Разгледував на форумов има слични теми ама нема посебно за соби за тинејџери...Како би ја уредиле вие вашата соба....Еве неколку дизајни што мене ми се допаднаа (со намера сум за преуредување на мојата соба па барам некои идеи-предложете)
Еден совет: немој да ја правиш собата прешарена. Две бои се сосем доволни. Одбери си ги прво неопходните елементи, а после размислувај за споредните.
Сакам соба едноставна ама убава ... нешто како oва ,може и друга боја,но и оваа не ми е лоша : http://interesno.com.mk/images/stories/ ... sobi15.jpg
А чекај, зошто на 20 години ти треба тинејџерска соба ? Според мене, тинејџерска соба се прави некаде на 10тина години, за да може детето како расте да си ја искористи правилно. Направи си некоја убава, модерна собичка. Не ти треба работно биро, ти треба поголем кревет, огледало, можда лична библиотека.... Моиве се со намера да прават нова куќа (убаво е да се сонува, нели) и јас веќе на главниот план си ја направив собата. Жртвував едно шармантно ќоше за да имам вграден орман, ставив две фотелји, голема библиотека, огледало, кревет.... Работна маса не ми треба, со замисла сум еден долг елемент што го имам, како шанк нешто, да го искористам за тоа. Само да дојде време па да си ги реализирам идеиве.
Собата ја делам со помала сестра, плус и јас сакам да ми биди нешто како на сликиве би била поинтересна отколку нешто како за повозрасни.
еве ти еден куп идеи : http://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/60 ... rski-sobi/ и не знам оваа колку е тинејџерска, битно преубава е
Јас имав голема детска соба. Значи ГОЛЕМА! И мој совет е, гледајте да ви е помала собата, зошто зимно време тешко се загрева поголема соба. И така јас џабе си ја имав големата соба, кога ја користев само на лето (тогаш парно немаа моите). Инаку еве овие ми се допаѓаат Е ова веќе е соба од иднината
А што мислите дека мора да има во секоја тинејџерска соба освен кревет, биро и плакар? Имате телевизор во вашата соба? Што друго мора да има во секоја тинејџерска соба?
Еден плакар голем, еден кревет за двајца или две креветчина за по еден,биро веќе имаме,огледало големо рамки за украси,пердина можи како розевото погоре што е многу ме бендиса,маса помалечка со столчина засега тоа п.с.телевизорот исто ке биди вграден во плакарот