од друга страна, boy moms и Едиповци, има дури за извоз. Пример, имаме тема за свекрви со милион страни. Тема за дедо од пеколот (татко на невестата) немаме, yet :D
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.556
    Пол:
    Женски
    Исто треба да биде заштитнички таткото зошто кога се деца подложни се на истите работи, да речеме на педофили. После тоа мемињава глупи не се во таа цел, туку повеќе се ко бој мам, ја имам ќерка, па еве пушкава ја спремам. Од што ќе ја брани тогаш, од идниот и дечко? Нема смисла.

    Да, се согласувам дека фалат такви татковци, повеќе се ко, да бе, мене педер ќе ме прави, ќе ме лакира.:sweat:
    Го имам слушнато ова, на моја голема жалост.
     
    На Alm., theowndemon и Polyincognito им се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.281
    @RainBow Да, апсолутно, кога се деца, треба сите подеднакво да се заштитени, како што рече од педофили, па и од се друго.

    Јас повеќе зборував за кога се веќе возрасни. А и во смсила, не да ја брани да не си фати дечко или од дечко.

    Јас повеќе го мислев на тоа, девојките да имаат потпора, да знаат дека секогаш можат да се вратат дома во случај на насилство, силување и се друго. И да знаат дека имаат на кој да му се обратат. Така гледам и на мемињата.

    Бидејќи многу често имам сретнато манипулатори и предатори да таргетираат девојки кои немаат татко или силна татковска фигура. Бидејќи се чувствуваат посигурно дека отпосле нема кој да дојде да им ги избие предните заби.

    А и жените кога имаат посилна татковска фигура, според психологијата, повеќе се научени да се ценат себеси и да не трчаат по кретен кој ги гази.

    И баш така, кај нас и јас го имам слушнато истото. Па имаме и татковци кои ги учат синовите да бидат типични кретени со жените. И тоа не е во ред.

    Баш сме од една крајност во друга, никако баланс и да тргнеме напред :drunk:
     
    На Alm., LiquidLuna, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Ова со презаштитнички татко, јас поќе го гледам како проекција. Јас како татко во младост праев ова и она на девојки, ако не јас - тогаш мои другари. И гледам некоја машка реалност. Сега сум во позиција да имам ќерка на која можи да е праено истото. Зато и кога колнат некој велат "ќерка да си дочека" (а па ова колку е грешно, па, па, па).
     
  19. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    2.040
    “Ќерка да си дочека” е клетва.
    “Син да си родиш” благослов.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    На темава, од видеово шо го гледав ептен крипи ми беа коментарите на социјалните мрежи.

    Шо се однесува до клиповите кои ги коментира... има многу поглупи и помрднати трендови на тикток. Не сфаќам кој се уште ги смета за реална репрезентација на луѓето.
    Сѐ шо покажуваат овие трендови е дека човекот као суштество без многу размислување може да се поведе по група на луѓе сакајќи да се вклопи или да добие внимание.
    Тоа си е глупост сама по себе и можеби друга тема.
    Ама лично, тука би престанал да ги анализирам, сѐ натаму е излишно...
    Сигурен сум дека 90% од нив не знаат што снимиле, исто како што не знаат на карта да покажат каде се наоѓа Европа.

    Уште малку да го дохејтам видеото, мене па ми беше напорно да ја слушам со прекумерното глумење.
    Предлог до @theowndemon за темиве : би било убаво ако се најде и сподели уште на почетокот некој кој ќе даде понаучен пристап на проблемот или, пак, да се нагласи дека видеото е само пример за да ја надополни темата или членовите да сфатат за што се работи.

    Да се вратам повеќе на темата.
    Немам забележано до толку забегување кон машки деца во реалниот свет.
    Зборам од типот на видеата.
    А од типот на "мајката е врзана за синот", "таткото за ќерката".
    Ехееее, тоа е измислено во Македонија.
    Иако во последно време забележувам многу родители кои се тешат со овие "поговорки" а притоа имаат крш односи со децата.

    Нормален ми е заштитничкиот однос родител - дете.
    Ненормална ми е прекумерната контрола.
    И дефинитивно ненормално ми е извртувањето на односот родител - дете и додавање епитети и дејства нормални за други односи, пример брачни.
    Она со љубовта, пеперутките...ми дое за повраќање.

    Шо се однесува на примерите со татковците, мислам дека веќе сите оние мемиња и видеа со пушки пиштоли се повеќе исмевање на стереотипите, или пак правење шала со нив. Мене искрено не ми сметаат до толку смешки со стереотипи, иако знам дека некои велат дека во некои случаи се штетни, и ваљда и така и е.

    Инаку, нешто што не можам да го заборавам као шок е оној тренд, не знам дали некој го има видено: "mom, drop your weapon".
    При што синот доаѓа кај мајката со прсти како пиштол глумејќи полицаец, а мајката влегува во slutty twerk mode и "се спушта доле" бидејќи нејзиното оружје е нејзиниот газ.
    Ватафак...
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.