1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тинтири Минтири-филмско училиште

Дискусија во 'Дете' започната од jasna83, 23 август 2016.

  1. jasna83

    jasna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    5.782
    Пол:
    Женски
    Тинтири-Минтири e филмско училиште кое ги детектира и активира креативните потенцијали на децата преку активности во аудио-визуелната сфера: филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, анимација, филмска и тв режија, радио драма, филмска и тв шминка и маска и многу други придржуни активности.
    Децата учат сами да создаваат филмови од почеток до финален производ, на менторски принцип.
    Месечното членство изнесува 1.500 денари. Со купон за попуст од списанието Теа Модерна членството изнесува 1.200 денари. Купонот за попуст ќе почне да излегува од септември 2016 година.
    ГЛУМА:
    Возраст
    : 5 – 18 години
    Часови: еднашнеделно блок часови
    Програмата на центарот се фокусира на филмска и телевизиска глума, преку развивање на имагинацијата, концентрацијата и кретивноста.
    Режија
    Возраст: 10 – 18 години
    Часови: еднаш неделно блок часови
    Учениците се запознаваат со процесот на создавање на филмско и тв дело и се поттикнуваат да направат авторски исчекор во режирање на краток филм и тв скеч.
    Креативно пишување
    Возраст: од 8 до 18
    Часови: еднаш неделно блок часови
    Децата имаат можност да научат како се развива една идеја во сценарио, драмски текст, радио-драма и сл. Откако ќе се определи идејата, таа се обликува во неколку чекори и според одредени критериуми.
    • Потрага по идеја, брејнсторминг
    • Плот, синопсис, тритмент…
    • Развивање на ликови
    • Изработка
      Водители
      Возраст: 8 – 18 години
      Часови: еднаш неделно блок часови
      • Естетско читање
      • однос со камера
      • држење на тело
      • дикција
      Радио-драма

      Возраст: 5 – 14 години
      Часови: еднашнеделно блок часови

      Учениците се вклучени во целиот процес на создавање на радио драматизации.
      • Радиофоничност
      • Говорни вежби
      • Стилско читање
      • Имитација
      • Изразување на емоции
        Анимација
        Возраст: 5 – 14 години
        Часови: еднаш неделно блок часови

        Учениците ќе се запознаат со процесот на создавање на анимиран филм. По завршувањето на анимираниот проект филмот ќе биде јавно презентиран.
        • Стоп анимација (пластелин, цртеж, колаж, глина, коцки)
        • Изработка на анимиран филм
        • Правила на Дизни за анимирање
          Вежби за меморија
          Возраст: 5 – 18 години
          Часови: еднаш неделно блок часови

          Јакнењето на меморија и концентрација на внимание кај децата придонесува за подобри училишни резултати. Ова се постигнува со континуирани вежби преку игра и интересни активности.

          Би била многу благодарна ако некој сподели искуство, за оваа филмско училиште.
          Од септември сме во план да се запишеме,се мислиме за глума,водител или радио драма некако тие и најмногу ни одговаараат на таа возраст.Најмногу ја влече за водител,но од корист би ни биле и информации и за останаата програма и самото училиште.:)