Тиктокификација на дебатен клуб: Jojo Siwa - од дете ѕвезда до возрасен, дали и лош PR е добар PR?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 21 април 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    161.287
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е невозможно да не сте виделе чак и мим за Jojo Siwa. Ја земам како пример иако темата не ми е замисла да е само за неа туку генерално за други деца-ѕвезди и пред се дизни децата.

    Но, ајде да почниме со неа.

    Која е Jojo Siwa? Таа е дете ѕвезда која се прослави до танцување (Dance Moms). Што е карактеристично за неа е скоро белата коса која мајка ѝ ја фарбала од кога имала 2 години. Покасно прави музика за деца (губењето на tween културата е тука важно ама сметам дека е подобро да е засебна тема некогаш), практично беше Хана Монтана за алфа генерацијата. И сега на свои 20 години се обидува да има "Мајли Сајрус, Бритни Спирс, Линзи Лохан" итн момент, каде од својата "добро девојче" улога преминува во возрасен. Интересно е да се види како се ова се изведи, за разлика од другите споменати деца ѕвезди кои имаа ваков момент.

    Па ајде да почниме прво дирек со неа:
    • Дали и лош публицитет е добар публицитет?
    Песната Karma на Џоџо е специфична и различна од музиката која ја прави. Прави референци за некој нејзин "bad girl" живот, а сите се што гледаат е девојче кое продаваше панделки и правеше детска музика. Песната стана meme. Од таму веројатно да ја слушните ја знајте. И то не е добар публицитет. Ама носи пари.
    • Дали е ова добро осмислена PR тактика каде се користи паметно алгоритмот на моменталните социјални мрежи или е mission failed successfully?

    Screenshot_2024-04-21-12-53-54-794_com.google.android.youtube-edit.jpg

    Комотно споделете омилен мим.

    Е ова се ме носи до, према мене, поважната тема, која вервам ја спомнавме веќе еднаш во темата за јутуб деца.

    • Што значи да си дете ѕвезда? Како влијае на перцепцијата за себе и перцепцијата за тие околу себе? Како ова влијае на менталното здравје?
    Пример тука сакам да ја ставам Мајли Сајрус која во повеќе наврати има зборувано дека таа не ја глумеше Хана Монтана туку на моменти толку беше измешана границата што таа "беше" Хана Монтана.
    • Да се биде дете ѕвезда и експлоатацијата на дете работник - кои регулативи се потребни за да се заштитат децата?
    Веќе има одамна одредени регулативи за многу мали деца, затоа во sit coms најчесто користат близнаци - за да можи истиот лик подолго да е застапен зошто има временски ограничувања. Но, сега почнуваат да додаваат и други регулативи за заштита на децата кои се во Холивуд. Што вие би сакале да видите од тие заштити?
    • Зошто некои ѕвезди транзитираат "тивко", а некои "контроверзно"? Кои фактори се важни тука?
    • Следно сакам да додам, која е разликата меѓу транзицијата на Џоџо и ете, нека е Мајли или Линзи?
    • Што значи бидување дете ѕвезда за менталното здравје?
    • Колку често, према вас нормално, е застапено насилство и груминг?
    Тука сакам да спомнам целата книга на Џенет МекКрди, целосно опседната со се што имаше да кажи. Исто и сакам да ја спомнам Лиз Гилис и Никалодин со Ден Шнајдер како главен продуцент/предатор. Ова се само неколку примери ама и јас знам, а и вие, дека има поќе примери.


    • Зошто индустријата е предаторска и зошто сепак вклучуваме деца во неа? Како да ги заштитиме?
    И пошто темата скокна од 0 до 100 многу брзо :sweat: за крај споделете и ваша омилена ѕвезда од детството чисто колку да заврши темава на добра нота. :wasntme:
     
    На Евроазија му/ѝ се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    161.287
    Пол:
    Женски
    ❗Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна од прилика 2 недели зошто официјално влегов во lazy girl era (оваа конкретно до 4/5 Мај ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.

    Денес се осеќам дарежливо па ете две теми место една.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    161.287
    Пол:
    Женски
    И тука да си одговорам, изгледа само мене ми се интересни мајтапите околу Џоџо, а и темата за деца ѕвезди особено откако ја слушав на Џенет книгата.

    За Џоџо мислам дека се работи за намерен PR. Мислам дека гледаа како тие пред неа транзицираа од деца во возрасни. Сакаа да рекреираат малку драма. Е сега испадна малку кринџ. Зошто? Џоџо има squeaky clean image. Нема никаков поголем скандал, цел адолесцентен живот до сега се ѝ е таргетирано кон деца ама на најчист можен начин . Самата се спореди со Мајли. Уште беше под 18 кога почна да вади поконтроверзни песни, сомнителни ликнати слики како пушти трева или оди на забави, и слично, пред Bangers ерата. Bangers беше кулминација, не почеток. Џоџо го промарши почетокот и кулминацијата ја зеде за почеток. Исто беше со Линзи, Бритни, Аманда.

    Ама па од друга страна кога си маркетиран целосно како дете ѕвезда и си возрасен - нормално е да постои потреба да се воспоставиш како возрасна индивидуа и најчесто одговорот е да одиш во спротивен екстрем за да добиеш реакција. Актери кои имаа смирена транзиција ради чист имиџ можи да се видат Хилари Даф и Олсен близначките (иако има "скандали" околу ментално здравје и сексуализација и груминг инволвиран шо ќе опфатам во општиот дел) успеваат да имаат полесна транзиција од рецимо, Мајли.

    Да си дете ѕвезда значи да си цело време под спотлајт. Секој дел од тебе да е анализиран детално и често да ти е "украдено" детството. Во најголем број случаеви, детето е тоа кое ја издржува фамилијата. И тоа е премногу изместена хиерархија во семејство и носи до огромен дисбаланс. Од таму овие деца се поподложни кон одредени проблеми: пореметувања во исхрана (особено кај девојчињата, како растат се коментира постојано нивната тежина, се бара да се поситни и послаби ако се актерки зошто ќе можи да земаат помлади улоги и да работат фул тајм за нив него улогата да оди кај дете актер ради регулативи за работа), сексуализација (во рани 2000ти и беше страшно отворено нешто шо се прај. Имаше тајмер кој одбројуваше Олсен близначките кога полнат 18 и стануваат "легални"), проблеми по ментално здравје, зависност итн.

    Веќе има да не смеат деца да работат над одреден број сати према возраста. Ова прај постарите деца да се тераат да личат помладо и послабо, па од таму - секој малолетник да смее да глуми само во својот age range ќе ги заштити и малите да не се на сет долго, а постарите да не мора да се туркаат во помало тело.
    Исто да има возрасни кои ќе бидат задолжени за заштита на децата актери на сет од другите возрасни. И не знам како ама да има некој бекраунд чек за да и нема од кој да се штитат уствари, сите лица да се безбедни лица.

    Не знам зошто индустријата е предаторска ама после Me Too толку се се разоткрива, особено околу деца ѕвезди шо со жал ми се облиени серии шо сум ги гледала на Дизни и Никалодион како дете. Така да ако не знајте, видете ја приказната на Кеша - тргната од средно од возрасни продуценти, испијанета, дрогирана и силована од едниот продуцент на забава на која требаше да е возрасниот кој требаше да ја штити; Џенет МекКрди - исто така книгата од првото мислење често до солзи ме носеше; за мизогинијата околу Бритни мислам дека сите сме запознаени и како беше третирана како парче месо и како то заврши покасно; Лиз Гилис својот сопруг го запозна на сетот на Викторијс кога имаше 19, а тој 40 и неа ѝ беше детски симпатија, башка во на Џенет книгата пишува дека на сетот на Викторијс често имало алкохол и дрога. Следователно на ова Аван Џогиа од истата серија има кажано дека на делови не се сеќава ради проблеми со алкохол; Хилари Даф имаше 16 кога Џоел (25) ја дејташе. Има уште тон примери. Кој од кој поморничав. Да не го спомнувам и Ден Шнајдер како најголемата предаторска сенка во Никалодион.

    И пошто и мислењево оди од 0-100 наеднаш:
    miley-cyrus.jpg
    Америчката Лепа Брена. Иако на моменти контроверзна, секогаш достојна на себе. Сметам дека е екстремно паметна и многу се потруди да се тргни од Дизни.
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    161.287
    Пол:
    Женски
    ❗Темата ќе биди активна до утре.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.