Тим Бартон Тим Бартон важи за еден од најиновативните американски автори од помладата генерација и кој е познат по својата изместена и откачена визија. Бартон е дефинитивно нешто сосем ново кое се појави во светот на филмот. Уште од самиот почеток на 1980-тите тој умееше да го шокира холивудскиот свет, но она што е интересно во врска со него е спојот што во неговата помалку налудничава работа постои со комерцијалниот момент или меинстрим филмовите. Тој спој кој на сосем неверојатен начин функционира многу природно, му донесе на Бартон огромна слава уште на самиот почеток кога на 26 години го направи својот прв долгометражен филм „Големата авантура на Pee Wee“, а само три години подоцна своето ремек-дело „Beetlejuice“. За да стане јасно она за што зборуваме ќе кажеме дека по овој изместен хорор за духови, кој стана вистински блокбастер, на Бартон му беше понудено клишето за „Бетмен“. Интересно е дека уште на самиот почеток на неговата кариера тој веќе беше нарекуван „Волт Дизни на изместеното“ или „Стивен Спилберг на морбидното“. И не случајно, бидејќи Бартон уште од мал (роден е 25 август 1958 во Бурбенк, Калифорнија) бил одушевен од хорор-филмовите, од филмовите со фантастика и трикови, од необичните суштества и еден сосем различен, најчесто морбиден свет. Но, она што тој како свое го внесува во ваквата иконографија, освен се разбира вонсерискиот талент, е и карактеристичниот црн хумор кој на целата оваа поетика и дава сосем поинаков, безвременски призвук. Филмографија: Неодамна Бартон го објави првиот трејлер на црно-белиот анимиран филм “Frankenweenie”. “Frankenweenie” е римејк на истоименото краткометражно филмско остварување на Бартон од 1984. година. Во него се протега приказната за едно момче кое го оживеало своето куче Спарки, кое било прегазено од автомобил. http://www.youtube.com/watch?v=xD6yNqOrnQQ „Dark Shadows“ е исто така нов филм во негова режија кој премиерно во Соединетите американски држави ќе биде прикажан на 11–ти мај годинава. Приказна е за Џошуа и Наому Колинс кои во 1752-та година заедно со својот мал син Барнабас се отселуваат од Ливерпул во Северна Англија. Таму Барнабас расте во атрактивен млад човек кој и го крши срцето на вештерката Анџелика Бухард. Таа револтирана и тажна го претвора во вампир и жив го закопува. Барнабас се буди во 1972-та година, се враќа во својот луксузен имот и открива неверојатни тајни за своето распаднато семејство. http://www.youtube.com/watch?v=wpWvkFlyl4M&ob=av3n Со оглед на самото отварање на темава се гледа дека сум фан на Бартон. Било дали е филм или пак анимиран филм, тој двои од другите со уникатност, креативност и нормално неопходната доза на морбидост. The Nightmare before Christmas, Sleepy Hollow, Charlie and the Chocolate Factory, Corpse Bride, Sweeney Todd, Alice in Wonderland и скоро сите се филмови кои мислам дека никогаш нема да ми досадат. Кое е вашето мислење за овој режисер? Дали ви се допаѓаат филмовите воедно и откачената фантазија на Бартон?
Сите мои омилени филмови се негови. Тоа автоматски го праве и мој омилен режисер. Vincent, Edward Scissorhands, Corpse Bride & Sweeney Tood Едвај чекам да го гледам Dark Shadows, башка Џони е во него.
Тим Бартон е еден од најкреативните режисери, одличен е! Vincent, Beetlejuice, The nightmare before christmas, Чарли и фабриката за чоколади и Алиса ин вондерланд му се http://www.youtube.com/watch?v=qM26SL4nfW8
Многу добар режисер доста креативен пред се. Кај мене ми се свиѓа тоа што во повеќето негови филмови, главен актер му е Џони Деп кој сите улоги ги има одиграно фанстастично. Омилени филмови од овој режисер ми се Sleepy Hollow, Charlie and the Chocolate Factory, Alice in Wonderland, 9.
Го обожувам човеков и неговата работа. Не само ради начин на кој ги изразува своите мисли и емоции туку и приказната сама за себе. Како лик Тим онака ми е голема инспирација и кога знам дека нешто ново излегува од него знам дека ќе вреди.