1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тим Билдинг активности

Дискусија во 'На работното место' започната од zuto, 23 април 2022.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Не сретнав ваква тема, а многу ме интересира каков е ставот за Тим Билдинг активностите кои ги организираат работодавачите?
    Која е поентата на овие активности, дали сметате дека влијаат позитивно на меѓусебниот однос на колегите и на работниот процес, дали сите вработени треба да се вклучени во овие активности...и најважно, дали треба да се задолжителни или не?
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    7.707
    Пол:
    Женски
    Тим билдинг активности се користат за да се зајакне работната група. Преку заеднички активности, кои имаат некоја цел што треба заедно да ја постигнат, членовите на групата формираат подобри социјални врски едни со други. Вработените градат доверба еден кон друг, почит, соработка и стануваат посложни и посилни како целина. Низ активностите се подобрува комуникацијата меѓу вработените, се дефинираат улогите на секој член од тимот затоа што секој допринесува кон заедничката цел со она во што е најдобар и се идентификуваат лидерските квалитети. Се поттикнува развојот на вештини, креативноста, моралот, мотивацијата на вработените, и нивното ментално здравје. А на групата или организацијата и се подобрува продуктивноста и лојалноста на вработените кон организацијата. Менаџментот полесно ги идентификува улогите на вработените кои им одговараат, лидерите (на пр доколку прават активности во кои се решава заеднички проблем ). Со тим билдинг инвестираат уствари фирмите и во вработениот и во фирмата.
    Затоа тим билдингот е пракса на многу фирми-заради позитивните ефекти.
    Не треба да е задолжителна, наметната со сила, туку да се прави кога менаџментот ќе процени дека има потреба и услови за тим билдинг.
     
    На Demi_, referentka и zuto им се допаѓа ова.
  3. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека баш тим билдинг е една од најважните работи за успешноста на една фирма. Би требало да се практикува често.
    Со тим билдинг активности се зајакнува тимот, се запознаваат вработените на еден по друг начин.....
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Темава инаку ја отворив затоа што мене лично ме засега. Кај нас на работа често се организираат вакви настани, кои воедно се и задолжителни. Тоа е она што мене лично ми пречи затоа што не можам (а искрено и не сакам) да присуствувам на нив.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Машки
    Како тоа задолжителни?
    За време на викенд?
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Да, за викенд.
     
  7. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Машки
    Е тоа веќе дава спротивни резултати
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Јас се согласувам со ова иако повеќето од колегите не само што го прифаќаат со задоволство, туку и бараат што почесто да се организираат.

    Јас немам ништо против, тој што сака да се дружи и да ги "билда" односите со колегите може и после работа и за викенди...кога сака. Ама да не е задолжително за буквално секој вработен од фирмата.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Машки
    Така си е. Не може и не смее да е задолжително ако е вон работно време. Ако ти одиш таму на сила тоа дава контра ефект.
    Јас работев во фирма кај што се одеше на тим билдинг со фамилиите, тоа е веќе друго но сепак не задолжително. Штом некој те тера нешто против твоја воља тоа би давало негативни резултати.
    Колегите што сакале да одат(твоите) или немаат фамилии или едвај чекаат да избегаат од дома,или пак се некои кои сакаат да се докажуваат пред работодавците.
     
    На Cosmic Girl, cresa-jagoda и zuto им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.238
    Пол:
    Женски
    Јас немам фалимија и не сакам да одам на тим билдинзи.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Машки
    Добро, нема да те викаме тебе. :)
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Официјален и, скраја да е, задолжителен тим билдинг - неќам. Ама сметам дека е важен. Особено кога прија на повеќето, со активности шо поќето ги сакат. Има ем социјализација ем ефективност при работа во тим.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    794
    Тие тим билдинзи се чиста глупост. Се собираат тие "најјаките" (читајте: што за ништо не ги бива). Не е баш така како што мислите дека ќе се сплотат вработените, туку внатре сето лицемерно. Не, фала.
     
    На KittyAgnes, cresa-jagoda и zuto им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.238
    Пол:
    Женски
    Доста ми е што сум со одредени луѓе 8 саата и морам да бидам пристојна, уште после 4 да ги гледам или за викенди? Боже сачувај.

    Цени го вработениот, плати го добро, подобар тим билдинг од тоа нема. Ова ви го кажува личност со 20 години стаж и многу поминати работи.
     
    На Rubiii, Cosmic Girl, злоба и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Сметам дека не е во ред што се задолжителни. Инаку сметам дека имаат позитивни ефекти особено ако се прават активности интересни за повеќето вработени. И секако, зависно какви ти се колегите.

    Леле извини ама ова ми е пострашно и од тим билдинг само со колеги. Искрено не ме занимаат фамилиите на колегите па да морам и со нив да градам односи некакви, а сметам и дека нема потреба во професионална средина да се инволвираат партнерите и децата на колегите.
     
    На Cosmic Girl, pamelche, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тоа да се задолжителни, по ова што го прочитав дека бараат почесто одржување одма ми иде на памет дека можеби бараат дека им служи како параван за нешто друго. Можеби па и не е така, но колку често ќе се сака да се одржуваат зависи и од работната атмосфера и тимот на луѓе.
    Има фирми со супер работна атмосфера и таму тим билдингот мн. допринесува за јакнење на соработката помеѓу вработените, се запознаваат во поинакво светло и лик од раб. место, поопуштени се да дојдат до израз некои други црти и карактеристики.
    Така што сум за тим билдинг активности, ама кога се одржуваат плански и умерено, кога се осеќа да е време и место за нивно одржување, а не само ајде ради реда да се оди без да се има никаква желба помеѓу вработените, без да има продуктивен концепт кој ќе се следи и без при тоа да има никакво подобрување во фирмата по завршувањето и присуствувањето на тим билдингот.
     
    На GirlLove и Cosmic Girl им се допаѓа ова.