Вака значи.Знам дека почна светското но не е уште касно да пробаме да го направиме уште поинтересно.Имено идејата ми дојде од Вибер. Таму ми стигна група со бесллатна наградна игра. .Правилата се едноставни типувате со точен резултат пример вчерашниот 2:0 за Еквадор и ако го погодите добивате 3 поени.Е сега јас вчера типував 2:1 за Еквадор и три поени ми избегаа ама затоа сум погодил дека ќе победи Еквадор и добив 1 поен.Истиот принцип е и за нерешено. Секој што ќе типува може во еден пост да стави колку сака натпревари ама по ред како одат последователно.За да нема пиши бриши и нерегуралности ( не знам колку време дозволуваше да се прави корекција на пост да речеме пола саат) смее да се типува пола саат пред почеток на натпреварот.Измени можете да правите ама ако имате луфта време и не се коси со горенаведеното правило. На крај на последниот натпревар ќе се прави пресек и ќе се доделуваат поени и листа на натпреварувачи. Давајте предлози колку места освојуваат награди и што награди би давале.Ако нема кој да понуди награди ќе си функционира чисто како макфест ревијално Значи да се разбереме еден пост може и повеќе утакмици ама кога ќе е конечно заклучен постот да не можете да редектирате тоа ви се финални типови.Не е дозволено за истите со друг пост да се менуваат типовите На би сакал да се тргне темава во играчница ама како одлучи раководство на фемина така нека биде. Мислам дека се опфатив ако имате некакви сугестии пишете
Англија:Иран 2:1 Сенегал:Холандија 2:2 Сад:Велс 0:1 Не ме бива за точни резултати ама ајде да пробаме
Извини ама за првово се згазив од смеење хахахахахахаха во ниеден универзум не може Иран да ја тепа Англија. Многу се јаки Енглезите
Јас мислев ќе ми пишеш дека од авион се гледа дека немам поим. Не се лутам. И мене ме насмеавте дека било смешно.
Аууу златна ти мавна точен резултат Три поена имаш,пиши ги тие за утре ако можеш ќе се натпреваруваме јас и ти Може ќе ја земеш и главната награда
Аргентина 3 - 0 Саудиска Арабија Данска 1-0 Тунис Мексико 0-0 Полска Франција 2-0 Австралија Ова за денеска моја прогноза.