Тиктокификација на дебатен клуб: Bryan Johnson и трагањето по младост

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 7 април 2024.

?

Дали сте слушнале за проект Блупринт?

  1. Да

    7 глас(а)
    25,9%
  2. Не

    20 глас(а)
    74,1%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Кој е Брајан Џонсон?
    Тој е основач/CEO на Blueprint (на шо ќе се задржиме денес), Kernel, OS Fund and (не повеќе) Braintree Venmo. Претприемач и филантроп кој верува во соединување на човековата интелигенција и вештачката за решавање на глобални проблеми. Активно инвестира во старт-апс. Растен како Мормон и млад татко сака да достигни успех до 30тата. Но место тоа бара начин тогаш да почни да "живее".

    Да се збора за Брајан има многу. Но, што го прави толку значаен за да добие своја тема? Па, проектот блупринт. Проектот со кој сака да се врати во времето кое "го изгубил" така што "се подмладува", но не старее.

    Што вклучува проект Блупринт?
    Тој е ригорозен режим на вежбање и исхрана и суплементација кој е тестиран на Брајан со цел подмладување и "враќање во телото на 18 годишник". Шо ме носи директно во тоа како можеби вие имате слушнато за него:
    • Ја користи крвта на синот за "да биде и тој 18, пак". Брајан разменува плазма со синот, но и со неговиот постар татко со цел продолжувањето и на неговиот живот.
    bryan-johnson-blood-son.png
    И сликава која беше на сегде.
    • Сака да ја забави смртта и да ја напрај опција притоа да биди млад и витален во процесот.
    • Исхраната му е околу 1.9к калории, и претходно знаев за суплементација од околу 80тина апчиња (на ден), денес кога барав најдов бројка за суплементација со 111 апчиња на ден.
    На темава можи да се збора многу. Па ајде да ги поставиме прашањата:
    • Како и што е прашањето на анкетата: дали сте слушнале за проект Блупринт?
    • Што мислите за проект Блупринт? Дали е реално тоа што сака да го постигне или не?
    • Што мислите за Брајан Џонсон и неговата опседнатост со младоликост и младешка виталност? Колку е реална? Дали е одржливо?
    • Дали се работи за страв од стареење? Зошто?
    • Што мислите за методите кои ги користи за подмладување? Дали се одржливи за просечниот човек доколку реши да живее по проект Блупринт?
    Предлог тема од @MissChievous
     
    На senjorita-v, Victorian и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    ❗Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна од прилика 2 недели зошто официјално влегов во lazy girl era (оваа конкретно до 20/21ви Април ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    23.854
    @theowndemon извини што не ти пишав, искрено кога ја предложив темава повеќе ме интересираше други што имаат да кажат, пошо не знам веќе што мислам за човеков. Понекогаш го гледам и си викам "абе овој луд е, се глупира", па друг пат си викам "си има визија човекот, си прави тоа што сака и никому не штети, браво за него".
    Имам слушано доста подкастови каде гостува и ми делува на фин човек. Свесен е дека не може да живее бесконечно, меѓутоа целта му е да го зголеми животниот век за многу повеќе, и мислам дека вистински верува дека ќе успее. Дали целта му е реална? Не знам, ќе видиме, можеби и ќе му успее, at this point ништо не ме чуди.

    Ме интересира дали мормонството има улога врз тоа што го прави сега. Бидејќи е сосема спротивното и делува како да е истрауматизиран од тој животен стил кој му бил наметнат. Како да се осеќа дека животот го има потрошено без врска, па сега се труди да си даде што е можно повеќе време за да прави што тој сака.

    Инаку, секогаш подржувам сè што луѓето прават за да придонесат нешто корисно и позитивно за човековиот род. Колку и налудничаво да изгледа нештото. Па така потајно се надевам дека ќе му успее, навивам за него.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Во однос на здравје, супер што си се одржува и можеби ќе има влијание на подолг живот тоа. Во однос на изглед, очигледна е разликата помеѓу него и синот и не мислам дека некако ќе направи да се врати да личи на 18 годишен. Еднаш гледав дека прави некои ласери на лицето и кожата, ама ко, не мислам дека тоа е нешто револуционерно во светот на скинкер.
    Нека си стави ботокс.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Таман и ова е од неодамна: https://www.instagram.com/reel/C5WHnOCrE5Y/?igsh=MTU3d2plbDNpOHlnbA==

    Нема гајле, то е само за да имате поќе инпут во поставувањето. :D Ако не ми пишите шо сакате јас шо сакам прам. :devil:

    Истово го мислам и пробвав да се сетам дали нешто слично кажа и самиот во некое интервју пошто се мислам дека има. Само утрово ме мрзеше да барам за воведот. :D

    Е сега во поглед здравје. Апсолутно поддржувам секој кој сака да си подобри здравјето. Ама ме интересира, колку е одржливо за него ама одобено за просечен човек оти нели идејата е некогаш во иднина да е достапно за сите? Колку е одржливо да пиеш две раце апчиња, да си на минимум калории за твое тело, да разменваш крв, и шо уште не. Листата оди долго. Има нели разлика меѓу некој шо воопшто не се грижи за здравјето, просечен човек колку шо се грижи, некој малку поќе од него, па после Брајан. Ко има разлика умерено вежбање, умерени суплементи, балансирана исхрана, умерен скинќер и ... Брајан. Исто не разбирам, ако цел ден се врти околу одржување на здравје, шо останва од тој ден за живеење? Да се вратам на мормонизмот, мислам дека е пак "трошење живот". Ако претходно смета дека нема ништо од тој период и бил неисполнет и животот само терал - која е разликата сега? Исто, само во друг екстрем. "Купва" време ама по која цена? Шо прај со него?

    Инаку да. Личи дека е свесен. Ама стварно мислам дека треба поќе да експлорира зошто прај то шо прај и шо пробва да надохнади. А дека ќе успеј? И јас се надевам. Оти на крај на ден можи то да е во корист за просечен човек. Само не во овај формат.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Машки
    Не сум слушнал за овој и читнав малку и погледнав некои видевца (не издржав многу).

    Заклучок ми е:
    Типот проаѓа низ средновечна криза.

    Збори за работи као кислород при вежбање, и земање human growth hormone и тестостерон (стероиди) - као до вчера да не постоеле.

    Презентирање на научни студии и истражувања - 0.
    Поткрепа на идеите - 0.

    Константно држи телесни масти на помалку од 7% - втф?

    Личи на стандарден фит 40 годишен јапонец. Ако му е целта да се подмлади - не успеал.
    Ако му е целта да си го продолжи животот - со вакво темпо не верувам дека ќе има некој успех. Освен ако не почне и органи да пресадува.

    А за бјути делот не знам ништо, не можам да коментирам.

    Како и да е, бришам историја сеа за случајно да не ми го даде алгоритмот пак.
     
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.888
    Допаѓања:
    123.164
    Пол:
    Женски
    Прво, не можам да му верувам на човек кој ја напуштил болната свршеница.
    Второ, тој е несозреан човек кој не може да прифати дека стареењето е нормален процес и дека смртта е неизбежна.
    Нуди вештачки и скапи производи што му ја покажува вистинската намера. Само да се збогати уште повеќе и да си го троши животот на правење глупости.
    Трето, џабе му е. Му се познаваат годините.
    Некои луѓе и онака успеваат да догураат до 90+ или 100+ само со немање пороци и водење сметка за исхраната.
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Технички, уште ништо не нуди. :D Туку само експериментира на себе.
     
    На EmporioIvankov му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    23.854
    Да, и јас мислам дека ништо не продава, ниту наметнува, едноставно за себе си прави оти идејата му е да си го продолжи животот најмногу што може.
    Он уствари тврди дека организмот си го има подмладено, а не изгледот. Е сеа не знам како го согледуваат тоа за да можат да кажат "еј состојбата на срцето ти е ко на 20годишњак".

    Исто, имаше периодов споделувано некакво 100% совршено спиење со долг streak.

    И знам дека последен оброк јаде наутро, мислам беше во 11 наутро. И храната му е ептен комбинирана според нутритивни вредности конкретно за негово тело, а не според вкус, желба, рецепт.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.623
    Пол:
    Женски
    Јас не сум слушнала за човеков, ама мене сето ова ми се чини too much work.
    И сум против барање начини да живееме вечно, или не знам колку долго. И така правиме штета на планетава, па уште и да не умираме.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Машки
    Продава, продава.
    Баш читав дека многу луѓе престанале да го следат заради тоа.

    Blueprint stack се вика... 400 долари месечно.
    Пред некоја недела почнал да продава.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.929
    Пол:
    Женски
    Не е реткост кај мормоните да ги фаќаат вакви кризи на 40 години. Животот им пикнува на 18-19 и кога ќе им пораснат децата губат смисла на постоење и пробуваат да се вратат во точката од животот кај што имаат најмногу вредност според заедницата.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    23.854
    Може, штом е ново нешто, немам видено.
     
    На theowndemon и Ajronmen им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.888
    Допаѓања:
    123.164
    Пол:
    Женски
    А, да проверевте прво?
    По цел интернет има. :D Screenshot_2024-04-08-14-44-51-766_com.android.chrome.jpg
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.256
    Допаѓања:
    23.854
    Не проверив, да не паднав на испит некаков? Затоа си дискутирам на форумов, да си дознаам од тука.
     
    На Калатеа, Srckata28, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    161.241
    Пол:
    Женски
    Ама ова не е ни блиску до неговиот режим ко шо гледам, не?
     
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Машки
    Пааа ваљда си во право.
    Од тоа што читав тоа е дел од програмата на која е тој сега.

    Мада самиот вели дека точно со овие работи што ги продава си ја променил биолошката возраст за минус 5 години.

    Така да рекламата му е дека самиот тој прошол низ процесот што го продава.

    Како и да е, ми мириса на класичен бизнис хахахах.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.623
    Пол:
    Женски
    А како ова го докажува? Или само така сам си вика дека се случило?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Машки
    Нез, има некои математики некои формули и ја пресметуваат "староста на телото".
    Има повеќе начини, генерално научниците не се согласни кој е точниот, ако воопшто може да има точен.

    Како и да е, без разлика по кој метод ги прави тој тестовите треба да се види дали се направени од него, или од покредибилен субјект кој нема за цел да продаде производ.

    А за општо начинот на кој живее и суплементира нема некоја медицинска или научна поткрепа, и тешко е и да има бидејќи за многу работи не е транспарентен.
     
    На theowndemon и RainBow им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.456
    Допаѓања:
    175.655
    Редовно си прави колоноскопија и гастроскопија. Внатрешните органи му биле стари колку на 35 годишен човек, срцето и белите дробови колку на 20 годишен. И јас да имав миљарди може ќе се заебавав со испитувања и докажувања, дека плуќата ми се како на човек што не пуши (иако пушам) или дека уствари имам 35 пошто така се осеќам, ама шуќур не сум:D
    Мислам дека:
    - има некоја врска со портретот на Доријан Греј ( или го читал и мисли дека е вистинита прича, или така нешто)
    - уште постари конекции може да има со лејди Батори, која се бањала во крв од млади девици за да биде вечно млада
    - имаше еден карикатурален лик во серијата Silicone wally, можда е инспириран од него
    - и Рокфелер така си пресадуваше срце по стопати и имаше амбиција да живее до 200, за жал умре во цутот на староста на 101

    Друго не знам што да мислам, можда и ќе му биде успешен бизнис моделот, за достигнување на целите, малку потешко.
     
    На azelea, CameliaMiller и senjorita-v им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.